Advertisement
  1. Business
  2. Restaurant Websites

КАКО ДА КРЕИРАТЕ  СОВРЕМЕНА ВЕБ-СТРАНИЦА НА РЕСТОРАН 

by
Difficulty:BeginnerLength:LongLanguages:
This post is part of a series called How to Make Great Restaurant Websites (Ultimate Guide).
25+ Best Restaurant & Cafe Website Designs (For Visual Ideas)

Macedonian (Македонски јазик) translation by Stefan Nikolov (you can also view the original English article)

Сакате да научите како да креирате веб-страница  која ги нагласува најдобрите карактеристики на вашиот ресторан придржувајќи се кон современ тренд на веб-дизајн и сензибилитет?  Имаме врвни совети за создавање на веб-страна на  ресторан.

Во претходните делови од оваа серија, зборувавме  за користење на HTML-образец за креирање на веб-страницата на на вашиот  ресторан, изложивме повеќе шаблони за да го направите изборот полесен и да споделивме примери за визуелно привлечни веб-страници на модерни ресторани. Сепак, креирањето на веб-страници оди подалеку од  пронаоѓање  атрактивен образец  и прилагодување на него со вашите бои.

За многу луѓе, веб-страницата на вашиот ресторан ќе биде првата точка за контакт со вашиот ресторан и вашиот бренд.  Како таква, траба да им покаже што имаме да им понудиме и дадеме и што можат да очекуваат.  Таа треба да ги убеди луѓето да резервираат, нарачаат или лично да го посетат ресторанот.

Во денешната статија  ќе ги споделиме со вас најдобрите совети за брендирање, дизајн и маркетинг за да ви помогнеме да креирате вистинска извонредна веб-страна на ресторанот  која ги охрабрува посетителите да дојдат да уживаат во јадењата, атмосферата  и пријателскиот персонал во вашиот ресторан.

СОВЕТИ ЗА БРЕНДИРАЊЕ СОВРЕМЕНА ВЕБ-СТРАНА НА РЕСТОРАН 

Без оглед на тоа дали веќе имате ресторан или ако отварате за прв пат , вашиот бренд ќе стане еден од вашите најдобри средства.   Тој ќе ви помогне да имате уникатен изглед и пријатно искуство за клиентите.Сметајте на тој бренд кога ќе креирате веб-страна на ресторанот, но и на самиот ресторан.

Покрај визуелите како што се логото и боите, дел од вашиот бренд може да биде начинот на кој ги привкелувате   клиентите (на пример, дали сте задоволни од користење на локални органски состојки?), како и тоа дали ја покажувате вашата човечка страна или користите маскота за да комуницирате со вашата публика. 

Најверојатно, исто така, ќе сакате да размислите за користење на професионале образец за веб-страна  или тема за  да се осигурате дека вашата современа веб-страна на  ресторанот  има вистински изглед. За среќа , постојат одлични  обрасци кои се достапни да ви помогнат да направите   веб-страни на ресторан . 

Еве неколку совети  да ја  започнете вашата веб-страница на ресторанот:

1.ДЕФИНИРАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ МУШТЕРИИ 

Пред да креирате веб-страна на ресторанот  важно е да ги разберете муштериите.   Ако отварате ресторан размислете за локацијата, како и видот на храна која ќе се служи. Ова може да ви даде одличен увид во видот на муштериите  што ќе ги привлечете.

 На пример, ако сте лоцирани во зафатен финансиски сектор, можеби ќе привлечете многу банкари, деловни луѓе или агенти за осигурување. Ако е таков случајот, тогаш  веб-страната на рестотанот треба да се стреми кон професионален или корпоративен изглед. 

Вашите муштерии , исто така, може да го диктираат  видот на јадења што ги служите , како и внатрешниот дизајн на  ресторанот . 

Ако сте веќе постоечки ресторан знаете точно кои се вашите муштерии, бидејќи со години доаѓаат на тоа место. Во тој случај, сакате веб страната на ресторанот да го одразува стилот на ресторанот што е можно повеќе така што постојаните клиенти (муштериите) можат да го препознаат во моментот кога ќе погледнат во логото во заглавијето.

2.НАЈДЕТЕ  ЈА ВАШАТА ПРЕДНОСТ

Нема дилема дека ресторанската индустрија е екстремно конкурентна. . Затоа мора да ја разберете вашата најголема предност и да  го правите тоа  што можете за да ги потенцирате овие информации на вашата веб-страна.

Не заборавајте да разговарате со вашите клиенти и муштерии и да ги прашате зошто постојано се враќаат во вашиот ресторан. Нивните одговори може да ве изненадат и да ви покажат нов начин да ги  зголемите маркетингот и стратегијата за брендирање. 

Во исто време , ќе сакате да ги слушнете нивните мислења за начините на кои можете да ја подобрите не само услугата туку исто така и искуството на клиентите, менито и друго.

