Unlimited Powerpoint templates, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Business
  2. Business Cards
Business

Врвен водич за дизајнирање бизнис картички со стандардна големина

by
Length:MediumLanguages:

Macedonian (Македонски јазик) translation by Andrijana Mitevska (you can also view the original English article)

Final product image
What You'll Be Creating

Барате нешто ново за вашиот деловен канцелариски материјал со кој ќе ги импресионирате новите клиенти на следниот настан? Не сте сигурни која е стандардната големина на бизнис картичките или која димензија би требало да ја употребите?

Во овој водич ќе поминеме низ стандардните големини за бизнис картички по земја и ќе погледнеме неколку начини на кои можете да направите вашите бизнис картички навистина да се истакнат со избор на необична големина, завршно печатење или детал.

Барате совршена, веќе подготвена бизнис картичка? Пронајдете голем избор на шаблони за бизнис картички на Envato Market. Или зошто да не го пронајдете совршениот дизајнер на Envato Studio за да ги остварите своите идеи за бизнис кратички­?

Работи кои треба да ги знаете за големината на бизнис картичките 

1.Не постои една “стандардна големина”...

Првата работа за која ќе зборуваме е дека не постои една “стандардна големина” за бизнис картичка. Повеќето земји претпочитаат просечна големина на бизнис картичка која е почесто користена, но, не значи дека други големини не се употребуваат од компаниите сместени во таа земја. Избор на печатење и личен избор се само два фактори кои можат да влијаат на димензиите на бизнис картички.

2. ...и ова е делумно поради историски причини

Исто така постои историска димензија за големината на бизнис картички поради која големините варираат помеѓу различни земји. Корените на денешните бизнис картички можат да се пронајдат уште во 17-от век во Европа, каде што картичките биле користени како најави за враќање на аристократи и други богати личности во своите родни градови или дури и во своите домаќинства. До 19-от век овие "повикувачки картички" или "картички за посетување" биле широко распостранети помеѓу средната и високата класа, со модерни послужавници за картички кои се наоѓале во ходниците на многу куќи за посетителите да ги остават своите картички на заминување.

calling card
Повикувачка картичка на Каизер Вилхелм Во текстот пишува “Wilhelm, Deutscher Kaiser u. König von Preußen” (превод:"Вилијам, германски император и крал на Прусија").

Печатените картички не биле наменети само за социјални цели. Трговците во Европа започнале да користат "трговски картички" кои им биле давани на клиентите пред или по завршувањето на работата. Тие често содржеле мапи со детали од канцелариите на трговците, со што им овозможувале на клиентите полесно да стапат во контакт со нив. Првично овие трговски картички се произведувале на преса, но по 1830 година сè почесто се произведувале со литографски методи.

trade card
Трговска картичка литографски печатена за  Murray & Lanman Florida Water Cologne, 1881

Европа, Америка и други делови од светот го усвоиле моделот на трговскате картички и ги произведувале според своите културни склоности.  Како што еволуирале начините на кои поединци носеле свои картички (модерниот двојно превиткан паричник се стандардизирал дури во средината на 20-от век кога првите кредитни картички биле воведени), така напредувале и димензиите на бизнис картичките, кои биле прилагодени да се вклопат соодветно во паричници, ташни или чантички. Со тек на времето, секоја земја си развила сопствена стандардна големина, којашто сè уште тежнее да биде најчесто употребувана големина во таа земја денес.

3. Технички работи што треба да ги знаете пред да започнете

Пред да започнете со дизајнирање на вашите картички, проверете дали вашиот печатар има стандардна големина со која претпочита да работи. Ако сакате невообичаена големина, исто така треба да проверите дали ќе му биде тешко да ги печати и сече постојано. Никој не сака бизнис картичка со нерамен текст!

Уште една работа што мора да ја проверите кај печатарот се bleed димензиите. Секогаш треба да го направите вашиот завршен дизајн со bleed раб околу целата картичка, но ширината на работ може да варира помеѓу 3 и 5 мм, зависно од преференциите на печатарот. Па затоа проверете ги димензиите за да избегнете повторување на вашиот дизајн.

