Како да работите со гледните точки на презентацијата во Microsoft PowerPoint
Macedonian (Македонски јазик) translation by Stefan Nikolov (you can also view the original English article)
Многуте гледни точки на PowerPoint ќе ви помогнат да се подготвите за вашата важна презентација. Ќе менувате низ точките додека ја правите презентацијата, со тоа што секоја гледна точка ќе ви дава нов поглед на вашата презентација.
Сигурно
сте навикнати на гледни точки како Normal, но во овој туторијал ќе научите други начини како да
работите со вашата презентација во Slide Sorter точката, покажана овде:

Совладајте ги PowerPoint гледните точки
Еве ги најпопуларните гледни точки на PowerPoint:
- Normal View – Почетниот работен простор во PowerPoint, што вклучува сликички за секој слајд и поголем преглед на еден слајд во центарот
- Outline View – ја покажува вашата презентација воглавно што е одлично за прегледување на содржината.
- Slide Sorter View – совршена
за разгледување на редот на вашите слајдови и им го менува редот.
- Reading View – преглед во
прозорче што покажува како ќе ви изгледа презентацијата заедно со
транзиции и анимации.
Како да работите со PowerPoint Views (брз видео туторијал)
PowerPoint е одлична алатка за создавање на презентации. Гледните точки ви овозможуваат да изменувате, да подредувате слајдови, изменувате забелешки и да работите ефикасно вo PowerPoint. Научете како да создавате PowerPoint Views во ова кратко видео
In the rest of this
tutorial, I cover more details about the major views in PowerPoint for
mastering your presentation files and how to get the most out of them. I also
touch on additional views you can use in PowerPoint as well.
Забелешка: Пред да почнеме, разгледајте ги нашите најдобри PowerPoint шаблони на GraphicRiver, го користиме популарниот Marketofy PPT шаблон и Simplicity темата за презентација во овој туторијал
1. Како да смениш гледни точки во PowerPoint
За да промениш гледни точки, кликни на View копчето во лентата на PowerPoint. Потоа, најди го делот на лево наречен Presentation Views. Овој туторијал ќе ви ги објасни сите овие гледни точки и како да ги користите.

Единственото копче што недостига од ова мени е Slide Show, што се користи за да се пушти режимот на цел екран во PowerPoint презентацијата. Иконката за да се влезе во slide show е во долниот десен агол, или притиснете F5 на вашата тастатура за да почнете со презентацијата.

Master Views делот (Slide Master, Handout Master и Notes Master) се користи за да ги промените елементите на вашиот PowerPoint Шаблон – не на самата презентација. Овој туторијал ќе се сконцентрира на гледните точки на презентација.
Сега кога научивте како да менувате гледни точки, да дознаеме повеќе за сите различни гледни точки во PowerPoint и зошто треба да работите со нив додека правите презентација.
Kако да користите PowerPoint Normal View
Гледната точка Normal вообичаено е почетната гледна точка за работење во PowerPoint. Ова е за генерална употреба, на која што сигурно сте навикнати.
На левата страна во PowerPoint Normal гледната точка се сликичките на секој слајд. Можете да кликнете на секое од нив за да се префрлите таму и да ги завлечете за да им го смените распоредот во страничната лента.

Краток совет за користење на PowerPoint Normal гледната точка: Донесете ја стрелката од маусот преку линијата што ги дели центарот и левата страна. Тој ќе се претвори во двојна стрелка, и може да ја менувате големината на истиот за да се промени и големината на сликичките од страна.

Користам normal гледна точка во секоја нова презентација. Тоа е генерална гледна точка од која што почнувате со вашите презентации. Центарот се користи за создавање и стилизирање на вашите слајдови, а исто така лесно можете да шетате од слајд во слајд од страничната лента.
That's where Slide Sorter view comes into play. Откога ја додадов содржината време е да размислам за нејзиниот распоред.
Користење на PowerPoint Outline View
Outline гледната точка во PowerPoint ја покажува вашата презентација во традиционална форма, лесна за читање. Оваа гледна точка ги става вашите главни работи во страничната лента.

Кога ќе се префрлите во Outline гледната точка, страничната лента се префрлува на содржината на вашите слајдови. Таа не го покажува целиот текст од слајдовите, туку само главните работи од вашата презентација. Можете да кликнете два пати на лентата во текстот за да го обновите слајдот.
Ја користам Outline гледната точка за да ги разгледам главните работи што мојата презентација треба да ги има. Додека работам во неа, се прашувам неколку прашања:
- Дали ми се главните идеи јасни?
- Дали да се сконцентрирам на нив, а не на деталите?
Outline гледната точка е совршена за оваа прилика, бидејќи ги става само клучните работи во страничната лента.
Slide Sorter View во PowerPoint
Ја средивте содржината во гледната точка normal, сега време е да размислите за редот во кој ќе презентирате.
Slide Sorter гледната точка е добар начин за да ги прераспоредите слајдовите во PowerPoint презентацијата. Кликнете на Slide Sorter за да влезете во оваа гледна точка.

