Unlimited Powerpoint templates, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Business
  2. Freelance
Business

ПЛАЌАЊЕ ПРЕКУ PAYPAL, ESCROW И ДРУГИ ОНЛАЈН ОПЦИИ

by
Length:MediumLanguages:

Macedonian (Македонски јазик) translation by Stefan Nikolov (you can also view the original English article)

Во денешно време, голем дел од фриленсерската работа се одвива интернационално и онлајн, односно без да е потребна средба помеѓу вас и вашиот клиент. Благодарение на интернетот сега имаме пристап до многу поголем број на клиенти, што е навистина добро, но тоа носи голем број на нови проблеми како што се довербата и начинот на плаќање.  Законите за плаќање, надоместоци и договори за вршење трансакции и правните назадувања во потрагата по плаќање се разликуваат насекаде низ светот.

Во овој артикал ќе погледнеме како се употребуваат PayPal, Escrow, Moneybookers и други сервиси за плаќање, за да му олесните на вашиот клиент. Додека зборувам за темава поради интернационалните трансакции што требаше да ги извршам пред некое време, овие опции за плаќање ќе работат исто во локална средина и нема да има потреба да бидете богат и успешен фриленсер за да ги користите.

ПРОВИЗИЈА И НАПОРИ ЗА ОБРАБОТКА НА ЧЕК ВО БАНКА

Вашиот најголем непријател кога ве плаќаат интернационални клиенти се провизиите за обработка.  Насекаде низ светот се разликува, но обработката на прекуокеански чек или примање на банкарски пренос сигурно може да доведе до значајни надоместоци овде во Австралија. На пример, јас неодамна подигнав 100 долари преку чек во локална банка, а вкупната сума за надоместоци што ја платив беше 33 австралиски долари, што е околу 25 американски долари. Всушност, банката зеде скоро четвртина од чекот.

Целиот процес траеше предолго, и покрај губењето на четвртина од вредноста на трансакцијата.  Вработениот се збуни откако го погледна чекот и ме прати на посебно биро каде требаше да чекам 10 минути, а потоа требаше да чекам уште 10 минути додека банката го обработуваше чекот. Исто така целиот процес ми одзеде околу 30 минути од моето време. Овој чек беше веќе безвреден, откако потрошив четвртина од вкупната вредност и половина час од моето време.

Банкарските преноси не се баш подобри. Во случаи кога добивам фактурирано плаќање кое е поврзано со мојата банка, обично му треба долго време да пристигне, а клиентот најчесто има проблеми со функционирањето на броевите на нашите банкарски сметки во интернет-банкарскиот систем на неговата банка  и јас пак губам значаен дел на пари кои одат за “надоместоци за обработка”.

На кратко – ситуацијата со банките и чековите е лоша. Може да биде подобра за други држава-држава трансакции, но јас се пронаоѓам на друго место, барем јас така мислам. 

КАКО ДА УПОТРЕБУВАТЕ PAYPAL (или Moneybookers, Paypay и други)

Во поново време постои голем број на онлајн начини за плаќање кои се веродостојни и многу веројатно е дека претходно сте употребиле еден или повеќе од нив.  PayPal е мојот личен избор, но тој можеби не е достапен во државата во која живеете. Moneybookers и PayPay се слични сервиси и добра алтернатива за PayPal. 

Сите три сервиси имаат лесен договор за плаќање каде можете да му пратите фактура на вашиот клиент преку едноставна електронска порака и да побарате од нив да ja посетат страницата на PayPal (или друг сервис) и да платат со кредитна картица или некој од другите начини за плаќање по нивен избор.  На  Paypal  можете да пратите фактура преку електронска порака или да ја користите едноставната алатка  "Побарај пари". Исто така постои и поврзување со Outlook и Quickbooks.

Главната предност е тоа што клиентот не треба да има сопствена PayPal сметка, туку може едноставно да плати со кредитна картица. Добиената исплата на вашиот акаунт може да ја пренесете во банкарска сметка за време од 3 до 5 дена.

Што е финтата?
Постојат недостатоци во употребата на овие системи. Главниот недостаток се надоместоците.  PayPal зема околу 2.5% од вашите приходи, па така на трансакција од 100 долари вие ќе изгубите 2.50 долари, што не е многу во споредба со претходно споменатите трансакции кои ги извршував на добро познатиот начин. Меѓутоа, ако имате трансакција од 10.000 долари, тогаш тој износ ќе биде 250 долари што е навистина многу повеќе. Овие надоместоци се за обработка на кредитната картица и за жал донекаде не можат да се избегнат. Ако надоместоците ви пречат, тогаш ви препорачувам да ги вметнете во вашата цена на почеток од проектот.

За целосна табела со тарифите на PayPal кликнете тука. Работи малку покомплицирано од моите поедноставени ‘2.5%’.

