Unlimited Powerpoint templates, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Business
  2. Resumes
Business

Како да го структуирате вашето резиме

by
Difficulty:BeginnerLength:MediumLanguages:
This post is part of a series called How to Create a Great Resume (Ultimate Guide).
The Secret to Writing a Simple Resume That Works (+Best Tips for 2019)
How to Make Your First Job Resume Stand Out

Macedonian (Македонски јазик) translation by Andrijana Mitevska (you can also view the original English article)


Ако последен пат сте го ажурирале вашето професионално резиме пред неколку години, време е да го погледнете уште еднаш. Дури и во денешниот конкурентен пазар на труд, каде што повеќето работи се договараат преку интернет, вашето резиме игра голема улога.

Структурата на вашето резиме е, исто така важна.  Треба да има правилни наслови и делови.  Форматот на вашето резиме прави огромна разлика кога станува збор за впечатокот што го оставате кај потенцијалните работодавци.

Во оваа вежба, ќе ви објаснам како да создадете добро основно резиме со правилни наслови и делови.  Исто така, ќе ви објаснам зошто структурата на вашето резиме е важна и ќе споделам со вас неколку веќе подготвени шаблони.

Резиме што мора да го имате

Добар начин да започнете со креирање или ажурирање на резиме е да ги видите своите информации преку очите на работодавецот.   Запрашајте се:

  1. 1.Кои информации за мене треба да ги знае идниот работодавец или клиент?
  2. 2.Кои информации за мене би сакале да ги знаат?

Да ги погледнеме одблизу основните делови и наслови што секое резиме би требало да ги содржи.  Еве ги деловите на резимето и краток осврт зошто секој дел е важен.

  • Контакт информации. Нема да ја добиете работата ако не го наведете начинот на кој работодавците и менаџерите можат да стапат во контакт со вас.  Сепак, многу лица кои бараат работа го предаваат своето резиме со нецелосни или застарени контакт информации.
  • Квалификациски вештини. Ова е всушност една кратка фраза која ги опишува вашите вештини и искуство.  Треба да се наоѓа на врвот на вашето резиме бидејќи многумина работодавци најпрвин тоа го гледаат.
  • Клучни зборови. Кои термини најпрвин ќе ги бара рабодавецот кај кандидатот?  Внимателно прочитајте го огласот за работа и на неколку места употребете ги термините што се наведени во огласот. Клучните зборови би можеле да ви помогнат да поминете низ филтрирање на кандидатот и да станете потенцијален кандидат.
  • Историја на вашата работа. Кога ќе ги наброите работите што сте ги вршеле, опишете ги сите ваши достигнувања, посебно за секое работно место  Немојте да го повторувате опишувањето на работата.  Клучот е во тоа да се издвоите од останатите кандидати и да покажете како сте се истакнувале на претходните позиции.
  • Образование. Под насловот “образование” внесете го вашето формално образование, освен и по завршетокот на средно училиште.  Не заборавајте да ги наведете сертификатите како и дополнителното образование.  Во овој дел на вашето резиме наведете го било кој курс што е посебно поврзан со работното место за кое аплицирате.

Организирајте го вашето резиме во делови со релевантни информации групирани под одделните наслови.  Добро дефинираните наслови му олеснуваат на потенцијалниот работодавец побрзо да го пронајде она што треба да го знае за вас.

Поради тоа наведов добар шаблон на листата “резиме што мора да го имате”.  Добар шаблон за резиме ви овозможува сè да биде добро организирано.  Основната структура и насловите се веќе сместени.  Шаблонот, исто така, гарантира дека вашето завршено резиме ќе има уредно професионален изглед.

Сега, кога веќе зборувавме за деловите што му се потребни на вашето резиме, да ги погледнеме работите што не му се потребни.

Грешки коишто треба да се избегнуваат

Со текот на годините структурата на едно резиме се менува Некои наслови и други практики што биле вообичаени за пишување резиме, сега се сметаат за непотребни.  Дури и полошо од тоа, следниве застарени совети можат да ве чинат цело работно место.

Еве кратка листа на најчести грешки и застарени совети:

