Students Save 30%! Learn & create with unlimited courses & creative assets Students Save 30%! Save Now
Advertisement
  1. Business
  2. Social Media
Business

Како да  користите Бафер за брзо управување со социјалните медиуми

by
Length:MediumLanguages:
This post is part of a series called Get Started: Social Media Guide for Small Business.
How to Use Hootsuite for Powerful Social Media Management

Macedonian (Македонски јазик) translation by Andrijana Mitevska (you can also view the original English article)

Управувањето со социјалните медиуми може да биде застрашувачка и долготрајна задача, особено кога треба да управувате со повеќе профили на истите тие медиуми.  Додајте го времето што е потребно за да креирате графика за вашите пораки и истовремено премногу лесно да се почувствувате преоптоварени.

Што ако може да планирате ажурирања за сите ваши сметки на социјалните медиуми и да создадете примамливи графики кои лесно се делат од една локација на сите медиуми?

Внесете Бафер.

Што е Бафер? Тоа е алатка за управување со социјалните медиуми, која сака да ги поедностави истите тие медиуми за сопствениците на бизнисите кои сакаат едноставно и јасно решение.

И во денешнава објава, ќе ви прикажеме зошто треба да го користите Баферот, со цел да ги надминете основите за поставување на вашата сметка и да погледнете како да го користите Баферот, за да го забрзате процесот на управување со социјалните медиуми.

Зошто треба да размислите да  користите Бафер?

What is Buffer and why you should use it
Баферот е солидна опција за управување со социјалните медиуми.

Алатките за управување со социјалните медиуми доаѓаат во многу форми и големини, започнувајќи од едноставни алатки фокусирани исклучиво на една задача, па се до понапредни алатки  со доста моќни функции, како на пример аналитика, следење, известување и многу повеќе.

Баферот добро се вклопува во средината, има повеќе функции од алатката TweetDeck, но сепак  со своите функциине ги совладува напредните алатки како SproutSocial или Rignite.

Наречен е “ Сири на социјалните медиуми”, а тимот кој што стои зад Баферот, тврди дека нивната мисија е да ја изградат наједноставната, но најмоќната алатка за управување со социјалните медиуми. Нуди и слободни и платени планови,  со платени структурирани планови за поединци и поголеми тимови или агенции.

На прв поглед, Баферот е едноставен: додадете ги вашите ажурирања и Баферот автоматски ќе ги испраќа на избраните сметки во текот на целиот ден. Не морате рачно да го поставувате времето и денот, бидејќи тоа е веќе претходно наместено за вас. Исто така во баферите можете да додавате содржина од било која веб-страница, притоа без потреба да отварате нов прозорец за да се пријавите во апликацијата.

Но, кога ќе ја истражувате алатката малку повеќе, ќе откриете способност за фино подесување на времето кога ќе излезат вашите ажурирања, збир на аналитики кои се лесни за разбирање и способност да креирате и споделувате графики низ вашите сметки на социјалните медиуми.

Започнуваме со Баферот

1.     Креирање на профил за Бафери

Creating a Buffer account
Креирање профил на Бафер е лесно.

Ајде да погледнеме како да го користите Баферот, најпрво со поставување на вашата сметка. Неверојатно е лесно кога започнувате со Баферот. Можете да користите еден од вашите постоечки профили на социјалните медиуми за да се логирате, или можете да креирате сметка користејќи ја вашата е-пошта и лозинка.

За да започнете, одете на  http://buffer.com и користете ја вашата сметка на Твитер, Фејсбук или Гугл+ за да креирате Бафер-сметка. Ако сакате да ја користите со посебна најава, слободно можете така да постапувате, така што ќе ја користите преферираната е-пошта, со единствена лозинка.

Ако се одлучивте да ја користите вашата сметка на социјалните медиуми, ќе биде побарано од вас да му дадете дозвола на Баферот да ја користи вашата сметка, затоа продолжете понатаму и кликнете на Authorize или Allow.  Ќе ве праша за вашата е-сметка, за да може да ви испраќа известувања. Откако ќе го направите тоа, одете на My Account.

Овде можете да ги разгледате различните поставувања на сметката, како што е вклучувањето или исклучувањето на потсетниците за е-пошта, да поставите тајна адреса за е-пошта, за да можете да испраќате ажурирања на Баферот од вашата e-mail адреса, да ги конфигурирате вашите поставки за времето и денот и многу повеќе.

Buffer email settings
Повеќето од поставувањата на Бафер се едноставни.

Откако ќе ги поминете сите подесувања и истите ќе ги конфигурирате по ваш вкус, кликнете на контролната табла во левото мени, за да се вратите во главната апликација- Бафер.

2.     Поврзување на вашите социјални медиумски профили

Баферот поддржува Twitter, Facebook, Google+, Instagram и Pinterest. Корисниците на Linkedln може да ги поврзат и профилите и страниците, а корисниците на Facebook можат да го користат својот личен профил, деловната страница или било која група со која управуваат.