Друга работа е тоа што станувате ранливи на враќање на пари кога добивате исплата од кредитна картица.  Ако некоја трансакција е спорна и вие немате потпис и физичка документација, тогаш парите се враќаат на имателот на картицата затоа што кредитната картица работи на тој начин.  Тоа не е голема работа за фриленсерите, меѓутоа, општо кажано, некој кој нема да ви плати затоа што не сака да влегува во неволја поради злоупотреба на нечија картица, едноставно нема да ви плати.  Сепак, добро е да се знае дека такво нешто постои. PayPal има оддел за решавање на плаќања кој се занимава со вакви проблеми.

Поврзување со страница
Една многу добра работа што може да ја направите е да ја поврзете вашата страница со договор за плаќање од PayPal. Ова може да звучи како да ви требаат технички чуда, но всушност е многу едноставно. Ова можете да го направите ако можете да исечете и пресликате HTML. 

Всушност, од PayPal на располагање ви стои алатка за изработка на образец што можете да го поставите на вашата страница и со него да барате број на фактура и износ за плаќање.  Од тука плаќачот ќе биде пратен на страницата на PayPal, за да го изврши плаќањето кое ќе се прикаже на вашиот акаунт со тој број на фактура. Еве пример од мојата стара портфолио страница.

Можете да креирате образец, како овој, во делот Merchant Tools на страницата на  PayPal. Посетувајте ја страницата FreelanceSwitch во наредните денови, затоа што таму ќе поставам водич, објаснет чекор по чекор.

Добрата работа од поврзување на договор за плаќање со вашата страница е тоа што можете да го пишувате во вашите фактури. Јас имав ваков дел на моите фактури:

Pay by Bank Transfer: ... details
Pay by Cheque: ... details
Pay by Credit Card: Одете на thegoodness.com.au/client.html за да платите со PayPal со било која картичка.

Изгледате професионално кога имате повеќе овозможени начини за плаќање и тоа им овозможува на клиентите да го употребат методот кој тие го преферираат. Најмногу од интернационални клиенти користеа договор за плаќање преку PayPal – освен, секако, чудниот и досаден клиент кој инсистираше да прати интернационален чек од 100 долари. 

Ако сакате да одите чекор понатаму со плаќањето преку страница, тогаш можете да ги погледнете другите опции како Google Checkout и 2CO или да бидете комплетни и да направите врска за плаќање и акаунт кај трговецот. Тие не се вклучени во овој артикал, па претпоставувам дека ќе знаете што треба да правите ако користите некој од тие методи.

ESCROW

До сега разгледувавме начини за да го олесниме плаќањето и да ги намалиме плаќањата за надоместоци и трошоци, но ова доведува до нов проблем кој произлегува од интернационалните договори, а тоа е довербата.

Ако не сте ја сретнале или виделе личноста и не знаете ништо за државата од која тие ве контактираат (или, дури и тоа да е државата во која тие се наоѓаат), тогаш може да постојат проблеми во довербата. Сакам да мислам дека можам да ја одредам искреноста кај личноста преку тонот на нивниот глас во електронската порака, но да не се лажеме, тоа можеби е преоптимистично.

За среќа, постои сервис кој ве обезбедува во овој маркет, а тоа е Escrow.com. Всушност, Escrow работи како трет член кој е неутрален во вашата трансакција. Тој е како Швајцарија за интернет трансакциите. Еве што се случува:

  • ·         Вие и вашиот клиент се договарате за износот за плаќање
  • ·         Клиентот ја плаќа сумата на Escrow.com, кој ја задржува сумата
  • ·         Вие ја изработувате работата и ја праќате на клиентот 
  • ·         Клиентот му кажува на Escrow дека се е добро и потоа вас ве плаќаат

Тоа значи дека вие како изведувач сте безбедни со тоа што знаете дека клиентот е навистина подготвен да плати, а клиентот знае дека вие нема да ја добиете исплатата се додека не ја завршите работата и знаете дека Escrow има долг процес на истрага за да открие којa страна згрешила во случај нешто лошо да се случи.

Постојат дополнителни надоместоци наречени “Escrow надоместок” за кој може да одлучите која страна ќе го плати во целост, или ќе го поделите на два дела. Обично, во фриленс трансакција тоа го плаќа клиентот. Овде може да пронајдете информации за надоместоците, кои се 3-4%.

Само еднаш сум употребил Escrow (иако како купувач, а не како продавач), но искуството беше добро. Тие ве тераат да поминете неколку обрачи за идентификација, но тоа е добро затоа што ја прави трансакцијата да биде поверодостојна.

За голема работа со непознат клиент, Escrow e добар и сигурен влог.

ДРУГИ ОПЦИИ

Без сомнение постојат други опции што може да ги употребувате. Опција на која ми текнува во моментов е Western Union – иако никогаш претходно не сум ги употребувал нивните услуги, но можеби читателите би можеле да ги споделат нивните мислења за ова во коментарите.  За мене PayPal се докажал дека е корисен за пониски трансакции, a Escrow за повисоки трансакции и се надевам дека овој артикал ќе ви помогне да земете пари од секој дел на светот, а не само од вашиот. 

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.