Unlimited WordPress themes, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Business
  2. Marketing
Business

Како да го изберете вистинското име за вашиот бизнис

by
Length:MediumLanguages:
This post is part of a series called Naming Your Business.
Do You Need to Trademark Your Business Name?

Macedonian (Македонски јазик) translation by Marija Poposka (you can also view the original English article)

Од сите одлуки кои ги донесувате кога започнувате бизнис, бирањето име е една од најпресудните.

На крајот на краиштата, светот е преполн и често немате многу време за да го привлечете вниманието на потенцијални клиенти. Привлечното име, името што ќе се памети може да ви даде вистинска предност, додека погрешниот избор може да ги збуни луѓето или да испрати погрешна порака.

Значи во оваа серија од три делови ќе ве научиме сè што треба да знаете за именувањето на вашиот бизнис.

Во овој прв водич ќе ги научите сите чекори кои треба да ги следите кога бирате име за вашиот бизнис. Ќе добиете совети за тоа кои критериуми треба да ги користите, кои стапици да ги одбегнете, како да го направите вашето име ,,веб-пријателски“, и како да го тестирате пред да ја донесете крајната одлука.

Потоа во остатокот од серијата, ќе поминеме низ чекорите вклучени во заштитниот знак на името, и ќе објасниме како да промените постоечко име за бизнисот.

Чекор 1: Колективно разгледување

Првиот чекор во избирањето име е колективното разгледување. Но не грижете се, тука ќе ви помогнеме. Сепак, тешко е да започнеш со празен лист хартија. Затоа еве неколку клучни работи за кои мора да размислите.

Идентификатори

Размислете со што се бави вашиот бизнис и напишете различни термини за тоа. Користете речник, или обидете се да ги впишете клучните термини во визуелна онлајн алатка за размислување како SnappyWords или WordStorm. Обидете се да направите листа од барем десет клучни термини, а подобро и повеќе.

Дури ако не сакате името на вашиот бизнис да биде едноставен опис на она што го правите, овие клучни термини можат да помогнат за информирање на необичното име. На пример, Microsoft е уникатно име, но исто така тоа е составено од некои основни термини за она што компанијата го прави- продавање софтвери за микрокомпјутери (како што персоналните компјутери се нарекувале тогаш).

Асоцијации

Потоа, почнете да размислувате пошироко. Запишете некои пошироки асоцијации или метафори за она што го прави компанијата.

На пример, името ,,Twitter“ не е буквален опис на она што го прави компанијата, но може да забележите како голем број на кратки говори се споредуваат со црцорењето на птиците.

Слично на тоа, сервисот за споделување фотографии SnapChat ја вклучува идејата за брзина, додека пак апликацијата за размена на пораки WhatsApp го прикажува она што си го кажуваме меѓусебе кога прашуваме: “What’s up?” (Што има?)

Варијанти на имиња

Конечно размислете за начинот да го употребите вашето име, или вашите иницијали, или комбинација од вашето име со имињата на вашите деловни партнери.

На пример, компанијата за играчки Hasbro е кратенка од имињата на основачите- браќата Hassenfeld. Продуцентската куќа на Опра Винфри, Harpo, е нејзиното име спелувано наназад. И IKEA е составено од иницијалите на основачот, заедно со иницијалите од местото каде што израснал.

Понекогаш едноставното е и најдоброто. Можеби нема да изгледа многу креативно ако го употребите само вашето презиме како име на компанијата, но за McDonald’s, Mars, Ford, Prada и многу други, тоа функционираше. Или може да бидете помалку формални и на купувачите да им се обраќате на име, како Ben & Jerry’s.

Ставете ги заедно

Кога ќе добиете листа на клучни термини, пошироки асоцијации, и варијанти од вашето име, обидете се да ги комбинирате и видете што ќе добиете. Овие се основите на повеќето имиња на компании кои постојат, затоа продолжете со мешање и совпаѓање додека не добиете некои имиња кои ви се допаѓаат. Во оваа фаза, колку повеќе идеи ќе ви текнат, толку подобро. Ќе почнеме да ги филтрираме во следните чекори.

Доколку немате идеи, прашајте други луѓе. Можете да објавите на Twitter, па дури и да организирате натпревар и да понудите мала парична награда или слично, за да го поттикнете оној кој што ќе го избере најдоброто име. Ова има двојна корист од генерирање на добри идеи, исто така и да направите луѓето да се чувствуваат вклучени и ангажирани со вашиот бренд.