  • Цели. Стар совет е да наведете наслов под име “Цели и амбиции” на врвот од вашето резиме.  Овој дел ги опишува вашите цели и амбиции во кариерата.  Многу професионалци од областа на човечки ресурси се согласуваат дека овој дел треба да биде заменет со наслов како “Квалификациски вештини”, кој е повеќе ориентиран кон работодавецот.
  • Референци. Уште еден застарен совет е на крајот да наведете дел со сите ваши референци.  Ако работодавецот или потенцијалниот клиент е заинтересиран, тој самиот од вас ќе ги побара.   Имајте при рака спремен лист со референци.  Земете го со вас за време на разговорот, но не го предавајте заедно со резимето, освен ако не го побараат од вас.
  • Многу и многу страници. Едно подолго резиме не е и подобро.  Би требало да биде доволно долго за да ги опфати сите информации, но не толку што ќе го преплави работодавецот со информации.  Внимателно структуирајте го вашето резиме за да избегнете повторување.
  • Граматички и правописни грешки.  . Ако направите грешки во резимето, потенцијалните клиенти и работодавци може да претпостават дека ќе бидете невнимателни и на работа. Дајте му го на вашиот пријател да го провери за да се уверите дека нема грешки.  Една од опциите е да најмите професионалец за резиме, кој е специјалист во таа област.
  • Модерна хартија.  Пред неколку години секое резиме се праќало по пат на пошта.  Препечатување резимеа на скапа хартија стана вообичаена практика.  Денес, повеќето од нив, првенствено се праќаат преку интернет. Ќе ви бидат потребни неколку печатени копии од вашето резиме за време на разговорот, но не инвестирајте во скапа хартија.  Обична хартија со добар квалитет (погрижете се да не е претенка) е сосема во ред за повеќето интервјуа.
  • Измислување. На вашето резиме нема место за лаги.  Запомнете дека повеќето компании ќе го проверат вашето образование и досегашно искуство, па затоа не измислувајте. Погледнете што професионалецот за човечки ресурси Лиз Рајан има да ви каже за лагите од резимеата во нејзината статија на Forbes, “The Truth About Lying On Your Resume”.

Сега, кога поминавме низ она што може, а што не може да се додаде во резиме, да поминеме низ неговата структура.

Зошто структурата на едно резиме е толку важна

Можеби ќе помислите дека сите информации се на него. Па зошто тогаш би се мачеле со правилна структура?

Одговорот е едноставен.  Работодавците и менаџерите примаат стотици резимеа. Често имаат само неколку минути време да фрлат поглед на секој од нив и да одлучат дали сакаат да размислат за некој кандидат.

Добро структуирано резиме им помага на професионалците за човечки ресурси брзо да пронајдат важни информации.  Насловите на едно резиме треба да бидат добро дефинирани и дизајнирани за работодавецот да може лесно да ги прегледа. . Плус тоа, привлечно и информативно резиме покажува дека сте добро организирани.

Како можете да бидете сигурни дека структурата на вашето резиме ќе го привлече вниманието на работодавецот? Можете со часови да се обидувате да создадете привлечно резиме и пак да не го направите како што треба.

Побрзо и поефикасно решение е да користите шаблон за резиме, како што се оние Envato понуди на интернет страницата GraphicRiver. Еве три примера за привлечни шаблони: Еве три примера за привлечни шаблони:

1.Уреден, добро структуиран шаблон

Овој минимален, уредно структуриран шаблон, е идеален за креативниот професионалец.  Вклучува соодветно придружно писмо и одделна портфолио страница за вашите деловни примероци.  Форматот е дизајниран уредно, со болдиран наслов во боја што се истакнува и е огранизиран со уредни резиме поделби. Можете да го искористите овој шаблон, да ги додадете своите информации и веднаш да аплицирате за нова работа!

Clean resume structure template
Чисто структуиран шаблон за резиме

2.Швајцарски стил, минимален сет шаблон за форматирање на резиме

Овој шаблон за резиме е дизајниран за да ве истакне од останатите кандидати.  Направен е со класичен, уреден стил со организирана структура на соодветни наслови и формати.  Вклучува две шаблон страници и е подготвен за печатење и употреба.

swiss resume template with organize resume sections and formatting
Швајцарски шаблон за резиме, со добро организирана структура, поделби и наслови.

3.Едноставен шаблон за резиме со креативен формат

Форматот на едно резиме е важен.  Поделбите, насловите и структурата на вашето резиме морате да ги искористите најдобро што можете.  Овој едноставен, уреден шаблон е создаден за професионално претставување на вашето работно искуство. Исто така, можете да ги покажете вашите вештини за креативност со едноставни инфографики.  Вклучува пропратно писмо и портфолио, како додаток на главната страница.  Многу е лесно да го уредите овој организиран шаблон, да додадете информации и да го подготвите за апликација за работа!

Simple resume template format with creative sections
Едноставен шаблон за резиме со креативно форматирање, наслови и поделби.

Дознајте повеќе за изработката на професионално резиме

Ако моментално го ажурирате вашето резиме, користете ја оваа вежба за да ја научите основата за структуирање на истото. Ги опишува и основните поделби што едно резиме би требало да ги содржи.

Во зависност од вашата професија, можеби ќе сакате да вклучите и други наслови и поделби.  За да дознаете повеќе за тоа како да направите резиме за одредена ситуација, погледнете ги следниве вежби на нашата страница:

Држејќи го во рака вистинското резиме за своите потреби, подготвени сте да тргнете во потрага по работа.  Со среќа!


Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.