Unlimited Powerpoint templates, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Business
  2. Microsoft PowerPoint
Business

Како да компресирате PPT датотека за 60 секунди

by
Difficulty:BeginnerLength:ShortLanguages:
This post is part of a series called How to Use PowerPoint in 60 Seconds (Quick Video Tutorials).
How to Put a Logo on Every PowerPoint Slide in 60 Seconds
How to Make a Mindmap on PowerPoint in 60 Seconds

Macedonian (Македонски јазик) translation by Stefan Nikolov (you can also view the original English article)

Не е невообичаено PowerPoint датотека да биде голема. Сепак, многу провајдери на е-пошта имаат ограничување на големината на прикачените датотеки. Поради тоа што Microsoft PowerPoint датотеките се често споделувани преку e-пошта или онлајн, можеби ќе треба да ја компресирате датотеката во помала големина за да може да се приложи.

Ајде да научиме како се компресира PowerPoint датотека и да ја намалиме нејзината големина.

Пред да преминеме на чекорите во овој водич, имаме и корисно помагало за надополнување на истиот. Преземете ја нашата бесплатна е-книга: The Complete Guide to Making Great Presentations (Целосен водич за правење на одлични презентации). Преземете ја сега пред да продолжите со читање.

 Free eBook PDF Download Make a Great Presentation

Забелешка: Во овој водич го користиме Iconic шаблонот. Можете да преземете одлични РРТ шаблони за  презентација од Envato Elements или од нашиот „Најдобар Водич за најдобрите шаблони на PowerPoint.“

Како брзо да компресирате PowerPoint  датотеки

Забешешка: Гледајте го ова кратко видео и следете ги чекорите подолу што го дообјаснуваат видеото.

1. Одберете слика за компресирање

Првиот чекор е да кликнете на некоја слика во вашата презентација што сакате да ја компресирате.

Select PowerPoint Image
Одберете ја ППТ сликата што сакате да ја компресирате.

2. Како се компресираат PowerPoint сликите

Сликите обично додаваат најмногу тежина во големината на датотеката во PowerPoint. Одете во менито Picture Tools Format и одберете Compress Pictures.

Use the default resolution
Поставување на резолуцијата на слика во ППТ.

Ќе ги оставам горните две полиња штиклирани и засега ќе ја одберам опцијата Use the default resolution, па потоа ќе кликнам на OK. Ова ќе ја намали резолуцијата на сликата и просторот што таа го користи во презентацијата.

3. Како да се промени почетната резолуција

Сега одиме во менито File > Save As и одбираме Save Options. Ќе одам во опцијата Advanced , ќе ја одберам опцијата Discard editing data и потоа ќе ја одбереме опцијата Default resolution што ќе ја намали резоулцијата на сликата и да зачува мошне голем простор. Потоа ќе се вратиме и ќе ја зачуваме презентацијата како нова датотека.

Changing the default resolution
Зачувајте место со менување на почетната резолуција и со создавање нова РРТ презентација

Ова создава посебна PowerPoint презентација што ќе зачува место и ќе биде полесна за праќање и споделување.

Привршуваме!

Сега знаете како да компресирате PowerPoint датотеки и да ја намалите нивната големина. Ова ќе ви помогне полесно да ги споделувате или праќате по е-пошта вашите презентации кај другите.

Повеќе корисни водичи во PowerPoint на Envato Tuts+

Најдете сеопфатни PowerPoint туторијали на Envato Tuts+ за да научите како да го користите PowerPoint подобро. Исто така имаме и видео серии од 60 секунди за да ви помогнат да го усовршите PowerPoint побрзо.

Еве неколку корисни PowerPoint туторијали за да се впуштите веднаш:

Направи одлични презентации (Бесплатно преземање на е-книгата во PDF)

Ако ви се допаѓа овој туторијал треба да го погледнете овој дополнително помагало, што ќе ве поведе низ целосниот процес на презентирање. Научете како да ја напишете својата презентација, да ја дизајнирате како професионалец и одлично да ја презентирате.

 Free eBook PDF Download Make a Great Presentation

Преземи ја нашата е-книга: Целосниот водич кон правење одлични презентации. Може бесплатно да се преземе со претплата на Tuts+ бизнис весникот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.