Како да ја намалите вашата PowerPoint Презентација
Macedonian (Македонски јазик) translation by Stefan Nikolov (you can also view the original English article)
PowerPoint презентациите лесно можат да се зголемат со тек на време. Како што додавате повеќе видеа, слики, аудио и слајдови така и големината на датотеката ќе се зголемува.
Во многу случаеви го достигнувам лимитот на прикачување на електронска пошта кога праќам презентација на други луѓе. Би можел да го ставам на Dropbox и да го прикачам онлајн но проблемот е тоа што големината на презентацијата прво треба да се намали.
За среќа има неколку добри техники што ви го овозможуваат тоа. Во овој туторијал, ќе ви покажам неколку совети за да ја намалите големината на вашата PowerPoint датотека.
Научете ги овие вештини за да ви помогнат да ја намалите големината на вашата датотека - вашите клиенти и соработувачи би ви заблагодариле.
Брз начин да ја намалите големината на PowerPoint датотеката (Гледате и научете)
Во ова кратко видео ќе ви ги покажам моите техники за намалување на PowerPoint датотеките. Ќе ве водам чекор по чекор за неколку совети што ќе ви помогнат да ги намалите и прилагодите презентациите во PowerPoint. Овие трикови ќе ви помогнат да ја намалите датотеката пред да ја споделите.

Како да ја намалите големината на вашата PowerPoint датотека
Пропуштивте некои совети во видеото или сакате пишана верзија од истите? Видете ги инструкциите подолу за да научите како да ја намалите големината на вашата PowerPoint датотека. Научете како да ја намалите големината на вашата PowerPoint датотека:
Компресирајте ги селектираните слики во PPT датотеката
Сликите се едни од најголемите делови на една презентација. Со нивно намалување се намалува и целосната големина на вашата датотека.
Често залепувам слики во презентација од целиот Интернет, од компјутерот и со користење на вградена графика. Правејќи го ова, често ставам големи датотеки од слики во мојата презентација без да мислам на последиците од нивната големина. Можат да користат за брз и течен процес на дизајнирање, но ќе треба да прочистите потоа.
За да почнете со компресирање на слика, селектирајте слика во вашата датотека На лентата ќе видите Picture Tools > Format јазиче. На ова јазиче најдете ја Compress Pictures опцијата.



Откако ќе ја селектирате опцијата ќе ви излезе ново скок-мени за да ја измените селектираната слика.
На ова мени, има две клучни работи за да се проверат:
- Секогаш сакам да се осигурам дека Delete cropped areas of pictures полето е штиклирано. Ова отстранува било какви пиксели што веќе сме ги исекле од сликата. Имајте на памет дека ова ќе ве спречи да ја сечете сликата подоцна ако сакате да ги имате повторно тие пиксели.
- Поставете ја резолуцијата на најмалку, како 96 ппи, за да навистина го намалите квалитетот на сликите и да големината на PowerPoint датотеката.



Ако имате неколку важни, големи слики што сакате да ги намалите, користете ја оваа опција како почетна точка за намалување на вашата презентација.
Компресирајте ги сите ваши слики во PowerPoint
Сега кога научивме зошто е важно да се намалиме слики, да научиме како да ја намалиме секоја слика во презентацијата.
На Windows, оваа опција е едноставна: само отштиклирајте ја Apply Only to this Picture опцијата на Compress Pictures скок-прозорецот. PowerPoint автоматски ќе ги намали сите слики во вашата презентација.
За Mac корисниците, оваа опција е малку поразлична во Compress Pictures менито.
Следете го истиот принцип за пристап до Compress Pictures менито, со селектирана слика одете на Picture Format > Compress Pictures. Овде, опцијата е Apply to: All pictures in this file. Ова го има истиот ефект и ќе ги намали вашите слики.



Бидете внимателни кога ќе ја користите оваа опција! Сигурно ќе ви ја намали големината на сликите во презентацијата, но сепак осигурајте се дека не отстранувате некои делови од сликите што подоцна ќе сакате да ги користите.
Зачувајте Low PPI копија
Во Compress Pictures делот, ја намаливме резолуцијата на сликите во PowerPoint презентацијата. Овој совет ќе има многу од тие ефекти, но за целата презентација.
Многу од одличните PowerPoint (PPT) теми од GraphicRiver доаѓаат во големи резолуции.
Овие датотеки изгледаат одлично на модерните лаптопи и таблети со голема резолуција
Сепак, повеќето од моите презентации се на проектори или онлајн каде што не се во големи резолуции. Многу подобро е да се сними помала PPI верзија за да се отстрани непотребната резолуција за да се намали презентацијата.
На On the Advanced јазичето изберете Discard Editing Data што ќе го отстрани се она што сте го менувале и ќе ја намали големината на датотеката. Исто така, намалете ја почетната резолуција за да ја намалите и датотеката.



Овие опции се одличен начин за тоа. Запаметете дека секогаш може да снимите копија од оригиналниот фајл за да оригиналната резолуција е зачувана ако затреба.
Врски за видеа во вашата презентација
Многу презентации имаат видео датотеки за да додадат на разновидност, но како ќе ги додадете навистина ќе влијае на крајната големина на PowerPoint датотеката. Уште една опција за да се намали големината е да ставите врска до видеото, наместо да го ставите во датотеката.
За да почнете да ставата видео на вашиот компјутер во PowerPoint датотеката, одете на Insert јазичето на лентата и кликнете на Video > Video On My PC.
Во PowerPoint има два начини за да се стават видео датотеки во вашата презентација.
- Вметнете видео директно во датотеката.
- Врска од видео датотеката.
И двете опции ќе стават видео во презентацијата, но на различни начини. Вметнувањето на видео ќе го смета како дел од PowerPoint датотеката. Всушност тоа е ставено во датотеката, за да можете да го праќате на секој и видеото ќе работи нормално.
За да ставите врска од видеото, пронајдете го во компјутерот. Кликнете на стрелката веднаш до Insert копчето и одберете Link to File за да го ставите видеото во вашата PowerPoint датотека.



Врската до видеото директно ќе води до него. Всушност создавате директна поврзаност до видеото, наместо да го ставите во датотеката.



Сепак, ова значи дека ако презентацијата ја пратите на некој, видеото нема да работи нормално. PowerPoint ќе бара видео на локалниот уред наместо во PowerPoint датотеката.
Вашето видео се наоѓа некаде онлајн, како Youtube за да не требате ниту да го вметнувате во датотеката, ниту пак да ставите врска до него во вашиот компјутер.
Преглед и продолжете да учите за PowerPoint
Во овој туторијал ви покажав кратки чекори за намалување на содржината во PowerPoint. Следењето на овие чекори ќе ги оптимизира вашите презентации и ќе ви одзема многу малку склад во компјутерот.
Нема причина да престанете да учите PowerPoint. Еве некои туторијали за да ги усовршувате вештините за презентирање.
- 25+Awesome PowerPoint Templates е одличен ресурс за да најдете презентациски шаблони ако сакате да ги засилите визуелните ефекти.
- Табелирањето е одличен начин да се презентираат броеви во лесно разбирлив формат и многу е лесно да се прават во PowerPoint; погледнете го How to make great charts in Microsoft PowerPoint за да ги усовршите тие вештини.
- Свен Ленартс има одличен туторијал со совет за почетна презентација на How to make your PowerPoint Presentation Design Better.
Ви помогнаа ли овие совети за да ја намалите големината на датотеките? Кажете ми во коментари, или прашајте ме било што за ова.