Unlimited PowerPoint templates, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Business
  2. Productivity

Како да се стекнете со рутини кои ви ги водат животот и работата по вистинскиот пат

by
Difficulty:BeginnerLength:LongLanguages:
This post is part of a series called Essential Productivity Principles.
Your Productivity Style: Find It and Use It for Better Work

Macedonian (Македонски јазик) translation by Andrijana Mitevska (you can also view the original English article)

Ако мислете дека зависењето од рутини ќе ве направи досадна, предвидлива, некреативна,  автоматска личност, размислете повторно. Рутините се, и со векови биле  тајното оружје на креативните професионалци. Поетот В. Х. Оден го предложи пристапот: „Одлучи што сакаш или што треба да направиш со денот, потоа секогаш прави го тоа во точно истиот момент секој ден, и страста нема да ти задава тешкотии. “

Многу други креативци, од автори, уметници, до композитори, и режисери, се потпирале на силни, предвидливи дневни рутини за да обезбедат сигурно место за развој на нивната креативност. (За подобар преглед,проверете ги блогот и книгата „Дневни рутини“ од Масон Kaри.)

Филозофот Вилијам Џејмс утврди дека навиките и рутините ни го ослободуваат мозокот од непрекинати мали одлуки, така полесно можеме да се развиваме и да ја користеме „повисоката моќ на умот.“ Користењето рутини е факт за распределба на средствата. Едно истражување ни покажа дека самодисциплината, е како мускул, се изморува кога е употребена.

Кога навистина треба да размислите што да јадете за доручек, кој пат до работа ќе го одберете, кога ќе вежбате денес, потрошувате многу од вашата креативна самодисциплина на обични одлуки. Наместо тоа, ако си ги поставете рутините да ве водат низ повторливи задачи, можете да му допуштите на мозокот да ви лута, да се задлабочува, и да процедува големи идеи. Полесно е да преминете на извршување, креирање, и решавање проблеми со полн резервоар самодисциплина на вашето расположение.

1.  Одберете рутини да го стабилизирате вашиот живот

Желбата да бидеме попродуктивни вообичаено е заснована на нашата работа. Меѓутоа со користење рутини за приватниот живот, можете да го поедноставите и стабилизирате. На тој начин без да пропуштате важни настани,  да игнорирате односи со луѓе, или да ги запоставувате вашите приоритети, би се спротивставувале со помалку стрес и компликации.

Малите кризни моменти во семејниот, социјалниот и личниот живот често доаѓаат од заборавање или запоставување на обврските. Помислете на маката при брзање да платете такса, заборавање на роденден или годишнина, или дуплото забележување на вашиот календар. Рутините не  осигуруваат дека правиме што треба да биде направено по правилна основа, така што би ги одбегнале тие кризни моменти.

Еве некои примери за корисни животни рутини:

  • Утринска и попладневна рутина: Ако утрата ви се хаос, избезумено трчате низ куќата, барате чиста кошула,  скромен доручек, и материјал потребен за денот, можеби она што ви треба се овој сет рутини. Замислете да се разбудите, и да имате доволно време да се спремате без брзање, облеката за тој ден да ви стои закачена во тоалет, да ве чека спремен доручек во замрзнувачот, и чантата со потребни работи да стои до влезната врата. Тоа можете да го остварите  во неколку чекори кои ќе ги правите секоја вечер пред легнување, за да се спремите за следниот ден (вечерна рутина), и потоа да си поставите едноставна утринска рутина.
  • Викенд рутина:  Да имате викенд рутина ќе ви помогне да ги испланирате и да се справете со сите домашни планови, задачи и шопинг, време за семејството и време за себе кое треба да го испланирате во два кратки дена.  Со создавање викенд рутина, можете да планирате и да поставите како ќе го трошите времето, уверувајќи се дека ќе ги завршите сите неопходни домашни задачи, без да се чувствувате како да немате време за одмор.
  • Семејна средба: Неделна семејна средба може да ви помогне да го одржувате календарот регулиран, донесете финансиски одлуки, назначете споделени одговорности, и останете во контакт со зафатените личности од семејството. Буџетот и календарот можете да ги проверувате само со партнерот или во оваа рутина можете да ги вклучете и децата.

2.Одберете рутини за подобрување на вашата работа

Сега е време да размислиме како можете да ја зголемите продуктивноста, да го намалите стресот, и да го зголемите резултатот со некои рутини засновани на работата. Дури и ако работите на креативно поле, или работните одговорности драстично ви се менуваат од ден на ден,  секогаш има начин за динамична работа со рутини.

