Unlimited Powerpoint templates, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Business
  2. Microsoft Excel
Business

Како да конвертирате колони во редови во Excel со Power Query

by
Difficulty:AdvancedLength:MediumLanguages:

Macedonian (Македонски јазик) translation by Stefan Nikolov (you can also view the original English article)

Проблемот не е дека ни недостигаат податоци, туку дека имаме премногу податоци и тешко е да се најде нивното значење.  Треба да најдете начин за да го промените нивниот распоред и да ги направите корисни. Microsoft Excel е многу пријателски настроен кон корисниците, но сепак треба да ги исчистите податоците пред да ги користите за анализа и преглед.

Тука доаѓа во разговорот Power Query,  исто така наречен и Get and transform data, којшто е во Excel и го автоматизира процесот на чистење на податоци.

Еден од најпопуларните чекори за чистење на податоци е распределените податоци во колони да ги конвертирате во редови.  Усовршете ги вашите вештини во Excel со конвертирање на вашите податоци од колони во редови со користење на Microsoft Power Query. Во оваа вежба ќе научите како да ја користите опцијата Power Query за да конвертирате колони во редови. 

Зошто да ги конвертирате колоните во редови?

Пред да почнеме, сигурно се прашувате зошто е толку корисно, податоците што се ставени во колони да се конвертираат во редови. 

Одговорот е малку технички. Во суштина, убаво е секој ред со податоци да е како запис, единствена точка со податоци. Податоците во колони се измешани со повеќе атрибути распределени низ нив.

Во примерот подолу, можете да видите како изгледаат податоците кога ќе ги конвертирате од колони во редови.  На левата страна се наоѓа сет од записи од клиент, со различни видови на проекти во колони. На десната страна, ја искористив опцијата UnPivot и ги конвертирав пдоатоците во редови.

Converting columns to Rows in Microsoft Excel
Конвертирање на колони во редови во Microsoft Excel

Ако сте корисник на Pivot Table, важно е вашите податоци да се во редови наместо во колони, кога ќе ги користите за да создадете Pivot Table. Податоците во колоните не ги пополнуваат точно Pivot Tables.

На кратко: конвертирање податоци од колони во редови ја олеснува работата. Со Power Query ова е едноставна работа со два клика. Да научиме како:

Како брзо да се конвертирате колони во редови во Excel (гледајте и учете)

Ако не сте ja користеле Power Query oпцијата порано, ви препорачувам да го изгледате ова 2 минутно видео подолу за да видите како ја користам. Ќе научите како податоците од колоните да ги конвертирате во редови (записи) во Excel со што ќе си ја олесните работата.

Да погледнеме и пишана верзија на овие инструкции за да научиме повеќе за опциите Power Query и конвертирање колони во редови во Еxcel.

Еве го Microsoft Power Query во Excel

Power Query, кој формално е познат како Get And Transform Data во Excel 2016, е алатка со две главни функции:

  1. 1.       Можете да го користите за да преземете податоци, како на пример да ги насочите во други датотеки во Excel, бази со податоци, дури и веб страни за да преземате податоци во лист.
  2. 1.       Може да ви помогне да претворите податоци, што значи лесна промена на нивниот распоред, да додадете повеќе колони или да споите други сетови со податоци со нив.
Power Query Window in Microsoft Excel
Кога праќате податоци во опцијата Power Querу, таа отвара нов прозорец на врвот на Excel каде што можете да изменувате податоци.

  Power Query е моќна алатка што се наоѓа во Excel. Наместо рачно изменување на редослед на податоци и повторување на процесот, Power Query ви дозволува да изградите сет од чекори што можете да ги примените на вашите податоци постојано.

Инсталирање на Power Query

Power Query е вградена во Excel 2016, но можете да ја инсталирате на постарите верзии на Excel како додаток. За жал, Power Query е достапна само за Excel на Windows.

За да ја инсталирате Power Query  за Excel на Windows, (потребна само за Excel 2013 и 2010, бидејќи е веќе вградена во 2016) одете на вебсајтот на Microsoft за да го преземете и инсталирате додатокот за Power Query.

Пратете ги податоците во Power Query

Power Query се користи во Excel, но отвара нов прозорец  на врвот на Excel.

За да ги конвертирате податоците од колони во редови во Excel, прво треба да ги конвертирате податоците во табела, ако веќе не се во тој формат. Можете да внесете податоци во Power Query за да работите со нив.

Ако сакате да работите во исто време со вежбава, направив примерок со податоци достапни во оваа бесплатна датотека во Excel.

