Unlimited WordPress themes, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Business
  2. Careers
Business

Како да се подготвите за интервју по телефон

by
Difficulty:BeginnerLength:MediumLanguages:

Macedonian (Македонски јазик) translation by Marija Poposka (you can also view the original English article)

Доколку неодамна сте барале работа, сигурно веќе знаете дека интервјуата по телефон стануваат сè почести. Она што можеби не го знаете е како да се подготвите за него.

Во повеќето интервјуа по телефон вие не можете да го видите водителот на интервјуто и тие не можат да ве видат вас. (Иако FaceTime и Skype интервјуата се сè попопуларни.) Но иако без визуелна конекција со вашиот водител на интервјуто, вие сепак мoже да изгледате како професионалец.

Phone Interview
Подгответе се внимателно за интервју по телефон. (Извор на слика)

Подготвувањето за интервју по телефон е многу слично со подготвувањето за интервју очи-во-очи, но постојат некои важни разлики. Во овој водич, ние ќе ве научиме како да се подготвите за интервју по телефон. Исто така ќе го земеме предвид бонтонот за интервју по телефон и ќе обезбедиме некои други совети кои што може да ги користите пред, за време на, и по вашето интервју.

Зошто компаниите прават интервју по телефон?

Можеби се прашувате зошто компаниите прават телефонско интервју. Постојат неколку причини зошто во бизнисот се прави интервју по телефон наместо интервју лице в лице. Еве три можни причини:

  1. 1. Како прелиминарно интервју. Многу бизниси прават интервју по телефон за да ги селектираат кандидатите. Ако целта на интервјуто е да се намали бројот на кандидати земени предвид, ќе ви постават неколку основни прашања.  Врз основа на вашите одговори компанијата ќе ве елиминира од листата на потенцијални кандидати или ќе преминете на следната рунда на интервјуирање.
  2. Поради растојание. Работата од дома станува сè почеста. Дури и за внатрешни позиции, компанијата можеби ќе сака да ги разгледа кандидатите надвор од нивната географска област кои би се преселиле доколку се вработат.  Телефонските интервјуа се идеално средство за интервјуирање на овие нелокални кандидати.  Плус, телефонските интервјуа го зголемуваат бројот на кандидати кои што можат да се земат предвид.
  3. Како проверка за вашите телефонски вештини. Многу позиции бараат разговор преку телефон со купувачите.  Доколу позицијата за која сте предвидени е една од овие, регрутерот можеби ќе сака да спроведе телефонско интервју за да биде сигурен дека вашите телефонски вештини се соодветни за работното место. Кандидатите кои немаат добро однесување на телефон или изгледаат непрофесионално брзо можат да бидат елиминирани.

Без оглед на тоа која е причината за телефонското интервју, важно е да го сфатите сериозно. Телефонското интервју може да одреди дали ќе ве вработат. 

Сега ајде внимателно да погледнеме што може да направите за да ги зголемите вашите шанси за вработување.

Пред: Како да се подготвите за интервју преку телефон

За интервју по телефон треба да се подготвите исто толку внимателно  како кога би се подготвувале за интервју лице в лице. За поуспешно телефонско интервју, еве неколку совети кои може да ги следите:

1. Имајте кратка професионална биографија

Ако барате работа, кратката професионална биографија ќе ви помогне да оставите добар впечаток така што би ве повикале на телефонско интервју и други интервјуа.  Изработувањето на впечатлива кратка биографија не е многу тешко доколку ги користите вистинските алатки. Научете како да го персонализирате шаблонот за кратка биографија во овој водич:

На Envato Elements и GraphicRiver ќе најдете широк спектар на приспособливи шаблони за кратки биографии. Погледнете ја оваа статија за да добиете идеја за она што е достапно:

2. Истражувајте за компанијата

Ако не сакате да ризикувате, никогаш не треба да одите на интервју без да знаете нешто за компанијата која што ве интервјуира. Телефонските интервјуа не се исклучок.

