Unlimited PowerPoint templates, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Business
  2. Google AdWords

Како да ги изберете клучните зборови за вашата рекламна кампања

by
Difficulty:BeginnerLength:MediumLanguages:
This post is part of a series called Google Adwords for Small Business.
How to Write a Click-Grabbing AdWords Ad

Macedonian (Македонски јазик) translation by Andrijana Mitevska (you can also view the original English article)

Размислувате да водите рекламна кампања за да привлечете нови клиенти?

Рекламите можат да го истакнат вашиот бизнис на насловната страница на Google пребарувачот. Тоа е нешто големо за вашата визија и е нешто што инаку би било тешко да се добие без да се потрошат месеци или години на оптимизација и маркетинг содржина.

Зошто тогаш не користи секој реклама? Затоа што може да чини многу пари и не постои гаранција за враќање на вашата инвестиција.

Затоа се важни клучните зборови. Тие ја формираат основата на секоја рекламна кампања.

Изберете ги вистинските клучни зборови и вашата кампања ќе ви донесе нови клиенти. Ако ги одберете погрешните клучни зборови, истовремено ќе бидете потполно игнорирани или дури и полошо, вашата кампања ќе биде само една скапа пропаст.

Доколку имате голем маркетинг буџет, одбирањето на клучните зборови е лесно. Едноставно, можете да го извлечете секој клучен збор, што е потенцијално релевантен за вашите клиенти и да увидите како функционира. Со текот на времето, ќе ги откриете клучните зборови со врвни перформанси. Но, додека ги елиминирате неуспесите, ќе фрлите многу пари.

За сите оние, кои имаат ограничен износ за трошок за маркетинг, треба стратешки да ги избираме клучните зборови, со цел да го максимизираме потенцијалното влијание, а трошоците да бидат што е можно пониски.

Во овој напис, ќе ви покажеме како да одберете клучни зборови, кои на вашата кампања ѝ даваат најдобри шанси за успех, притоа без да ги прекршат банкарските правила.

Да започнеме со умислата дека клучните зборови се најважни.

Што претставува клучниот збор за рекламата?

Клучните зборови се основата на секоја рекламна кампања.

Клучните зборови се зборови или фрази, кои луѓето ги бараат на Google. На пример, “кафе”, “градежен изведувач” и “веб-дизајн” претставуваат клучни зборови.

Рекламите секогаш се совпаѓаат со клучниот збор. Да  речеме дека сте обезбедиле услуги за веб-дизајн, со што ја покренувате рекламната кампања, користејќи веб-дизајн за клучни зборови.

Поедноставно, тоа значи дека секој пат кога некој ќе пребарувa “веб-дизајн” на Google, ќе се појави вашата реклама. Ако некој кликне на рекламата, ќе биде насочен кон вашата веб-страница и со тоа му вршите на Google исплата.

Но, не е толку едноставно како што изгледа. Зошто? Еве три работи кои тоа малку го прават покомплицирано:

  1. Веројатно има илјадници други бизниси како вашиот, чии сопственици се подготвени да платат, за да пристапат на насловната страница на Google. Тоа создава конкуренција. Колку повеќе бизниси сакаат да се совпаднат со одреден клучен збор, толку повеќе ќе треба да платите за да се најдете на предната страница на Google. Преку понуда, вие го поставувате износот што сакате да го платите. Колку е поголема понудата, толку ви се поголеми шансите вашата реклама да биде прикажана кога некој ќе го бара вашиот клучен збор.
  2. Google се грижи за релевантноста. Кафулето, кое за клучен збор одбира “веб-дизајн” за своја реклама, малку е веројатно истиот да биде наведен. Очигледно тоа е грешка, бидејќи луѓето кои бараат “веб-дизајн”, сигурно нема да бараат кафуле. Google знае дека ова е грешка и затоа ќе ја филтрира вашата реклама од листата. Изборот на клучни зборови, кои се релевантни за вашиот бизнис, ја зголемува веројатноста дека рекламата ќе се совпаѓа со клучниот збор во резултатите од пребарувањето.
  3. За да направите ефективна рекламна кампања, нема да користите само еден клучен збор, туку списоци со клучни зборови, од кои секој ќе треба внимателно да се следи за да се види дали дава резултати.

Сега надолу имате низа во која е објаснето што претставуваат клучните зборови и како тие функционираат и истата ви овозможува да погледнете како можете да ги изберете најдобрите клучни зборови за вашиот бизнис.

Чекор 1: Наведете спецификација за вашата понуда ( или понуди)

Повеќето бизниси нудат голем број на различни производи и услуги. Кога работите на рекламната кампања, најдобро е да се фокусирате на еден производ или услуга.

Зошто? Бидејќи платените реклами најдобро функционираат кога се специфични и релевантни. Фокусирањето на еден производ ви овозможува да бидете специфични за вашата понуда и да бидете релевантни за подмножеството на потенцијалните клиенти.

