Students Save 30%! Learn & create with unlimited courses & creative assets Students Save 30%! Save Now
Advertisement
  1. Business
  2. Productivity
Business

Како да го следите вашиот дневен план со испечатени хартиени планери

by
Length:MediumLanguages:

Macedonian (Македонски јазик) translation by Andrijana Mitevska (you can also view the original English article)

Која е тајната за добра организација? За многу луѓе, одговорот би бил користењето на испечатен планер.

Ако мислите дека не ви е потребен хартиен планер, веројатно грешите.  Хартиените планери служат како визуелен потсетник  за завршени обврски и обврски кои допрва треба да се завршат.  Можат да ви помогнат да го раководите вашиот зафатен дневен план.

Printable Paper Planner
Слика на Envato Unstock 

Несомнено постојат и софтвер алатки и апликации за Ајфон кои можат да ви помогнат да ја следите вашата работа. Но, лесно е овие алатки да се затворат и заборават. Во тој случај старата изрека „Далеку од очи, далеку од мисли“ ќе биде точна.

Плус тоа, да имате испечатен дневен план ви овозможува да се исклучите. Некои истражувања покажуваат дека не е добро да се биде онлајн 24/7. Нашето упатство на Tuts+ од  Ендру Блекмен, Како да правите една работа во одредено време и да го прекинете мултитаскингот,  ја укажува важноста да се исклучете за зголемување на продуктивноста. Но како да се исклучите ако вашата работа се потпира на користење електронска алатка, за да го извршите вашиот план?

Мене лично ми помогнаа хартиени планери. Со години имав физички календар закачен десно од мојата работна маса во канцеларијата. Доволен е краток поглед не само да видам кој ден е, туку и да ме потсети кои големи проекти и важни задачи ми следуваат.

Не сфаќајте ме погрешно. Користам и дигитални планери. Но, целосно се потпирам на хартиениот календар.

Во оваа статија ќе ги дискутирам предностите на користење испечатен хартиен планер. Ќе објаснам како да го следите вашиот дневен план користејќи хартиен планер. Ќе споделам и мала галерија од испечатени планери и обрасци од календари.

6 предности на хартиените планери

Ако сте спремни да се организирате, земете го предвид користењето хартиен планер, покрај било која електронска задача разгледувајќи ги алатките кои веќе ги користите. Можеби ќе се изненадите колку поорганизирани ќе бидете.

Како и да е, многу од нас се опкружени со хартија. Ако не ми верувате, само погледнете ја околината околу вашата работна маса. Покриена е со лепливи забелешки? Ако е, веројатно ќе бидете задоволни од системот на хартиено планирање. (Дали нема да е подобро да ги имате сите тие забелешки во планер, наместо на лепливи забелешки  насекаде по вашата работна маса, кои можат лесно да паднат и да се изгубат?)

Ова се шест необични предности за користењето хартиен планер:

  1. Лесни за користење: Повеќето дигитални системи за планирање  вклучуваат процес на учење.  Треба правилно да го поставите системот, и да учите како да користите електронски забелешки и потсетници.   Додека, печатениот хартиен планер само го печатите и го поставувате на тетратка или на ѕидот. Спремни сте. Нема комплициран процес на учење.
  2. 1. Сѐ е на едно место. Ако сте како мене, имате повеќе од еден електронски систем за планирање. Еден корисник може да ја бара употребата на еден посебен систем, додека друг ја бара употребата на друг систем. Или може ќе користите еден систем за работни задачи, а друг за лични задачи. Тешко може да биде продолжувањето со многукратните електронски системи за следење на задачите. Со забалежување сѐ на хартија, сѐ ми е пред очи. За да продолжам со нешто немам потреба да отварам апликации. Плус, можам да ги префрлам информациите во електронска алатка за корисниците.
  3. Визуелен потсетник:  Вашиот дневен распоред или календар е секогаш овде.  Секогаш достапен. Веднаш пред вас. Не треба да паметите лозинка од апликација за да го разгледате распоредот. Поедноставно е да се стекнете со навиката секое утро да го погледнете хартиениот распоред, и да добиете визуелна слика за вашиот ден.
  4. Пофлексибилен. Со испечатен планер не сте ограничени со одреден формат задачи, како што може да биде со дигитален планер. Ако имате потреба од подолг опис на некоја задача, секогаш може да пишувате поситно, дури и да го свртите планерот и да пушувате на другата страна.
  5. Не зависи од струја:  Иако голем број од нас поголемиот дел од времето ги носиме мобилните телефони, тие треба да се полнат. Ако батеријата на мобилниот се испразни, пристапот до дигиталниот планер се губи. Истото се случува и со компјутерот.  Ако дојде до прекин на електрична енергија, нема да сте во можност за пристап до софтверот за планирање. Така, хартиен планер во тетратка или на ѕидот не зависи од извор на енергија за да работи.
  6.   Психолошка поддршка: Наместо куцање, запишување на задача  помага полесно да ја запаметите. Многу луѓе ја пречкртуваат извршената задача или врз неа ставаат „Х“.  Ова дава психолошка поддршка која доаѓа од визуелниот доказ на вашето усовршување. Ова не се добива при промена на статусот на задачата во онлајн алатка.

Кога еднаш ќе се решите да користите личен хартиен планер, ќе ви бидат потребни некои основни упатства за ефективно следење на дневниот план.

Како да го следите вашиот дневен план

Ова се некои битни упатства за помош, како да го искористите најдобро испечатениот хартиен планер:

Решете која големина на планер ја сакате

Дали сакате голем испечатен планер кој ќе го поставете на ѕидот, или пренослив дневен распоред во страни, што може да го поставете во тетратка и да го носите со вас?   Многу печатливи хартиени планери можете да пронајдете на GraphicRiver или да ја разгледате нашата галерија во делот подолу.