Научете сè што можете за компанијата пред интервјуто. Еве неколку истражувачки чекори:

  • Посетете ја веб-локацијата на компанијата. Прочитајте ги неодамнешните објави кои може да ги имаат. Ако на веб-локацијата има страница со производи, посетете ја. Страницата ,,За Нас“ може да биде особено корисна кога станува збор за учење на една компанија. 
  • Проверете LinkedIn. Директорите на повеќето бизниси со средна и голема големина може да се најдат на LinkedIn. Погледнете ги профилите на луѓето кои го водат бизнисот за да дознаете повеќе за корпоративната култура.
  • Разговарајте со вашите контакти. Додека сте на LinkedIn проверете дали некој од вашите контакти моментално работи во компанијата, или работел во минатото. Сегашен или поранешен вработен може да ви даде внатрешна перспектива.
  • Погледнете ги социјалните медиуми. Повеќето поголеми компании се присутни на социјалните медиуми. Пребарувањето низ профилите на социјалните медиуми на компанијата ќе ви помогне да научите многу повеќе за компанијата и како таа комуницира со јавноста.
  • Пребарувајте вести. Ако компанијата неодамна била на вести, вие како потенцијален вработен треба да знаете зошто. Користете ги пребарувачите со филтрите ,,Вести“ и ,,Неодамнешни“ за да пронајдете објавени статии за нив.

Колку повеќе ќе научите за компанијата, нејзината индустрија и култура- толку повеќе ќе бидете подготвени.

3. Вежбајте одговарање на можни прашања

Бидејќи не можете со сигурност да ги знаете сите прашања кои ќе ви бидат поставени, постојат неколку прашања кои често се поставуваат. Викнете пријател да ви ги поставува овие прашања и вежбајте да одговарате на нив за да се подготвите за телефонското интервју.

За листа на најчесто поставувани прашања (и одговори) разгледајте ги овие упатства:

4. Бидете сигурни дека сте на располагање

Ако работодавецот постави време и датум за вашето интервју, осигурајте се дека ќе бидите достапни. Ако користите мобилен телефон осигурајте се дека батеријата ви е полна и тонот на ѕвонење е вклучен за да не го пропуштите повикот.  Ако имате друга работа можеби ќе треба да закажете интервју по телефон за време на вашиот слободен ден или за време на пауза.

Ќе ви биде потребно тивко, удобно место за да одговорите на повикот. Идеално би било доколку го водите интервјуто по телефон од дома.  Но познавам луѓе кои успешно завршиле телефонско интервју од нивниот паркиран автомобил за време на работната пауза. (Никогаш не се обидувајте да водите интервју по телефон додека возите.)

5. Кажете им на другите дека очекувате интервју

Ако интервјуто го правите од дома, осигурајте се дека членовите на семејството и цимерите знаат дека очекувате повик за интервју. Замолете ги да не пуштаат гласна музика и да не прават галама додека вие разговарате на телефон. 

Исто така, сами треба да одговорите на повикот. Не барајте вашиот пријател да го направи тоа за вас.

6. Осигурајте се дека секретарката на телефонот е професионална

Додека барате работа, секретарката на телефонот треба да биде професионална. Таа треба јасно да наведи кој сте и бројот што го повикува повикувачот. Избришете ги сите хумористични и навредливи референци. 

За време на: Совети за интервју по телефон

Сега, кога веќе направивте некои подготовки, време е за телефонското интервју. Еве неколку совети кои може да ги примените за време на телефонското интервју:

1. Одговорете на повикот професионално

Како ќе одговорите на повикот е навистина важно, бидејќи тоа може да биде првиот впечаток кој водителот на интервјуто го добива од вас. Имајте навика секогаш професионално да одговарате на повиците доколку сте во потрага по работа. 

Додека некои телефонски интервјуа се закажани, понекогаш работодавците може да се јават неочекувано. Работодавецот, исто така, може да се јави неочекувано за да закаже интервју, или за да го потврди или промени времето за интервју. 

2. Бидете учтиви

Телефонскиот бонтон е особено важен за време на телефонското интервју. Еве листа на некои вообичаени практики на телефонски повици:

  • Одговорете на повикот веднаш. Обидете се да одговорите за време на првите три ѕвонења така што повикувачот нема да стане нетрпелив. Кога вашето интервју е закажано, чувајте го мобилниот покрај вас за да не трошите време барајќи го.
  • Претставете се кога ќе одговорите на повикот. Водителот на интервјуто треба да знае дека разговара со вистинската личност. Доколку повикувачот не се претстави, прашајте со кого разговарате ако веќе не го знаете неговото име.
  • Бидете пријателски настроени кога одговарате на повикот. Нормално е да се биде нервозен за време на интервју и тоа понекогаш се познава во вашиот глас. Еден трик што природно ќе го олесни вашиот тон е да се смеете додека одговарате.
  • Забележете го точното име на оној што ве интервјуира. Слушајте како ќе се претстават себеси. Обрнете внимание како се изговара нивното име. Употребете го нивното име неколку пати во текот на разговорот.
  • Бидете смирени. Не паничете доколку не знаете да одговорите на прашање. Кажете нешто како, ,,Не се чувствувам спремна да го одговорам тоа, може да Ви одговорам подоцна“?  Кога ќе го добиете одговорот, продолжете.
  • Обидете се да не го ставите водителот на интервјуто на чекање. Избегнувајте да го прекинете повикот од вашето телефонско интервју. Ако апсолутно мора да го ставите повикувачот на чекање, извинете се и побарајте дозвола за тоа. Вратете се на повикот што побрзо. 

