Advertisement
  1. Business
  2. Business Cards

5 впечатливи идеи за позадина на бизнис картички

by
Difficulty:BeginnerLength:LongLanguages:

Macedonian (Македонски јазик) translation by Andrijana Mitevska (you can also view the original English article)

Оставање на позадината на вашите бизнис картички празна, е исто како да сте наградени со два билборда рекламен простор на централен автопат,а да користите само еден, бидејќи сите информации можат да станат на него.

А да ја искористите позадината само за да го повторите вашето лого од предната страна на картичката, без посебна причина, може да биде уште полошо. Бидејќи тоа е исто како да ги користите вашите главни недвижнини за рекламирање на автопатот, за да ставите две исти реклами една до друга, околку креативно и  стратешки да го искористите слободниот простор.

Можеби е чудно да се споредат едноставните бизнис картички и скапите билборди на автопатите, но споредбата не е претерана. Кога некому му ја давате вашата бизнис картичка, буквално го ставате својот бизнис и својот бренд во неговите раце.

Потенцијалните клиенти повеќе време поминуваат разгледувајќи ја бизнис картичката која сте им ја дале, отколку гледајќи во билборди додека возите по автопатот. Освен тоа, бизнис картичката додава личен и допирен аспект на врската со секој човек, а ниеден билборд не би можел тоа да ви го понуди.

Кои информации би требало да ги ставите на позадината на вашите бизнис картички?

Освен основните информации на бизнис картичките: Каков впечаток оставате?

Кога потенцијалните клиенти ја добиваат вашата картичка, ја читаат и ја превртуваат-бидејќи е човечки природно да го истражиме она што го држиме во раце-каков вид порака добиваат за вашиот бизнис и бренд освен стандардните информации на бизнис картичката? Ако нема ништо зачудувачко или интригантно за дизајнот на вашата картичка, тогаш "досадно", "повторливо", "веќе видено" се само неколку од особините  кои можат да се поврзат со вашиот бизнис.

Сега замислете изненадување и воодушевување на лицата на потенцијалните клиенти коишто ја превртуваат вашата картичка за да пронајдат нешто поразлично, уникатно и креативно на позадината. Замислете го и позитивниот впечаток што ќе им го оставите на клиентите коишто ќе ја зачуваат вашата картичка со воодушевувачка насмевка на лицето.

Животот е преполн со мали моменти, кои повеќето од нив подоцна ги забораваме.  Но, моментите на воодушевување и изненадување засекогаш остануваат во нашето сеќавање. Што значи дека креативно решение за позадината на вашите бизнис картички може да биде голем пресврт за вашиот бизнис. Додавање лични детали на алатката што секој ја користи за време на мрежно поврзување може да ви помогне да се издвоите од толпата на едноличност и да оставите незаборавен впечаток кај потенцијалните клиенти.

5 начини како да ја искористите позадината на вашите бизнис картички

Еве неколку идеи за позадина и ќе можете да одговорите на прашањето што да ставите на позадината на бизнис картичка? Позадината на картичките ќе ја сметаме за креативен начин на покажување на вашите вештини, промотивни понуди и други иницијативи за да ги привлечете потенцијалните клиенти да ве следат на вашата веб-страница откако ќе им ја дадете картичката. 

1. Изберете значајна позадина 

Сигурно сте виделе бизнис картички со шарени позадини, но на колку такви всушност има информации? И на колку конкретно се сеќавате? Веројатно не на многу, или пак воопшто не се сеќавате.

Убавите бои и симпатичните вители можеби се убави за гледање, но тие се исто толку лоши како и(ако не и полоши од) црната позадина кога се работи за претставување на вашиот бренд. Ако сте задоволни со информациите на предната страна на картичката и не сакате да додавате повеќе текст на задната страна, тогаш искористете го тој простор креативно за визуелно да ја зголемите сликата на вашиот бренд ..

Кога станува збор за работата дали сте сериозно и целосно посветени на неа? Дали се обидувате да внесете малку хумор во работата? Дали сте шеговити и безгрижни? Позадината што ќе ја изберете за вашата бизнис картичка, освен основните информации, може да каже многу за вас.

