Macedonian (Македонски јазик) translation by Andrijana Mitevska (you can also view the original English article)
Кога ќе ја видите вашата работа од соништата објавена на интернет, како можете брзо да го подготвите вашето прво резиме за работа? Треба да направите брз впечаток кај менаџерот за вработување, но можеби немате подготвено резиме.
Одговорот е дека треба да се упатите кон шаблоните на резиме за вработување на Envato Elements или GraphicRiver. Кога немате време да подготвите резиме од нула и поминуваат часови менувајќи ја усогласеноста и опциите, овие шаблони се најдобриот начин за брзо аплицирање за работа.
Во оваа листа, ќе споделам 20 од моите омилени шаблони на резиме за работа. Секој од нив е подготвен да го преземете, додадете свои детали и испратете го на менаџерот за вработување. Ајде да погледнеме!



20-те најдобри шаблони на резиме за работа
Еве 20 од наједноставните шаблони што можете да ги користите за да оставите впечаток на вашиот потенцијален работодавец.
1. Едноставно резиме/кратка биографија 2



Овој пакет е совршен начин брзо да се остави впечаток на менаџер за вработување. Вклучува
- Шаблон на придружно писмо и резиме лесно за употреба за Adobe InDesign и Microsoft Word
- Подготвен за лесно печатење благодарение на поставувањето CMYK
- Користи слободни фонтови што лесно можете да ги зграпчите за најбрзо можна изградба на резиме
2. Едноставно резиме- одличен шаблон за прво резиме за работа



Еднa од моите омилени работи во врска со овој проект за едноставно резиме е тоа што вклучува вградено сопствено лого кое можете да го користите. Поставете го своето име и бренд и лесно можете да создадете персонализирано лого.
Овој проект е лесно приспособлив во Adobe InDesign, Photoshop и Microsoft Word, па дури и со едноставни графикони за визуелно прикажување на вашите вештини.
3. Едноставно резиме/шаблон за кратка биографија



Дури и ако вашето резиме е едноставно, можете да додадете убава сензација со боја за да го издвоите. Овој шаблон на резиме за работа за Adobe Photoshop, кој ќе ви помогне да се издвоите од толпата благодарение на едноставниот и сјаен дизајн.
- Вклучува шест теми со разновидни бои.
- Персонализиран во Adobe Photoshop и вклучува добро организирани слоеви и слоеви за едноставно користење.
- Векторските форми му помагаат на ова резиме да се зголеми до било која големина за печатење.
4.Едноставно резиме - добар шаблон на резиме за работа



Пристапот до овие две едноставни колони треба да биде лесен за менаџерот за вработување да ги прегледа и да ги пронајде оние клучни детали кои ќе ви помогнат да ја добиете работата. Користете ја левата страна на овој шаблон за персонализирано запознавање со она што можете да го послужите.
Овој едноставен шаблон на резиме за работа има убава комбинација на персонализирани детали заедно со одлични визуелизации на вашите вештини. Оваа слоевита PSD датотека е лесно прилагодлива!
5. Минималистичко резиме 04



Едноставно резиме навистина му помага на рецезентот да се фокусира на содржината со којашто се соочува. Ова минималистичко резиме е совршен пример за тоа, бидејќи дизајнот едноставно излегува од патот на вашите достигнувања. Осветленоста и лесниот дизајн ќе го насочат внимание кон вашето искуство и вештини.
Еве некои од моите омилени карактеристики во овој минималистички пакет:
- Средства за резиме и мотивационо писмо, вклучени во комплетната група датотеки што треба да ги примените
- Лесно за користење и прилагодување во Adobe Photoshop благодарение на добро организираните PSD датотеки
- Подготвено за испраќање во професионална печатница благодарение на CMYK поставките за бои
6. Едноставно резиме- влкучува портфолио



Ова едноставно резиме е уште еден одличен додаток на овој список благодарение на неговиот едноставен контраст и прекрасен дизајн.
Уште една одлична особина за овој проект е големиот број на формати на документи што ги вклучува. Без разлика дали користите Adobe InDesign, Photoshop, Illustrator, Microsoft Word или Apple Pages, можете да го користите овој проект!
7. Мигел резиме



Мигел резиме е едно од најретките избори во оваа листа и е одлична илустрација на принципот за дизајн "помалку значи повеќе". Со едноставни црни и бели елементи, фокусот на реквизитот без сомнение ќе биде на содржината со којашто се соочува.
Еве неколку клучни особини поради кои Мигел резимето го преземаат и користат:
- Вклучува шаблони за резиме и мотивационо писмо
- Лесно наоѓа бесплатни фонтови и нема дополнителни трошоци при користење на овој шаблон
- Работи во Adobe Photoshop, Illustrator и Microsoft Word
8. Едноставно резиме - Неверојатен шаблон за резиме за секаква работа



