Advertisement
  1. Business
  2. Creativity

Автоматска креативност: Како креативното размислување да ви стане навика

by
Read Time:9 minsLanguages:

Macedonian (Македонски јазик) translation by PublicMenace (you can also view the original English article)

Во 21 век, идеите имаат вредност. Така е зашто живееме во информациона економија.

Пред еден век вредноста се создавала преку производството. Сме правеле продукт од сурови материјали. Продиктите се продавале по цена повисока од цената на материјалите. Се создавала вредност со тоа што од сурови материјали се правел продукт и така се заработувале пари.

Во информационата економија, вредноста не се создава со создавање продукти од сурови материјали. Се создава преку идеи. Колку сте подобри со смислување ефективни идеи, толку поголема вредност создавате.

Во информационата економија има смисла тоа што многу од нас работат во улоги кои бараат да бидеме креативни секој ден. Наша работа е да смислуваме нови идеи.

Кој е проблемот? Креаивноста е чудна работа. Затоа имагинацијата најчесто се нарекува муза. Музата е итра како мачка. Доаѓа и си оди кога сака. Може да се чувствувате како музата да не доаѓа на повик.

Има ли воопшто проблем?

Низ историјата најпознатите креатори не седеле и чекале музата да ги удостои со нејзиното присуство. Наместо тоа, развиле навика да размислуваат креативно. Низ таа навика создале средина во која музата се чувствува пријатно. Затоа имале пристап до креативноста кога сакале.

Правењето на систем

Во раниот 20 век, Henry Ford открил дека може да произведува коли побрзо и со помал трошок со поставување на фабричка лента. Фабричката лента бил неговиот систем за производство на коли.

Системите можат да изгледаат како спротивност на креативноста и тоа е фер замисла. Сепак, системите:

  • Се група на работи кои работат заедно како дел од механизам.
  • Имаат јасни процедури по кои се прават нештата.
  • Следат рутина.
  • Имаат внес и изнес.
  • Репетитивни се.

Самото размислувањето на ваков едноставен начин е доволно за да ви се исклучи креативноста!

Со оглед на тоа, можете да поставите систем кој ја претвора креативноста во навика. Со користење на тој систем ќе го вметнете креативното размислување во секојдневниот живот.

Во овој туторијал ќе ви покажеме кои чекори да ги следите за да го остварите тоа.

Пред да почнеме, имајте неколку работи во предвид:

  • Овој туторијал е почетна точка, а не конечен водич за креативноста. Секој има уникатна ситуација и карактер и тоа што успева за еден, не успева и за друг. Не се плашете да бидете кретаивни додека го поставувате вашиот систем кој креативноста ќе ја претвори во навика.
  • Низ туторијалот ќе забележите дека иако системите можеби да изгледаат празни и здодевни, навистина создаваат средина која буди креативност.

Да откриеме како креативноста да доаѓа автоматски!

Прв чекор: Работете по рутина или ритуал

Новелистот Somerset Maugham се пошегувал:

Пишувам само кога ќе ми дојде инспирација. За среќа, ми доаѓа секој ден во 9 часот.

Со други зборови, само со работењето по распоред и во конкретно време, на Maugham му доаѓала креативна инспирација секој ден.

Психологот William James тврдел дека следењето на строга рутина го претвора тоа што го правиме секој ден во навика. Откако ќе ја поставиме таа навика, многу од нашите акции се автоматски и „ги ослободуваме умовите да се префрлат на интересни акции“.

Многу познати писатели и филозофи низ историјата следеле поставена рутина.

  • Новелистот Anthony Trollope секој ден се будел во мрак и пишувал од 5:30 до 8:30. Ако завршел еден роман во тоа време, земал чисто парче хартија и го почнувал следниот.
  • Simone de Beauvoir го почнувала денот со шолја чај. Почнувала да пишува во 10 часот и престанувала во 13 часот за ручек. Потоа работела од 17 до 91 часот.
  • Immanuel Kant, германски филозоф од 18 век одел на прошетка секој ден во 15:30. Бил толку точен што соседите можеле да ги местат часовниците по времето кога минувал пред нивниот прозор.

Ако вашите животни околности не ви дозволуваат да работите по рутина, тогаш размислете за тоа да користите ритуал.

Ритуалите се акции кои ги следите пред да седнете за да бидете креативни. Следењето на истиот ритуал секој ден му праќа сигнал на мозокот дека е време да биде креативен.

На пример, најпродаваниот автор Stephen King секогаш пие чаша вода или шолја чај пред да седне да пишува. Потоа пие витамини, пушта музика и седнува на столот за пишување. На крај ја организира хартијата за пишување.

Зошто го прави се' тоа? Со негови зборови:

Кумулативната намена на правењето на тие работи секој ден на ист начин му кажува на умот дека наскоро ќе сонува.

Блогерот и копирајтер James Chartrand следи сличен ритуал кој го нарекува "click-whirr" пристап. Таа објаснува:

Нашите мозоци имаат вградени, автоматски реакции на фиксирани шаблони кои се активираат од некои работи. Тоа значи дека ако нешто го активира шаблонот, ќе следи серија на активности кои се предвидливи како снегот на Арктикот.

Еве пример: Секој ден ја следам истата, фиксирана рутина. Се будам. Пијам кафе. Седнувам во кујната и читам мејлови. Ја будам ќерка ми и ја подготвувам за училиште- iCarly, житарици, облека, ѝ го подготвувам ручекот, ѝ ја чешлам косата, ја испраќам до автобуската станица. Се враќам назад, дишам длабоко, се чувствувам благодарно и размислувам само на задачата кој сум одбрала да ја напишам кога ќе се вратам дома.