Кога ќе се префрлите на Slide Sorter гледната точка, сите ваши слајдови ќе бидат како сликички на центарот. Можете да ја менувате големината на истите со зумирање и да ги гледате во посакуваната големина за да се чита содржината.

Одличната работа е тоа што може да ги влечете и пуштите овие сликички за да им го промените распоредот во презентацијата. Често сум изненаден колку тоа влијае на истата.
Има презентациски принцип наречен НН или „најважното најнапред“. Воглавно, почнете со најглавната работа во целата презентација. Публиката може нема да има трпение или внимание доволно за да следи повеќе презентации до заклучокот.
Кога ќе се префрлите на slide sorter гледната точка, одлично време е да се примени НН принципот. Осигурајте се дека најглавното е на почетокот на презентацијата. Ако сте го ставиле него, длабоко во срцето на презентацијата, завлечете ги и преместете ги најважните работи на поблиску до почетокот.
PowerPoint Notes Page View
Говорните забелешки се едни од моите омилени алатки во PowerPoint. Наместо да ги пишувате на картички можете да ги додадете на секој слајд. Можете да ги додадете од Normal гледната точка или од Notes Page гледната точка.
Најдоброто од се, овие забелешки не се видливи за вашата публика кога ќе презентирате. Можете да ги испринтате, или ќе бидат видливи во Presentation View. (за кратко повеќе за тоа)

Кога работите во оваа гледна точка ќе ги видите забелешките што сте ги додале во еден слајд, веднаш под него. Можете исто така да кликнете два пати на кутијата и да додавате забелешки набрзина. Овој преглед го прикажува она што ќе го имате кога ќе ги испринтате вашите забелешки.
Ако сакате да дознаете повеќе за ова, проверете го 1 минутниот туторијал за тоа како да ги употребите белешките на говорникот во ваша корист.
Кога да ја користиме Reading гледната точка
Откога ќе ги средите редоследот, содржината и забелешките во вашата презентација време е да прегледаме што вашата публика ќе види cо PowerPoint Reading View.

Штом
ќе влезете во оваа гледна точка, вашата PowerPoint презентација ќе го покрие целиот прозорец.
Можете да ги користите стрелките на тастатурата за да менувате слајдови. Како што одите низ презентацијата PowerPoint ќе пушта било какви транзиции и анимации што сте ги додале на слајдовите.
Уште една одлична употреба за Reading гледната точка е тоа дека ако ја праќате презентацијата на публика што ќе ја гледа од нивен уред, кажете им да ја пуштат во оваа гледна точка. На тој начин ќе сте сигурни дека ќе ја видат целосно, заедно со транзициите и анимациите.
Оваа гледна точка треба да биде последен чекор додека ја правите презентацијата. Секогаш поминувам низ сите слајдови за да се осигурам дека се` е како што очекувам.
За да ја напуштите Reading гледната точка, притиснете на Escape копчето на тастатурата. Има уште една гледна точка што треба да се спомене.
Presentation View во PowerPoint
Presentation гледната точка се користи кога споделувате PowerPoint лента со слајдови со публиката. Во практика таа е слична на Reading гледната точка. Користете ја кога сакате да споделите.

Една опција што вреди да се забележа е “Use Presenter View” што може да се пушти од Slide Show прозорчето. Одлична е за два екрани како на пример кога користите друг монитор. Екранот ќе покаже преглед на слајдот како и забелешки и другиот слајд.
Краток преглед и продолжете да учете
Гледајте на различниве гледни точки во PowerPoint како различни начини да ја гледате вашата презентација. Можете да ја градите во Normal, да го промените редоследот на слајдовите во Slide Sorter, да прегледате содржина во Outline View и потоа да ја прегледате цела во Reading View.
PowerPoint понекогаш добива лоша репутација како неефективна алатка, но кога се користи правилно, одлична е за градење визуелна помош за твојата презентација. Ако сакате да дознаете повеќе за PowerPoint, погледнете ги изворите подолу.
- Envato Elements има преку 350 шаблони со неограничено преземање.
- 1 минутните PowerPoint серии имаат одлична селекција на лесни вештини во PowerPoint.
- Ако сакате да научите повеќе за како да креирате одлични слајдови, проверете го How to get started with using Smart Art.
Имате прашања за PowerPoint? Прашајте ме во коментарите.
Envato Tuts+ tutorials are translated into other languages by our community members—you can be involved too!
Translate this post