Students Save 30%! Learn & create with unlimited courses & creative assets Students Save 30%! Save Now
Advertisement
  1. Business
  2. Microsoft Excel
Business

Како да заштитите ќелии, листови и работни книги во Excel

by
Difficulty:IntermediateLength:MediumLanguages:

Macedonian (Македонски јазик) translation by Hristina Naumovska (you can also view the original English article)

Кога ќе треба да ја праќате вашт страница  од Excel важно е да ги заштитите податоците што ги споделувате. Можеби сакате да ги споделите податоците но не значи дека некој друг треба да ги промени.

Страниците  често содржат суштински податоци кои не треба да бидат изменети или отстранети од примачот. За среќа, Excel има вградени опции да ги заштити вашите страници.

Во оваа вежба ќе ви помогнам да се осигурате дека вашите работни книги во Excel го задржувааат интегритетот на податоците. Еве три клучни техники кои ќе ги научите: 

  • Заштитете ги со лозинка целите работни книги да спречите неовластените  корисници да ги отвараат.  
  • Заштитете ги индивидуалните листови и структурата на работната книга за да спречите вметнување и бришење на листови во работната книга.
  • Заштитете ги ќелиите, за да дозволите или забраните промени на клучни ќелии или формули во вашите страници.

Дури и најдобронамерните корисници случајно можат да изгубат важна или сложена формула. Најдоброто што можете да го направите е да ја отстраните опцијата за промена на листовите целосно.

Како да заштитите ќелии, листови и работни книги во Excel (гледајте и учете)

Во видеото подолу ќе ме видите како работам низ неколку важни видови на заштита во Excel. Ќе заштитиме цела работна книга, само едена страница и повеќе. 

Сакате водич чекор по чекор ? Погледнете ги моитев чекори подолу за да дознаете како да ги користите овие техники. Ќе научите како да ја заштитите вашата работна книга во Excel,  како да заштитите индивидуални работни листови, ќелии и како да работите со напредни подесувања.

Почнуваме со поширока заштита на  работна книга,а  потоа преминуваме  на поконкретни заштити кои можете да ги примените во Excel. Да научиме како да ги заштитиме податоците во вашата страница:

1. Заштитете со лозинка датотека од  работна книга во Excel

Да почнеме со заштита со лозинка на цела датотека  (или работна книга) од Excel за да ги спречиме другите да ги отвараат.

Ова се прави лесно. Додека работите во  Excel одете до јазичето File и изберете го јазичето Info. Кликнете на паѓачката опција Protect Workbook  и изберете  Encrypt with Password.

Како и во случајот со секоја лозинка, изберете силна и сигурна комбинација од букви, броеви и карактери имајќи прадвид дека лозинките разликуваат големи и мали букви. 

Encrypt with Password
Одете до јазичето File > Info и изберете Protect Workbook > Encrypt with password.

Важно е да забележите дека Microsoft  навистина ја зголемил сериозноста за заштитата со лозинка во  Excel. Во претходните верзии имаше лесни трикови за пробивање за заштитата на работните книги во  Excel, но не и во поновите.

Encrypt document
Поставете сложена лозинка заради безбедност, но чувајте ја безбедно.

Од Excel 2013 па натаму додавањето на лозиките ќе  ги спречи ови традиционали начини за нивно пробивање. Задолжително зачувајте ги  лозинките внимателно и безбедно или ќе изгубите пристап до вашите важни работни книги.

Опција Mark as Final за работна книга во Excel

Ако сакате да не бидете напорни со вашите страници, размислете да ја користите опцијата Mark as Final. Кога обележувате датотека од Excel како конечна верзија  тоа ја става датотеката во режим само за читање и корисникот ќе треба повторно  да овозможи уредувањето.

За да смените датотека во режим само за читање, вратете се на полето  File> Info и повторно кликнете на Protect Workbook. Кликнете  Mark as Final   и потврдете дека сакате да го означите документот како конечна верзија.

Mark as final protect Excel workbook
Обележете датотека како конечна верзија за да оставите мало предупредување за корисниците на датотеката.

Обележувајќи ја верзијата на датотеката како конечна ќе додаде мало предупредување на врвот од датотеката. Секој што ќе ја отвори датотеката откако е обележана како конечна ќе види забелешка што ги предупредува дека датотеката е конечна.

Excel Workbook Marked as Final
Кога датотеката е обележана како конечна  верзија , работната книга ќе го покаже ова 

Обележувањето на датотека како конечна верзија е неформален начин за сигнализирање дека датотеката не треба да се изменува понатаму. Примачот сѐ уште може да кликне  Edit Anyway и да го измени листот. Обележувањето на датотеката како финално издание е повеќе како предлог, но тоа е одличен пристап ако им верувате на другите корисници.

2. Заштитете ја со лозинка вашата структура на лист во Excel

Следно, да научиме како да ја заштитиме структурата на работна книга во Excel. Оваа опција осигурува дека листовите нема да бидат избришани, додадени или изменети во работната книга.

Ако сакате секој да има пристап до работната книга но да ги ограничите измените што може да ги направи, ова е одличен почеток. Оваа опција ја заштитува структурата на работната книга и ги ограничува промените што корисникот може да ги направи во листовите.

