Advertisement
  1. Business
  2. Creativity

7 навики на креативните умови

by
Read Time:11 minsLanguages:

Macedonian (Македонски јазик) translation by PublicMenace (you can also view the original English article)

Креативноста е резултат на начинот на кој размислувате. Со креативно размислување ќе ги срушите границите на тоа што се' може да се постигне. Подобри фриленс вештини, подобри клиенти, способноста да се надминат тешките ситуации се дел од работите кои доаѓаат со креативно размислување.

Спред глобално истражување на Adobe, „само 1 во 4 луѓе веруваат дека го достигнуваат нивниот креативен потенцијал.“ Тоа е тажно со оглед на тоа што се' е возможно. Но има ли добри вести? Независните работници знаат колку е важно да се стремите кон креативност. Плус, цел ден можеме да создаваме.

Некогаш прекинуваат за да фактурираат клиент и да се организираат, но креативните умови секогаш наоѓаат време за тоа да бидат креативни.

Без разлика дали немате креативна инспирација или сакате да го максимизирате вашиот креативен потенцијал, ова се навиките на луѓето кои размислуваат креативно од кои може да научите нешто.

1. Научете нешто ново секој ден

За да успеете треба да знаете еден едноставен факт. За да живеете живот каков што сакате. Да живеете надвор од границите на таканаречениот живот. И да ја ослободите фантазијата за да бидете најдобри што можете.

Еве го.

„Се' окулу вас кое го нарекувате живот било направено од луѓе кои не се попаметни од вас. Вие можете да го смените. Можете да влијаете над тоа. Можете да направите свои работи кои ќе ги користат другите луѓе.“ - Steve Jobs

Добро кажано, г. Jobs. Добро кажано.

Креативните умови не дозволуваат достигнувањата на другите да влијаат на нивното создавање на нешто значајно. Ако мислите дека не можете да направите нешто- да напишете роман, да кодирате вебсајт или да направите продукт кој би им требал на луѓето, размислете повторно. Размислете за тоа дека се' што гледате во моментов било направено од некого. Дали тие имаат некаква супер моќ?

Не. Тие навистина биле посветени на тоа да размислуваат креативно.

Развивањето на креативноста значи учење на нешто ново секој ден. Истражете ја нашата библиотека за да најдете нови туторијали и дневно објавувани артикли на теми поврзани со вашата област на самостојна работа. Направете пауза меѓу проектите и вршењето домашни задачи за да стекнете нова вештина. Тоа може да биде и експериментирање со нови техники за работи кои веќе ги правите.

Еве еден пример за вас. Мој другар е фотограф и во скоро време почна да црта. Секој ден црта по нешто- скица, концепт, карактер, било што. Вели дека колку повеќе црта, толку поинтересна станува неговаа уметност. Нови техники и нов пристап кон цртањето на линии ја прави неговата работа покреативна. Знаете што се случи следно? И неговите фотографии станаа поинтересни.

Креативноста се случува кога се трудите да научите нешто ново секој ден. Наскоро тоа ќе ви стане навика. Имајте добри креативни навики и вашиот мозок ќе биде среќен.

2. Поврзете ги точките

Steve Jobs зборуваше за тоа во неговиот познат говор. Рече дека креативноста е само поврзување на точките. Тие кои размислуваат креативно создаваат идеи со тоа што ја наоѓаат поврзаноста меѓу фактите. Фактите само по себе се бескорисни додека не ја видиме нивната поврзаност.

Тие кои размислуваат креативно создаваат идеи со тоа што ја наоѓаат поврзаноста меѓу фактите. Фактите сами по себе се бескорисни додека не ја видиме нивната поврзаност.

Кога ја гледате поврзаноста меѓу фактите, можете да создадете нешто поинакво.

Тоа ќе го очекуваат вашите клиенти. Дури и ако не се свесни за тоа, одат кај вас зашто се потпираат на вашата свежа перспектива.

Развивањето на повеќе различни вештини е одличен начин за наоѓање на поврзаноста меѓу идеите. Не се држете до тоа за кое сте „природно“ добри. Ако сте веб дизајнер, посветете малку време на тоа да научите да кодирате и вашите дизајни ќе станат подобри. Зошто? Зашто отворате нови врати на креативноста засновани на технички аспекти за кои не сте знаеле. На пример, можеби никогаш не сте помислиле да дизјнирате вебсајт со вертикален текст. Со истражување на HTML и CSS ќе научите не само како да направите вертикален текст со CSS, туку и ќе го отворите умот за можноста на користење вертикален текст во веб дизајн.