За пример погледнете го овој шаблон за креативни бизнис картички прикажан подолу, кој ја прикажува позадината што се однесува на интернет икони. Она што е одлично за овој шаблон е тоа што можете да ја промените позадината на само една икона(за разлика од сите четири прикажани на сликата подолу), како и тоа што можете да ја смените бојата на позадината за да прилега на вашиот карактер и стил.

Back of business card template
Шаблон за креативна бизнис картичка, со одлична позадина на дизајнирани икони

Оваа бизнис картичка би била идеална за програмери. Кога потенцијалниот клиент ќе се врати дома веднаш по завршување на некој настан и ќе ги извади од својот паричник сите бизнис картички што ги собрал, картичка како оваа веднаш ќе се истакне и ќе го потсети што работите и како можете да му помогнете.

2. Покажете ги вашите способности

Уште еден добар начин да ја искористите позадината на бизнис картичките е да ги покажете вашите способности Наместо да изберете позадина која е одраз на вашата дејност, можете да го искористите тој простор за да ја прикажете вашата работа.

Оваа идеја може да биде посебно добра за професионалците по визуелна уметност, како што се фотографите, графичките дизајнери и илустраторите. Но, може да функционира и кај други дејности: архитекти, декоратори, фризери, дизајнери за облека или накит, готвачи и др.

Погледнете го на пример фотографскиот шаблон за бизнис картички прикажан подолу: Во центарот на картичката, можете да додадете фотографија од вас, особено ако специјализирате за портрет.

Photography back of business card template
Шаблон за фотографска позадина

Но, можете да бидете и покреативни од тоа. Не постои правило кое вели дека морате да го искористите портретот. Наместо тоа, можете да ги искористите вашите најдобри професионални фотографии со што ќе им покажете на потенцијалните клиенти какви фотографии можете да направите за нив.

Не сте фотограф ниту визуелен уметник? Не е проблем! Само направете гламурозни фотографии од вашата најдобра работа(венчавање коешто сте го декорирале, фантастична торта што сте ја направиле, откачена фризура) и поставете ги на позадината на вашата бизнис картичка.

Ако шаблонот прикажан погоре е ограничен што се однесува на големината на сликата, секогаш можете како друга опција да го изберете фотографскиот шаблон кој ви овозможува да ја искористите целосната позадина за да ја прикажете вашата работа, или фото бизнис картичка за да направите мозаик од неколку ваши најдобри дела.

Изборот е бесконечен. А впечатокот ќе биде толку спектакуларен колку што е и вашата работа! Со оваа особина, кога потенцијалните клиенти ќе ја земат вашата картичка, веднаш ќе ги забележат резултатите што можете да им ги понудите.

3. Прикажете видео

Можете ли да додадете видео на бизнис картичка? Па, можеби сè уште не, иако сум сигурна  дека за неколку години видео бизнис картички ќе бидат толку чести и вообичаени како што се денес картичките во боја. Засега, можете да додадете видео само преку линк или QR код.

Зошто би сакале да додадете видео на вашите бизнис картички? Не само затоа што изгледа кул. Вашата одлука би требало да биде постратешки осмислена.

Видеата се одличен избор за луѓето што работат со дигитални анимации како што се видеографи, видео уредници и аниматори. Но, исто така, можете да освоите поени и кај луѓе кои го изградиле брендот со свое лично обележје. Има ли подобар начин од кратко воведно видео за да им ги покажете на вашите клиенти својот личен стил, комуникација и ентузијазам ?

На пример овој социјален шаблон за бизнис картички (прикажан и подолу) има добро резервирано место за QR код. Ако претпочитате да користите линк, погрижете се да биде краток и едноставен, бидејќи во денешно време сите сме мрзливи рачно да ги напишеме долгите и комплицирани линкови.

Business card QR back of card template
Шаблон за позадина на бизнис картички со QR код.
Не поставувајте линк или QR код со едноставни и неинтересни фрази како што се "Гледајте го моето видео!" или "Кликнете овде за да дознаете повеќе за мене." Многу малку луѓе (ако воопшто ги има) ќе вложат труд да направат нешто за вас. Прво морате да побудите интерес и љубопитство кај нив.

