Unlimited Powerpoint templates, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Business
  2. Presentations
Business

Како да се подобрите во јавно говорење (подобрете се со пракса)

by
Difficulty:BeginnerLength:MediumLanguages:
This post is part of a series called Fundamentals of Public Speaking (101) Introduction Guide.
10+ Top Public Speaking Tips (To Help You Improve Quickly)
24 Quick Ways to Overcome Your Fear of Public Speaking

Macedonian (Македонски јазик) translation by Andrijana Mitevska (you can also view the original English article)

Ако треба да ги подобрите вештините за јавно говорење, праксата е еден од најдобрите начини да го направите тоа. Всушност, може да имате одлична тема и добро напишан говор - но без доволно пракса, нема да ја достигнете целта и да ги вклучите вашите слушатели.

Improve Public Speaking by Practicing In Front of Mirror
Можете да ги подобрите вашите вештини за јавно говорење со вежбање пред огледало. (Извор: Envato Elements)

Откријте како да станете подобар говорник преку пракса. Во оваа вежба, ќе откриете неколку добри начини за да го вежбате јавното говорење. Ќе ви дадеме корисни совети и техники за тоа како да се подобрите во јавното излагање преку вежбата што можете веднаш да ја користите. Исто така, создадовме табела со проблеми на којашто јавните говорници често треба да работат за да ја користите како список за проверка.

Исто така, ако сакате да ги преземете овие совети понатаму, не заборавајте да ја преземете нашата бесплатна е-книга: The Complete Guide to Making Great Presentations. Тоа ќе ви помогне да го совладате целосниот процес на презентирање.

 Free eBook PDF Download Make a Great Presentation

Направете одличен говор 

Имате порака за споделување и можност да ја споделите преку јавен говор. Без разлика дали вашата порака е за маркетинг на вашиот бизнис, причина за која се грижите, или некој друг вид на задача - вашата порака нема да биде добро прифатена ако не ја презентирате добро. Ако не сте добар јавен говорник, најверојатно треба да ги подобрите вештините за јавно говорење. Можете да научите како да станете подобар говорник.

Во оваа серија за основите на јавно говорење веќе ги опфативме основните работи како што се:

Ако досега не сте, би било добра идеја да прегледате некои вежби од оваа серија.

Друга област која е важна за вашиот успех како говорник, е користење на вистинските алатки за ефективен говор. Особено, важно е да користите добро дизајниран образец ако планирате да користите професионална презентација, како што се Google Slides или PowerPoint. Користењето на шаблон ќе ви заштеди време додека ја подготвувате вашата презентација. Ако барате професионално дизајнирани шаблони, можете да најдете многу примамливи шаблони на Envato Elements или GraphicRiver.

Но, сета подготовка може да биде залудна ако не сте правилно подготвени да ја одржите вашата презентација. А кој е подобриот начин да ги подобрите вештините за говорење во јавноста од тоа да ги извежбате?

Како да станете подобар говорник преку вежбање

Праксата за јавно говорење навистина е клучен дел од тоа како да се биде добар јавен говорник. Најверојатно сте присуствувале на јавен говор каде што говорникот навистина не бил подготвен - и тоа било очигледно. Ако сте, веќе знаете дека тоа не е добро искуство за говорникот или за публиката.

Главната поента на јавно говорно вежбање не е да го запаметите вашиот говор. Наместо тоа, главната поента е да се чувствувате удобно додека го презентирате вашиот материјал пред другите.

1.Користете список за проверка

Може да биде корисно ако имате табела за области на кои треба да работите којашто можете да ја користите како список за проверка. Еве една табела со список на некои општи области на кои можеби ќе треба да работите во текот на вашата јавна говорна пракса:

Области за
Да се работи на

Што да
Бараме

Заеднички проблеми

Како да го поправите тоа!

Познавање на материјалот

Говорникот треба да звучи како да има големи познавања.

Говорникот ги дознава фактите погрешно или изгледа збунет

Темелно проучете го материјалот. Прегледајте ја пишаната транскрипција и нагласете ги сите факти со кои сте имале потешкотии.

Артикулација

Публиката треба да разбере што зборува говорникот.

Говорникот погрешно ги изговара зборовите

Пракса! Повеќето онлајн речници денес имаат водич за изговарање на зборовите. Кликнете на иконата за говорникот десно од зборот за кој ви е потребна помош.

Гласност

Членовите на публиката не можат да ја слушнат презентацијата.