3. Анализирајте ја конкуренцијата

Се исплати да истражите за другите ресторани во вашата област и да видите како ги направиле модерните веб-страници за ресторанот, какви информации вклучиле и друго.   Набљудувајте ги рестораните што ги служат истиот или сличниот тип на муштерии и јадења, рестораните што се тотално поразлични од вашиот, како и оние надвор од вашата непосредна област.

  Не само што ќе добиете подобро чувство за тоа кои информации треба да ги имате на вашата веб-страница, туку исто така можете да видите кои информации недостасуваат и да ги искористите како предност.

Вреди да се напомене дека додека истражувате, не се обидувајте да го имитирате изгледот на веб-страницата на вашиот конкурент, бидејќи оваа вежба ќе биде неуспешна.

СОВЕТИ ЗА ДИЗАЈН НА МОДЕРНИ ВЕБ-СТРАНИЦИ ЗА РЕСТОРАНИ

Ако ја следите серијата на совети од почетокот, знаете дека поминавме повеќе совети за дизајн како што се користењето на респондирачки шаблон, осигурувањето дека сликите ви се со висок квалитет и повеќе. Еве уште неколку идеи кои може да ги примените во дизајнот на вашата веб страница:

4. Не прикачувајте JPG или PDF верзии на менијата

Најверојатно менито ќе биде една од најпосетуваните страни на страницата на вашиот ресторан, дури повеќе и од онаа „За нас“. Поради ова, вашето мени би требало да биде респондирачко, употребливо и охрабрувачко. Би требало да избегнувате прикачување на JPG или PDF верзија на вашето мени, бидејќи неговата содржина ќе се чита потешко на паметен телефон или таблет.

Друга работа која треба да ја земете во обѕир е дека датотечната верзија на менито, било да е слика или документ, не може правилно да се индексира/прочита од страна на пребарувачите. Со други зборови, прикачувањето на менито како слика или PDF може негативно да влијае врз приоритетот при пребарувањето.

Осигурајте се дека сите јадења на менито се внесени на веб-страницата на ресторанот, за текстот да се намести и расчлени од страна на пребарувачите. Ако е можно, видливо поставете го менито на почетната страна без дополнителни кликови за да се осигурате дека посетителите од мобилни уреди полесно ќе пристапат до него.

Risotteria Melotti NYC Menu Display
Менито за вебстраницата на Risotteria Melotti NYC

5, Поедноставете ги обрасците за контакт и повратни информации

Се знае дека веб-страницата на вашиот ресторан би требало да има страна со образец за контакт. Исто така, пожелно е да биде лесно пополнив. Не барајте не важни информации како што се телефонски број или адреса. Неколку полиња за електронска пошта, име и порака се се’ што е потребно од најосновниот образец за контакт. Брзо е и има поголема веројатност дека муштериите ќе стапат во контакт со вас.

Jamie Olivers Fifteen Contact Form
Ресторант со таков образец, Jamie Oliver's Fifteen

Исто така, ќе сакате да го поедноставите обрасците за повратни информации кои бараат од муштериите и посетителите да остават рецензија. Тука, можете да го побарате нивното име, оцената и кратко објаснување на рецензијата. Запомнете, колку е образецот поедноставен толку понезасташувачки изгледа, така што нема потреба да трошите време изработувајќи сложени обрасци за едноставни задачи.

6. Прикажете ја вашата локација и работното време

Кога станува збор за веб-страницата за вашиот ресторан не заборавајте да вклучите и мапа за локацијата, како и вашето работно време. Ова ќе овозможи вашите можни муштерии не само да видат каде се наоѓате, туку и веднаш да добијат и насока до вашето место. Ако таа информација е лесно достапна ќе ги зголемите стапките на конверзија на вашите веб-страници.

Можете да користите "Google Maps" за да вградите мапа со вашата локација, а има многу теми и шаблони што доаѓаат со оваа функционалност. Земете го во обѕир и поставувањето на вашиот телефонски број опкружен со ознаки ; , за да им олесните на муштериите со мобилни уреди веднаш да ви се јават.

Оваа информација може да ја поставите на страната „За нас“, „Контакт“, во подножјето на веб-страницата или пак на сите овие места. Целта е овие информации да бидат што попристапни, особено ако нема образец за онлајн резервации.

Arbor Restaurant Map and Hours
Информации на вебстраната на Arbor Restaurant

СОВЕТИ ЗА МАРКЕТИНГ ЗА ВЕБ СТРАНИЦИ ЗА РЕСТОРАНИ

Конечно, кога вашата веб страница е веќе поставена, важно е да се воспостави и развие стратегија за маркетинг којашто ќе ви помогне да останете поврзани со вашите клиенти, да ги известувате за настани и специјални промоции и друго.

