Unlimited WordPress themes, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Business
  2. Resumes
Business

10 грешки што треба да ги одбегнете на вашата лична веб-страница

by
Length:MediumLanguages:
This post is part of a series called How to Make a Great Personal Resume Website (Ultimate Guide).
10 Creative Resume Ideas to Stand Out Online in 2019
How to Choose the Best Domain Extension for Your Personal Site

Macedonian (Македонски јазик) translation by Andrijana Mitevska (you can also view the original English article)

Првите импресии се важни, без разлика дали се среќавате со некого лично или испраќате резиме. Вклучувајќи ги и основните елементи на вашата веб-страница, како што е графата ЗА СТРАНИЦАТА или додавање на блог, е чекор во вистинската насока, како и изнаоѓањето начини, страницата да биде поинтересна со додавање на интерактивност.

Но, постојат некои вообичаени грешки што многу луѓе ги прават кога станува збор за нивната веб-страница. Вклучувајќи премногу информации, граматички грешки или визуелно пренатрупани веб-страници, се само некои од грешките што можат да го оттргнат потенцијалниот работодавач.

Иако овие грешки можеби не се очигледни на прв поглед, може да имаат многу поголемо влијание врз вашата кариера отколку што мислите. Всушност, ако направите некоја од овие навидум ирелевантни грешки, потенцијалните работодавци ќе имаат поголема веројатност да го стиснат копчето за назад и да продолжат понатаму кон следниот кандидат.

Е тоа е нешто што овде не го сакаме. Ако градите лична веб-страница, вашата крајна цел е да се ангажирате. Затоа, од клучно значење е да бидете сигурни дека вашата страница е без грешки и  дека ве претставува во најдобро можно светло.

10 најчести грешки коишто можат да се најдат на една веб-страница и како истите да ги избегнете

Во денешнава објава, ќе разговараме за најчестите грешки кои можат да се најдат на една веб-страница, со цел да можете да направите правилна веб-страница.

1. Печатни и граматички грешки

Печатните грешки може да се јават кај секого, но на вашата веб-страница не треба да ги има. Истото важи и за граматичките грешки. Тоа предизвикува да оставите слика на непрофесионалност и остава впечаток дека не сте способни да го коригирате текстот.

Обидете се да го прочитате секој дел на вашата веб-страница на глас - ќе бидете изненадени колку грешки може да најдете додека ги слушате зборовите. Друг трик што може да се обидете е да ја прочитате содржината наназад. Читањето наназад бара дополнителен фокус, што значи дека ќе биде поголема веројатноста да најдете какви било грешки.

Ако граматиката ви е слаба точка, замолете некој пријател да ја коригира содржината пред да започнете да ја рекламирате. Исто така, постојат и онлајн граматички коректори како што е Grammarly, кој ќе ви помогне бесплатно да ги исправите најчестите правописни и граматички грешки.

2. Визуелно исполнет распоред

Најчеста препорака што ја слушате, е вашиот воведен дел да не биде подолг од една страница. Лесно е да се впуштите во искушение и обидете се да го примените ова правило на вашата веб-страница. Но, тоа ќе резултира со визуелно исполнет распоред и ќе направи вашата веб-страница да биде исполнета и тешка за разбирање.

Убавината на веб-страницата  е во тоа што имате многу повеќе простор со кој можете буквално да правите што сакате. Дури и ако одлучите да користите шаблон на една страница, с уште ќе имате повеќе простор отколку  на стандарден лист хартија.

Користете го ова, со цел да го примените и правете празни места за вас. Оставете простор помеѓу различни делови од вашата биографија и помеѓу ставките за портфолио.  Размислете за избор на временска рамка или користење на различни страници, за да го потенцирате вашето образование и искуство.

Гери Шенг сигурно нема недостаток на искуство, но остава  точен број на празни места околу секоја ставка на листата, која не изгледа огромна.

Gary Sheng resume website
Веб-страницата за резиме на Гери Шенг е добар пример за добро искористување на проредот.

3. Слаб квалитет на слика или непрофесионално изработени фотографии

Без разлика дали сте вметнале слики од екранот, или фотографии од вашето минато, бидете сигурни дека не се појавуваат замаглени или пак толку мали, со што посетителите нема да можат да видат за каква слика всушност станува збор. Во исто време, сакате да бидетесигурни дека не испраќате слики кои се премногу големи за веб-страницата, со што предизвикувате целата ваша веб-страница, да се вчитува полека.

Како општо правило, употребете го JPEG-форматот за секоја фотографска слика (портрети, професионални слики, фотографии од вас, физички производи на екранот итн.) И користете го PNG  форматот,за да ги прикажете сликите од екранот од вашата работа, во случај да се бара транспарентност (илустрации , логоа, слики со блокови на бои, или специјални ефекти како што се капки сенки).

