Unlimited Powerpoint templates, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Business
  2. Customers
Business

Како да ја одредите целната публика (што се однесува на вашите маркетинг планови)

by
Difficulty:BeginnerLength:LongLanguages:

Macedonian (Македонски јазик) translation by Nikica (you can also view the original English article)

Независно дали сега сте го започнале вашиот бизнис или барате како да ги обновите вашите маркетинг достигнувања, треба да се осигурате за една работа: добивање на клиенти. Тука настапува вашата целна публика.Идентификувањето и пронаоѓањето на вашата целна публика може да помогне да го насочите вашиот бизнис кон вистинската патека.

Discover Your Target Audience
Дефиницијата за целната публика ќе биде основа за вашиот труд кој го вложувате во маркетингот. Извор на слика (Envato Elements)

Во ова упатство ќе научите што значи целна публика и зошто е потребно да ја знаете вашата. Исто така ќе истражуваме техники кои можете да ги користите за да откриете кој вашиот клиент кон кого целите.За крај, ќе ви обезбедиме неколку дополнителни ресурси за да ви помогнеме со вашиот маркетинг.

Што е целна публика? 

Едноставно кажано, вашата целна публика е групата луѓе за кои ги вршите  вашите услуги и ги правите вашите производи. Другите термини кои се користат за опишување на оваа група се "целниот пазар" и "целни клиенти".

Еве неколку примери за бизнис идеи поврзани  со потенцијалната  целна публика:

бизнис идеја                                                           Потенцијална целна публика 
Свадбена фотографија                                                    Неодамна свршени парови во вашиот град
Служба за одржување на дворови          Сопственици на куќи со двор, кои живеат во                  радиус од 10 километри од вашата канцеларија 
Графички дизајнер                                                          Мали и средни претпријатија кои продаваат производи од висока класа
Јавен говорител                                                             Фирми кои се во индустријата за грижа на клиентите
Сала за боречки вештини                                           Возрасни во вашиот град кои се заинтересирани за тренинг за самоодбрана 
Онлајн курс за медитација                                        Професионалци под стрес од работни места кои предизвикуваат голем притисок

Можеби не изгледа важно да се потроши време на идентификување на вашата целна публика, особено ако не можете да дочекате да почнете со продавање на вашите производи и услуги. Но ако ја избегнете оваа вежба може да предизвикате долгорочни проблеми за вашиот бизнис. Впрочем, многу од вашите деловни одлуки  ќе зависат од тоа која е вашата целна публика.

Целната публика: Клучот на вашиот успех

Ако има нешто на кое мисли секој кој поседува мал бизнис,тоа е како да се зголеми продажбата или да се добијат повеќе клиенти. Но, наоѓањето на вистински маркетинг пристап ќе ви овозможи да ги постигнете вашите цели.

Според една неодамнешна студија од Стејплс, повеќе од една третина од сопствениците на бизниси имаат потешкотии со дизајнирање на ефективни рекламни  материјали. Дополнително, половина од сопствениците на бизниси не знаат како да стигнат до идните клиенти.

Првиот чекор за решавање на овие маркетинг проблеми е идентификувањето и запознавањето на целниот клиент навистина добро.Како резултат на истото идентификување и запознавање на целниот клиент, ќе го дознаете следново:

  • Продуктите и улугите кои ќе ги нудите
  • Кои цени ќе упатуваат кон вашите производи и услуги
  • Видот на рекламни материјали кои ќе ви бидат потребни ( веб-страна,флаери, постери, радио реклами, блог објави итн).
  • Придобвките и можностите кои ќе ги истакнете во вашите рекламни материјали
  • Точните клучни зборови кои ќе ги користите во вашето рекламно издание
  • Дизајнот на вашите рекламни материјали 
  • Каде ќе ги праќате или прикажувате вашите рекламни материјали 
  • Каде ќе се рекламирате 

Со други зборови, дефиницијата на целна публика ќе биде основа на вашите маркетинг достигнувања  и, можеби, целиот ваш бизнис.