7.  Поврзете ги вашите профили на социјалните мрежи со веб-страницата

Пред официјално да ја претставите веб-страницата за ресторанот, една од првите работи што треба да ги направите е да создадете профили на социјалните мрежи каде што вашата целна публика сака да поминува време. Ова обично ви вклучува Фејсбук и Твитер но не игнорирајте ја моќта на визуелните мрежи како Инстаграм и Пинтерест, кои се многу популарни за прехранбената индустрија.

Caravan Exmouth On Instagram
На страниците на модерните ресторани им треба присуство на соц. медиуми . пример Caravan Exmouth на Инстаграм.

Секако, треба да размислите да го регистрирате вашиот ресторан на Гугл Бизнис (Google Business) и направите профил на страници како Јелп (Yelp) и Форсквер (Foursquare). Ова ќе ви дозволи да останете поврзани со вашите клиенти, како и да ја надгледувате репутацијата и да се ангажирате со клиентите со тоа што ќе им одговорите и ќе се заложите за нивните проблеми.

Друга придобивка од поврзувањето на вашите профили на социјалните мрежи е тоа што ќе ви помогне полесно да се рангирате повисоко кај пребарувачите.

8. Следење на статистиките

Поврзете ја вашата веб страница со Гугл Аналитикс (Google Analytics) за да имате прегледи на страницата, број на посетители клучни зборови што ги користат посетителите за да ја најдат вашата страница и друго. Ако користите формулар за резервација можете да следите колку добро вашата страница за ресторанот се посетува и кои страници на вашиот сајт носи посетители директно кај формуларот за посетители. 

Google Analytics
Модерните ресторани имаат придобивки од алатките како Гугл Аналитикс.

Исто така ова може да ви даде идеи за маркетиншки материјал, што нѐ носи до наредниот совет. 

9.  Создадете содржина

Блогот може да направи многу за вашата веб-страница особено ако таа е сосема нова. На вашиот блог исто така можете да споделувате или да пишувате за историјата на вашиот ресторан.  Би можеле да споделите кога и зошто одлучивте да го отворите ресторанот, како одлучивте за името и типот на кујната, да го истакнете персоналот и друго. Можете, исто така, да снимите видео за храната што се подготвува или како го подготвувате ресторанот за секојдневниот шпиц. 

Но, не треба да се ограничувате само на блогирањето. Треба да создадете содржина за профилите на социјалните мрежи, па затоа не плашете се да експериментирате со различни видови содржина. Може да се вклучите во живо на Фејсбук за да ги поканите обожавателите на посебен настан или да ставите Инстаграм стори за да промовирате нешто.  Не заборавајте да бидете креативни и да обрнете внимание на она за што се интересираат најмногу вашата публика и веб-посетители. 

10.  Направете список со е-поштенски адреси

Важен чекор од вашиот маркетинг треба да биде создавањето на мејлинг листа што поскоро. Тоа ќе ви овозможи праќање на повеќе лични пораки до вашите покровители и ќе им овозможите да бидат првите што ќе ги дознаат најновите случувања во вашиот ресторан. Исто така, ви овозможува да имате група луѓе на кои секогаш можете да сметате за повратни информации, со тоа што ќе побарате од нив да ја пополнат вашата анкета и да ви испратат предлози за тоа како да ги подобрите вашите услови. 

MailChimp
Мејлинг листа е корисна алатка за маркетинг на ресторант

Можете да ја направите вашата мејлинг листа до помош на алатка како Мејлчимп која е бесплатна за најмногу 2000 претплатници.  Исто така ќе треба да смислите како ќе ги поттикнете луѓето да се приклучат на вашата мејлинг листа. Би можеле да им понудете купон за бесплатен пијалок со секој оброк, бесплатни предјадења или дополнителни фурнаринки со нивната нарачка.

11. Не заборавајте да го ажурирате сајтот

Последно, но не помалку важно, не заборавајте да го ажурирате сајтот. Ова значи дека сите промени во вашето мени треба да се одразат на вашиот сајт што е можно побрзо за да се избегнат непријатни ситуации. Исто така би било добро да ги известите вашите посетители однапред ако вашиот ресторан е затворен за празниците или ако реновирате. 

Друга работа што би требало да ја направите е повремено да ги прегледувате страниците на вашиот сајт и да ги ажурирате по потреба. Исто така би требало да додавате слики на вашиот веб сајт во текот на целата година. 

На крај, не заборавајте повторно да ги прегледате вашите профили на социјалните медиуми и да ги ажурирате информациите таму исто така.

Learn More About How to Make a Website for a Restaurant

Ако создавате вебстрани за ресторан, имаме многу туторијали што би ви помогнале.

Use These Tips to Make Great Modern Restaurant Website

Само што научивте како се создава вебстрана со брендирање. Се надеваме дека овие трикови ќе ви помогнат, и ќе ја направат страницата исто добра колку и вашиот ресторан. Ако не знаете каде да почнете, проверете ги нашите шаблони и колекции за тема на ресторант. Потоа следете ги нашите водичи за инсталирање и изменување на шаблонот. Со Среќа!

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.