Важно е да се напомене дека Pinterest менаџментот е достапен само на нивниот платен план. Слично на тоа, ако сакате да поврзете повеќе од еден профил на истата социјална платформа ( на пример, Facebook страница и група на Facebook), ќе треба да го надградите според нивниот т.н. Awesome план.

Нивниот слободен план ви овозможува да поврзете по еден  профил на една сметка  и во повеќето случаи ова е повеќе од доволно за сопствениците на мали бизниси.

connecting social accounts to Buffer
Можете да ги поврзете најпопуларните профили на социјална мрежа со Бафер.

Поврзувањето на вашите сметки е едноставно. Само кликнете на посакуваниот профил и следете ги инструкциите за авторизирање на баферот за пристап до сметката. Поврзете го ова за сите сметки што сакате да ги користите со Баферот.

Како што ги поврзувате, ќе ги видите како се појавуваат на левата страна од екранот. Исто така, ќе забележите знак веднаш до секој профил што означува дека оваа сметка е стандардно избрана секогаш кога ќе составувате ново ажурирање на статусот.

Пристап до поставувањата на Баферот

Со кликнување на било кој од вашите социјални профили, ќе добиете пристап до поставките, распоредот и редот за тој профил.

На врвот има четири табулари: Содржина, Анализа, Распоред и Подесувања. Табуларот со содржини исто така има и под-прозорчиња кои ви дозволуваат што се наоѓа во редот за Бафери, за што треба да се ажурираат ажурирањата ( корисна карактеристика ако работите со тим ) и Content Inbox што е достапна во Awesome планот, каде што можете да ги видите изворите на вашата омилена веб-страница директно во Баферот.

Работа со анализатор на Баферот 

Во табуларот Анализа ви е овозможено да видите како е извршен секој ажуриран статус, откако бил споделен.  Табуларите за анализа и увид се достапни со бизнис план и вклучуваат збир на богати аналитики со графикони и табели, кои ви овозможуваат да ги видите вкупните перформанси на вашите сметки во текот на одреден период.

Конфигурирање на скратувачот URL на Бафер

Последниот табулар Подесувања, ви овозможува да го конфигурирате вашето скенирање во  склопот на URL-то, каде што можете да одберете помеѓу кратенките за поврзување со Баферот, или да ја поврзете сопствената bit.ly сметка и Бафер ќе се осигури дека вашите врски се скратуваат секогаш кога ќе додадете објава. Можете исто така да додадете членови на тимот, повторно да ги поврзете вашите профили и да ја исправите вашата редица,  во случај да сакате да ги избришете ажурирањата кои се моментално закажани.

Табуларот Распоред е најмоќната карактеристика на Бафер, па ајде да погледнеме како испраќањето и распоредот на ажурирањата работат со Бафер.

3.  Испраќање и распоред на пораките во Бафер

Buffer social posting schedule
Поставете различни планови за објавување за секој ден од неделата.

Ајде да погледнеме како да се користи алатката за распоред во Бафер. Тоа е можеби една од најнапредните алатки за распоред која стои на располагање. Секој профил има свој независен распоред и ред. Можете да креирате прилично сложени распореди за објавување со сосема различни периоди на објавување и фреквенции за различни денови во неделата.

На самиот врв на страницата можете да ја одберете вашата временска зона. Стандардната временска зона е Лондон и воедно можете да изберете различни временски зони за секоја сметка што ја управувате преку Бафер.

Нешто што се подразбира, е тоа што Бафер веќе го поставува бројот на препорачани ажурирања и времиња за објавување. Сепак, ова е местото каде што можете да ја подесите вашата стратегија за секој профил на социјалните медиуми. Можете да изберете или деселектирате одредени денови од неделата, со кликнување на нив. Исто така, можете да избришете некое од постоечките времиња или да додадете нови, во случај да сакате да објавите повеќе од она што го поставува Бафер за вас.

Конечно, можете да кликнете на оптималната алатка на дното, ако сакате Бафер да ги испрати вашите ажурирања во оптималните времиња за секоја мрежа.

optimal posting time in Buffer
Можете да го користите претходно поставениот Оптимален распоред за да ги испратите вашите твитови во најдобрите времиња.

Откако ќе го поставите вашиот распоред за секоја мрежа, ајде да го испратиме нашето прво ажурирање. Можете да кликнете налево на било кој од вашите профили за социјални медиуми и ќе се појави кутија со содржини каде што ќе може да ги внесете деталите. Сите профили на социјалните медиуми кои имаат ознака веднаш до нив, стандардно ќе бидат одбрани, така што на сите ажурирањето ќе им излезе во одредено време.

scheduling messages in Buffer
Распоредувајте ја вашата порака и одберете кои сметки да ги испратите.

Ако не сакате ажурирањето да излегува на сите ваши сметки, едноставно кликнете на сликата на профилот и сметката ќе биде отстранета. 

Внесете го вашиот ажуриран статус заедно со линкот кој автоматски ќе се скрати.  Исто така, можете да испратите слики или видео за да продолжите со вашето ажурирање. Конечно, со кликнување на синото копче Add to queue, ќе го додадете ажурирањето на редот за Баферот. Можете исто така да кликнете на стрелката, за да го споделите ажурирањето веднаш или да го закажете за одредено време.

