Students Save 30%! Learn & create with unlimited courses & creative assets Students Save 30%! Save Now
Advertisement
  1. Business
  2. Freelance
Business

Фриленсери, дали сте подготвени за најлошото?

by
Difficulty:BeginnerLength:MediumLanguages:

Macedonian (Македонски јазик) translation by Marija Poposka (you can also view the original English article)

Кога фриленскиот живот оди добро, тоа е добар начин да се живее. Ова го пишувам од кафетерија на троторар во Белград. Сонцето сјае, јас сум во добра здравствена состојба, музиката е одлична, и јас се чувствувам посреќен отколку кога работев во корпоративна канцеларија.

Но добрите времиња не траат вечно. Во иднина можеби ќе се разболам, можеби ќе ми се случи несреќа, можеби нема да можам да работам, или можеби ќе се соочам со финансиска криза. Сите овие работи може да се случат по неколку години или по неколку часови, или ако сум среќен, никогаш. Но едно нешто е сигурно: еден ден ќе умрам, а исто и вие.

Како што веќе сфаќате ова не е водич што ќе направи да се чувствувате добро. Ова е водич за оние работи за кои не сакаме да размислуваме, но треба да се подготвиме. Се работи за болест, неспособност, смрт и други катастрофи. Овие работи не можеме да ги спречиме. Но може да се припремиме за полесно да се справиме со нив, и ние и нашите сакани.

Во овој водич ќе ги разгледаме сите работи што фриленсерот треба да ги има за да биде подготвен за најлошото, од животно осигурување до план за вашите дигитални средства. Сè на сè ќе бидат десет точки, и во секоја ќе дадам кратко објаснување за тоа што ви треба и како може да го поставите.

Затоа замислете дека оваа листа е на еден фриленсер за справување со катастрофи. Ако сите овие работи ги имате на место, ќе бидете во добра положба за да го намалите ефектот од најлошите работи што животот може да ги фрли врз вас. Ако мислите дека има нешто друго што фриленсерот треба да направи, ве молам оставете коментар во полето за коментари најдолу.

Кратка белешка: Во некои случаи ќе се осврнам на правни документи. Законот варира во секоја земја, а понекогаш и во рамките на земјите, па затоа ве молиме проверете ја вашата локална ситуација, и побарајте професионален правен совет ако имате некаков сомнеж.

1. Фонд за итни случаи

Кога избива катастрофа, таа може да биде полоша за фриленсерите. Ако сте вработен и одеднаш вие или некој од вашите најсакани се разболи или има некаква друга вонредна состојба, веројатно е дека ќе ви биде доделено некое платено отсуство. Но како фриленсер вие ја немате таа опција. Ако треба да престанете да работите за да се грижите за себе или за некој друг, ќе престанете да заработувате пари.

Опфатив неколку стратегии за справување со болест во еден неодамнешен водич, но за да се покријат сите видови на вонредни состојби, најдобрата стратегија е да се има сигурна заштеда на страна од која што ќе може да извлечете пари. Ова е практична работа за секого, но особено важна за фриленсерите. За повеќе информации за тоа колку ви треба и како да го изградите тоа, погледнете го овој водич за Заштеда и инвестирање.

2.Тестамент

Во ред, сега да преминеме на најлошото сценарио: вашата смрт. Еден ден ќе се случи- а кога ќе се случи, сакате да им ги олеснете работите на луѓето кои ги сакате, или да им ги отежнете? Ако не направите тестамент, бидете сигурни дека покрај цела тага и болка тие ќе мора да поднесуваат многу расправии средувајќи ги вашите работи.

Затоа и да немате многу средства, направете тестамент. Доколку вашите деловни зделки се едноставни, може да размислите за користење на едноставен образец или онлајн решение. На пример, LegalZoom во САД нуди основен тестамент за $69. Ако користите DIY- решение осигурајте се дека знаете што треба да правите за тестаментот да биде важечки: на пример, можеби ќе треба да го имате засведочено и/или заверено на нотар. И уверете се дека тестаментот не само што набројува кој што зема, туку исто така назначува лице кое што ќе треба да го прочита. Ако поседувате многу средства или сакате да направите нешто покомплицирано како основање на фонд, веројатно добра идеја е да ангажирате адвокат за да ги среди работите за вас.

