Unlimited Powerpoint templates, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Business
  2. Microsoft PowerPoint

Како да почнете со SmartArt во PowerPoint

by
Difficulty:IntermediateLength:MediumLanguages:
This post is part of a series called How to Use PowerPoint (Ultimate Tutorial Guide).
How to Add Text to PowerPoint & Make Amazing Text Effects
How to Make Great Charts (& Graphs) in Microsoft PowerPoint

Macedonian (Македонски јазик) translation by Stefan Nikolov (you can also view the original English article)

Правење на презентација е вежба со ограничено време. Јас обично се брзам да ја избрусам презентацијата пред да ја пратам за преглед или изменувам содржина во последен момент.

Последното нешто за кое што имам време е да цртам мои илустрации во слајдшоу. Овде доаѓа PowerPoint SmartArt во целата дискусија.

Сигурно се прашувате: Што точно е SmartArt во PowerPoint?

SmartArt е графички алат што зачувува време, вграден во PowerPoint – што ви овозможува да изберете различни готови шаблони и стилови за да ви помогнат да ги визуелизирате вашите идеи. SmartArt доаѓа со готови табели, дијаграми , процесирачки мапи и повеќе.

Во сликата од екранот подолу, можете да видите едноставен пример од SmartArt, каде што додадов графичка илустрација за да покажам неколку чекори во процесот:

Example of SmartArt
Графичка визуелизација на SmartArt

Во овој туторијал, сакам да ве научам како да го користите SmartArt во PowerPoint. Со него, можеме да додадеме флексибилни и илустрации што изгледаат добро во нашиот слајд набрзина.

Како да го користите SmartArt во PowerPoint (видео за брз старт)

Ако сакате да научите повеќе за како да го користите SmartArt во Microsoft PowerPoint погледнете го краткото видео.  Ќе ви покажам примери како да го искористите за да ги подобрите вашите презентации.

Продолжете да читате напишан чекор по чекор туторијал за како да го користите SmartArt во PowerPoint и уште неколку идеи за како да ги искористите за брзо да ја визуелизирате информацијата во вашата презентација.

Како да го направите првиот SmartArt график во PowerPoint

За да го додате вашето прво дело од SmartArt, одете во Insert менито во PowerPoint лентата. Најдете ја SmartArt опцијата во менито и притиснете на него за да го пуштите истото. 

Insert SmartArt
Одете во Insert > SmartArt менито за да додадете SmartArt график во PowerPoint.

Следното мени што се појавува ви овозможува да одберете каков SmartArt сакате да додадете на вашата PowerPoint презентација. PowerPoint има многу SmartArt стилови за график со кои што можете да работите. 

Choose SmartArt Graphic
Одберете еден SmartArt стил за да го внесете во вашата PowerPoint презентација

Ќе забележите дека PowerPoint има многу категории за SmartArt. На левата страна можете да изберете од стиловите „List„, Process, Cycle. Одберете една од овие категории според содржината со која што работите (повеќе за тоа подоцна)

Сликите во центарот се различни типови на SmartArt. Притиснете на една за да ја прегледате на десната страна од прозорецот. Има помошни описи што објаснуваат што SmartArt може да презентира.

Once you've selected a SmartArt type, click on OK to insert it into your presentation. Кога ќе одберете тип на SmartArt, притиснете на OK, за да го внесете во вашата презентација

Како да додадете значајна содржина на вашиот SmartArt

Додадовте SmartArt на вашата презентација. Што сега? Време е да се додаде некоја содржина и да може да и значи нешто на вашата публика.

Кога SmartArt е додаден, мени за контекст ќе се отвори на лево од вашите податоци. Ако не го гледате ова мени, кликнете на малата стрелка за да го отворите (Менито се нарекува „Type your text here“ во сликата на екран подолу)

SmartArt Content
Напишете го вашиот текст во точките на содржината на SmartArt прозорецот.

Ова мени се користи за да го зголеми SmartArt. Можете да пишувате врз точките за да додадете текст во SmartArt. Додека го додавате текстот, SmartArt автоматски ќе го изменува со вашиот. 

Друг начин да го измените вашиот SmartArt е да кликнете два пати на индивидуален објект и да пишувате во него.

Подготвени сте да ги измените објектите во SmartArt? Да продолжиме.