Прв чекор : Како да ја идентификувате вашата целна публика

Сега, кога знаете зошто целна публика е од суштинско значење, време е да ја изберете вашата прва публика . Подолу има  листа на карактеристики што треба да ги земете предвид  при идентификувањето (употребете го приложениот работен лист како напатствие):

1.  Демографија

Демографијата се критериумите што ги користите за да опишете одреден дел од населението. Некои примери за демографијата вклучуваат:

  • Возраст 
  • Пол
  • Приход
  • Брачна состојба
  • Професија / Индустрија
  • Ниво на образование

Локација

Можете исто така да ја стесните вашата публика врз основа на географија или локација. Можете да изберете соседство, град, провинција или држава. Можете исто така да ограничите далечина.  На пример, можете да наведете клиенти во радиус од 10 километри од вашиот град. Или можете да наведете клиенти во вашиот град и во градовите што го опкружуваат.

За оние кои сакаат да водат онлајн бизнис за клиентела насекаде низ светот, не е задолжително да поставите локација.Сепак , со растењето на вашиот бизнис можно е да увидите од кои градови или држави доаѓаат повеќето клиенти. Подоцна можете конкретно да се насочите кон тие предели или да смените кон други локации кои ќе ви ги овозможат можностите кои ги посакувате.

3. Психографија

За разлика од демографијата, психографијата на една група луѓе  е потешко да се протолкува однадвор, бидејќи таа е поважна за нивниот идентитет. Во прилог , некои психографии на публиката што можете да ги наведете:                                                                                   

Интереси / Активности

Тие може да вклучуваат теми како интерес,хоби,редовни активности и однесување. Примери:

  • Ентузијасти за игри на среќа
  • Чести туристи 
  • Градинари почетници
  • Колекционери на поштенски марки 

Ставови/Мислења

Можете исто така да наведете што вашата идеална публика мисли за некоја тема или прашање. На пример:

  • Луѓето кои ги ценат видео игрите развиени од независни програмери, наместо големи развојни компании.
  • Луѓето кои се загрижени за животната средина или климатските промени.
  • Луѓето кои веруваат дека балансот на работниот живот е од суштинско значење.
  • Луѓето кои секогаш бараат најниска цена.

4. Изберете најмалку два идентификатори   

Иако не треба да ги идентификувате сите горенаведени карактеристики, треба да знаете најмалку две. Зошто двe?  Имајќи само еден критериум пазарот ќе биде многу широк- тоа ќе оддаде впечаток дека не сте целеле кон ниедна публика. Од друга страна, пополнувањето на сите карактеристики може многу да го стесни изборот.  Исто така, може да помогне да ги разгледате примерите наведени претходно во ова напатствие. Погледнете дали можете да ги најдете демографските, локациските  и психографските идентификатори што се користат во секоја публика.

Чекор 2. Како се користат алатките за целен пазар

Дури и откако ќе ги проследите чекорите погоре и ќе го пополните работниот лист, можеби нема да бидете сигурни за вашата избрана публика. Ако ви треба помош да ја пронајдете вашата целна публика и да дознаете повеќе за нив, следниве алатки можат да ви бидат од корист:

1. Facebook Audience Insights 

Facebook Audience Insights е алатка која може да ви помогне да наведете и да научите повеќе за вашата целна публика. Почнувате со избирање на различни критериуми за публика, како што се локацијата, возраста, интересите и однесувањето. Потоа, ќе дознаете повеќе работи за нив, вклучувајќи ја големината на целниот пазар и сите трендови во демографијата или психографијата.

Да речеме дека сакате да отворите продавница за стрипови во Далас.  Можете да изберете локација "Далас" , а под "Интереси" изберете "Стрипови". Audience Insights  потоа автоматски ги покажува оние Фејсбук корисници кои  се од Далас  и се интересираат за стрипови,со тенденција да бидат во возрасна граница од 25 до 34 години.  Исто така, постои рамнотежа меѓу машките и женските членови на тој целен пазар. Фејсбук исто така ви дава проценка за големината на пазарот: околу 100.000 луѓе.

Facebook Audience Insights screenshot
Користете ја  Audience Insights  за да ја одредите големината на вашата целна публика во проценти и други демографски податоци за истата.

Facebook Audience Insights   е најкорисен за да ви даде дополнителни демографски и психографски податоци што можете да ги користите за да ја дефинирате вашата публика. Исто така, може да ви даде општа проценка за тоа колку голема би можела таа да биде.

