Unlimited Powerpoint templates, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Business
  2. Small Business
Business

15 важни основи на човечки ресурси за секој сопственик на мал бизнис

by
Difficulty:BeginnerLength:LongLanguages:
This post is part of a series called The Complete Small Business Human Resources (HR) Guide.
How to Outsource Your HR Using the Best Service Companies
How to Hire Workers With Disabilities (+5 Business Benefits)

Macedonian (Македонски јазик) translation by PublicMenace (you can also view the original English article)

Кога водите мал бизнис треба да се грижите за толку многу работи, продажби, маркетинг, развој на продуктии итн. Да не спомнуваме колку е важно да имате профит и да останете во бизнис.

HR-for-small-businesses
Состанок на човечки ресурси за мали бизниси. (Извор)

Со сите тие грижи, човечките ресурси може да паднат ниско на листата на приоритети. Штета, зашто малите бизниси треба да се грижат за некои важни основи на човечките ресурси. На пример:

  • Ги знаете сите закони за работодавци кои влијаат на вашиот бизнис?
  • Дали се грижите за тренинг потребите на вработените?
  • Дали ги споредувате платите кои ги давате за да останете во конкуренција?
  • Дали правите се' што можете за вработените да бидат безбедни, дали ефективно ги решавате конфликтите, создавате разновидна и прифатлива средина, и повеќе?

Ако не, не се грижете, не сте единствени. Анкета на Paychex откри дека 21% од сопствениците на мали бизниси немаат оддел за човечки ресурси и не ги применуваат законите за работодавачи кои влијаат на нивниот бизнис.

Во овој артикл ќе видиме 15 основни функции на човечките ресурси кои треба да ги знае секој сопственик на мал бизнис. Ова е преглед од високо ниво, затоа на кратко ќе ви ја претставам секоја тема, но ќе ставам линкови до повеќе извори каде можете да најдете повеќе информации.

Видете го и нашиот Комплетен водич за човечки ресурси за мали бизниси кој покрива многу теми од областа на човечки ресусрси, од вработување до отпуштање, и се' измеѓу.

1. Најмете ги најдобрите луѓе

Има една бизнис изрека:

„Вие сте добри колку луѓето кои ги вработувате.“

Без разлика колку е добар вашиот бизнис концепт, вашиот маркетинг, планирање и се' друго, вашите вработени го стваат тоа во пракса. Ако не ги имате вистинските луѓе за дизајнирање на вашите продукти и претставување на вашата компанија пред јавноста, ќе имате проблем.

Скрешна анкета на CareerBuilder откри дека 3/4 од вработувачите најмиле погрешни луѓе за позицијата и просечната вредност на загубата е 17.000 долари поради изгубена продуктивност и времето и цената на најмување и тренирање на нивната замена.

Ефективното вработување почнува со јасен опис на работното место, не исклучува добри кандидати и е објавена на вистинското место. Потоа треба добро да се подготвите за интервјуто, да знаете што да прашате, а што не и да имате добар пакет од плата и бенефиции за одбраниот кандидат. Конечно, треба да се прескокне и преку неколку законски замки.

Видете ги следните туторијали за информации како да ги направите тие работи на вистинскиот начин:

2. Брзо обучете го новиот персонал

Кога ќе посветите толку труд за да најмите нови луѓе, не сакате да ги изгубите. Но токму тоа може да се случи без вистинскиот тренинг. Скорешна анкета откри дека 40% од вработените ја напуштаат работата првата година ако не добијат добар тренинг.

Кога почнувате, самите можете да ги тренирате првите неколку вработени. Но штом вашиот екипаж ќе надмине само неколку члена, треба да направите формална ориентација во која е вклучено барем:

  • запознавање со историјата и вредностите на компанијата
  • практични информации за платата, бенефициите, полисите на компанијата, денови за одмор итн.
  • бизнис структурата и клучните луѓе
  • кои се вашите муштерии и што сакаат
  • какво однесување се очекува од вработените
  • алатките и софтверот кои вработените ќе треба да ги научат

Ќе најдете повеќе детали во следниот туторијал:

3. Понудете компетитивни плата и бенефиции

Како знаете колку да ги плаќате вработените? Кога ќе ја најдете вистинската сума, како да го следите пазарот кој постојано се менува и вештините и искуството на работниците кои се развиваат?

Одговорот е компетитивен бенчмаркинг и нудење атрактивни бенефиции како здравствено осигурување, породилно отсуство и пензиски фонд. Тоа ќе убеди талентирани луѓе да се придружат на вашата компанија и да останат подолго.

Прочитајте го следниот артикл за да откриете како работи компетитивниот бенчмаркинг и какви бенефиции да им нудите на вработените:

4. Безбедноста на вработените

Можеби не размислувате многу за ова, особено ако водите бизнис во канцеларија со малку очигледни опасноста. Но имајте во редвид дека само во 2015 г. во САД, 4836 работници починале од повреди здобиени на работното место.

