Unlimited WordPress themes, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Business
  2. Microsoft Excel
Business

 Како да ги форматирате страниците во Excel (целосен водич)

by
Difficulty:BeginnerLength:MediumLanguages:

Macedonian (Македонски јазик) translation by Hristina Naumovska (you can also view the original English article)

Страниците  се често гледани како досадни но корисни  алатки. Точно е дека се корисни, но не значи дека не можеме да внесеме некој стил и форматирање во нашите страници.

Excel Formatting Illustration

Доброто форматирање му помага на корисникот да најде значење во страницата без да оди во секоја ќелија посебно. Форматираните ќелии ќе го привлечат вниманието на гледачот кон важните ќелии. 

Во оваа вежба ќе навлеземе подлабоко во форматирањето на страниците  во  Microsoft Excel. Ќе ви покажам некои од најлесните начини да внесете форматирање во вашите листови со само неколку кликови.

Како да форматирате страница  во Excel (гледајте и учете)

Ако сакате  упатство што ќе ве води низ форматирањето во  Excel гледајте го видеото подолу. Ќе ви покажам многу од моите омилени трикови за додавање значење на моите страници. Додавањето стил го олеснува читањето на страницата и го прави помалку склон кон грешки, и во ова видео ќе ви покажам зошто.

Прочитајте за да дознаете повеќе за алатките со кои можете да го промените изгледот и чувството на листот во Excel.

Форматирање базирано на вид на ќелија

Како што најверојатно знаете,страниците  во  Excel може да содржат разновидни податоци почнувајќи од обичен текст до сложени формули. Овие страници може да станат сложени и искористени за важни одлуки.

Форматирањето на страниците  во Excel не е само за да ги „разубавите“. Треба да се користат вградените стилови за да се додаде значење. Корисникот треба да фрли поглед на ќелија и да може да ја разбере без да ја гледа секоја формула.

Пред сè, стиловите траба да се применуваат постојано. Еден начин  е да се користи жолто сенчање. Ова му помага на корисникот да знае дека вредноста на ќелијата може да се промени врз основа на други ќелии.

Да научиме повеќе за алатките што може да ги користите за да додадете значење во страниците.

Како да ги користите стилските елементи

Кога размислувате за стилизирање на лист, тоа ви помага да ги запознаете алатките со кои што можете да додавате стил. Всушност, кои алатки го менуваат изгледот на страницата ? Да видиме како да користиме некои од најпопуларните алатки за стилизирање.

1. Користете Bold, Italic и Underline

Овие се најосновните измени што можете да ги користите, а веројатно ги имате видено скоро во секоја програма со уредување на текст какоMicrosoft Word  или  Apple Pages.

За да примените кои било од овие ефекти, едноставно нагласете ја ќелијата на која што сакате да го примените ефектот, а потоа кликнете на иконите во делот Font на јазичето Home.

Веројатно веќе знаете што прават овие алатки , но како да ги користите во страница ?  Еве некои начини како да ги примените овие стилови:

  • Bold. Обратете внимание на клучните ќелии користејќи форматирање со Bold . Применете го стилот Bold на резултатите, клучните претпоставки во вашите пресметки и завршните ќелии.
  • Italic. Сакам да го користам овој стил за забелешки или секој текст што треба да е помалку очигледен или што е дел од поголем подрезултат.
  • Underline. Додавањето на  Underline е идеално за резимирана ќелија како подрезултат или завршен резултат.

Во примерот подолу, можете да видите едноставна финансиска изјава за фриленсер, пред и после примена на основното форматирање. Комбинацијата на  ефектите bold, italic и  underline  навистина ги прави информациите почитливи.

Bold italic and underline examples
Текст со комбинација од bold, italic и underline го олеснува читањето на овој пример во страницата.

2. Поставете граници 

Границите помагаат да ги поделат вашите податоци и да се оградат од другите делови со податоци во страницата. Алатката за поставување граници во Excel може да примени различни  граници, но малку е проблематична.

Прво, почнете со нагласување на ќелиите на кои што сакате да поставите граница. Потоа, најдете го паѓачкото мени Borders  и изберете еден од вградените стилови.

Border Options Here
Постојат различни  вградени опции за граници од паѓачката опција  "Borders" .

Како што можете да видите од паѓачките опции , има многу опции за поставување граници. Едноставно, кликнете на една од овие опции за граници  за да ја поставите во ќелиите.