На сличен начин, избегнувајте да користите слика од вас од вашата последна роденденска забава како ваш професионален наслов. Ако не можете да си дозволите професионално снимање, можете да побарате од пријател да ве фотографира со неутрална позадина, која потоа можете да ја користите на вашата веб-страница.

Можете исто така да креирате и да изберете уникатна фотографија што ја покажува вашата личност, слично на Раф Деролез, кој дури и ја проширува на профилите на социјалните медиуми, со што се зајакнува неговиот личен бренд.

Raf Deorlez resume website
Ова резиме користи едноставна, креативна лична слика.

4. Испуштање на важна информација за доброто на минливоста

Ако припаѓате на групата на оние  луѓе со повеќегодишно искуство, лесно е да паднете во замка преку исклучување на некои од вашите искуства, заради вклучување само на најважните информации.

Но, имајте на ум дека вашата веб-страница не мора да биде толку кратка. Вашата лична страница е најдобро место за да вклучите повеќе детали и да ги нагласите сите ваши главни достигнувања.

Слично на тоа, ако немате многу работно искуство, но сте волонтерски искусни или имате стажирања кои се релевантни за работата за која аплицирате, слободно вклучете ги на врвот на сите релевантни работни места. Опфатете ги сите ваши квалитети и чувствувајте се  слободни да бидете подетални на вашата лична веб-страница.

Веб-страницата на Брендон Џонсон, е одличен пример за вклучување дополнителни информации со линкови до неговите објавени дела, кои го збогатуваат неговиот кредибилитет.

Brandon Johnson resume website
Резиме веб-сајт со референци за многу објавени дела.

5. Вклучување премногу информации

Тесно поврзана со претходната грешка, е грешката со вклучувањето на премногу информации. Иако ова е ваша лична веб-страница и важно е да се вклучат сите релевантни професионални моменти, сепак тоа не значи дека треба да ја наведете вашата омилена боја, како го пиете кафето или да го наведете името на вашето прво милениче.

Чувајте ги релевантни лични информации  за вашата експертиза,  преку истакнување квалитети и лични искуства, кои може да се применат на вашата посакувана позиција.

Друга работа што треба да се има на ум, се вашите минати проекти. Колку и да сте во искушение да го вклучите секој проект,не правете го тоа.  Резервирајте го просторот за портфолио само за вашата најдобро завршена работа и оставете времето да покаже. Нема потреба потенцијалните работодавци да видат како се развиваат вашите вештини со текот на времето. Важно е она што можете да го направите сега.

Мелани Дејвид го става концептот "помалку е повеќе", за да биде во нејзина полза, вклучувајќи само три примероци од нејзината работа.


Melanie Daveid resume website
Веб-страницата за резиме на Мелани Дејвид.

6. Користење на неуслужлива тема

Со порастот на мобилната технологија, би било глупаво да се очекува потенцијалните работодавци, да ја посетат вашата веб-страница само од лаптопи, или десктоп компјутери. Одржувањето на услужливоста на вашата веб-страница е од клучно значење, за да се осигура секој кој од мобилен уред ја посетува вашата веб-страница, да може да ја види целата содржина и да ги пронајде информациите што го интересираат.

Веб-страницата која не е услужлива, може и ќе ги попречи вашите очекувања, бидејќи никој не сака да троши време да  зумира и да се движи во сите можни насоки, за да дознае зошто сте  баш вие тоа лице кое треба да го вработат.

Ако користите WordPress, има многу реални теми, кои ќе ви обезбедат непречено корисничко искуство низ разни уреди, или пак пребарувајте низ нашата страница.

И ако користите HTML шаблон, ќе видите дека нема недостаток на убави и реални шаблони што ќе ја преземат вашата биографија на следното ниво, како овој професионален пример:

HTML resume website template with professional design
Шаблон Flatrica- HTML resume website со професионален дизајн

15 Best HTML Resume Templates for Awesome Personal Sites.

7. Без информации за контакт

Ако заборавите да ги вклучите вашите информации за контакт, целосно се поразува целта на личната веб-страница. После сè, сакате потенцијалните работодавци и агенти да стапат во контакт со вас, но не можат ниту да  ви побараат повеќе информации, ниту да ви закажат интервју.

И покрај вклучувањето на вашиот телефонски број и на вашата e-mail адреса, размислете за додавањето на вашата физичка адреса, во случај да аплицирате на локално ниво. Можете исто така да додадете врска до вашиот најактивен профил на социјалните медиуми, како што се LinkedIn или Twitter, каде што луѓето можат да стапат во контакт со вас, без да прескокнуваат обрачи.

Направете ги информациите лесно достапни. Ако ви е незгодно да ги оставите вашите информации за контакт на вашата веб-страница, каде што секој може да ги пронајде, размислете за додавањето на контакт форма, за да можат посетителите да ви испратат порака директно од вашата лична веб-страница.

Бидете сигурни дека овие информации редовно ги ажурирате, особено ако го менувате вашиот телефонски број или ако го менувате местото на живеење. Последното нешто што го посакувате е, вашиот работодавач од соништата да не може да стапи во контакт со вас, само затоа што вашите информации за контакт се застарени.