Забелешка: Сите стандардни големини на бизнис картички прикажани подолу се илустрирани со 3 мм bleed раб.

Исто така, можеби ќе сакате да додадете некои необични завршни ефекти на вашиот дизајн, како што се заоблени агли (кои бараат вдлабнување), употреба на фолија(за метален или флоро изглед) или ласерско сечење (за комплициран внатрешен дизајн, имитирање ефект на чипка). Финалниот дизајн би требало да го направите имајќи ги овие посакувани ефекти на ум, или да разговарате со вашиот печатар за тоа како да го прилагодите дизајнот наспрема нивните можности.

Продолжите со читање за да ги откриете најчесто употребуваните големини за бизнис картички во вашата земја:

Ако сте во Америка или Канада

Стандардната големина на бизнис картичка овде е 89 мм  x  55 мм (или 3.5  x 2 инчи).

usa
usa
Креативен шаблон на бизнис картичка

Ако сте во Западна Европа 

Освен неколку варијации, европските земји претежно ја делат истата стандардна големина за бизнис картички. Велика Британија, Ирска, Италија, Франција, Германија, Холандија, Шпанија, Швајцарија и Белгија, сите тежнеат за помала просечна бизнис картичка од 85 мм x 55 мм (3.346 x 2.165 инчи).

western europe
watercolor business card
Шаблон за бизнис картичка со водени бои 

Ако сте во Австралија, Нов Зеланд или Скандинавија

Австралија и Нов Зеланд делат исти димензии на бизнис картички, како и земјите на Северна Европа: Данска, Норвешка и Шведска. Тајван, исто така, ја користи истата големина, која е 90 мм x 55 мм (3.54 x 2.165 инчи), само малку поширока од американската големина.

australia
australia new zealand
Шаблон за бизнис картичка за убавина

Ако сте во Јапонија

Јапонските бизнис картички се нарекуваат ‘Meishi’ и имаат многу специфичен ритуал поврзан со начинот на кој се делат. Се печатат на јапонска хартија наречена Yongo, со големина од 91 мм x 55 мм (3.582 x 2.165 инчи) во дијаметар. Некогаш било традиционално за жените да имаат помали картички (со големина ‘Sango’, околу 3 и 3/8 x 2 инчи); и било обичај тие картички да имаат заоблени агли.

Meishi се чуваат во посебни кожни футроли. Кога ќе се сретнете со нов деловен контакт, бизнис картичката се подава со двете раце и се држи за двата горни краеви, овозможувајќи му на примачот лесно да го прочита текстот на картичката. Оној кој ја дава картичката во исто време формално му се претставува на примачот. Примачот ја прима картичката и ја фаќа за долните два краеви со двете раце, внимавајќи да не го покрие името или другите информации на картичката, што се смета за непочитување. Примачот потоа ја чита картичката, се заблагодарува и се поклонува. Потоа внимателно ја става картичката во својата кожна футрола.

japan

Ако сте во Кина

Стандардната големина за бизнис картички во Кина, Хонг Конг и Сингапур е 90 мм x 54 мм (3.543 x 2.125 инчи).

china

Ако сте во Јужна Америка, Централна Америја, Источна Европа или Јужна Африка

Оваа големина ја делат голем број земји низ светот, вклучувајќи ги Аргентина, Бразил, Чешка, Финска, Унгарија, Израел, Казахстан, Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словенија, Украина, Бугарија, Латвија, Мексико и Јужна Африка. Типичната големина

 на бизнис картичките овде е 90 мм x  50 мм (3.543 x 1.968 инчи).

eastern europe
eastern europe
Креативен шаблон за бизнис картичка

Ако сте во Иран

Иранската стандардна големина за бизнис картичка е малку помала од некои други, 85 мм x 48 мм (3.582 x 2.165 инчи).

iran

Ако барате нешто поинтернационално

Иако не постои интернационална стандардна големина, има неколку големини кои се пошироко признати од печатарите во различни земји и можат да послужат како интернационален "crossover" - што е совршено ако вашата работа вклучува запознавање луѓе на различни континенти.