Нема да ја најдете поврзаноста меѓу идеите ако не истражите малку. Надградете го вашиот природен талент со вештина која му одговара. Писателите може да научат за фотографија, дизајнерите можат да научат за девелопмент, девелоперите можат да научат за дизајн. Клеинтите ќе ви се заблагодарат за вашата вештина да гледате надвор од границите. Дури може да забележите нешто за кое не сте биле свесни и да дадете совет за тоа.

3. Откријте го потенцијалот и направете листа

Не престанувајте да размислувате зашто се' уште не постојат технологијата, парите и поддршката зад вашата идеја. Еден ден ќе постојат. Реалноста е резултат на фантазијата. Тоа што го ставате во машината на креативноста е продуктот на иновацијата која ќе излезе од неа.

Може да ги направите вашите најдобри креации со тоа што ќе додатете визија во една идеја. Дури и Einstein рекол, „Логиката ќе ве однесе од А до Б. Имагинацијата ќе ве однесе секаде.“

Некои луѓе мислат дека листите го ограничуваат креативниот ум. Но тоа е само делумно вистина. Листа која ви кажува да правите досадни задачи во конкретно време сигурно го ограничува креативното размислување. Но правење на добра листа е повеќе од едноставно планирање на задачи.

Тие кои размислуваат креативно користат ментални мапи. Така ги гледаат сите нивни идеи пред да ги надвладее нов бран на креативна мисла. Thomas Edison, John Lennon и Leonardo da Vinci се дел од луѓето кои размислувале креативно низ историјата и го користеле правењето на листи како креативна алатка. Дизајнерите и илустраторите можат да прават листи или концепти, или при рака да држат тетратка за да брзо да ги скицираат нивните идеи. Кога ќе дојде нов проект, лесно е да се инспирирате кога веќе ги имате запишано или нацртано вашите идеи.

Вака треба да направите. Направете листа од работи за вашиот самостоен бизнис, што сакате да прави, да биде и да постигне. Без да менувате, премногу да размислувате и без да мислите дека нешто е незовможно, само направете листа.

Убаво погледнете ја вашата листа. Имајте ги на ум навиките на креативно размислување, што ве спречува да ги направите нештата на вашата листа реалност? Запомнете дека реалноста е тоа што го создавате. Размислувајте креативно и ќе најдете решенија за проблемите кои може да се појават кога работите самостојно. Покрај тоа, клиентите веруваат дека вие сте добри за наоѓање на решенија.

4. Не ја затворајте вратата на креативноста

Знаеме дека е важно да ги слушаме повратните информации на другите. Но ако некој ви кажува дека нешто не може или не треба да се изведе без да ја знае целата приказна, не го слушајте. Создавајте без прекинување. Не сакате некој да ви ги уништи идеите пред да се развијат.

 Не сакате некој да ви ги уништи идеите пред да се развијат.

Самостојните работници некогаш мора да го успорат креативниот ум за да не претера. Но не го правете тоа веднаш. Ако клиент побара лого со многу конкретни барања, не почнувајте веднаш да ги следите тие правила.

Прво, дизајнирајте со вашите почетни инстинкти. Какви работи кои не ги побарале можете да ги направите со нивниот концепт? Потоа успорете за да одговара на нивните барања. Можеби можете да го вклучите тој концепт дизајн во првичната верзија. Дури може да ги инспирира вашите клиенти да смислат нешто кое би сакале да биде вклучено во дизајнот. Но ако го правите тоа, осигурајте се дека најголем дел од тоа што им го презентирате одговара со нивните барања. Поентата е да ја држите вратата на креативноста отворена. Кога пишувате, не застанувајте за да менувате. Така ќе ги изгубите сите добри мисли кои ве поттикнале да отворите празен документ.

Создавајте сега и менувајте подоцна. Кој знае каде ќе оди вашиот креативен ум?

5. Имајте широка перспектива

Како бизнисмен (а тоа сте како самостоен работник), знаете дека во природата на бизнисот е постојано да еволуира. Одете со текот, адаптирајте се на барањата и направете нова патека во насоката која ја сака клиентот. За да го постигнете тоа, мора да размислувате креативно. Смислете креативни начини да земете нечија визија и од неа да направите целосно дело.