Конвертирајте во табела

За да конвертирате податоци во табела, кликнете било каде внатре во табелата и потоа најдете ја опцијата Format As Table, што се наоѓа на теблата во Excel. Можете да кликнете на било кој од сликичките со стилови за да ги конвертирате овие единечни ќелии во табела со податоци.

Convert Data to Table format in Excel
За да ги конвертирате единечни податоци во табела, изберетe ја опцијата Format As Table на лентата на Excel.

Префрлете ги податоците во Power Query

Откако вашите податоци се во табеларен формат, одете на јазичето Data на лентата во Excel и кликнете  на полето From Table за да ги пратите податоците на табелата во Power Query.

Data from Excel Table
Кликнете на Data > From Table опциите за да ги пратите податоците од стандардниот изглед на Excel, во Power Query.

Ова ги праќа податоците во нов прозорец  што се отвара внатре, но на врвот на Excel. Тоа е целосно нов прозорец со многу опции.

Kонвертирање податоци од колони во редови

Во овој момент, треба да видите нешто слично на сликата подолу. Ова е прозорецот што ги содржи алатките, што ви се потребни за ковертирање колони во редови.

За да ги конвертирате податоците од колони во Excel, селектирајте ги сите кои сакате да ги конвертирате. Во суштина, Power Query ги претвара сите овие колони во редови сами по себе.  За пример, ги селектирав овде сите колони за видови на проекти:

Unpivot Columns in Microsoft Excel
Селектирајте ги сите колони кои сакате да ги претворите во редови, потоа кликнете на Unpivot Columns, веднаш над податоците.

Откако ќе кликнете на Unipivot Columns, Excel ќе ти претвори вашите податоци од колони во редови. Секој ред е свој запис, спремен за да биде внесен во Pivot Table и да се работи со него во вашата страна со податоци.

Microsoft Excel spreadsheet unpivoted data
Конвертираните податоци се појавуваат во редови наместо во колони.

Оваа опција е волшебна. Сега, да ги пратиме податоците назад во Excel, за да работиме со нив.

Close & Load

Прозорецот Power Query има многу опции што можете да ги искористите на други вежби, но засега завршивме со конвертирање  на нашите податоци од колони во редови. Да продолжиме со кликање на полето Close & Load за да ги испратиме податоците назад во Excel.

Unpivoted data with close and load
Откако ќе ги затворите и лоадирате вашиот ред Ексел ќе ги стави непивотираните податоци во нов лист и ќе му покаже на редот дека направивме на десната страна

Close & Load ги праќа податоците назад во Excel и ги става во страницата. Исто така можете да видите прозорец со редови на десната страна што го покажува редот што го внесовме за да ги конвертираме податоците.

Освежете го редот

Што ако вашите оригинални податоци се изменат? Ако имате повеќе редови додадени во оригиналните податоци, не мора да го повторувате целиот процес за да ги конвертирате тие редови.

Наместо да го создавате редот од почеток, можете да ја искористите Refresh Data опцијата. Во сликата подолу, ќе додадам целосно нов ред за нов клиент на мојот извор на оригиналните податоци.

Added new client data into Excel spreadsheet
За овој пример, додадов нов клиент на селектираниот ред на сетот со оригинални податоци.

Да се вратиме на јазичето каде што е внесени нашите конвертирани  податоци. Кога ќе кликнеме во табелата,  ќе се отвори Менито Workbook Queries . Кликнете на Refresh копчето (десно од менито) за да го освежите редот.

Оваа опција се враќа на оригиналната табела и ги повторува чекорите на редот. Бидејќи додадовме нови редови во нашата табела со оригинални податоци, Power Query ги додава овие нови редови во редицата и ги води низ трансформацијата.

Updated data in Excel spreadsheet
Кликнете refresh веднаш до името на редицата во страничната лента за да додадете нови редови на вашиот конвертиран сет со податоци.

Ова е една од моите омилени опции на Power Query. Додадовме податоци на оригиналниот извор, но со еден клик се освежија и се  конвертирааи новите податоци исто така.

Краток преглед и продолжете да учите за користењето на Microsoft Excel

Во оваа вежба научивте колку лесно се конвертираат колони во редови во Microsoft Excel. Power Query е флексибилна и моќна алатка за лесно да се менува распоредот на вашите податоци. Продолжете да учите повеќе техники за Microsoft Excel во овие вежби од Envato Tuts+.

Како вие ја користите опцијата Power Query или другите алатки за да ги конвертирате  вашите податоци од колони во редови? Ако имате омилен трик што сакате да го споделите, напишете коментар подолу.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.