Гари Круз врши одлична работа, така што ги направи неговите информации за контакт видливи и достапни на секој дел  од неговата веб-страница.

Gari Cruze
Лична веб-страница која прави добра работа со информации за контакт.

8. Непрофесионална e-mail адреса

Професионалниот наслов и испегланото резиме со сите релевантни нагласувања, може да се уништи со една работа: непрофесионална e-mail адреса. Ако сè уште ја имате истата адреса за е-пошта што ја користевте во средно училиште, сега е вистинското време да ја смените.

Многу домашни провајдери ќе ви овозможат да креирате е-пошта, врзана директно до вашата област. Потребни ви се неколку минути за да ја поставите и да се навикнете да ја користите за сите професионални комуникации од сега па натаму.

Тоа ве прави да изгледате зрело и сериозно, врзано со вашиот професионален живот. Да не зборуваме дека многу подобро изгледа кога праќате е-пошта како john@johndoe.com, наместо partyanimal275@gmail.com.

9. Испуштање на клучни зборови

Ако имате личнa веб-страница, природно е да го вклучите во продолжението на трудот што го праќате кога аплицирате за работа. Но, ако внимателно ги вклучите клучните зборови кои се однесуваат на вашата посакувана работа низ целата своја веб-страница, во голема мера ги зголемувате вашите шанси да најдете и да добиете ангажман.

За жал, премногу луѓе ги испуштаат клучните зборови и ги третираат веб-страниците како да не се нивни. Наместо да користите генерички описи и придавки за кои мислите дека ќе се наслика позитивна слика, зошто прецизно да не го вклучите она што го правите и како можете да ѝ помогнете на одредена компанија да постигне подобри резултати со вашето ангажирање?

Еден од најлесните начини да го направите тоа, е да вклучите блог на вашата страница и да пишувате за вашето професионално поле. Можете да ги вклучите следниве типови на мислења:

  • Заеднички заблуди за вашата професија
  • Студии на случај, кои нагласуваат како сте постигнале одреден резултат
  • Минати описи на проекти
  • Индустрија на вести преку вашата перспектива
  • Што луѓето треба да знаат за работата со некој во вашата индустрија

Со додавање на блог, можете да ги вклучите природно клучните зборови онаму каде што се вклопуваат, наместо да се обидувате да ги стиснете во една или две страници. Овие ќе имаат спротивен ефект и ќе се гледаат како кутии со клучни зборови, кои ќе ја истакнат вашата страница на повисок ранг. Другиве, од друга страна, ве прават уште потраен, со што се зголемуваат вашите шанси да ги пронајдете вистинските луѓе.

Земете пример од Јоландер Принцел, која не само што ги вклучува релевантните клучни зборови во нејзините описи на веб-страниците, туку и природно ги збогатува со описот на нејзините услуги.

Yolander Prinzel
Ова лично резиме природно вклучува клучни зборови.

10. Без вклучување на препораките

Вообичаено е да вклучите линија во вашата биографија, во која по барање се наведени референците. Сепак, таа линија може да значи губење на простор на вашата биографија и сигурно дури и нема да ѝ помогне на вашата веб-страница.

Ако аплицирате за работа, повеќето работодавци ќе претпостават дека  имате листа на референци подготвени за нив. Но,  вашата веб-страница можете да ја направите уште подобра, со вклучување на препораки од претходни работодавци, клиенти, дури и соученици или  професори.

Тие ви помагаат да изградите социјален доказ и да ви послужи како резервна копија, на сè што сте го навеле за себе. Освен вклучување на самата препорака, размислете и за додавање на информации за контакт на лицето, со што потенцијалните работодавци, ако сакаат дополнително уверување, ќе можат да стапат во контакт со нив.

Дејвид Ламартина има цела страница посветена на препораки:

David Lamartina
Личен сајт за резиме со голем број на избрани препораки.

Замислете си дека вашата веб-страница е на ранг на светска страница 

Ова го спомнавме претходно, но едноставно не можеме да го истакнеме доволно:  една одлична веб-страница, ќе го поплави вашето сандаче со понуди за работа и вашиот телефон нема да престане да ѕвони. Тоа е совршен додаток на целиот вложен труд, кој сè уште се двоумите дали да го испратите, преку кој се  намалуваат шансите на работодавците да наидат на различна личност со исто име.

Сепак, лесно е да се направи  и наједноставна грешка, која ќе им наштети на вашите работодавци. Користете ги погоре наведените совети, за да избегнете да ја направите  и да создадете  лична веб-страница од светски размери. 

И ако ви треба малку помош при изработката на дизајнот, не заборавајте да го погледнете нашиот избор на премиум WordPress теми или висококвалитетни HTML обрасци на веб-страници, кои ќе ја олеснат работата и ќе ви овозможат да се истакнете.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.