Додека сајтовите како Twitter и Facebook нудат идеално место за идеи од толпа-извори прашувајќи илјадници луѓе одеднаш, вие, исто така, може да користите уште потрадиционални методи како прашување лице в лице. Доколку имате вработени или деловни партнери, побарајте од нив и тие да придонесат некои идеи.

Чекор 2: Скратете го изборот

Досега би требало да имате листа на можни имиња од кои може да изберете. Сега ајде да се обидеме ја скратиме листата и конечно да избереме победник. Еве ги клучните критериуми за разгледување.

Вид на бизнис

Видот на бизнисот во кој се наоѓате прави разлика со името што го избирате. Новиот, зацврстен збор функционира особено добро за фирмите за технологија, на пример, затоа што пренесува новост и напредок. Сетете се на Google, на пример.

Но, ако водите потрадиционален бизнис, новото име може да ги збуни вашите клиенти. Замислете дека возите и се пали светло во вашиот автомобил, што покажува дека ви е потребна промена на маслото. Ако видите знак кој вели: ,,Johnson’s Auto Shop“ ,ќе застаните таму. Но знак со составено име како ,,Tribble“ ќе ве остави да се прашувате што прави компанијата, и најверојатно ќе продолжите со возење.

Фотографија

Сте се запрашале ли некогаш што значи Häagen-Dazs?

Одговор: ништо. Тоа е измислен збор. Основачите на компанијата кои се базирани во Бронкс одбрале име кое ќе звучи дански, бидејќи сакале да пренесат слика на егзотичен странски квалитет. Тоа функционираше: тие можеа да го продаваат својот сладолед како премиум бренд, продавајќи повеќе од нивните конкуренти.

Која слика сакате вие да ја пренесете? Кон каков вид на потрошувачи целите? Ако сте агресивни кон цената, пробајте нешто како Joe's Discount Club. Ако целите кон потрошувачи кои трошат повисоки суми, пробајте нешто малку поелегантно.

Акустика

Звукот на името е исто така важен. Сетете се на име како 7-Eleven, кое започна како едноставен опис на работното време на продавница, но беше неверојатно успешно бидејќи се римува толку убаво што веднаш се запомнува. Eight Six едноставно не би било исто. Кока-кола е уште едно име кое добро функционира поради начинот на којшто звучи, ритамот и двата многу слични зборови заедно.

Веб-компатибилност

Во сегашноста сè повеќе и повеќе трговија се движи преку интернет, па дури и ако вашата компанија е првенствено бизнис од тули и малтер, сепак ќе треба да размислите дали името за кое размислувате добро ќе функционира онлајн.

Дали е лесно за спелување? Дали е тоа прилично кратко, или може лесно да се скрати во управувачки УРЛ? Дали има некаква двосмисленост - на пример, збор што може да биде напишан на различни начини, или цртичка или посебен знак што луѓето не знаат дали да го вклучат?

Исто така, плаќа за размислување за оптимизација на пребарувачи. Една причина за вклучување на некој вид опис на производот во името на вашата компанија е тоа што им помага на луѓето да ве најдат кога пребаруваат на интернет. На пример, ако продавате свеќи, името како Candle Shack најверојатно ќе привлече повеќе трагачи отколку името како што е Waterberry.

Но, правилата на пребарувачот постојано се менуваат, и веќе е помалку важно да се има клучни зборови во името отколку што беше порано, па затоа не избирајте име целосно засновано на привлекување повеќе пребарувања. Тоа е само еден фактор меѓу многуте.

Чекор 3: Проверете дали има дупликати

До сега треба веќе да ја имате скратено вашата оригинална листа до неколку можности, или можеби дури и да имате јасен победник. Следниот чекор е да проверите дали претходно некој ја имал вашата идеја.

Веб пребарувањето е добар почеток, но за поголема точност, барајте регистрирани трговски марки. Во САД, ова можете да го направите преку интернет со алатката за пребарување на патенти и заштитни знаци.

Ако името е многу необично и веќе е искористено од некој друг, особено добро позната компанија, тогаш најдобро е да го избегнете. На пример, давајќи ѝ име Google на вашата компанија е лоша идеја, без разлика во која индустрија сте.