Еден од моите омилени стилови за граници е стилот  Top and Double Bottom Border.  Тој е особено идеален за финансиски податоци кога имате конечен резултат.

Друга опција е да ја измените висината и бојата на границата.Со селектираните ќелии вртатете се назад во паѓачкото мени Borders. Подесувањата Line Color и  Line Style можат  да се искористат за прилагодување на стилот на границите 

Border Added to cells
Додавањето на горна и долна граница во мојот конечен резултат е одличен начин да привлече внимание во овие ќелии.

Дебели граници се идеални за поставување на граница за колони со заглавја, или за подрезултат најдолу во податоците.

3. Користете сенчање

Сенчањето, исто така наречено  пополнување едноставно е боја што се поставува  на позадината на ќелијата. За да исенчате   ќелија, селектирајте  ги сите ќелии што сакате да ги исенчате.

Потоа кликнете на стрелката до паѓачкото мени на кофата со боја од јазичето Font на лентата Home. Можете да изберете една од многуте бои за да ја поставите на ќелијата. Исто така често ќе ја користам опцијата  More Colors за да отворам целосно опремена алатка за одбирање бои. Светлите сенки се најдобар начин текстот да остане читлив.

Excel cell shading example
Сенчувањето на клучните редови навистина внесува многу потребен контраст во податоците.

И повторно, можете да ги нагласите клучните податоци користејќи сенчање. Како што споменав претходно, еден начин  е да се користи постојано пополнување врз основа на содржината на ќелијата, како што е сина за сите  „влезни“ полиња каде рачно внесувате податоци.

Не претерувајте со сенчање.Премногу поставени сенки на ќелиите го одвлекуваат вниманието од внесената содржината во страницата.

4. Изменете го порамнувањето

Порамнувањето се однесува на начинот на којшто содржината е порамнета со рабовите. Можете да го порамните текстот од  лево, во средина или од  десно. Стандардно, содржината во ќелијата  е порамнита од лево. Кога имате сетови со голем број на податоци можеби ќе сакате да го измените  порамнувањето за да ја подобрите читливоста.

Една честа промена која ја направам е ставање текст на левиот раб на ќелијата, додека нумеричките вредности треба да бидат порамнети од десно. Исто така, заглавјата на колоните изгледаат одлично кога се центрирани на врвот.

Alignment example
Порамнувањето ви помага страницата  да изгледа поуредена, како како што се центрираните  заглавја на колоните  и десно порамнетите  броеви.

Променете го порамнувањето користејќи ги трите копчиња од јазичето Alignment  на лентата  Home. Исто така можете да ја порамните содржината вертикално прилагодувајќи ја ако истата се порамнува на врвот, во средина или на дното од ќелијата.

Како да користите вградени стилови во ќелија

Еден од моите омилени начини за брзо стилизирање на страница е користењето на некои од вградените стилови кои ги има Excel.  Во јазичето Home кликнете на паѓачкото мени Cell Styles за да поставите еден од вградените стилови.

Built in Excel cell styles
Вградените стилови се најдобриот начин да направите брзо форматирање во  Excel .

Користењето на овие претходни вградени стилови  го заштедува  времето  наспроти дизајнирањето од почеток. Користете ги овие стилови  како начин за да направите кратенка до позначајна страница.

Како да постигнете побрзо форматирање во  Excel со  Format Painter

Кој сака да ги создава стиловите на ќелиите во Еxcel одново и одново.Наместо да го создавате тркало за секоја ќелија можете да ја користите опцијата  Format Painter за да го  земете форматирањето и да го поставите во другите ќелии.

Format Painted
Во сликата подолу ја искористив опцијата Format Painter од делот "Sales Team Review" и го ставив врз делот "Marketing Team Review" за да го има истиот стил.

Почнете со кликање во ќелијата која го има форматот што сакате да го копирате. Потоа, пронајдете ја алатката Format Painter во јазичето Home во лената на Excel. Кликнете на  Format Painter а потоа клилкнете на ќелијата на која што сакате да го примените истиот стил.

Како да ги исклучите мрежните линии

Како што веројатно знаете, листот е направен од редови и колони. Редовите се подцртани и имаат броеви до нив. Колоните се поделени со вертикални линии и имаат букви на врвот што се однесуваат на нив.