Еве некои примери за корисни работни рутини:

  • Почетен ритуал: Често, започнувањето на работа е најтешкиот дел. Непродуктивен почетен ритуал се трошењето час време на социјалните мрежи, мрзеливото разговарање со соработниците, или губењето во бесконечниот поток од е-маилови. Ако се занимавате со големи проекти, креативни задачи, или  со нешто навистина посложено, треба да имате брз и сигурен начин да се опремите и да го зграпчите денот.   Испланирајте почетна рутина, а потоа постојано следете ја, за да го свикнете мозокот да започне без двоумење и  одложување, што можеби се трудите да го надминете сега. 
  • *Неделни рутини за приоритетите: Редовно поставување на приоритетите со поттик од вклучените луѓе, ќе ви помогне мудро да си го распределите времето  за да го добиете најефективниот резултат. Можеби работите со многу проекти, управувате со тим којшто има различни одговорности, или треба да се справите со клиенти и сметки, или мноштво одговорности кои предизвикуваат повторлив и временски определен план.  Поставете редовна рутина (вообичаено е добра неделната) за да добиете целосен преглед, одредете за кои задачи е потребно најголемо внимание, стопирајте го времето за тоа што сакате да го извршите, и вложете колку што е потребно.
  • Комуникациски рутини: Вршењето заедничка работа, споделување на одговорностите и проектите со тим или справувањето со клиенти ја создава потребата од сигурна комуникација. Но повратни меилови и телефонски разговори можат да одземат вреден дел од работното време. Со создавање на комуникациска рутина станувате попредвидливи за луѓето коишто треба да го  слушнат вашиот одговор, што ги тера да останете во контакт. Назначете одредено време во денот за да одговорите на повиците и е-мејловите коишто не се итни, или на друг начин известете ги соработниците и клиентите.  Комуникациската рутина може да ве заштити од заборавање да комуницирате редовно, исто и да ви го заштити денот од бескраен тек од прашања и објаснувања.
  • Следете ги рутините: Клучот на добрата работа и градењето добри можности за во иднина е градењето силен однос, без разлика дали со врсниците, членовите од тимот, или со клиентите. Разликата помеѓу брзото интернет поврзување и сурфањето по социјалните мрежи со часови, е голема.   Следењето на рутините може да ви помогне да ги преструктурирате активностите на интернет, незначајно дали преку социјалните мрежи, е-пошта, телефон, или лични средби.

За да се решите прво која работна рутина да ја поставите, одредете кои задачи и цели ви претставуваат најголемо напрегање за да ги извршите. Тие области ќе имаат најголема корист од силна рутина која ќе ги поддржува.

3. Испланирајте цврста рутина

Веројатно ќе обрнете внимание на некои рутини од овие примери. Често, најпривлечни рутини се оние кои се однесуваат на најхаотичните делови од вашиот живот и работата. Меѓутоа не е доволно да се има на ум главна идеја за некоја рутина, или да превземате туѓа. Уникатни сте и животот е ваш. Станете специфични, за да изградите рутина ефективна за вас.

Започнете со крајната цел

Што ќе постигнете со оваа рутина? Секоја рутина, за да биде ефективна треба да биде смислена за посебна цел. На пример целта на утринската рутина  може да биде, секое утро да излегувате од дома организирани, без брзање. Целта на почетниот ритуал може да биде да си помогнете да направите значителен напредок со главниот проект или задача до предпладне. Најпрво одредете си ја целта, пред да ја смислите рутината. 

Работете наназад

Започнете од крајната цел и работете наназад за да утврдите кои чекори припаѓаат на вашата рутина.  Проценете колку време му е потребно на секој чекор.  Рационализирајте колку што е можно, но не брзајте. Најдобро е да го процените времето кое ќе ви биде потребно.  Подоцна секогаш можете да го намалите.

Преработете го

Следно, промислете ја рутината од почеток до крај. Оваа проверка ќе ви помогне да ги пронајдете чекорите или потребните извори што можеби сте ги занемариле.   Можете да барате и начин да ја поедноставите рутината.   Отфрлете чекори кои се непотребни. Компликацијата е непријател: најдобрите рутини се наједноставни и лесни за паметење.   Чекорите за вашата рутина подредете ги по најлогичниот начин, но не трудете се тоа да биде перфектно. Ќе имате време да ги прилагодите рутините откако ќе ги примените неколку пати.