 ISO 7810 ID-1 големината која е 85.6 мм x 53.98 мм (3.370 x 2.125 инчи), е големина на повеќето интернационални ID и кредитни картички, која без проблем ја собира во повеќето паричници.

international ISO
abstract business card
Шаблон за апстрактна бизнис картичка

Малку поретка и помала, но сè уште интернационално признаена големина е  ISO SO 216 (A8), која е 74 мм x 52 мм (2.913 x 2.047 инчи) во дијаметар.

international ISO

Ако барате нешто поневообичаено

Како што бизнис компаниите бараат повеќе начини да се истакнат од своите конкуренти, така и бизнис картичките еволуираат и стануваат поуникатни и повпечатливи. Необичните димензии на бизнис картичките стануваат сè почести и некои печатари нудат услуги за произведување помали "мини картички" па дури и квадратни картички. Овие големини се одлични за креативни бизниси кои бараат произведување на картички кои се оддалечуваат од нормата.

mini card

Квадратните картички се, исто така, одлични за прикажување на фотографиите во инстаграм стил; ви даваат дополнителен мал простор за поголема визуелна порака.

square card

Одете напред и направете фантастични бизнис картички!

Она што сакав да ви го покажам овде е дека, иако постојат неколку стандардни големини кои се сметаат за почести и понормални во одредени земји, не постои стандардна големина за производство на бизнис картичка. Сè додека картичката е разумно практична и преносна, можете да размислите за картичка со стандардна големина или да одите со нешто малку поразлично, како мини или квадратна картичка.

Размислувате за вистинската цел на вашата бизнис картичка-каде ќе биде земена од клиентите или каде ќе им ја дадете? Ако некому му е поважно да ја чува картичката во својот паричник, тогаш стандардната големина е веројатно најмудар избор, но ако се потпирате на картичката за да привлечете внимание, на пример на конвенција или во продавница, тогаш можеби ќе сакате да изберете поразлична големина која малку повеќе ќе се истакнува. 

Суптилните детали што се додаваат на вашата картичка, исто така, можат да направат разлика. Додавањето заоблени агли може да ја омекне појавата на картичката, со што ќе ја направите пријатна за допир, како заоблениот шаблон за бизнис картичка даден подолу:

rounded corners
Заоблен шаблон за бизнис картичка

Изборот на убав печатен завршен ефект исто така може да придонесе за конечниот изглед на вашите картички. Зошто да не одберете хартија со текстура, типографија со врежана етикета за луксузно чувство? Или зошто да не изберете ултра модерна хартија обложена со мат фолија за супер мазен, современ стил?

matte finish cards
Фотографски шаблон за бизнис картичка

Со додавање необична структура, било да е "лажна" текстура со слика или направена со помош на техника на врежување или тродимензионална техника, може на вашите картички да им додадете дополнителен знак и да ги претворите во сувенири за потенцијалните клиенти или муштерии.

textured cards
Шаблон за бизнис картичка со текстура

Штом ќе ја изберете посакуваната големина за вашата картичка, можете да започнете со забавната работа! Дизајнирањето на сопствени бизнис картички на почетокот изгледа како тешка задача, но овие топ совети ќе ви дадат многу идеи:

Барате специфичен стил на бизнис картички или едноставно ви треба повеќе инспирација за сопствен дизајн? Во двата случаја овие премиум шаблони за картички се одличен почеток:

Застанавте кај идејата што да вклучите во вашата бизнис картичка? Овој корисен водич ќе ви помогне да ги уредите вашите детали и да создадете трајна врска со потенцијалниот клиент:

Исто така, можете да најдете голем избор на модерни шаблони за бизнис картички на Envato Market. Задолжително погледнете ги!

Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.