Многу умретници низ историјата се потрудиле да размислуваат во повеќе насоки. Picasso минал низ многу фази и различни видови на уметност. Меѓу другото имал Син период, Розов период и Надреален период.

Еволуирал со тек на времето. Ја менувал неговата уметност за да се одразува на надворешните работи кои ги чувствувал и искусил.

Како креативен самостоен работник, ви треба поширока перспектива. Креативните умови се интересираат за тоа како работи светот. Нив ги фасцинираат повеќе теми. Тоа е особено важно кај работата со клиенти. Типовите на клиенти со кои работиме ќе се разликуваат. Многу од нив сигурно не се како вас, но мора да знаете како размислуваат за да го напишете најдобриот артикл, да го дизајнирате најдобриот вебсајт или да ги сликате најдобрите фотографии за нивните бизнис цели.

6. Кажувајте повеќе од тоа што мислите

Вадењето на работите кои не функционираат е подеднакво важно како задржувањето на работите кои функционираат. Одбивањето на клиенти е важен аспект за задржувањето на вашата креативност. Кога имате премногу барања за екстра работа, тоа ќе го намали квалитетот на работата која треба да ја завршите. Но не се работи само за одбивањето клиенти. Одбивањето значи и пречистување на вашите креативни идеи... кога-тогаш.

Прво, пуштете ја имагинацијата на слобода. Пишувајте без менување и дизајнирајте без правила. Но потоа, искористете ги лудите концепти кои сте ги откриле. Пречистувањето на резултатите на вашето креативно размислување и прегледувањето на деловите кои не одговараат прават целосно дело.

7. Споделете ги вашите „Аха!“ моменти

Два ума се подобри од еден. Соработката е клучна за развивањето идеи и одење во насоки на кои не сте помислиле. Оваа навика одговара со поврзувањето на точките.

Тоа е како берење дрво кое раѓа јаболки, крушки, банани и манго на иста гранка, наместо да берете јаболко од јаблкница.

Понекогаш се раѓа идеја кога зборувате за тоа со пријател, колега или партнерот. Некогаш вие и луѓето со кои зборувате завршувате со долга листа на идеи кои залутале далеку од оригиналната замисла. Тоа е добро. Тоа ви дозволува да ги поврзете точките меѓу тие идеи, а тоа има повеќе суштина и длабочина од еден концепт.

Замислете празна табла на ѕидот. Колку креативни идеи можете да запишете за 5 минути? Како би сакале да изгледа таа табла? Сега замислете 5 креативни индивидуи, вие меѓу нив, како ги запишуваат нивните креативни идеи во истите 5 минути. Сега имате друга замисла за тоа како изгледа таблата, нели? Има повеќе за истражување и растење. Тоа е како берење дрво кое раѓа јаболки, крушки, банани и манго на иста гранка, наместо да берете јаболко од јаблкница. Вариетето на можните креативни порзаности ќе ве воодушеви.

Самостојните работници ја имаат одличната предност да соработуваат со други самостојни работници. Не само што индивидуалните самостојни работници така се подобруваат, но и вредноста на самостојната работа расте зашто сме си помогнале еден на друг да го достигнеме врвот на креативноста. Луѓето кои одбираат да бидат самостојни работници ќе бидат посигурни за одлуката знајќи дека од таа заедница можат да очекуваат висок стандард на креативност и ефективни резултати.

Вложете креативен напор

Инспирацијата не паѓа од небо. Не доаѓа од минување безброј часови на страните на социјалните медиуми. Доаѓа од вас.

Бложете труд да развиете креативен начин на размислување и вашите вештини како самостоен работиник ќе се развијат.

Во моментов гледам слика на ѕидот. Не ме прашувајте каква е. Премногу е чудна за да се објасни. Можам да ви кажам само дека уметникот создал целосно различен свет. Свет различен од оној надвор. Треба храброст за да создадете суштества како тие кои ги создал и пејсажите на кои живеат.

Ќе треба напор за да ја развиете вашата креативност, но кога ќе почнете нема да можете да сопрете. Користете ги навиките на кретивното размислување и ќе станете подобар самостоен работник. Нема да се подобат само вашите вештини, туку и се' друго. Тоа го прави креативното размислување.

Слики: Some rights reserved by buchachon.

Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.