Но во некои случаи може да е сосема во ред да се употреби име кое веќе постои. Ако е вашето име, на пример, можете да го употребите во повеќето случаи. И ако тоа е име веќе во употреба, но за сосема поинаков вид на бизнис, тогаш има простор за дуплирање. ,,Lotus“, на пример, е име на британска автомобилска компанија, а исто така и на американска софтверска компанија (сега во сопственост на IBM). Нема шанси луѓето да помешаат табеларни пресметки со спортски автомобил, така што двете можат да коегзистираат. Исто така има и Lotus Food во Калифорнија, како и разни други Lotus компании ширум светот.

Обично сродните имиња се исто така во ред. ,,Fresh & Clean“, на пример, е име на хемиски чистач од Мичиген, пренослив производител на тоалети во Њу Мексико, тема за WordPress, неколку фирми за чистење на теписи и многу други. Ниту една фирма не може да бара сопственост над заедничките зборови како ,,fresh" и ,,clean“ па затоа некои дупликати се во ред.

Но тука бидете многу внимателни, бидејќи последното нешто што го сакате е тужба од некој што мисли дека сте го украле неговото име. Најдоброто, се разбира, е да одберете сосема уникатно име. Ако го повторувате името на друга компанија, уверете се дека клиентите не би можеле да бидат збунети или да помислат дека се обидувате да ја намалите популарноста на другата компанија. Ако се сомневате, консултирајте се со адвокат за трговски марки.

Исто така, уверете се дека може да најдете веб домен со кој ќе бидете задоволни. Пронаоѓањето достапни адреси ,,.com" е сè потешко, но може да имате среќа или да бидете во можност да направите понуда на постојниот сопственик на саканиот URL. Повторно, да се има навистина уникатно име овде многу ќе помогне.

Чекор 4: Тестирајте го името

Откако најдовте име со кое сте задоволни, време е да добиете повратна информација. Прашајте ги пријателите и семејството, спроведете веб-истражувања и користете социјални медиуми. Организирајте натпревар и понудете стимулации за луѓето да ви ги дадат своите искрени повратни информации. Колку повеќе луѓе можете да тестирате, толку се подобри вашите шанси за да го подобрите.

Исто така, важно е да се види како им звучи името на луѓето од различни националности и култури. Постојат многу примери за именување на несреќни случаи низ текот на годините, од краткотрајната работна мрежа на ИКЕА ,,Fartfull workbench“ до ,Kraft Foods spinoff Mondelez International", која значи нешто лошо на руски јазик.

Дури и ако вашето предложено име на компанијата нема навредливо значење на други јазици, едноставно може да биде многу тешко да се изговори или да има сосема различни конотации од англискиот јазик. Вреди да се добие мислење од колку што е можно поширок пресек на населението. Дури и ако планирате да започнете како локална фирма, можеби ќе сакате да ја проширите подоцна. И интернетот може да им даде дури на локалните фирми потенцијал за глобален дофат.

Исто така, проверете го сами името со скицирање на некои можни идеи за брендирање и лого, изготвување груб дизајн на вашата веб-страница и прикажување на името на вашата визит-карта и канцелариски материјал. Осигурајте се дека новото име одговара во сите ситуации.

Чекор 5: Одлучете

Досега научивте како да размислувате за имиња на компании, кои критериуми да ги користите за да го намалите вашиот избор, како да избегнете дуплирање и како да го тестирате името со широка публика.

Чекор 5 е да се стави сето тоа заедно и да донесете конечна одлука за вистинското име за вашиот бизнис. Теоретски тоа е име кое:

  • Лесно се памти.
  • Соопштува нешто околу тоа што правите или како го правите тоа.
  • Соодветно е за вашиот тип на бизнис.
  • Се обраќа до вашите целни потрошувачи.
  • Има привлечен звук и ритам.
  • Добро функционира онлајн.
  • Не може да се помеша со туѓ бизнис.
  • Одобрено е од повеќето луѓе кои ги тестиравте.

Ако барем ги исполнува повеќето од овие критериуми, тогаш можете да продолжите напред со доверба, знаејќи дека сте направиле темелна работа да го пронајдете вистинското име за вашиот бизнис.

Во следниот водич во оваа серија за именување на вашиот бизнис ќе разгледаме како да го заштитите вашето ново име од конкурентите. Ќе покриеме темите за тоа кога ви е потребна трговска марка, кои се придобивките, кои видови имиња се подобни и како можете да аплицирате. Потоа, во завршниот дел од серијата, ќе разгледаме што ќе се случи ако подоцна треба да го промените името на бизнисот откако ќе порасне вашата компанија.

Извори

Графички кредит: Brainstorm дизајниран од SuperAtic LABS од Noun Project.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.