Она што е уште поважно е дека фокусирањето на еден производ ви овозможува да креирате целна страница, која е високо насочена, што значи дека ќе добиете подобра конверзија од вашиот рекламен сообраќај.

Што ако сакате да промовирате повеќе од еден производ или услуга? Тоа е во ред, само направете посебна рекламна кампања за секој производ што сакате да го промовирате.

Чекор 2: Наведете колку што е можно повеќе клучни зборови

Маркетингот на клучните зборови е делумно уметност и наука и овој чекор е на уметничката страна на нештата. 

Мислете на што е можно повеќе клучни зборови.  Запрашајте се: “ Што би можеле луѓето да бараат, доколку го бараат производот или услугата која јас ја продавам?”

Имајте на ум дека се обидувате да размислувате онака како што размислуваат вашите клиенти. Ставете се во нивна положба и размислете за зборовите кои тие би ги користеле. Вашиот производ или услуга може да им помогне на луѓето да го решат проблемот. Како тие би го опишале овој проблем со свои зборови?

Врвен совет: Не сте сигурни како вашите клиенти би го опишале нивниот проблем? Тогаш посетете ги онлајн форумите каде што вашите клиенти се дружат. Овде ќе увидите како тие ги споделуваат нивните проблеми со свои зборови. Форумите се рудник злато за клучните зборови.

Ова не е време за стоење настрана. Запишете ја секоја идеја со која се соочувате, без разлика колку чудно изгледа. Нека избувне вашата имагинација.

Кога немате идеи, користете онлајн речник за да ви помогне да пристапите со повеќе зборови.

Која е поентата со произлегувањето со толку многу клучни зборови? Додека имате буџет, барајте го светиот крал на маркетингот на клучните зборови: долгата опашка.

Долгата опашка е составена од клучни зборови кои не се бараат толку често, па можете да понудите ниска цена за нив, и се уште да имате добри шанси да ја прикажете вашата реклама. Во исто време клучните зборови со долга опашка се многу релевантни на вашата понуда, па веројатно ќе доведат до подобра конверзија.

Чекор 3:Повикајте го Google да ви помогне со справување со вашата бура на идеи

Имате огромна листа на идеи за клучни зборови. Следниот чекор е да ги пронајдете оние кои најверојатно ќе резултираат со успешна рекламна кампања. Ова во крајна линија ќе вклучи стеснување на вашата листа, но тоа може да значи дека истата доаѓа со повеќе клучни зборови со кои можете да започнете.

Еве неколку начини како Google и Google Adwords, можат да ви помогнат при развојот на вашите клучни зборови:

1. Играјте со автоматското комплетирање на Google. 

Секогаш кога ќе влезете во пребарувачот на Google, лентата за пребарување ќе предложи неколку различни начини за автоматско комплетирање на терминот за пребарување. Овие предлози се засновани на она што најчесто се пребарува во Google, така што користењето на автоматското комплетирање е одлична стратегија за ископување на клучни зборови со долги опашки.  Користете го секој клучен збор на списокот со нацрт идеи, за да видите кои идеи доаѓаат за автоматско комплетирање. Забележете ги оние кои се релевантни за вашата понуда, бидејќи можеби ќе сакате да ги користите.

Сакате уште идеи? Тогаш напишете го вашиот клучен збор во Ubersuggest, при што ќе се натрупаат стотици идеи за автоматско комплетирање.

2. Погледнете ги релативните пребарувања.

Внесете еден од вашите клучни зборови во Google, а потоа повлечете надолу кон дното на страницата. Ќе видите дел насловен како “Пребарувања поврзани со вашиот термин за пребарување”. Еве, повеќе идеи за клучни зборови!

3. Користете ја алатката за клучни зборови на Google Adwords.

Овој планер за клучни зборови е навистина корисна алатка за откривање на истите.  Можете да внесете било кој клучен збор и ќе ви покаже колку често е побаруван и со колку ќе треба да конкурирате за да се прикаже вашата реклама.

Планерот за клучни зборови можете да го користите за да пребарувате идеи за клучни зборови врз основа на категорија на производи, па дури и на веб-страница. Внесувањето на вашата веб-страница во пребарувачот, може да ви помогне да генерирате нови идеи кои можеби сте ги игнорирале. Исто така можете да ги внесете веб-страниците на вашите конкуренти за уште повеќе идеи.

4. Проверете на Google Analytics

Контролната табла на Google Analytics за вашата веб-страница ќе ги прикаже клучните зборови кои луѓето веќе ги користат за да ја пронајдат вашата веб-страница. Овие клучни зборови можете да ги користите  во рекламната кампања, за да го зголемите прометот што го добивате од нив или незгодно да го прилагодите, со што нема да конкурирате со промет што веќе го добивате.

Чекор 4: Стеснете го изборот на клучните зборови

Вашата листа на клучни зборови сте ја извршиле преку три Google тестови и потенцијално сте дошле до повеќе идеи.