Резимеата со една страница се далеку најефикасни, бидејќи тие ја прават рамнотежата меѓу "само доволно детали" и не е премногу оптоварено за прегледување.
Поради тоа ова едноставно резиме е едно од моите најомилени од оваа листа. Порадии неколку дизајни многу лесно можат да се видат сите клучни детали на едно место. Пробајте го овој дизајн во Adobe Photoshop и Microsoft Word за брзо да направите професионално резиме.
9. Резиме - Шаблон со мотивационо писмо



Со чисти линии и места за сите важни детали, овој шаблон за резиме е одличен избор за вашата прва апликација. Ми се допаѓа тоа што овој шаблон има резервирани места коишто можете да ги замените со свои детали
Не пропуштајте го фактот дека оваа датотека, исто така, вклучува и шаблон за мотивационо писмо за да додадете повеќе персонализирана порака кога ќе аплицирате.
- Големината А4 и големини на писмото се вклопуваат во повеќе видови на хартија за печатење, заедно со прилагодувањата за бои на CMYK
- Верзии за Adobe Photoshop, Illustrator и Microsoft Word го прават компатибилен со различни апликации
10. Едноставно резиме 1



Друг солиден избор од оваа листа е овој шаблон кој е меѓусебно компатибилен помеѓу Microsoft Word и Adobe InDesign. Повторно, предноста е тоа што добивате одличен почеток наспроти празна табла.
Овој пакет содржи многу од клучните функции кои обезбедуваат совршено резиме во секое време, како CMYK поставувања за бои, голем избор на големини на страници и слободни фонтови.
11. Резиме 2 - Разнобојно резиме



Ја сакам едноставната, но ефикасна употреба на бојата на насловот во овој шаблон за резиме кој навистина поставува малку контраст во вашата содржина. Деловите за работата, образованието и вештините се она што ви е потребно за да ги сместите вашите детали.
Клучни карактеристики во овој пакет вклучуваат:
- Компатибилен со Adobe Photoshop, InDesign и Illustrator
- Повеќе опции за боја за различни стилови на резиме
- Иконите на социјалните медиуми го олеснуваат поставувањето на вашите социјални врски за да ги споделат со потенцијалниот работодавач
12. Едноставно резиме - InDesign шаблон



Едноставен пристап со две колони го има целиот простор во којшто треба да ги покажете вашите најдобри искуства во кариерата и развојот.
Ваков образец ја нагласува леснотијата за користење на шаблонот за резиме. Само пишувајте над празните места на екранот погоре и можете брзо да креирате ново резиме.
13. Минималистичко резиме 05



Еве уште еден осветлен и минималистички шаблон на резиме за работа кој сигурно ќе го фокусира менаџерот за вработување на деталите од вашата позадина. Ми се допаѓа едноставниот пристап од две колони и импресиониран сум од тоа колку брзо може да се ажурира.
Клучни карактеристики вклучуваат:
- Шаблони за резиме и мотивационо писмо за комплетен пакет на она што ви треба за апликација
- Подготвен за печатење во шема на бои од 300 DPI и CMYK
- Дизајни за шаблон на резиме Adobe Photoshop и Microsoft Word
14. Едноставно резиме 2



Еве блиска врска со претходната селекција во оваа листа и има многу исти карактеристики кои се одлични
Една од моите омилени работи во врска со овој едноставен шаблон е кружната визуализација што можете да ја користите за да ги претставите нивоата на вештини. Запомнете да гоприспособите ова резиме за работата поврзана со соодветните вештини
15. Тери резиме



Тери е монохроматско резиме коешто сигурно ќе се искачи до врвот на колоната благодарение на неговите чисти линии. Без разлика дали користите Microsoft Word, Adobe Illustrator или Adobe Photoshop, можете лесно да го прилагодите.
Мислам дека ваквото резиме е навистина совршен избор за аплицирање на покреативна улога, бидејќи има одличен контраст на дизајнот кој ќе им се допадне на други дизајнери и креатори.
16. Едноставно резиме. А4 и US писмо



Еве една голема промена на темпото во оваа листа, во која е прикажан временскиот пристап за прикажување на вашето минато искуство. Можете да ги користите секоја од овие пресвртници за да кажете зошто сте вистински кандидат за оваа работа.
Овој визуелен пристап навистина може да резонира со рецензентот на апликацијата. Оввој шаблон е совршен за прилагодување во Adobe Photoshop, InDesign и Illustrator.
17. CV резиме портфолио - едноставен шаблон на резиме за работа



