Unlimited Powerpoint templates, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Business
  2. Microsoft Excel
Business

Како да ги поврзете податоците во вашите работни книги во Excel

by
Difficulty:IntermediateLength:MediumLanguages:

Macedonian (Македонски јазик) translation by Stefan Nikolov (you can also view the original English article)

Додека користете и градете работни книги во Excel, ќе треба да ги поврзете. Можеби ќе сакате да пишувате формули што користат податоци помеѓу различни листови во работната книга. Дури можете и да напишете формули што користат податоци од неколку различни работни книги.

Ако сакам датотеките да ми бидат средени, открив  дека најдобро е да ги разделам големите листови  со податоци од формулите што ги сумираат. Често користам една работна книга или лист за да ги сумирам нештата.

Во овaа вежба  ќе научите како да поврзете  податоци во Excel. Прво, ќе научиме како да поврзуваме податоци во иста работна книга, но на различни листови.  Потоа, ќе продолжиме со поврзување на неколку Excel работни книги за да внесувате и синхронизирате податоци помеѓу датотеки.

Како брзо да поврзувате податоци во  работните  книги  од Excel (Гледајте и  учете)

Ќе ве водам низ два примера за поврзување на вашите  страници.  Ќе видите како да преземете податоци од друга работна книга во Excel и да поврзете две работни книги.   Исто така ќе ви покажам основен пример за да пишувате формули помеѓу листови и во иста работна книга.

Да го погледнеме овој илустриран водич за поврзување на податоци помеѓу листови и работни книги во Excel.

Основи:  Како да поврзете листови  во Excel

Да почнеме со тоа како да напишете форумули користејќи податоци од друг лист. Веројатно веќе знаете дека работните книги можат да содржат повеќе работни листови.  Секој од нив е јазиче само од себе и можете да шетате помеѓу нив со кликање на дното на Excel.

Сложените работни книги можат лесно да се зголемуваат со повеќе листови. Со време, сигурно ќе треба да напишете формули за да работите со податоци во различни јазичиња.

Можеби користите еден лист  во вашата работна книга за сите формули ваши формули  да ги сумираат податоците, а  различни страници за да ги чувате  оригиналните податоци.

Excel sheets
Мојата страница  има 3 јазичиња. Ќе напишам формула за да работам со податоци од секоја страна.

Да научиме како да напишеме формула за повеќе листови за да работиме со податоците од повеќе листови во една работна книга.

1.       Започнете нова формула во Еxcel.

Повеќето формули во Excel започнуваат со знакот еднакво (=). Кликнете два пати или почнете да пишувате во ќелијата и напишете ја формулата што сакате да ја поврзете.

Ќе почнам со знакот = и ќе кликнам на првата ќелија од мојот тековен лист за да го направам првиот дел од формулата. Потоа, ќе го додадам знакот + за да ја додадам втората ќелија на оваа формула.

Excel Formula part 1
Почнете со пишување на формула во ќелијата и кликнете на првата ќелија, но немојте сѐ уште да ја затварате формулата.

Сега, немојте да ја затварате формулата и да притискате Enter сѐ уште. Ќе сакате да ја оставите формулата отворена пред да преминете на друга страна.

Преминете на друга страна во Excel

Додека ви е отворена формулата, кликнете на друго јазиче на дното на Excel. Важно е да не ја затварате формулата пред да кликнете на следната ќелија за да ја вклучите како дел од формулата.

Jump to different sheet in Excel
Преминете на друг лист во Excel.

Откако ќе ги смените страните, кликнете на наредната ќелија што сакате да ја вклучите во формулата. Како што можете да видите на сликата од екран подолу, Excel  автоматски го пишува делот од формулата што се однесува на ќелија на друга страна.

Забележете на сликата подолу дека за да се однесува на ќелија од друга страна, Excel додава Sheet2!B3 што едноставно се однесува на ќелијата В3 на лист со име Sheet2. Можете да пишувате рачно, но со кликање на ќелиите Excel го прави ова за вас.

Multiple sheet formula
Excel автоматски го пишува делот од формулата за да се однесува на ќелијата на другата страна.

Завршете ја формулата во Excel

Сега, можете да притиснете Enter за да ја затворите и завршите вашата формула за повеќе страни. Кога ќе го направите  тоа, Excel ќе се врати на почеток и ќе ви покаже резултатите.

Можете да продолжите со пишување на формулата, вклучувајќи повеќе ќелии од повеќе страни и други ќелии во истата страна. Комбинирајте ги овие референци низ рабоната книга за сите податоци што ви требаат.

Повисоко ниво: Како да поврзете повеќе работни книги во Excel

Да научиме како да преземеме податоци од друга работна книга. Со оваа вештина. Можете да пишувате формули што ќе преземаат податоци од различни работни книги. 

За овој дел од вежбата можете да користите две работни книги што можете да ги преземете бесплатно како дел од оваа вежба. Отворете ги двете во Excel и следете ги инструкциите подолу.