Добрите манири секогаш оставаат добар впечаток и можат да ви помогнат да се издвоите од другите кандидати за работа.

3. Слушајте внимателно

Кога водителот на интервјуто зборува, слушајте што ќе каже внимателно. Исто така, не ги прекинувајте иако мислите дека знаете што ќе каже.

Во ред е да направите пауза за да смислите прашање, но не чекајте долго. Доколку не можете да најдете одговор, признајте. Кажете нешто како: ,,Никогаш не сум помислил/а за тоа претходно, но тоа е добро прашање.“

4. Зборувајте јасно

Кажувајте целосни реченици и јасно изјаснете се. Не мрморете. Исто така, не употребувајте сленг. Водителот на вашето интервју може да е од друг дел од светот и да не е запознаен со локалниот сленг.

Запомнете дека водителот на интервјуто не може да ве види. За разлика од интервјуто лице в лице, тие нема да знаат дали вие сте климнале со главата во знак на согласност. Тие не можат да ги читаат знаците на вашето тело.

5. Чувајте ја кратката биографија во близина

Водителот на вашето интервју може да има некои прашања во врска со вашата кратка биографија. Чувајте ја онаму каде што може да ја видите за време на интервјуто. Чувајте при рака листа со други информации на кои што можеби ќе треба да се осврнете. Но не чувајте премногу листови за да морате да пребарувате низ нив за да  го најдете она што ви треба.

6. Поставете ги вашите прашања

Процесот се одвива на два начина. Исто така, тоа е шанса да откриете дали работата е добра за вас. Затоа, не се плашете да ги поставите вашите прашања. Користете го ова упатство како инспирација за се досетите на прашања за водителот на интервјуто.

Потоа: Што да правите кога интервјуто по телефон ќе заврши?

Кога ќе заврши интервјуто по телефон вие не сте завршени. Сè уште има неколку задачи кои може да ги извршите за да ви помогнат при вработување. Еве две работи што треба да ги направите:

1. Испратете кратка порака во која ќе изразите благодарност

Испраќањето на порака во која што ќе се заблагодарите е едноставна љубезност која ќе ве издвои од другите кандидати. Иако тоа е многу лесно да се направи, многу луѓе кои бараат работа не се мачат да испратат благодарност по интервјуто.

Можете да испратите порака во која што ќе изразите благодарност преку е-пошта, или ако ја имате адресата на оној што ве интервјуирал, испратете формално писмо. Овој водич дава неколку насоки за тоа како да пишувате и испраќате е-пошта во која ќе изразите благодарност. 

2. Не заборавајте да се распрашате

Исто така, добра идеја е да се распрашате по интервјуто за да видите дали е донесена одлука. Колку долго мора да чекате пред да се распрашате?

Бидете внимателни за време на интервјуто. Често, водителот на интервјуто ќе ви даде рок за нивната одлука за вработување. На пример, тие можат да кажат: ,,ќе одлучиме до крајот на оваа недела.“

Доколку ви дале рок за нивната одлука за вработување, дадете им неколку денови плус по истекувањето на рокот пред да ги контактирате. Овие одлуки ретко одат по распоред и често доаѓаат со одложување на одлуката. Ако немаат одредено рок до кога планираат да го пополнат работното место, многу експерти препорачуваат да чекате околу две седмици од датумот на вашето интервју пред да започнете со распрашување.

Заклучок

Подготовката за интервју по телефон е лесна доколку знаете што да правите. Ако сте подготвени за интервјуто по телефон и користите добар бонтон за време на интервјуто, поголема е веројатноста да ве вработат.

Дури откако ќе заврши телефонското интервју, постојат сè уште неколку чекори кои може да ги направите за вашето интервју да биде уште поуспешно. Среќно во потрагата по работа!

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.