      Напредни функции за управување со социјалните медиуми- внатрешен Бафер

Дури и со бесплатен план, Бафер ви нуди убав сет на напредни функции. Ајде да ги поминеме накратко.

1.     Пабло- Социјален уредувач на слики на Бафер

Pablo
Вградената алатка за уредување на слики во Бафер се вика Пабло

Ајде да навлеземе во тоа како да го користиме социјалниот уредувач на слики на Бафер, Пабло. Ова е корисна алатка, доколку ви е потребна мала помош за создавање на визуелни елементи кои ќе одат заедно со содржината што ја делите. Слична е на Канва, но нема толку многу карактеристики. Меѓутоа, она што оваа алатка ја прави корисна, е нејзината длабока интеграција со Бафер. 

Баферот има ограничен број шаблони и предефинирани големини за Facebook, Twitter, Instagram и Pinterest. Исто така, нуди пристап за најмногу 600.000 фотографии кои можете слободно да ги користите за да креирате слики кои потоа можете да ги споделувате на социјалните медиуми преку Бафер.

Pablo templates
Шаблони на Пабло се дизајнирани специјално за да се вклопат во популарните социјални мрежи.

Сликите доаѓаат од веб-страници како Pixabay и Unsplash, кои нудат бесплатни слики и можност да испратите свои слики, ако ги имате.

За да креирате графичка слика, се што треба да направите е да барате некоја слика што ја сакате, да ја одберете и да го внесете текстот што сакате на неа да го имате. Откако ќе завршите, кликнете само на share и download. Ќе се појави скокачки прозор, каде што можете да ја составите вашата порака, да ги одберете сметките на кои сакате да ја пратите сликата и да кликнете во Add to queue.

Иако Пабло не е богата како Канва, сепак обезбедува лесен начин за создавање ефективна графика за која било содржина што сакате да ја споделите на социјалните медиуми. Тоа е корисна алатка за секој кој сака да користи фотографии, но нема време или буџет за посилни алатки.

2.     Бафер анализи

Баферот нема способност да ги следи известувањата или да гледа детали за одредено ажурирање на статусот, како некои од понапредните алатки. Сепак, Бафер ви овозможува да ги видите вкупните броеви за овие показатели.  Можете лесно да ги видите саканите, омилените коментари, одговори, акции и споменувања за секое ажурурање на статусот.

Објавите можат да бидат подредени според најнови, најпопуларни, најмалку популарни, според типот на мислење ( слика, линк, текст ) или според одреден временски период. Под секоја објава, можете да ја видите нејзината активност. За твитовите, можете дури и да го видите потенцијалниот дофат заснован на бројот на следбеници и бројот на следбеници, на секој што го споделил конкретниот твит.

Пригодна карактеристика во табуларот за анализа, е можноста да ги преуредите пораките за префрлување, кои биле особено успешни. Ова значи дека секоја објава за која имало голем број акции или некои други активности, истата повторно ќе биде додадена на вашата листа на една или повеќе социјални мрежи.

Ако имате бафери за бизнис план, исто така можете да пристапите до табуларите за анализа и увид.

Табуларот за анализа ви овозможува да видите колку мислења дневно биле објавени за тој социјален профил во текот на 30-дневен период и колку кликнувања добиле тие мислења.  Во табуларот за увид, можете да го следите растот на вашите следбеници, да ги видите трендовите во нивоата на активност и дали издавачката дејност има влијание врз бројот на следбеници или не.

3.   Бафер апликации

Бафер има апликации за Android и iOS уреди, и доаѓа со практичен прелистувач кој ви овозможува да споделувате содржини од било кое место на интернет.  Но, вашата континуирана активност во користењето на Бафер, ви овозможува да направите и неколку други работи:

  • Означете текст на било која веб-страница, кликнете со десното копче и испратете го текстот заедно со линкот на страницата, директно на Бафер. Ова е особено корисно за споделување цитати.
  • Десен клик на било која слика, за да ја испратите до вашиот Бафер, за да се сподели.
  • Вклучете Buffer Integration со Twitter, Facebook или Pinterest, така што линкот или опцијата за бафер, ќе се додадат во стандардните опции за споделување.
  • Вклучете го преклопот на сликата, за да се појави копчето за споделување со Бафер на секоја слика која ќе ја селектирате.

Бафер е практично решение за социјално управување со медиуми

Управувањето со социјалните медиуми е лесно кога имате соодветни алатки кои можат да ви помогнат. Бафер е одличен начин да се запознаете со управувањето со вашите социјални медиум, бидејќи нуди точна количина карактеристики, за сопствениците на некој бизнис, со повеќе профили на социјалните медиуми.

Ако барате алатка за управување со социјалните медиуми, која ви овозможува да имате контрола над закажувањето на ажурирањата на статусот, како и да ви даде пристап кој ви овозможува лесно да ги следите ангажманите, дајте му шанса на Бафер.

Најдете повеќе алатки за управување со социјалните медиуми и развивајте ја вашата социјална стратегија со нашиот повеќедимензионален Водич за да започнете со социјалните медиуми за мал бизнис.

Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.