Сега е време да почне да се стеснува изборот на вашите клучни зборови, со што вашата кампања ќе пристигне до вистинските луѓе.

Вашата листа можете да ја стесните врз основа на неколку фактори:

1. Цена

Колку сте подготвени да потрошите за да добиете клик на одреден клучен збор, зависи од две работи. Прво, колку вреди за вас конвертирањето на клиентот( размислте за нивниот стандард, не само за првиот производ што го купуваат). Второ, која е стапката на конверзија на вашата целна страница? На пример, ако животниот стандард на клиентот е 1000 долари, а вашата целна страница има стапка на конверзија од 1 %, тогаш мора да поднесете понуда од 10 долари за еден клик, за да направите профит на вашата кампања.

Ако е ова ваша прва кампања, нема да ја знаете стапката на конверзија, со што ќе удирате на слепо. Во тој случај, најдобро е да се фокусирате на клучните зборови со долги опашки кои имаат ниски цени. На тој начин, можете да ги проверите нивните перформанси, а кога ќе ја дознаете вашата конверзија за целокупната кампања, ќе знаете дали сте во можност дали сте во можност да конкурирате за клучните зборови со повисоки цени.

2. Дофат

Изборот на клучни зборови е рамнотежа помеѓу цената и дофатот. Скапите клучни зборови најверојатно ќе имаат поголем дострел, бидејќи повеќе луѓе ги бараат на месечно ниво. Но, и тие исто така брзо ќе исчезнат преку вашиот буџет за реклами.  Помалите дометни клучни зборови имаат помал домет, па затоа не можат да го одредат нивото на промет кое ви е потребно.

Ако сте со низок буџет, добар трик е да ги одберете клучните зборови со долги опашки, наместо да се фокусирате на големите клучни зборови. Изборот на широк спектар на клучни зборови со долги опашки ви овозможува да ја прикажете вашата реклама на многу луѓе, додека истовремено вашите трошоци се намалуваат.

3. Релевантност

Како што претходно споменавме, клучните зборови што ќе ги изберете мора да бидат релевантни на вашата понуда.  Доколку не се, Google ќе ја казни вашата реклама.

Што значи клучниот збор да биде релевантен? Запрашајте се “ дали е ова терминот за пребарување  кој може да го користи некој кој има потреба од моите услуги?”. Ако одговорот е “не” или “ веројатно не”, тогаш клучниот збор не е релевантен.

Уште еден начин за тестирање на релевантноста е да ја напишете вашата реклама и целната страница. Дали клучниот збор се појавува на рекламата и на целната страница? Ако не, тогаш може да не е релевантен.

4. Инстинкт

Кога за прв пат ќе ја стартувате рекламата, не можете да знаете кои клучни зборови ќе бидат за вас. Тоа ќе го откриете во следниот чекор. За да почнете со тоа, откако ќе го направите потполно истражувањето кое можете да го направите, ќе ви биде тешко. Ова не се кажува со цел дека нема да ги тестирате клучните зборови,туку со цел дека треба да започнете да донесувате одлуки.

Рекламите исто така имаат своја вградена алатка, “за да се намали изборот”, кога клучниот збор се совпаѓа со бараниот поим. Можете да одберете broad match, кој ќе ја прикаже вашата реклама за секое пребарување, каде што не се споменува вашиот клучен збор, phrase match, каде што мора да биде напишана точната фраза во клучниот збор ( но исто така може да биде заедно со други зборови или фрази) и exact match, каде што вашата реклама ќе биде прикажана само за луѓето кои го напишале точно вашиот клучен збор во лентата за пребарување во Google.  Ако сте фокусирани на клучните зборови со долга опашка, тогаш одберете exact match.

Чекор 5: Тест, тест, тест

Крајната проверка за било кој клучен збор е да се види како функционира во полето.

Досега, при излегувањето со клучни зборови, сте и верувале на вашата креативност и инстинкт, заедно со согледувањето на корисни алатки за клучни зборови. Оттука, тешко е да се избројат клучните зборови кои ќе ви помогнат да донесувате одлуки.

Треба да забележите:

  • Дали добива кликнувања? Ако не, тогаш тоа или не е релевантно, или вашата копија на рекламата треба да профункционира, или вашата понуда е премногу ниска.
  • Колку добро се продава? Добрите стапки на конверзија покажуваат дека клучниот збор има потенцијал. Обидете се понатаму да ги зголемите стапките, со прилагодување на копијата на вашата реклама или на копијата на целната страница.

Накратко, ќе сакате да ги задржите клучните зборови, кои водат кон кликнување и продажба. Исто така можете да развиете варијации на клучните зборови со врвни перформанси.

Клучните зборови кои не ги користите, оставете ги. Внесете други клучни зборови за тестирање.

Ќе ви биде потребно време за да ги откриете најдобрите клучни зборови. Откако ќе ги пронајдете, ќе имате постојан прилив на дојдовни клиенти. Тоа е голем благодет за секој бизнис.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.