Со новиот швајцарски дизајн, овој пакет е еден од најуникатните во оваа листа. Ова е уште еден избор кој може да биде совршен за покреативни професии, бидејќи тоа е навистина "портфолио" пристап кон презентирање на вашата работа.
Еве како работи овој проект:
- Целосни девет страници имаат празни места за визуелизација за вашата најдобра работа и омилени проекти
- Компатибилен со Adobe InDesign
- Подготвен за печатење на 300DPI, CMYK и правилно конфигурирани маргини
18. Чисто и едноставно резиме



Еве еден разнобоен шаблон што можете да го користите за да ја покажете својата работна историја и искуство. Најдобро од сè е тоа што постојат неколку различни шеми на бои кои можете да ги одберете врз основа на вашето претпочитање или специфичната работа.
- Слоевиден PSD, компатибилен со Adobe Photoshop
- CMYK бои подготвени за печатење
- Слободен фонт Bebas Neue кој се користи за клучните елементи за дизајн
19. Едноставно резиме/ мотивационо писмо 7



Ова резиме ќе ја стави вашата фотографија напред и во центар. Ми се допаѓа овој начин за поставување име со лице за менаџерот за вработување.
Исто така, минатото работно искуство е добро претставено со икони за секој од вашите претходни работодавци. Едноставно додадете ги вашите детали и вештини за да покажете зошто вашето минато ве донесе до моменталната улога!
20. Едноставно резиме/ мотивационо писмо 4



Заокружувањето на оваа селекција е уште еден монохроматски избор што можете да го користите во Microsoft Word и Adobe InDesign. Едноставниот ребраст пристап создава лесен визуелен ритам кој му овозможува на рецензентот лесно да го скенира завршеното резиме.
Ми се допаѓа тоа што овој избор е комбинација на персонализирани детали и повеќе поделби на технички вештини. Само впишете ги деталите и приспособете ги за работата за којашто аплицирате за да оставите силен впечаток.
Три неопходни совети за потрагата по вашата работа
Повторно и повторно, ги потсетувам потенцијалните апликанти дека ќе има повеќе примени резимеа отколку отворени позиции на работното место. Мора да пронајдете начин да се издвоите од таа толпа, така што ќе имате шанса да бидете избор на компанијата за отворената позиција.
Еве три клучни совети кои може да ви помогнат да успеете и да ја пронајдете наредната работа, благодарение на делумно добро подготвеното резиме.
1. Користете едно резиме за една апликација
Главна грешка што апликантите ја прават е тоа што го користат истото резиме за секоја работа
Секоја функција за која аплицирате ќе биде малку поинаква, па зошто да не го прилагодите за секоја работа?
Кога ќе го прилагодите вашето резиме за секое работно место, имате шанса да ги вклучите клучните зборови и искуство во заднина што покажуваат дека сте вистински кандидат за одредената работа.
Проверете го делот на Чарли Мендоза за подобрување на вашето резиме со намалување на слаби фрази во вежбата подолу:
2. Користете втор сет на очи
Единствената најголема грешка што можете да ја направите додека аплицирате за работа е да дозволите клучна грешка да стигне до менаџерот за вработување.
Навистина сакам да испечатам копија и да седнам со пенкало и маркирам нешто што можеби ќе треба да се ревидира. Има нешто за да ја видите вашата биографија некаде, освен на екранот, за да ги фатите овие грешки.
За бонус поени, размислете да побарате пријател на кој му верувате да го прочита резимето. Вториот сет на очи навистина ќе помогне за граматички грешки или непријатни фрази.
Проверете го овој одличен водич подолу за да дознаете повеќе за грешките во граматиката што треба да ги проверите:
3. Чувајте ги печатените копии подготвени
Ако одите на интервјуа, на саеми за вработување, или пак ги среќавате потенцијалните работодавци во вашиот секојдневен живот, ќе треба да задржите неколку печатени примероци од вашето резиме подготвени за да им ги дадете на заинтересираните работодавци во моментот.
Дури и ако сте на работа, размислете за чување неколку печатени примероци во касетата на вашиот автомобил. Да се биде во можност да ја искористите шансата кога ќе се сретнете со вистинската личност е критична! Никогаш не знаете кога тоа резиме ќе слета на бирото на вистинската личност и ќе ве доведе до следното работно место.
Никогаш не е лоша идеја да задржите неколку печатени резимеа во близина. Ја добив мојата прва работа со тоа што се наоѓав на вистинското место во вистинско време и имав подготвено резиме.
Користете едноставни шаблони за професионално резиме
Едноставноста на овие резимеа помага да се осигурате дека рецензентот ќе се фокусира на деталите што сакате да ги покажете. Користете еден од шаблоните што ги споделив погоре, за да оставите силен впечаток и да ја добиете работата!
Пронајдете повеќе шаблони за резиме на Envato Elements, коишто можете да ги преземете, или одберете конкретен шаблон за резиме од GraphicRiver!
Subscribe below and we’ll send you a weekly email summary of all new Business tutorials. Never miss out on learning about the next big thing.
Update me weekly