Unlimited Powerpoint templates, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Business
  2. How-To
Business

Како да поставите лого на секој слајд во PowerPoint за 60 секунди

by
Difficulty:BeginnerLength:ShortLanguages:
This post is part of a series called How to Use PowerPoint in 60 Seconds (Quick Video Tutorials).
How to Combine PowerPoint Presentation Files in 60 Seconds
How to Compress a PPT File In 60 Seconds

Macedonian (Македонски јазик) translation by Andrijana Mitevska (you can also view the original English article)

Логото на вашата компанија е одличен начин за брендирање на вашите PowerPoint слајдови. Кога сакате да го вметнете во презентацијата, постои далеку подобар начин како да го направите тоа, отколку рачно да го поставувате на секој слајд.

Исто така, имаме корисно дополнување на ова упатство. Преземете ја нашата бесплатна е-книга: Целосно упатство за правење големи презентации. Грабнете ја пред да продолжите со читање..

 Free eBook PDF Download Make a Great Presentation

Како брзо да поставите лого на секој слајд на PowerPoint 

Забелешка: Погледнете ги овие кратки видео-инструкции или следете ги брзите чекори подолу, кои соодветствуваат на видеото.

1. Пристапете до Slide Master

За да го додадам логото на мојата презентација, најдобар начин е да го отворам полето View,  а потоа да изберам Slide Master.

Choose Slide Master
Започнете со избирање на Slide Master од View.

2. Уредете го Slide Master

Кога го уредуваме Slide Master, ги уредуваме подесувањата кои го контролираат целокупниот изглед и стил на страницата на којашто работиме. Slide Master ги контролира дизајните на сите страници истовремено.

Edit Slide Master
Вметнете го логото и поставете го во Slide Master. Сменете ја големината на вашето лого и поставете го каде што сакате.

Може да му ја промените големината и да го поставите, исто како што правиме и со нормалната страница, но со Slide Master ги ажурираме истовремено дизајните на сите страници.

3. Проверете ги страниците во Normal View

Секој слајд кој ја користи оваа опција ќе го има логото поставено. Да продолжиме, се враќаме на Normal View.

Switch to Normal View
Променете во Normal View.

Ќе забележите дека сите слајдови сега го имаат логото додадено на нив. Предноста од правењето на ова е лесно воочлива, бидејќи не само што можеме брзо да ги прилагодиме сите слајдови, туку и логото е униформно, на истото место на секој слајд.

Привршување!

Сега, откако научивте како да поставите лого на секоја страница користејќи го Slide Master, подготвени сте веднаш да ја окарактеризирате вашата презентација.

Повеќе упатства за PowerPoint на Envato Tuts+

Дознајте повеќе во нашите упатства за PowerPoint и брзо видео упатства за Envato Tuts +. Имаме асортиман на PowerPoint материјал кој ќе ви помогне да направите одлична презентација:

Можете исто така да најдете одлични PowerPoint шаблони за презентација со премиум дизајни на Envato Elements или GraphicRiver.

Направете одлични презентации (Free PDF eBook Download)

Исто така, имаме совршено дополнување на ова упатство, кое ќе ве води низ целиот процес на презентација. Научете како да ја напишете вашата презентација, да ја дизајнирате како професионалец.

 Free eBook PDF Download Make a Great Presentation

Преземете ја нашата нова книга: Целосно упатство за правење одлични презентации.  Достапна е бесплатно со претплата на Tuts + Business Newsletter.

Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.