Како да ги изменитe SmartArt елементите

Во примерот погоре, почетниот SmartArt објект има 3 точки што ја зголемуваат стрелката на SmartArt. Но, што ако сакавме 4 или 5 или повеќе објекти на неа?

За да додадеме нов објект на SmartArt , има еден или два начина. Првиот е да се најде Add Shape опцијата, која е на крајната лева страна на лентата, кога ќе селектирате Design. Кликнете на Add Shape или на паѓачкото мени и селектирате нов објект After или Before.

Add Shape Example
Додавање на Shape нa SmartArt.

Доколку работите во контекст менито (Type Your Text Here на десната страна) можете едноставно да претиснете Return на тастатурата за да додадете нова точка на листата, и нов објект ќе биде ставен во презентацијата.

Ако имате премногу објекти на вашиот слајд, притиснете на еден и претиснете delete на тастатурата. PowerPoint ќе ја отстрани од презентацијата.

Исто така можете рачно да ги позиционирате елементите во слајдшоуто. Притиснете и завлечете ги објектите во SmartArt. Во сликата од екранот подолу, можете да видите како ги поместував кутиите наоколу за да ги покажам чекорите како опаѓачки.

SmartArt Content
Изменување на PowerPoint Smart Art за да ги направам чекорите опаѓачки.

Како да променам распоред на SmartArt

Што ако почнете да работите на SmartArt и сфатите дека сте го одбрале погрешниот распоред? Можете лесно да го промените и да ја задржите вашата содржина.

Кога ќе селектирате објект на SmartArt најдете го Layouts делот на Design јазичето. Кликнете на нов распоред и PowerPoint ќе ја промени вашата содржина со новата селекција.

Change SmartArt Layout
Брзо сменете го SmartArt распоредот.

Во сликата од екран погоре работам со истиот SmartArt што го користев низ овој туторијал. Единствената работа што е променета е распоред што го применив на истиот.

Како да го стилизираш твојот SmartArt

Не го сакате почетниот стил за вашиот SmartArt објект? Нема проблем. Селектирајте го вашиот SmartArt и притиснете на Design јазичето на лентата.

Има SmartArt styles дел на менито од каде што можете да оберете различни SmartArt стилови. Притиснете на паѓачката стрелка за да ги видите сите слободни стилови за вашиот селектиран SmartArt.

SmartArt Styles
Опции за стилови на SmartArt

Кликнете на паѓачката стрелка и одберете нов стил за да го смените вашиот SmartArt. Во сликата од екран подолу селектирав потродименционален стил и го вметнав на мојот SmartArt.

Updated SmartArt
Тродимензионалниот стил на SmartArt вметнат.

Иако оригиналниот распоред на SmartArt е зачуван, можете да го смените графичкиот стил со еден клик.

На крај, можете да ги смените боите во SmartArt презентацијата. Кликнете на Change Colors во паѓачкото мени и одберете нова боја за вашиот SmartArt објект.

Change Colors SmartArt
Промена на SmartArt објекти.

Ако сакате да го промените стилот на индивидуални елементи, кликнете на Format јазичето. Можете да ги исполните со бои и да ги обележите индивидуалните објекти во вашата SmartArt табела.

8 важни видови на SmartArt (И кога е најдобро да се користат)

Како што можете да видите во прозорецот на SmartArt, PowerPoint има изобилство од опции за презентирање на податоци со SmartArt. Со толку многу опции, ќе се прашате кој е најдобриот тип на SmartArt.

SmartArt Types
Има многу категории на SmartArt. Како ќе знаете која е најдобрата да ја користите во вашата презентација:

Во зависност од видот на податоци што ги презентирате, некои видови на табели се подобри од другите. Но, имајте на памет дека нема правила како се користи SmartArt – само предлози.

Да ги погледнеме најважните видови на SmartArt и вистинските ситуации кога да се искористат:

1. List (Листа)

Ако имате едноставна листа на податоци во PowerPoint, SmartArt стилот List, е лесна надградба за да се направат податоците да изгледаат визуелно подобро.

List Smartart
Еве неколку видови на SmartArt List стилови

Тие се многу разновидни. Има голем број на SmartArt стилови во PowerPoint, од едноставни Basic Blocks до Vertical Lists што ги покажуваат работите во подреден, опаѓачки ред.  Ако не сте сигурни кој стил да го користите, почнете со стил на листата и тргнете од таму. 