2.Обврзете се со временски период

На некои луѓе, за забележување задачи и  достигнувања, сѐ што им е потребно е печатлив неделен планер. На други, пак, им е потребен печатлив дневен распоред.   Ако времето ви е поделено на многу помали задачи, веројатно ви е потребен дневен планер. Ако една или две задачи завршувате за повеќе денови, неделен планер би бил доволен.

3. Планерот нека ви биде водечка листа

Без разлика кој вид на планер сте го одбрале, треба да ви биде водечка листа за задачи и состаноци. Можеби некои задачи ќе ги имате зачувано и на други алатки, но осигурајте се дека на хартиениот планер имате сѐ.

4.Често погледнувајте го планерот

Денот почнете го и завршете го со дневниот распоред или неделниот план. Наутро погледнете го за да видете што е распоредено за тој ден. На крајот од денот,  разгледајте го за да се осигурате дека сте додале нови задачи и информации што се појавиле во текот на денот.

5. Секојдневно обновувајте го планерот

Забележувањето нова задача и пречкртувањето на веќе завршената одзема само неколку минути. Како алатките за планирање, хартиениот планер нема да ви помогне за одржување на тековните обврски. Ако користете различни дигитални планери, секој од нив погледнете го покрај хартиената водечка листа.

6. Користете бои

Означувањето со бои е прекрасен начин да ја оптимирате визуелната ефикасност на хартиениот планер. Купете си сет пенкала во различни бои  и назначете го секој вид задача со различна боја. На пример семејните настани можете да ги обележете портокалово, работните рокови со црвено, а личните состаноци зелено.

7. Користете дополнителни страни

Многу преносни обрасци за планирање содржат додатни страни каде што може да фаќате забелешки или да ги запишете информациите за контакт од луѓе кои сте ги сретнале во текот на денот. Користете ги тие страници за прибележување информации кои сакате да ги проверете.

8. Чувајте го планерот на видно место

Ако работите од дома, тоа место веројатно е на вашата работна маса или околу неа. Ако патувате многу,  ќе треба да користите преносен планер за во вашиот ранец или чанта.

9. Складирајте ги старите планери на сигурно место

Планер ви се запишаните забелешки од дневните  активности. Посебно важно е да ги чувате старите планери ако содржат бизнис информации, но можеби ќе сакате да ги чувате старите планери како забелешки за годината, иако сте ги користеле главно за лични  состаноци.

Галерија од хартиени планери

Еве неколку обрасци од печатливи планери, кои ги имаме достапни за 2016-та година на GraphicRiver:

1. Годишен ѕиден планер

Годишниот ѕиден планер го зголемува визуелното влијание. Долгата низа планови е лесна кога можете да ја прегледате цела година со еден поглед. Пример за ова е нашиот образец за годишен ѕиден планер. Овој печатлив планер со големина на постер овозможува да бирате помеѓу хоризонтален и вертикален распоред.

Printable year wall planner template
Шаблон за годишен планер

2. Годишен планер

Малиот годишен планер е друг начин да ја прегледате годината фрлајќи еден поглед. Овој елегантен и модерен печатлив планер ќе го надополни уредувањето на канцеларијата. Можете да го прилагодите и да го додадете името, логото или слоганот на фирмата. Можете да изберете хоризонтален или вертикален. Образецот на планерот вклучува и PDF помошна датотека.

Yearly printable plannercalendar template
Шаблон за годишен планер/календар.

3. Планер/Дневник

Овој образец е пример за преносен дневник со следење на печатлив дневен распоред.   Овој прирачен хартиен планер е дизајниран да се вклопи со тетратка А5 формат.  Каде и да одите прикладен е за носење. За секој работен ден има посебна страница, со оддели за настани и забелешки за време на работните часови. Има и оддели за запишување телефонски броеви и други забелешки. Можете да го обоите во вашата омилена боја.

Printable planner daily organizer template
Шаблон за планер/организатор - со дневен распоред

4. Неделни планери

Овие печатливи неделни планери се многу практични.  Имаат шеми кои можат да се прилагодат по боја, и многу опции за уредување на стилот. Добар е за следење на дневниот и неделниот распоред, важни информации, и понатамошни планови за цела година.

5. Календар за на работната маса

Календарот за на работната маса 2016, овозможува  годишниот календар да го уредете со ваши фотографии и информации за фирмата. Календарот можете да го персонализирате и на други начини. На пример, одберете три различни бои за позадина.   Овој примамлив календар со слики е добар подарок за клиентите и вработените.

Printable desk calendar templates
Шаблон на календар за на работната маса

6. Месечни календари

Овие обрасци за печатливи месечни календари се поставени за 2016-2017. Има подобрен дизајн за продуктивност и следење. За секој месец постои ѕиден календар кој можете да го испечатите и да го закачите. Има и маргини кои можете да ги искористите за планирање. Може да ви помогне за сите цели и важни датуми за чување на видно место.

Printable Monthly Calendars
Шаблон за месечен календар

Ова се само неколку видови на хартиени планери што ги нудиме.  Посетете ја нашата интернет страна GraphicRiver за  целосната листа обрасци за хартиени планери.  Или одете до овој пост, којшто се карактеризира со голем број од нашите шаблони за хартиено планирање.

Направете ги најдобрите хартиени планери оваа година

Печатливите хартиени планери се прекрасен визуелен начин да ја превземете контролата врз вашиот дневен распоред.  Многу луѓе мислат дека хартиените планери им покажуваат колку тие се продуктивни. Ако е ваша цел да бидете поорганизирани оваа година, зошто не им дадете шанса на печатливите планери? 

Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.