Правам ново кафе, седнувам и “click!-whirr”, почнувам да пишувам.

Како што гледате од тие примери, ритуалите не мора да бидат комплицирани. Ритуалите функционираат најдобро кога во нив се вметнати работи кои и онака би ги направиле. Поентата е да се осигурате да го следите истиот ритуал секој пат кога треба да ја активирате креативноста. Колку поверно го следите ритуалот, толку подобри резултати ќе добиете.

Втор чекор: Присвојте ја мантрата „малку и често“

Креативноста е како мускул. Користете го редовно и ќе стане посилен. Така е според Josh Linkner, авторот на Дисциплинирано сонување: Докажан систем за да развиете кретивност. Linkner вака ја објаснува неговата теорија:

Сите имаме капацитет да создаваме мускули ако вежбаме. Ако не вежбаме, мускулите атрофираат. Истото важи и за креативноста. Со прифаќањето и вежбањето на нашите креативни мускули, ослободуваме река на проникливост.

Кој е најдобриот начин да развиете мускул? Малку вежбање еднаш или два пати на ден е подобро од една интензивна сесија неделно. Истото важи и за креативноста. Многу е подобро да правиме по малку секој ден за да ги развиеме креативните мускули отколку повеќе да се трудиме еднаш неделно, или помалку често.

Покажувањето на вашата креативност секој ден, не помага само да ги развиете креативните мускули. Како бонус би помага да развиете навика за креативен излез.

Најдобро се гради навика со мали акции секој ден. Д-р B. J. Fogg, директор на Лабораторијата за градење однесување на Универзитетот Стенфорд објаснува како работи тоа:

Ако одберете нешто ситно и едноставно, како чистење на еден заб со конец, ќе биде лесно да го направите тоа. Работите кои е лесно да се направат не бараат многу мотивација.

Треба да се спомене дека вториот дел од методот на Fogg за создавање на нови навики е ритуалот. Со негови зборови:

Проследете ја новата навика по нешто кое веќе го правите по навика... така го поттикнувате новото однесување по некое вообичаено однесување“

Гледате како тоа се поврзува со првиот чекор?

Трет чекор: Секаде носете тетратка

Без разлика колку се трудите да ја припитомите вашата муза, ќе видите дека инспирацијата доаѓа кога најмалку очекувате. Всушност, колку повеќе инвестирате во креативноста низ рутини и ритуали, толку повеќе идеи ќе добивате во вообичаеното време и место. Треба да бидете подготвени без разлика дали го шетате кучето, се туширате или патувате од работа кон дома.

Како да се подготвите? Присвојте навика да можете да напишете забелешка секаде. Тоа е многу лесно со смарт телефоните, само инсталирајте апликација за пишување забелешки, на пример Evernote. Или бидете ретро и користете хартија и пенкало. Никогаш нема да се разочарате зашто немате батерија.

Тоа што имате тетратка при рака значи дека можете да ги запишувате идеите веднаш штом ќе дојдат. Многу малку работи фрустрираат повеќе од тоа да се сетите дека сте имале добра идеја, но да не се сеќавате на идејата.

Ако носите тетратка секаде, ќе бидете во добро друштво. Меѓу иноваторите и бизнис водачите кои носат тетратка насекаде се наоѓаат:

  • Richard Branson, основач на Virgin Group.
  • Aristotle Onasis, грчки тајкун за шипинг.
  • Karl Heiselman, извршен директор на Wolff Olins.

Четврт чекор: Не се плашете од лоши идеи

Идеите поттикуваат идеи. Колку повеќе идеи запишувате, толку повеќе идеи ќе имате.

За жал, тоа значи да ги запишувате дури и лошите идеи за да не ви го блокираат мозокот. Кога ќе се ослободите од лошите идеи ја ослободувате креативната енергија за да се концентрирате на добрите идеи.

Затоа треба да ги прифатите наместо да ги игнорирате лошите идеи.

Има и друга причина зошто да им посветувате внимание на лошите идеи. Лошите идеи можат да станат добри идеи низ процесот на повторување. Како што луѓето од дигиталното списание WhiteSpaces објаснуваат:

Идеите се патување. Почнуваат од една точка, патуваат наваму-натаму и обично пристигнуваат на дестинација која воопшто не изгледа како почетната точка. Треба да продолжите да патувате по патот на лошата идеја, да ја прочистувате и оформувате и доста често лошите идеи се претвораат во добри.

Со други зборови, почнете од лошите идеи за да стигнете до добрите.

Петти чекор: Имајте празен простор секој ден

Ако ве прашав што прави Warren Buffett во животот, што би претпоставиле:

  • Состанок по состанок...
  • Патување...
  • Играње голф...
  • Ништо посебно?

Вистината е дека Warren Buffett има речиси празен календар. Тој е човек со многу идеи зашто им дава време и простор за да растат.

На креативните идеи им треба простор за да се појават. Ако вашиот работен живот е хаотичен и сакате да бидете креативни, мора да престанете да давате гас. Со тоа што си давате простор да се опуштите, креативните идеи вријат во вас.

Да, правењето ништо е страшно. Затоа често си го полниме животот со задачи и врева, дури и кога нема што да се прави. Но ако седите во таа непријатност кратко време секој ден, наскоро трудот ќе вроди плод.

Затоа закажете си состанок со ништото и видете што ќе се роди.

Кои се вашите креативни навики?

Може да искористите и други системи за да ја претворите креативноста во навика. Кажете ни ги вашите креативни трикови и совети во коментарите доле.

Извори

Графичка заслуга: Thinking дизајниран од Jens Tärning од Noun Project.

Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.