Advertisement
  1. Business
  2. Writing

Како да станете подобар писател: 10 чекори (од добар до одличен)

by
Read Time:10 minsLanguages:

Macedonian (Македонски јазик) translation by PublicMenace (you can also view the original English article)

Дали вашата работа бара редовно да праќате мејлови, извештаи за проекти, предлози или друга долга пишана комуникација? Пишувањето е огромен дел од многу работи. Всушност, според Националната асоцијација на факултети и вработувачи, 8 од 10 вработувачи бараат вештини за пишана комуникација во резимеата на кандидатите.

Добрите пишани вештини прават да изгледате поверодостојни. Уште поважно, учењето како да бидете подобар писател ќе ви помогне да бидете поефективни во вашата работа.

How to write betterHow to write betterHow to write better
Учењето како да пишувате подобро ќе ја зголеми вашата веродостојност и ќе и' помогне на вашата кариера. (Image Source)

Дури и ако не сте професионален писател, можете да научите како да пишувате подобро. Во овој артикл има 10 чекори за тоа како да станете подобар писател, што и да работите.

Прв чекор. Останете мирни

За многу луѓе кои не се писатели, барањето да напишат нешто е премногу. Може да имате лоши сеќавања од пишување есеи на учулиште. Ако не сте уживале во тие училишни задачи, може да се плашите од помислата дека треба да напишете нешто за вашата работа.

Но ако сте организирани, можете да напишете професионален документ кога ќе го побараат тоа од вас. Повеќето луѓе не сакаат да пишуваат зашто не знаат како добро да го прават тоа. Но паниката нема да ви помогне да ја завршите вашата задача за пишување.

Има начини како да станете подобар писател. Како и секоја друга работна задача, има процес за добро пишување. Во овој артикл ќе ви го покажам тој процес. Кога ќе побараат од вас да напишете извештај, забелешка, писмо или само долг мејл, можете да се справите со тоа. Само следете ги овие лесни чекори за станување подобар писател.

Втор чекор: Идентификувајте ја намената на вашиот пишувачки проект.

Пред да почнете со пишување, треба да знаете зошто сте биле назначени да напишете нешто. Со други зборови, со која цел пишувате? За да ја откриете целта на вашиот пишан проект, прашајте се за што е.

Ова се некои од најчестите цели зад работните задачи.

  • Информирајте. Информативното пишување е многу често во повеќето бизниси. Многу извештаи и некои забелешки спаѓаат во таа категорија. Подвид на овој начин на пишување е инструкционо пишување кое се користи за прирачници за вработени и други документи за тренинг.
  • Убедете. Со овој начин на пишување се трудите да го премислите читачот. Најочигледен пример за убедливо пишување во бизнисот се предлози за продажба. Но може да ви треба кога се справувате со вознемирен муштерија или колега.
  • Опишете. Описното пишување едноставно кажува што е што (или понекогаш, што ќе биде). Се користи во извештаи за инвентар или опис на имот. Може да се користи и во инженерството или некој проект која бара да опишете нешто.
  • Бидете интересни. Иако мислите дека целта на бизнис пишувањето не е да забавувате, некогаш помага ако додадете интересен елемент низ хумор или анегдота. Ако на пример пишувате говор, сакате да биде забавен.

Да ви дадам неколку конкретни примери, може ви назначиле да напишете предлог-проект за да добиете средства за проект. За таа задача ќе ви треба убедливо пишување. Или можеби вашиот менаџер побарал да напишете мејл со преглед на вашиот моментален проект. За мејл со преглед треба да пишувате информативно.

Некогаш целта на пишувањето може да биде очигледна, но некогаш ќе мора да прашате што е. Кога ќе разберете што ви треба за да го напишете тое кое треба да го напишете, ќе бидете подготвени да продолжите со следниот чекор.

Трет чекор: Соберете информации

За да пишувате добро, мора да пишувате точно. Во повеќето случаи за тоа ви треба знаење или истражување. За почеток, направете листа на се' што знаете за темата која ви е назначена. Ако не знаете нешто, а мислите дека треба да биде дел од вашата задача за пишување, ставете го на листата со прашалник до него.

Ако ви требаат добри илустрации или слики за задачата, добра идеја е да ги најдете со време. Понекогаш ќе мора да се договорите да ви направат слика или илустрација. Исто така, ако вашето пишување треба да биде одобрено од техничкиот или правниот тим, известете ги дека ќе го добијат вашиот проект.

Следно, видете ја листата која сте ја направиле и истрежете ги информациите кои недостасуваат (термините со прашалник). Во многу случаи, можете да ги добиете тие информации во вашата компанија. Не се плашете да побарате информации кои не ги знаете.

Ако тие информации не ви се допстапни, може ќе требате самите да ги истражите. Ако ви треба многу повеќе работа за тие информации, прашајте го менаџерот или тој кој ви го назначил проектот дали тие информации се потребни за задачата.

Четврт чекор: Организирајте си ги информациите

Ги собравте информациите кои се важни за вашиот проект, сега е време да ги селектирате. Сконцентрирајте се и одлучете што ви треба, а што не.

Може да ви помогне тоа што ќе ги подредите информациите врз основа на тоа што е најважно за оној кој ќе го прими документот или мејлот. Тргнете ги информациите кои не се директно поврзани со задачата, не не ги отфрлајте целосно. Додатните информации може да бидат корисни ако некој има повеќе прашања откако ќе ја предадете задачата или ако шефот ви назначи нов проект.

На пример, ако работите на предлог-проект дефинитивно сакате да вклучите информации кои објаснуваат зашто проектот е важен.Ако имате информации за историјата на проектот, веројатно тие се помалку важни за вашиот предлог.