4. Започнете да ги применувате новите рутини

Фокусирајте се истовремено да формирате една или две рутини. Ако формирате повеќе од две рутини, процесот ќе биде исцрпен и збунувачки, а обидот непродуктивен. Еден пристап е да се избере една животна и една работна рутина за истовремено воспоставување. Зголемената ефикасност во вашиот личен живот и во кариерата истовремено е добра, и помага да се намали нередот или делумното покривање, затоа што секоја рутина припаѓа на различен дел од вашиот живот.

За да се создаде рутина потребно е време. За свикнување можно е да се потребни и повеќе од 21 ден. Истражување покажува дека потребното време да се изгради цврста навика може многу да се промени, од 21 ден па се до 250 дена.

Времето што ви е потребно за да ја направите вашата рутина автоматска ќе се менува во зависност од сложеноста на рутината исто и од други фактори, како што се вашиот карактер, ниво на стрес, и поддршка. Дајте си себеси време од најмалку 30 дена за да создадете нова рутина, или група рутини; на 30-тиот ден ќе процените дали добро сте ја утврдиле новата рутина за да создадете друга, или потребни ви се уште 30 дена да останете фокусирани на истата.

5. Усовршете ги рутините

Кога за првпат ќе почнете да ја користите новата рутина, очекувајте отпор... најмногу од себе. Се што бара промена и зголемена самодисциплина на почетокот ќе го чувствувате непријатно, можеби и тешко.  Не грешете дека непријатноста, недостатокот на блискост, или тешкотиите се знак дека рутината ви е лоша или нецелосна. Секако, сите рутини можат да се подобрат, но ако почнете да ја менувате прерано вашата рутина, никогаш нема да ви премине во навика.

Обидете се да се држите до новата рутина, макар една недела без да направите промени. По една недела размислете да направите мали промени кои можат да ја подобрат: преуредување на редот, подобрување на методите, менување на одреденото време, додавање или отстранување чекори, или реорганизирање на просторот или ресурсите. Откако ќе ја преуредите рутината, држете се до промените уште една недела додека да направите повторна промена. 

Откако ќе се чувствувате уверено со рутината и спремни да почнете да создавате друга, обидете се да ја напуштите воспоставената. Промена на воспоставената рутина за време на создавање нова, може да доведе до насобирање мали промени и дезинтеграција на стабилноста што сте ја стекнале од рутините.

Моќта на рутината е во тоа што станува навика:сакате да биде стандарден сет од акции, втора природа, сет од чекори за кои не треба да размислувате.  Ако постојано ги менувате вашите рутини, ги ограничувате придобивките од таа рутина. Ако ви е тешко со постојано променување на рутините, тогаш направете распоред. Означете еден ден во секој месец, или една недела во секоја четвртина, да ги променувате и подобрувате рутините. Остатокот од времето, оставете рутините да бидат рутини и да си ја вршат својата магична работа.

6. Одржувајте ги вашите рутини

Некои рутини долго време ќе ви служат добро; други ќе треба да се приспособат и прераспределат, па дури и да се отфрлат како што се менуваат потребите на вашиот живот и работа. Ако се унапредите, на пример, и смените еден сет задачи за други, старите рутини можеби нема да ви се од корист.  Ќе треба да  разгледате нови одговорности и да размислите како ќе ги постигнете на најрационален и ефективен начин. 

Секогаш кога ќе пристапите до големи промени во животот или работата, одвојте малку време да размислите како ќе влијаат вашите рутини. Рутините кои не треба да се променат ќе ви помогнат  да останете ефективни додека се справувате со стресот од свежина и промени. Проценете ги рутините кои мора да се променат за да одговараат во вашата нова ситуација, и следете ги чекорите погоре за да создадете нови рутини кои ќе ги заменат старите. 

Оставете рутините да дејствуваат

Рутините се магични бидејќи се мирни, предвидливи, па дури и малку досадни. Досадното повторување на рутините е тоа што ве подобрува, ви овозможува да функционирате ефикасно, дури и во хаос, оптоварувањето на работа, непредвидлива околина, барајќи клиенти, и во некои други стресни ситуации. 

Рутините во вашиот живот и работа ви овозможуваат да ги следите добро поставените траги, до крајните цели коишто сте ги поставиле.  Ја ослободуваат вашата креативна моќ и самодисциплина да бидат потрошени на повисоки креативни определби, додека секојдневните работи во животот ќе ги чувате во сигурен работен ред.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.