2. Process (Процес)

Process тековите се едни од моите омилени начини да се користи SmartArt. Кога работам со тимови и документираме како треба процесот да работи, SmartArt е одлична визуелизација како да ги опфатиш.

Process SmartArt
SmartArt е совршен за процесирање мапи, вклучувајќи ги шаблонските стилови покажани погоре.

Process SmartArt стиловите помагаат да прикажеш како работите треба да се одвиваат, чекор по чекор. Ако создавате некој производ, искористете Process за да покажете како производот поминува низ секој чекор на производството.

3. Cycle (Циклус)

Cycles се слични на процесирачките мапи, со таа разлика што тие се прогресирачки. Искористете Cycle таблеа кога мапирате процес што продолжува.

Cycle SmartArt
Cycles се слични на Process SmartArt објектите, но процесот овде продолжува.

Cycles се процеси што продолжуваат, што се во тек. Ако водите компанија каде што процесите течат слично секој месец, со Cycles може да ги опфатите тие процеси.

4. Hierarchy (Хиерархија)

Hierarchies се направени за да покажат како работите опаѓаат во една организација или процес. Природна употреба на овој тип на табела е градење на организациона табела за компанија или група на индивидуалци.

Hierarchy SmartArt
Искористете го Hierarchy за да покажете како работите опаѓаат од нагоре кон надолу или како поголеми делови припаѓаат во една целина

Уште една употреба на овој стил е да покажете како индивидуални делови припаѓаат на поголема целина. Замислете  да го користите стилов за да покажете сурови материјали во еден завршен продукт.

5. Relationship (Врска)

Овој SmartArt стил е направен за да ја покаже врската помеѓу индивидуалните делови. Во примерите подолу можете да видите дека има многу различни видови на вакви табели: табели за баланс, инки, шестоаголници.

Relationship SmartArt
Искористете го Relationship SmartArt стилот за ја покажете врската помеѓу индивидуалните делови.

Во основа, овие табели ја покажуваат врската помеѓу деловите. 

6. Matrix (Матрица)

Matrix табелите се слични на оние за врска, со таа разлика што ова зема еден објект и го поделува на еднакви делови што сочинуваат една целина. 

Matrix Smartart
Искористете го Matrix SmartArt стилот за да демонстрирате и врска и како деловите се вклопуваат во целината.

7. Pyramid (Пирамида)

Pyramids се како хибриди помеѓу Process табелите со Hierarchy. Секоја пирамида е уникатна и покажува како деловите на истата се вклопуваат заедно.

Pyramid Smartart
Pyramids ги имаат карактеристиките на останатите SmartArt опции, но во уникатен дизајн во форма на триаголник.

8. Picture (Слика)

Оваа категорија во PowerPoint SmartArt е всушност резерва; ги содржи стиловите на бројни категории, но со неа лесно се додаваат слики од вашиот компјутер.

Picture SmartArt
Picture SmartArt е флексибилен тип што вклучува неколку опции за презентации на слики.

Искористете го SmartArt во PowerPoint

SmartArt е една од оние кратенки за одлични презентации во Microsoft PowerPoint. Престанете да цртате ваши илустрации и побарајте можности да го искористете SmartArt за да создадете брзи визуелизации. Ви зачувува време и резултира со одлични графички резултати.

Повеќе PowerPoint ресурси за презентација

Презентирањето не е наследна вештина, тоа е вештина што може да ја усовршите како секоја друга. Еве некои туторијали како да го сторите тоа

  • Туторијалот на Бред Смит 37 Effective PowerPoint Presentation Tips ќе ве поттикне за вашата презентација и нуди добри совети за да ја направите истата совршена.
  • Animations are another great skill for sequencing your presentations, and can even be used in combination with SmartArt. Анимациите се друга одлична вештина за подредување на вашите презентации, и можат да бидат искористени во комбинација со SmartArt.
  •  Скокнете до нашите брзи 1 минутни PowerPoint туторијали за брзо да ги научите алатките за презентација.

Видете го нашиот Ultimate PowerPoint Templates Guide. Или одете на best selling PPT templates на GraphicRiver. Ако ви треба повеќе визуелни стилови во PowerPoint проверете го:

Го користевте ли SmartArt? Слободно споделете некои корисни совети или прашања во коментарите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.