Говорникот зборува премногу тивко

Еден микрофон може да помогне. Ако тоа не е достапно, вежбајте да зборувате погласно од нормалниот глас. Внимавајте да не викате.

Темпо

Говорникот зборува толку брзо што публиката не може да го следи.

Говорникот можеби не е свесен дека зборува пребрзо

Ова е најдобро забележано од втора партија, иако говорникот може да забележи ако тие го запишуваат и слушаат неговиот говор.

Непотребни извици

Говорот содржи оттргнувачки непотребни зборови како "ум", "ух", итн.

Многу луѓе вообичаено ги додаваат овие зборови без да го забележат тоа

Како што вежбате, обрнете внимание на зборовите што ги изговарате. Знаете кои зборови сакате да ги додадете и обидете се да ги избегнете со правилните.

Непријатни паузи

Говорникот запира или се губи.

Говорникот премногу се потпира на белешки или го чита говорот

Пракса ќе ви помогне да се сетите што ќе кажете за да не мора да се потпирате на скриптата.

Вештина со алатка за презентација

Говорникот го пушта погрешниот слајд, има проблеми со отпочнување на видео, и така натаму.

Најчеста причина е тоа што говорникот не е запознаен со алатката за презентација

Пред вашиот јавен говор, проучете ги упатствата на алатката што ќе ја користите. Оваа серија на PowerPoint или на Google Slides може да биде корисна.

Професионален изглед

Говорникот треба да биде облечен за да се вклопи со публиката.

Се случува, бидејќи говорникот не се консултирал со организаторот

Ако не сте запознаени со групата пред која ќе ја прикажете презентацијата, прашајте го организаторот како членовите обично се облекуваат. Ако е погодно, направете групен состанок пред вашиот говор.

Говор на телото

Говорникот стои премногу здрвено, или подгрбавено.

Вкочането држење на телото може да покажува напнатост, или говорникот може да се подгрбави без да го знае тоа

Праксата може да помогне да се надмине напнатоста. Или, следете некои од советите што се наоѓаат овде. За да избегнете подгрбавување, додека зборувате гледајте се себеси во огледало или на видео и забележете го вашето држење.

Контакт со очите

Говорникот гледа надолу или далеку од публиката.

Типично предизвикано од срамежливост или напнатост

Изберете три точки на ѕидот зад публиката. Најизменично гледајте ја секоја точка додека зборувате.

Гестови

Гестовите се премногу чести или го одвлекуваат вниманието од говорот.

Може да биде лоша навика или говорникот може да тежнее да "разговара" со своите раце

Гледајте се во огледало, или пријател нека ве снима на видео, за да видите дали вашите гестови го збогатуваат говорот или го одвлекуваат вниманието од него.

Користете ја оваа табела како листа за проверка од самите вас или дајте му ја некому кој ви помага да ги вежбате вештините за јавно говорење.

2. Вежбајте со пријател или тренер

Идеално, ќе можете да го вежбате говорот пред некој друг кој може да ви даде повратни информации. Секако, професионалниот говорник ќе биде корисен, но не секој од нив има професионален говор.

Ако сте како повеќето обични говорници, ќе вежбате со некој пријател или член на семејството. Со малку насоки, можете да добиете вредни повратни информации од нив. Наведете ги на табелата погоре и побарајте од нив да ги побараат опишаните проблеми.  Поттикнете ги да бидат целосно искрени со вас - последно што ви треба е некој кој нема да ви укаже на проблеми, бидејќи не сакаат да ве вознемират или да ги повредат вашите чувства.

Еве неколку совети за вежбање со некој друг:

  • Замолете ги да ги запишат повратните информации. Во ред е ако тие вербално ви ги пренесат, но можеби нема да се сетите на нив ако сте нервозни.
  • Бидете свесни за времето на другиот. Не очекувајте од нив да ве слушаат со часови повремено, особено ако личноста доброволно ви помогнала.
  • Не земајте ги повратните информации лично, дури и ако тоа е она што не го очекувавте. Запомнете дека колку повеќе проблеми може да поправите рано, толку повеќе ќе ги подобрите вештините за јавно говорење.
  • Ако можете да имате повеќе од една личност која ќе го слуша вашето вежбање, различните перспективи може да бидат многу корисни.
  • Бидете реални во вашите очекувања, дури и ако работите со професионален тренер. Типично, процесот на подобрување на способноста за зборување се случува постепено со текот на времето. И колку повеќе говори држите, толку повеќе ќе се подобрувате.