Петти чекор: Направете нацрт

Поради училишните задачи со комплексни нацрти за кои беа потребни римски броеви и изјави за тези, многу луѓе мразат нацрти. Не се грижете, ова не е таков нацрт.

Во овој краток нацрт вклучете вовед, барем 2 или 3 главни точки за темата која ја покривате и заклучок. Додадете наслов за вашиот пишан проект и нацртот во основа е готов. Гледате, не беше тешко.

Осигурајте се дека вашиот вовед е моќен, тоа е првото непто кое ќе го видат читачите кога ќе го отворат документот. Исто така, посветете повеќе време на заклучокот зашто тоа е последното кое ќе го прочитаат. Плус, во заклучокот треба да има повик за акција кој му кажува на читателот што да направи следно ако пишувате убедливо дело.

Запомнете, ова не е училиште. Не треба да го предадете нацртот. Нацртот ви помага да се организирате и треба да има смисла само за вас.

Шести чекор: Напишете го документот

Кога ќе завршите со подготовките ви останува само да го пополните нацртот со информациите кои сте ги собрале. Додека пишувате, имајте ја на ум целта за која пишувате.

Во повеќето случаи, сакате да користите активен глас во вашиот професионален пишан проект. Така е полесно за повеќето луѓе да го прочитаат. Ако пишувате убедлив документ (видете го вториот чекор), како на пример писмо со предлог, сакате да вклучите зборови кои продаваат. Не заборавајте да побарате продажба во вашиот повик за акција.

Ако вашиот бизнис има водич за стил на пишана комуникација, имајте го тоа на ум додека пишувате. Ако нема водич за стил, видете го стилот кој се користи во слични начини на комуникација за да добиете идеја каков стил на пишување е прифатлив за тоа што го пишувате. На пример, ако пишувате мејл во кој ги набројувате вашите моментални проекти, можете да прашате колега дали напишал сличен проект и дали би сакал да ви го покаже.

Седми чекор: Внимателно прегледјате го материјалот

Може да мислите дека сте готови откако ќе го напишете нацртот. Но праќање или доставување на пишаната задача која е полна со грешки изгледа помалку професионално. Внимателно прегледајте го документот за да се осигурате дека нема грешки.

Почнете со алатките за проверување на граматика и спелинг, но не се потпирајте целосно на нив. Тие алатки можат да пропуштат многу видови на чести грешки. Сакате внимателно и темелно да го прочитате вашиот нацрт. Добра идеја е да замолите пријател или колега да го прочита и да ги најде грешките.

Ако некој треба да го одобри нацртот, треба да го видат откако ќе ја завршите проверката на документот. Добар преглед на нешто кое сте го напишале може да биде разликата меѓу добро и одлично пишување. 

Осми чекор: Додадете слики и шаблон

Изгледот на вашиот документ може да влијае на тоа како реагира читателот на него. Особено за долги проекти сакате да користите професионален шаблон за да се осигурате дека документот го остава вистинскиот впечаток. Без разлика дали пишувате за шефот или за муштерија, првиот впечаток е важен.

Исто така, ако имате илустрации или фотографии, можете да ги додадете во оваа фаза. За да добиете претстава каква разлика прави професионален шаблон, погледнете ги овие артикли со шаблони за извештај и предлог:

Како што гледате, професионален шаблон може да ја заокружи вашата пишана задача и да и даде привлечен, заокружен изглед. За среќа, има многу достапни високо квалитетни шаблони. На пример, ќе најдете стотици квалитетни преглог шаблони на Envato Elements и GraphicRiver.

Девети чекор: Имајте ги во предвид првите впечатоци

Кога се работи за првите впечатоци, важно е и како изгледа вашиот документ кога ќе биде примен. Имајте ги во предвид првите впечатоци пред да го пратите вашиот пишан проект.

Ако вашиот пишан проект бил мејл, осигурајте се да има добат наслов. Добар наслов објаснува за што е мејлот без да биде премногу нејасен. Во исто време, насловот треба да биде краток и да се држи до темата.

Ако пишувате подолг документ и треба да го пратите по пошта, разгледајте го пакувањето. Ако е можно, треба да биде пратен во плико или кутија со логото на компанијата. Исто така, треба да има корица и писмо во кое се објаснува за што е документот.

Десети чекор: Пратете го документот

Зависи од пишаниот проект на кој сте работеле, сте посветиле од неколку часа до неколку дена на него. Тој екстра труд вредел зашто вашето пишано дело не е само добро, туку е одлично. Сега сте подготвени да го пратите документот.

Повторно проверете ги информациите за достава за да се осигурате дека ќе стигне кај вистинската личност. Кај испечатените документи, тие информации најчесто се физичка адреса. За мејл, осигурајте се дека ќе го пратите на вистинската имејл адреса.

Ако не слушнете од примачот, во ред е да го исконтактирате по неколку дена за да се осигурате дека го добиле. Можете да понудите да одговорите на секое прашање кое го имаат.

Научете повеќе

Тука во Envato Tuts+ имаме многу извори кои би ви помогнале да ги подобрите вашите писателски вештини. Многу од туторијалите се однесуваат на конкретни видови на пишување кои можат да бидат побарани од вас. Еве само неколку туторијали за пишување кои можете да ги истражите:

Заклучок

Дури и ако немате познавање за пишување, можете да научите како да пишувате подобро. Чекорите во овој артикл ќе ви помгонат да научите како да бидете подобар писател без разлика што и да работите. Со среќа со следната задача!

Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.