3. План за погреб

Што треба да се случи со вашето тело по смртта? Каков погреб сакате? Некои луѓе имаат многу специфични желби; некои воопшто не се грижат. Без оглед на случајот, треба да бидете сигурни дека вашите сакани ги знаат вашите желби.

Обично, ова не е ситуација каде што ви треба правен документ: ќе биде доволно едноставно доколку ги кажете вашите желби на лицето кое ќе биде одговорно за вашите работи. Меѓутоа, ако имате многу сложени барања или очекувате било какви спорови меѓу членовите на семејството, тогаш пишаната форма е добра идеја. Исто така, добро е ако може да ги покриете трошоците, или преку претходна исплата за погреб, купување на осигурување кое плаќа надомест за смртта, или издвојување на пари наменети за погребот. Ако плаќате однапред, прочитајте го печатениот текст за парична казна. И ако сакате вашите органи да бидат достапни за донација ќе треба да се приклучите на регистарот.

4. Полномошник и полномошно

Тестаментот го покрива случајот на вашата смрт, но што ако сте живи а не можете да донесувате одлуки? Во овој случај ќе ви треба полномошник и полномошно. Полномошникот ги образложува колку што е можно подетално вашите желби за работи како што се лекување во случај на сериозна болест, а со полномошното вие назначувате личност која ќе биде ваш застапник и ќе носи одлуки кога вие нема да можете.

Прецизирањето на вашите желби е најлесно да се направи ако користите подготвен образец како оние кои се достапни на CaringInfo, во кој вие одговарате со ,,да“ или ,,не“ на серија од прашања/изјави како: ,,Сакам да имам лек за одржување во живот ако сум болен или повреден.“

Заедно со сите документи споменати во овој водич, осигурајте се дека она што ќе го поставите важи со закон во вашата судска надлежност. Обрасците на CaringInfo се дизајнирани за сите различни држави во САД, но ако живеете во друга држава најдете локален еквивалент или побарајте правен совет.

5. Солидно осигурување

Во еден неодамнешен водич ги разгледував различните видови на осигурување кои можеби ќе ви требаат како фриленсер. А за одредени видови на хонорарни работи можеби ќе ви требаат други видови: погледнете го ова упатство од Мари Гардинер за осигурувањето што го бараат на пример фриленс фотографи.

Тие се справуваа со осигурување за работа. Кога веќе денес зборуваме за смртта, сигурно ќе сакате животното осигурување да го земете предвид. Тоа е особено важно ако имате членови во семејството кои зависат од вашиот приход, но вреди да се размисли во различни ситуации.

Во случај да не сте убедени, еве неколку зборови од Шанел Рејнолдс чиј сопруг почина во 2009:

Дури неколку месеци по несреќата, маглата само што почна да се расчистува, ако морав веднаш да се вратам на работа со полно работно време, додека се обидував да бидам самохран родител или пак да се соочам со финансиски пропаст- Целосно. Ќе. Се. Распаднев. А не сум таков тип. Знаејќи дека некое животно осигурување доаѓаше, иако скромна сума, ми даде време. Искрено, тоа беше финансискиот мост којшто ми требаше помеѓу мојот стар живот и остатокот од мојот живот.

Болката за справување со смртта на нејзиниот сопруг ја натера Рејнолдс да ја постави страницата ,,Get Your Shit Together!", одличен ресурс за планирање на најлошото. Погледнете го нејзиниот совет за животно осигурување.

6. Успешен план за вашиот бизнис

Ова не важи за повеќето фриленсери. Ако сте соло фриленсер, вашиот бизнис се состои од вашите лични вештини и труд, и ако умрете или ако се онеспособите, нема на кого да го предадете бизнисот.

Но ако сте изградиле поголема империја, составена можеби од книги или курсеви кои може да се продадат кога не сте тука, или можеби вклучува вработени и имот, тогаш ќе треба да направите одредба за нејзино продолжување по вашата смрт или неспособност. Тоа значи не само да ја предадете во тестамент, туку да направите сеопфатен план за наследување, така што вашиот назначен наследник може да открие како функционираат работите и како да го одржуваат бизнисот. За повеќе информации погледнете го овој New York Times водич.