Таму каде се спојуваат редовите и колоните се формираат ќелии. Ќелиите имаат имиња за редовите и колоните на кои се среќаваат . На пример, каде што редот 4 и колоната  B се спојуваат ќелијата е наречена  B4.

Мрежните линии се една од дефинирачките карактеристики на страницата. Тие го олеснуваат следењето на податоците во ќелија  преку екранот . Овие линии се имагинарни и видливи само на екранот.  Сепак, можеби ќе сакате да ги исклучите за стилистички ефект.

No gridlines
На десната страна  можете да видите дека збирните табели се малку полесни за читање кога ќе ги исклучите мрежните линии во страницата.

Принтајте со мрежни линии

Што ако сакате да се прикажуваат мрежните линии на листот кога ќе го принтате? Наместо рачно додавање граници на секоја ќелија, едноставно можете да ја принтате работната книга вклучувајќи ги овие мрежни линии.

За да ги вклучите мрежните линии при принтање, одете во опцијата  Print. Потоа кликнете Page Setup за да ги отворите подесувањата.

Во јазичето Sheet, штиклирајте го полето Gridlines за да поставите мрежни линии кога ја принтате работната книга.

Print with Gridlines Microsoft Excel
Во полето  Page Setup, штиклирајте ја опцијата Gridlines за да ги додате во вашата испринтана копија.

Имајте на ум дека оваа опција сигурно ќе користи повеќе боја при принтањето. Сепак, исто така го олеснува читањето на испринтаната страница.

Како да форматирате податоци во Excel како табела

Еден од моите омилени начини за брзо стилизирање податоци  е користењето на паѓачката опција Format as Table. Со само неколку кликови можете да измените неколку редови  и колони  во табела во структурирани податоци.

Excel convert to table
Можете да конвертирате важни податоци во табела со опцијата Format as Table  од  јазичето Home на лентата во Excel

Оваа опција работи најдобро кога веќе имате податоци во сетот од редови и колони и сакате да поставите уникате стил . Тоа е комбинација од стил и функционалност додека  табелите додаваат други карактеристики како автомататски копчиња за филтрирање.

Во вежбата подолу научете повеќе зошто табелите се одлична опција:

Како да ја  користите опцијата Conditional Formatting  во  Excel

Што ако форматот na  ќелија може да се промени врз основа на податоците што се наоѓаат во неа?  Оваа опција е вградена во Excel и се нарекува Conditional Formatting. Полесна е од што можете да замислите.

Замислете дека ја користите опцијата Conditional Formatting за да ги обележите горните и долните вредности во вашите келии. Го олеснува визуелниот преглед на вашите податоци и ги бара клучните индикатори.

Conditional Formatting Example
Опцијата Conditional formatting навистина може да го олесни визуелното прегледување на сет од податоци и да бара трендови. 

Опцијата Conditional Formatting најдобро се користи за вредносни податоци. За да ја употребите едноставно обележете ја колоната со податоци и проверете дали сте во јазичето Home од ленатата на Excel.

Има многу стилови кои можете да ги изберете од паѓачкото мени Conditional Formatting. Секој од нив применува различен стил во форматирањето во Excel на ќелиите, но секој ќе се  прилагоди на обележаните ќелиите

Conditional Formatting Types
Има различни стилови во опцијата conditional formatting вклучувајќи ги иконите кои ќе се прилагодат врз основа на податоците.
Ова се само неколку совети за користeње на опцијата Conditional Formatting  во Excel. Проверете го упатството подолу за да научите  повеќе за тоа како да ги примените паметните стилови на вашите ќелии.

Краток преглед и продолжете да учите 

Страниците се често гледани како досадни но корисни алатки.  Секако, тие се корисни за организирање податоци или пресметување. Тоа не значи дека не можеме да стилизираме и форматираме во нашите страници во Excel.

Кога форматираме на вистинскиот начин, тоа додава второ значење на страницата. Форматирањето не е само каква било вежба, тоа е начин за користење на насочени стилови за да искажеме каков тип на податок се наоѓа во ќелијата. 

Проверете ги другиве вежби  ако сакате да ги проширите и усовршите вашите вежтини за страниците во Microsoft Excel.

Кои се вашите омилени трикови за форматирање во Excel? Како да се осигурате дека вистинските келии ќе се истакнат пред вашиот корисник? Пишувајте ми во коментари подолу. 

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.