 Отворете ги двете работни книги

Да почнеме со пишување на формула што вклучува податоци од две работни книги. 

Најлесниот начин за користење на оваа опција е да се отворат две работни книги во Excel истовремено и да ги ставите една до друга.  Ја користам опцијата Windows Snap за да ги разделам половично на екранот. Треба двете работни книги да бидат прегледни за да пишувате формули на нив.

ВО сликата подолу, отворив две работни книги во кои што ќе пишувам формули.  За мојот пример, водам бизнис што купува различни видови на производи и ги продава во различни држави. Ќе користам различни работни книги за да ги следам податоците за моите купувања/продажба и цените.

Two workbooks
За овој пример користам посебни работни книги за да ги следам податоите за моите купувања/продажба и цени.

Почнете со пишување на вашата формула во Excel

Цените на производите што ги купувам се менуваат, а со тоа и како ги примам плаќањата. Треба да имам листа на стапки и да ги помножам со моите купувања. Ова е совршено време да ги поврзам двете работни книги и да напишам формули меѓу нив.

Да го земеме бројот на буриња со масло и да го помножам со цената на единечно буре.  Во првата ќелија Cost (ќелија С3) ќе напишам формула со пишување на знакот еднакво (=) и потоа ќе кликнам на ќелијата В3 за да ја преземам количината. Сега, ќе додадам * за да ја помножам количината со стапката.

Вака ви изгледа формулата сега:

=B3*

Multiply quantity

Не ја затварајте формулата. Оставете ја отворена пред да преминете на наредниот чекор, се уште треба да го упатиме Еxcel да ја помножи цената со количината.

Преминете во работните книги во Excel

Време е да се премине во работните книги, и еве зошто е важно да бидат прегледни  вашите сетови со податоци додека работите.

Додека вашата формула е отворена, кликнете на другата работна книга. Потоа кликнете на ќелија во втората работна книга за да ги поврзите двете датотеки.

Excel multiplying between workbooks

Excel автоматски ја напиша референцата на другата работна книга како дел од формулата.

=B3*[Prices.xlsx]Sheet1!$B$2

Штом притиснете Enter, Excel ќе ја пресмета конечната цена со помножување на количината во првата работна книга и цената во втората работна книга.

Сега, продолжете да работите на вашите вештини за Excel, со помножување на секое од количните или вредностите со соодветните количини во работната книга Prices.

На кратко, клучно е да се отворат работните книги една до друга, и едноставно да се преминува меѓу нив за да се пишуваат формули што се однесуваат и на други датотеки.

Ништо не ве запира од поврзување на повеќе од две работни книги. Можете да отворите многу такви, да ги поврзете и да пишувате формули, поврзувајќи ги податоците помеѓу повеќе страни за да ги обновувате ќелиите.

Како да освежите податоците помеѓу работните книги

Кога имате напишано формули што се однесуваат на други работни книги во Excel, ќе треба да помислите како ќе ги обновувате податоците.

Што се случува кога податоците ќе се променат во работната книга со која што се поврзувате? Дали вашата работна книга автоматски ќе се измени или ќе треба да ги освежите вашите податоци за да ги преземете последните податоци и да ги внесете?

Одговорот е дека зависи од тоа дали и двете работни книги се отворени во исто време.

Пример 1: Двете работни книги во Excel се отворени.

Да погледнеме пример користејќи работна книга од претходниот чекор. Двете работни книги се се уште отворени. Да видиме што ќе се случи кога ќе ја промениме цената на маслото од 45 долари по буре на 75 долари:

Change in price

Во сликата погоре, можете да видите дека кога ја променивме цената на маслото, се промени и во другата работна книга. 

Ова е важно да се знае: ако двете работни книги се отворени во исто време, ќе се променуваат истовремено и веднаш. Кога ќе измените една променлива, другата работна книга ќе се измени според новата вредност.

Пример 2: Со една работна книга затворена

Што ако отворите само една работна книга?  Пример, секое утро ги обновуваме цените на нашите стоки и валути, а навечер прегледуваме влијанието на промената на нашите купувања и продажби.

Наредниот пат кога ќе ја отварате работната книга што се однесува на други листови, можеби ќе добиете порака слична на оваа подолу. Може да кликнете на Update за да ги преземете последните податоци од вашата работна книга.  

Update data
Кликнете на Update на скок-прозорецот што се прикажува кога ќе ја отворите работната книга за да ги преземете најновите вредности од посебната датотека.

Исто така може да видите менито каде можете да кликнете на Enable Content за автоматско обновување на податоците меѓу датотеките од Excel.

Краток преглед и продолжете да учите за Ехсеl

Пишувањето на  формули помеѓу страни и работни книги е потребна вештина кога работите со Microsoft Excel. Користењето на повеќе листови во формулите не е проблем со мало знаење.

Видете ги овие вежби за да научите повеќе вештини за Excel и како да работите со податоците. Овие вежби се одличен начин да продолжите да учите за Excel.

Пишете ми во коментари ако имате прашања за тоа како да поврзете работни книги во Excel.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.