7. План за вашето семејство

Ако имате деца или други зависни лица, ќе треба да планирате за нивната иднина без вас. Можете да назначите правен старател во вашиот тестамент, но вреди да се размисли како посебна точка, бидејќи тоа вклучува многу повеќе. Кога се во прашање пари или имот може само да наведете кому ќе му ги оставите, но кога се во прашање деца мора да размислите подобро за тоа кои би биле вистинските луѓе кои ќе се грижат за нив кога ќе ве нема вас, и да имате детални разговори за да бидете сигурни дека тие луѓе се спремни и способни да ја преземат одговорноста и дека целосно ги разбираат вашите желби.

8. План за дигитални средства

Со оглед на сите сериозни проблеми што ги дискутиравме досега, судбината на вашиот Фејсбук профил може да изгледа тривијална. Но дигиталните средства стануваат сè поважни, и во некои случаи имаат вистинска, трајна вредност. Размислете за она што е важно за вас во врска со вашиот онлајн живот, и што би сакале да се случи со вашиот веб-сајт и други онлајн идентитети по вашата смрт. Потоа проверете ја серијата на водичи на Tuts+ за Подготовка на дигитални средства за вашата можна смрт. Исто така постои и корисна листа на онлајн услуги со цел да ви помогнат за планирање на вашата дигитална смрт на ,,The Digital Beyond“.

9. Листа на важни информации

Било да сте починати или онеспособени, најблиските и најсаканите ќе имаат потреба од пристап до некои од вашите лични податоци. Размислете што ќе им треба, а потоа олеснете им го пристапот до нив. Важно е, се разбира, да се чуваат информациите исклучително безбедно, особено ако наведете лозинки и детали за сметката.

За тоа што да наведете и како да наведете, постои корисен шаблон на Get Your Shit Together! Исто така на правната страна Nolo има некои добри совети.

10. Тежок разговор

Досега разговаравме за финансиските одредби и правните документи, и сето тоа е важно. Но, една од најважните работи што можете да направите е потполно бесплатна, и трае околу еден час.

Седнете и разговарајте со вашиот партнер, родител, син, ќерка или пријател - оној кој ќе биде лицето кое ќе ја преземе одговорноста во случај на сериозна болест или смрт. Во зависност од вашите околности, можеби ќе треба да разговарате со неколку различни луѓе за да бидете сигурни дека сите ги знаат вашите желби.

Очекувајте отпор: сепак личноста ве сака, и не сака да зборува за нешто страшно што би можело да ви се случи. Многу култури, исто така, имаат длабоко вкоренети верувања или долготрајни сомневања дека зборувањето за лошите работи ги повикува нив да се случат. Може да ви кажат дека сте морбидни или депресивни. Во секој случај, разговарајте. Важно е, а личноста подоцна ќе ви се заблагодари.

Целта на разговорот е да се уверите дека вашиот/вашата сакан/а знае точно што да прави кога ќе се случи катастрофата. Зборувајте за она што сакате тие да го направат ако вие не сте во состојба сами да донесете одлука. Разговарајте низ различни сценарија, така што кога ќе дојде време ќе се чувствуваат удобно да го направат изборот што знаат дека вие сте го сакале. Кажете им каде да ги најдат документите што ќе им требаат. Водете ги низ сите подготовки што сте ги направиле и уверете се дека тие разбираат сè.

Запомнете дека не мора да ги откривате сите детали од вашите финансиски работи доколку не сакате. Целта е едноставно да ѝ кажете на личноста каде да најде повеќе информации кога ќе ѝ треба.

Следни чекори

Значи, сега знаете што ви е потребно за да се подготвите за да се подготвите за најлошото. Следниот чекор е да се оди по оваа листа и да се почне со занимавање со секоја ставка. Тоа не е нешто што некој навистина би сакал да го прави, но е важно. И добрата вест е дека ако вашите работи не се многу комплицирани, навистина не треба да траат премногу долго.

Сепак, запомнете дека вашиот живот постојано се менува, па вреди брзо да се поминува низ оваа листа еднаш годишно или слично. Вашата листа на сметки може да има потреба од ажурирање, вашите потреби за осигурување може да се променат, или можете да го промените мислењето за тоа што сакате вашите најблиски да направат во случај на ваша болест или смрт. Затоа поставете потсетник за да ги разгледувате вашите планови еднаш годишно и да ги известите вашите најблиски за сите промените што треба да ги знаат.

Пропуштив ли некои важни ставки? Ако е така, оставете коментар подолу.

Извори

Графички кредит: Алтернативна икона дизајнирана од Артур Шлен од Проектот за именки.

Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.