3. Вежбајте сами

Што ако немате некој кој е подготвен да ви помогне да го вежбате вашиот говор? Ако никој не е на располагање да ви даде конструктивна критика, не грижете се. Се уште можете да вежбате јавно говорење и да ги подобрувате вештините за јавно говорење.

Еве три основни начини за сами да вежбате:

  1. Пред огледало. Вежбајќи пред огледало, веднаш ќе добиете добра идеја за тоа како изгледате додека држите говор. Можете да процените дали вашиот изглед е професионален и да забележите дали стоите правилно. Може и да го вежбате контактот со очите ако се преправате дека вашиот одраз е член на публика.
  2. Поставете видео камера. Гледањето видео запис од себеси е добра можност да ги подобрите вештините за јавно говорење. Можете само да ја поставите видео камерата за снимање, а потоа да го одржите вашиот говор токму како што би го одржале пред публиката. Плус, можете да го гледате видеото одново и одново за да бидете сигурни дека ги забележувате сите области кои имаат потреба од подобрување.
  3. Снимете го вашиот говор. Ако немате пристап до видео камера, можете да имате полза од тоа што ќе направите аудио снимање на вашиот говор. Аудио снимките се особено добри за откривање проблеми со артикулација, тон и темпо.

4.Вежбајте со група

Друг начин за вежбање на вештините за јавно говорење е да се придружите на група за јавно говорење или да земете час за говор.

Групите за јавно говорење беа создадени со цел да им се помогне на членовите да ги подобрат своите вештини за јавно говорење. Членовите обично се повеќе од среќни да дадат повратни информации еден на друг. И тие обично нудат многу можности за вежбање на способностите за зборување. Можете да најдете група за јавно говорење преку Toastmasters International или да побарате Public Speaking Meetup на веб-страницата на Meetup.

Ако земете час за говор, најверојатно ќе соработувате со еден наставник кој може да ви даде некои насоки за тоа како да станете подобри при јавно говорење. Вие, исто така, може да добиете конструктивни критики за вашите вештини за јавно говорење од други членови на групата.

5. Други совети за подобро јавно говорење

Ако користите алатка за софтвер презентација, како што се Google Slides, PowerPoint или Keynote, исто така е добра идеја да користите професионален образец, како оние што се достапни од Envato Elements или Graphic River.

Професионално дизајнираниот шаблон ќе ја направи вашата презентација да не биде само уште еден досаден слајдшоу. Плус, ќе заштедите време бидејќи дизајнерската работа е веќе направена за вас. Се што треба да направите е да го ставите текстот од вашиот говор и вашите сопствени слики во шаблоните на слајдовите. Еве, вашата слајд презентација е завршена!

За да добиете идеја за тоа каков тип на слајд дизајн е достапен, проверете ја оваа статија: 17+ Најдобри шаблони за дизајн на PowerPoint за 2017 година.

Проверете го вашето место

Без разлика колку добар јавен говорник сте, сепак е добра идеја да го проверите вашиот говор пред да го одржите. Големите вештини за говорење нема да ви помогнат ако пристигнете на назначената локација на денот на говорот само за да видите дека опремата нема да работи или не е достапна или дека нема доволно места за членовите на публиката. Ако местото е во близина, добра идеја е да се организирате и да го посетите лично. Ако не можете да го посетите лично, барем јавете се и прашајте за опремата и за големината на собата.

Започнете со правење на одлична презентација денес

Употребете ги советите што ги научивте во оваа статија и научете нови од нашата нова книга: The Complete Guide to Making Great Presentations (Целосно упатство за правење одлични презентации). Сега грабнете ја БРСПЛАТНО, заедно со претплата на Tuts + Business Newsletter.

 Free eBook PDF Download Make a Great Presentation

Неорганизираната содржина, нејасниот дизајн и слабата испорака можат да ги попречат дури и најдобрите идеи за презентација. Не дизајнирајте лоша презентација која не може да се испорача.

Наместо тоа, научете како да ја напишете вашата презентација, дизајнирајте ја како професионалец и подгответе ја за моќно презентирање. Оваа е-книга од 30 страници, со помош на PDF листа за проверка ќе ве води низ целиот процес на презентирање.

Заклучок

Ако сакате да ги подобрите способностите за јавно говорење, вежбањето на јавно говорење е дефинитивно начин којшто треба да се преферира. Има многу начини за вежбање на јавно говорење, ние само ги наведовме некои од најкорисните. Исто така, додадовме неколку корисни совети за подобро јавно излагање за да ви помогнеме да станете добар јавен говорник. Затоа, само напред и започнете да ги практикувате вештините за зборување. Со среќа!

Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.