За да ја активирате оваа заштита одете во јазичето Review на лентата во Excel и кликнете Protect Workbook.

Protect workbook in Excel
Најдете го јазичето Review, кликнете Protect Workbook и поставете лозинка за да ја заштитите структурата на работната книга во Excel.

Откако ќе ја активирате оваа опција, следново ќе стапи во сила:

  • Не можат да се додаваат нови листови во работната книга. 
  • Не можат да се избришаат листови  од работната книга .
  • Листовите повеќе не можат да бидат скриени од погледот на корисникот.
  • Корисникот повеќе не може да ги повлекува па спушта  јазичињата за листовите за да ги преуредува во работната книга.

Секако, на доверливите корисници може да им се даде лозинката за да ја отворат работната книга и да ја изменат. За да ја отворите работната книга, едноставно кликнете повторно на полето Protect Workbook и внесте ја лозинката.

Unprotect workbook in Excel
Повторно кликнете Protect Workbook и внесете ја лозинката за да ги овозможите промените.

3.Како да ги заштитите ќелиите во Excel

Сега, да преминеме на навистина  детални методи за заштита на страница.  Досега заштитувавме  со лозинка цела работна книга или структура на датотека од Excel. Во овој дел, истражуваме  како да ги заштитиме ќелиите во  Excel со специфични подесувања што можете да ги примените. Истражуваме како да дозволите или блокирате одредени видови на промени што можат да бидат направени на делови од страницата.

За да започнете, најдете го јазичето Review и кликнете  Protect Sheet. Во скок-прозорецот ќе видите голем сет од опции. Овој прозорец ви дозволува прецизно да го подесите начинот на кој сакате да ги заштитите ќелиите во вашата  страница во Excel. За сега, да ги оставиме стандардните подесувања.

Protect sheet in Excel
За да заштитите страна, селектирајте го јазичето во работната книга во  Excel , кликнете на јазичето Review  и од менито изберете ја опцијата Protect Sheet.

Оваа опција овозможува многу специфична заштита на вашата страница. Стандардно, опциите речиси целосно ќе го заклучат листот. Да додадеме лозинка така што листот ќе биде заштитен. Ако притиснете OK во оваа точка  да видиме што ќе се случи кога ќе се обидете да промените ќелија.

Error message in Excel
Откако сме го заштитиле листот, обидот за промена на ќелија ќе ја дава оваа порака за грешка.

Excel ја отфрла грешката дека ќелијата е заштитена, што е токму она што го сакаме.

Во суштина, оваа опција е од клучно значење ако сакате да се осигурате дека вашата страница не е променета од другите кои имаат пристап до датотеката. Користењето на опцијата Protect sheet е начин на кој можете селективно да ја  заштитите страницата.

За да ја отстраните заштитата на листот, едноставно кликнете на полето Protect Sheet и повторно внесете ја лознката.

Специфични заштити во Excel

Повторно да погледнеме во опциите што се прикажуваат пред да поставите заштита на лист во работните книги во  Excel.

Password protect in Excel
Заштита со лозинка на ќелии во работен лист во опциите на Excel 

Менито Protect Sheet  дозволува да ги измените опциите за заштита на лист. Секое од полињата на ова мени му дозволува на корисникот да изменува малку повеќе во заштитениот работен лист.

За да ја отстраните заштитата, штиклирајте го соодветното поле на листата. На пример, можете да му обезбедите на корисникот на страницата да ги форматира ќелиите преку штиклирање на соодветното поле.

Еве два начини како можете селективно да му дозволите на корисникот да го измени листот.

  • Штиклирајте ги полињата  Format cellscolumns, и rows за да му дозволите на корисникот да го измени визуелниот изглед на ќелиите без изменување на оригиналните податоци.
  • Полињата Insert columns и rows можат да се штиклираат така што корисникот може да додава повеќе податоци истовремено заштитувајќи ги оригиналните ќелии

Важното поле што треба да остане штиклирано е  Protect worksheet and contents of locked cells . Тоа ги заштитува податоците внатре во ќелиите

Кога работите со важни финансиски податоци или формули што може да се искористат при донесување одлуку, мора да задржите контрола на податоците и да бидете сигурни дека не се изменети. Користењето на овие видови целни заштити е важна вештина за  Excel за да се усоврши.

Краток преглед и продолжете да учите за Excel

Заклучувањето на страница  пред да биде пратена е важно за заштита на вашите вредни податоци и осигурување дека не се погрешно искористени. Советите кои ги споделив во оваа вежба ќе ви помагаат да ја задржите контролата на тие податоци дури и откако вашата страница во  Excel е препратена и споделена .

Сите овие совети се дополнителни алатки и чекори за да станете напреден корисник на  Excel. Заштитувањето на вашите работни книги е специфична вештина, но има многу начини да го докажете вашиот перформанс. Како и секогаш, има простор да ги зголемите вашите вештини за Excel понатаму. Еве некои корисни вежби за Excel со важни вештини за усовршување:

Како ги заштитувате ваште важни деловни податоци кога ги споделувате? Пишувајте ми во коментари ако ги користите овие алатки за заштита или некои други за кои можеби не знам.

Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.