Unlimited Powerpoint templates, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Business
  2. Microsoft Excel
Business

Како да се слика екранот во Ексел за 60 секунди

by
Difficulty:BeginnerLength:ShortLanguages:
This post is part of a series called How to Use Excel - Quick Video Tutorials (in 60 Seconds).
How to Show Zeros as Blank Cells in Excel in 60 Seconds
How to Insert Images into Excel in 60 Seconds

Macedonian (Македонски јазик) translation by Stefan Nikolov (you can also view the original English article)

Сликите од екран се совршени за додавање на илустрации во вашата работна тетратка во Ексел. Можеби го користите Ексел за да создавате документи или работни инструкции за некого. Наместо да користите различна апликација за да сликате и изменувате слики од екран, можете ова да го правите директно во Ексел. Да видиме како.

Како брзо да се слика екран во Ексел

Забелешка: Гледај го овој брз туторијал или следи ги чекорите подолу што го дообјаснуваат видеото.

1. Отвори го прозорецот Excel Screenshot Windows

Прво осигурајте се дали сте на полето Вметни во Ексел. Потоа, најдете го копчето Сликање на Екран овде на лентата. Кога ќе кликнете на него ќе видите примери за другите отворени апликации на вашиот компјутер.

Excel Screenshot Available Windows
Excel Screenshot Available Windows

2. Вметнете ја вашата слика во Работната Книга на Ексел

Можете да кликнете на било кои од овие примери за да додадате слика од целата апликација во вашата работна книга во Ексел.

Screenshot of Word screen into Excel
Вметнување на Слика од Екран на Ворд, во Ексел.

3. Форматирајте и исечете ја вашата слика од екранот во Ексел.

Од таму, можете да ја сечете сликата со Picture Tools' Format опцијата. Можете да ги влечете рачките за да го обележите само делот што сакате да го имате и потоа притиснете на Crop за да го зачувате.

Apply Crop to your Excel Screenshot
Сечете ја вашата слика од екран во Ексел по форматирање.

4. Искористете ја Screen Clipping опцијата.

Друг начин е да се одбере Insert > Screenshot и потоа да се одбере Screen Clipping. Сега можете да кликнете и да ги обележите со влечење деловите што сакате да ги имате.

Screen Clipping in Excel
Сликајте делови од екранот во Ексел за поголема контрола врз вашите слики.

По тоа, ќе се вратите назад во Ексел и ќе ја додадете вашата селекција како слика од екран. Можете да ја користите нормалната Picture Tools алатка за да ја измените вашата слика.

Привршуваме!

Сликање на екран или делови од екран директно во Ексел ќе ви заштеди време кога ќе треба да додавате слики во вашата работна тетратка.

Повеќе одлични туторијали на Envato Tuts+.

Најдете сеопфатни Ексел туторијали на Eнвато Тутс+ за да ви помогнат подобро да работите со вашите податоци во вашиот лист. Имаме исто така и брз туторијал од 60 секунди, за да научите повеќе алатки во Ексел за брзо време.

Еве неколку Ексел туторијали за да ги гледате сега:

Запаметете: Секоја Мајкрософт Ексел алатка што ќе ја научите и работен тек што ќе го усовршите, вашите листови ќе бидат се подобри.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.