Едно предупредување кое треба да го знаете за податоците е дека повеќето од нив се базираат само на тоа како луѓето се однесуваат на Фејсбук и нивните податоци кои сами ги внеле на истиот. Ова значи дека не треба да ги третирате како 100 проценти точни, но може да ви даде добра претстава  за вашата целна публика. Ако вашата наменска публика не користи Фејсбук, тогаш тоа можеби нема да ви биде корисно.

Google Trends

Google Trends ви помага да одредите интерес за одреден клучен збор или тема со текот на времето. Ова може да биде корисно ако сакате да ја стесните локацијата за вашата деловна идеја, како и сите општи трендови.

Да речеме дека сакате да отворите продавница за игри на среќа во САД.Напишете клучни зборови поврзани со игрите на среќа во Google Trends.

Google Trends screenshot
Google Trends може да ви помогне да ги најдете областите кои се најзаинтересирани за вашата тема.

Потоа можете да ги дознаете  областите, градовите и државите со најголем интерес во игрите на среќа. Исто така, ќе видите дека интересот за игрите на среќа е сезонски - тој постојано го достигнува врвот на средината на ноември (пред Денот на благодарноста) и  трае до Бадник.

Ова ви кажува дека вашата целна публика има тенденција да биде сезонски купувач, но исто така постои и константен интерес во  игрите на среќа во текот на годините.

MyBestSegments 

Claritas MyBestSegments има две бесплатни алатки кои би можеле да послужат кога се дефинира целниот пазар, во рамките на САД. Zip Code Lookup е најкорисен за бизниси кои сакаат да целат посебна област.  ClaritasMyBestSegments  има две бесплатни алатки кои би можеле да послужат кога се дефинира целниот пазар, во рамките на САД. Zip Code Lookup е најкорисен за бизниси кои сакаат да целат посебна област. Само се внесува поштенскиот број во формуларот, и ке ги наведе взаемните сегментации на пазарот за тој регион. Останати демографски податоци за реонот, како возраст, приход во домаќинствата, потрошувачка на домаќинствата, раса и етничка припадност.

MyBestSegments screenshot
MyBestSegments ви помага да ги најдете сегментите на пазарот во рамките на одреден поштенски код.

Не заборавајте да притиснете на сегментите на пазарот во резултатите. Така ќе добиете повеќе детали за останатите интереси, однесувањата и демографски податоци за сегментот.  Во примерот прикажан подоле, деталниот приказ на  сегментот "Cruisin' to Retirement" покажува дека тие сакаат да слушаат радио емисии и се најчесто жители на предградието. Ова веќе ви наговестува за можни рекламни и маркетинг можности.

MyBestSegment screenshot 2
Исто така можете да го користите  MyBestSegments со цел да научите повеќе за различни целни пазарни групи во САД.

Доколку не сакате да пребарувате според локација, можете да  пребарувате според пазарните сегментации и да продожите од тука. Доколку се насочите веднаш на Segment Detailsи изберете сегментација на пазарот најслична на вашата избрана целна група.  Сегментациите на пазарот се организирани според однесувањата на потрошувачите (PRIZM Premier), финансиското однесување(P$YCLE) и технолошкото однесување (ConneXions).

Segment details screenshoot
Пзараните сегменти се организирано во зависност од однесувањето на клиентот.

Чекор 3. Тестирајте го вашиот целен пазар

Кога ќе имате претстава кој е вашиот целен пазар, можете полесно да ги следите следните процеси за деловно планирање:

Ова, исто така, ќе биде добро време за да започнете со тестирање на вашата целна публика за да видите дали е погодена за вашиот производ или услуга.Следуваат неколку начини на кои може да го направите ова:

1.добивајте повратна информација од луѓето на вашата целна публика

Дали знаете некои луѓе кои  би можеле да станат дел од вашиот целен пазар?Ако знаете,можете да зборувате со нив за вашиот бизнис.Покажете им слика прототип од производот или листата на улуги кои планирате да ги нудите.  Дознајте што мислат. Поточно, дознајте дали купиле слични производи или услуги претходно, што биле нивните главни грижи и колку се задоволни со искуството.

Ќе знаете дека целната публика е погодна за вашата понуда, ако се ентузијастички настроени кон неа, пред тоа имаат искуство со слични бизниси, и прифаќаат дека имаат проблем што вашиот бизнис се обидува да го реши.