На пример, ако сте аниматор којшто работи на цртани филмови, можете да кажете "Доживејте магија!" и да им го покажете мини анимираниот филм што сте го направиле  за некое маѓепсано момче или за животот во магичен свет. Но, ако сте видео уредник кој се занимава со обработка на видеа можете да кажете:"Да го преместиме вашиот бизнис на врвот." Сега имате многу поголеми шанси од луѓето коишто го гледаат вашето видео, бидејќи кој клиент не би сакал својата фирма да ја одведе до врвот?

Последен совет во врска со оваа идеја: ако се плашите од помислата да седите пред камера и зборувате со странци, тогаш можеби поставување видео и не е најдобра идеја за вас. Изберете го она што најдобро му одговара на вашиот бренд.

4. Промовирајте ја вашата мејлова листа

Она што е добро за личните социјални мрежи е тоа што создавате вистинска и директна врска со клиентите. Лошата работа е тоа што врската што ја создавате е моментална и кратка колку што е и директна.

Што се случува по ракувањето и разменувањето на картички? Дали некогаш повторно ќе бидете во контакт со тие клиенти? Дали ќе имате прилика да изградите долготрајна врска со нив?

Информациите на вашата бизнис картичка можат да направат голема разлика помеѓу "засекогаш изгубена врска" и "силно воспоставена врска."

Во денешно време најдобар начин за долготрајна врска со потенцијалните соработници и клиентите е вашата мејлова листа. Како може бизнис картичката да ви помогне да ја зголемите вашата мејлова листа?

Лесно! На позадината на вашата картичка понудете им го на потенцијалните клиенти она што тие го сакаат. Како на идејата погоре, ќе треба да користите QR код или едноставен линк кој ќе ги упатува клиентите на почетната страница каде што ќе можат да го внесат своето име и е-пошта во замена за информацијата што им ја ветувате.

Исто така, со идејата погоре, не сакате да прикажете линк или QR код самостојно и не сакате да кажете ништо бескорисно како на пример "Посетете ја мојата веб-страница за да го преземете бесплатниот извештај." Сакате на луѓето да им дадете причина поради која ќе сакаат да поминат низ потешкотии за да дојдат до вашата веб-страница давајќи им до знаење што корисно ќе добијат со тоа.

На пример, специјализиран веб девелопер за интернет трговија може да каже: "Научете ги 5-те најчести грешки кои повеќето бизниси ги чинат 60% од потенцијалните онлајн продажби и научете како да ги избегнете." Предајте ја таа картичка на сопствениците на онлајн продавници  и едвај ќе чекаат да се вратат дома и да ја проверат вашата веб-страница за да откријат дали ја "убиваат" својата онлајн продажба со тие грешки.

5. Понудете посебна понуда

Претпочитате да ги поттикнувате луѓето да купат еден од вашите производи или услуги на подиректен начин од прикажување на вашата работа или да ги упатувате на вашата почетна страница? Тогаш искористете ја позадината на вашите картички за да им предложите понуда што не можат да ја одбијат.

Дајте им на луѓето 10% попуст на вашиот прв заеднички проект. Понудете им посебен пакет од своите производи или услуги по специјална цена. Или "еден плус еден гратис" понуда.

Постојат бесконечно многу понуди што можете да ги предложите, зависно од моделот на вашиот бизнис и видот на производи или услуги што ги нудите. Важна работа на која треба да се обрне внимание е јасно објаснување на текстот дека понудата е исклучиво достапна за оние кои ја имаат вашата бизнис картичка и дека не се однесува на стари понуди за било која личност што ќе влезе во вашата продавница или ќе ја посети вашата веб-страница.

Ако барате професионален шаблон за бизнис картичка, имаме еден тон креативни опции за прегледување. Повеќето од овие шаблони се двострани, така што и двете страни можете да ги искористите на најдобар начин.

Business card template on GraphicRiver
Најдобри шаблони за бизнис картички, достапни за продажба на GraphicRiver.

Што ќе ставите на позадината на вашите бизнис картички?

Со малку креативност и имагинација, позадината на вашите бизнис картички може да стане, од ужасен празен простор за кој никогаш не знаевте што да направите, до впечатлива маркетинг алатка што ќе ви помогне да се поврзете со потенцијалните клиенти на едно подлабоко ниво.

Како ја користите позадината на вашите бизнис картички? Дали сте виделе било какви впечатливи идеи за позадината на бизнис картички што не ги споменав овде? Ако сте виделе, споделете ги во коментар!

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.