Ако имате недостаток од директни контакти кои припаѓаат на вашиот целен пазар, побарајте онлајн и офлајн групи кои имаат таков контакт.  Кога се работи за онлајн групи можете да пребарувате на  Facebook groups, Reddit communities, или форуми кои се важни за публиката кон која целите. Офлајн групите може да вклучуваат групи на луѓе со посебни интереси како клубови за градинарство или вашата локална стопанска комора.Исто така можете да ги искористите важните јавни настани, како што се конвенциите и средбите и да прашувате наоколу.

2.Поставете е-маил листа

Исто така можете да поставите онлајн  листа за праќање е-адреси  и да добивате претплатници преку рекламирање или преку објавување за тоа на социјалните мрежи или онлајн групи. Ако добиете неколку претплатници за неколку дена, ќе знаете дека има интерес за вашата понуда.

Дан Бенџамин, поткастер и претприемач,неодамна зборуваше за тоа да дизајнира своја кошула,да направи макета од истата и да постави ллиста за е-адреси преку апликацијата Tinyletter за оние кои би биле заинтересирани.  Во рок од половина час, стотина луѓе се пријавиле, заинтересирани за кошулата. Веднаш потоа тој отвори онлајн продавница за таа цел.

Example of mailing list
Прикажувањето на макета и додавањето на извештај за листа со е-адреси може да ви помогне да ја процените заинтересираноста.

Други алатки кои можете да ги користите за да ја креирате вашата е-маил листа се MailChimp, постојан контакт и GetResponse.

3.Креирајте почетна страница

Наместо список со е-адреси, можете да се одлучите за почетна страница. Освен барањето до луѓето да се претплатат на емаил листа, можете да побарате да направат пред-нарачка,или да добијат дополнителни информации (како превземањена на електронска книга или брошура, или да пуштат информативно видео).  Бројот на луѓето кои ги следат главните повици за акција, ке ви дадат идеја дали вашата таргет група ке одговори на вашите понуди или не.

За дополнителни информации како работат почетни страници разгледајте ги следните упатства:

4. Поставете Страница на Социјалните Мрежи

Можете да ја насочите вашата целна група према вашата страна на социјалните мрежи.  Ова има тенденција да е добра опција ако се наоѓате во раните фази од бизнисот и моментално ги немате вештините ни ресурсите да креирате почетна страница. Следните турориали можат да ви помогнат со ова:

Откако ќе имате доволно следбеници, ќе бидете во можност да ги видите демографските податоци на групата. Дали се поклопуваат со вашата целна група?  Ако се поклопуваат тогаш сте на вистинскиот пат. Ако премногу се разликува тогаш би морале да направите некои прилагодувања на вашата публика. 

Можете и да користите комбинација од горе наведените техники. Можете да купите реклама што води до почетна страница. Или да се обратите во онлајн група и да добиете повратни информации, и да побарате од заинтересираните страни да се придружат во вашата листа на е-адреси. 

Запомнете: кога ќе почнете да дејствувате на вашите маркетинг планови, вашата целна публика може да се промени - и тоа е нормално. Како што расте вашиот бизнис и ќе дознаете повеќе за тоа што функционира, ќе ја насочите вашата целна публика.  . Може да сфатите дека постои неуслужен пазар што сакате да го достигнете. Или може да заклучите дека различни подгрупи во вашата целна публика реагираат на различни придобивки од производот.  Доколку вашиот целен пазар не реагира на начинот на кој сте планирале, или ако сфатите дека не се погодни за вашите понуди, или прилагодете ги вашите понуди или размислете за начинот на кој го дефинирате вашиот целен пазар.

Одредете ја вашата целна публика сега

Тоа ве примамува да ги прескокнете чекорите погоре и да продолжите со поагресивни чекори како купување реклами на Фејсбук или печатење флаери. Но, основата на вашиот маркетинг план треба да биде онаа кои се вашите клиенти. Како го изразувате вашето издание, изборот на дизајнот кој го правите и каде ќе одберете да се рекламирате, зависи од потребите и интересите на саканата публика.  Откако ќе добиете јасна слика за тоа кој е вашата целна публика, ќе биде многу полесно да го реализирате остатокот од вашиот маркетинг план.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.