Треба да биде јасно дека безбедноста на вработените е вашата најважна одговорност. Толку е важна што вие:

  • го проценувате ризикот
  • ставате заштитни мерки
  • се осигурувате дека сите ги следат правилата за безбедност

Има многу детали за тоа, можете да ги најдете во прирачникот за мали бизниси на U.S. Occupational Safety and Health Administration или во следните туторијали:

5. Имајте јасни полиси за вработување

Малите компании често се водат многу неформално и понекогаш тоа е добро. Но може и да доведе до конфузија, неефикасност, загуба на продуктивност и понекогаш до потенцијални правни проблеми.

Затоа вреди да посветите време на тоа да направите прирачник за вработените со јасна документација. Во прирачникот обично се вклучени следните секции:

  • преглед на компанијата
  • полиси за безбедност
  • изјави за диверзитет и еднаквост
  • плата и бенефиции
  • правила на однесување
  • казна и отпуштање
  • докумнентирана верификација за прием која треба да ја потпише вработениот
  • правни точки

Не знаете што треба да биде вклучено во тие секции? Human Resource Solutions нудат бесплатен темплејт за прирачник за вработени на нивната страна, можете да најдете и повеќе насоки тука:

6. Мерете го перформансот на вработените

Ги најмивте вистинките луѓе, добро ги плаќате и се осигуравте дека се безбедни на работа и ги знаат полисите на компанијата. Одлично!

Сега треба да поставите процес за оцена на перформансот. Не е поентата само да ги проверувате луѓето. Проценката на перформансот може да им помогне и на вработените, дава јасни цели и очекувања и им кажува како им оди.

Еве уште извори за важноста на оцената на перформанс и како правилно да се постави:

7. Јасно комуницирајте

Добрата комуникација е најважна за успешен бизнис. Од другата страна, лошата комуникација може да биде катастрофална Во анкета на компанијата за тренирање Fierce Inc., 86% го обвинуваат недостастокот на соработка или неефикасната комуникација за неуспехот на работа.

Тука малите бизниси имаат очигледна предност, многу е полесно се се комуницира со десетици вработени отколку со илјадници. Но сепак мора да ги поставите работите. Во следниот туторијал ќе ги научите најдобрите начини да ги држите луѓето информирани, да комуницирате за вредностите на компанијата, да добиете повратни информации и повеќе.

8. Дадете ефективен тренинг

Го покривме ориентациониот тренинг за новите вработени, но постојано има потреба од тренинг. Ако сакате да бидете во предност и да еволуирате на компетитивниот пазар, ќе ви требаат добро тренирани вработени кои постојано учат нови вештини. Добриот тренинг е моќна алатка за да бидат вработените задовлни и да ги задржите.

Ако мислите дека не можете да си го дозволите тоа, размислете повторно. Традиционалниот корпорациски тренинг може да биде скап, но има многу евтини алтернативи. Во следниот туторијал можете да прочитате повеќе за нив и како да направите индувидуални тренинг планови за секој вработен:

9. Држете ги вработените задоволни и задржете ги

Многу од работите кои ги видовме во артиклов, како добрата комуникација и ефективниот тренинг, водат до посреќни вработени кои подолго ќе останат со вас.

Но сепак е важно да посветувате особено внимание на оваа област и да следите колку вработени си одат. Ако си доат многу тоа може да го кошта вашиот бизнис, не само поради цената на вработувањето и тренирањето на замените, туку и поради загубата на искуството и знаењето кои си одат со работиниците. Исто така е катастрофално за расположението на вработените кога гледаат дека луѓе цело време даваат отказ.

За да откриете како да го следите тоа, видете ја последната секција од туторијалов:

А за совети како да ги убедите вработените да останат, прочитајте го ова:

10. Држете се до правилата

Еве една важна причина зошто да не го водите малиот бизнис неформално: закони за вработени. Има многу регуации и многу од тие правила се однесуваат на малите бизниси.

Дали се држите до законите за еднакви можности? Дали им ги давате на вработените правата кои законски им следуваат во вашата држава? Дали ефективно ги процесирате платите и ги задржувате сите документи кои законски сте обврзани да ги имате?

Ако не, погледнете го овој брз водич:

11. Решавајте ги конфликтите

Кога има конфликт меѓу вработените во големите компании, обично со нив се справуваат менаџерите кои ги префрлаат до одделот за човечки ресурси ако станат посериозни. 

Такви конфликти може да се појават и во мали компании и ако немате посветени вработени во човечки ресурси, најверојатно вие ќе ги решавате. Пробајте ја оваа листа од одделот за човечки ресурси на Беркли, Универзитетот на Калифорнија.

  1. Прифатете дека постојат тешки ситуации.
  2. Дозвозете им на индивидуалците да ги изразат чувствата.
  3. Дефинирајте го проблемот.
  4. Утврдете ги основните потреби.
  5. Најдете работи за кои се согласувате, колку и да се мали.
  6. Најдете решенија кои ги задоволуваат проблемите.
  7. Одлучете како ќе ги надгледувате акциите.
  8. Одлучете што ќе правите ако конфликтот остане нерешен.

Можете да ја прочитате и последната секција од нашиот туторијал за комуникација:

12. Бидете ефикасни со платите и останатата папирологија

Сите сакаат да бидат платени на време. Исплаќањето треба да биде едноставно, особено ако имате добар софтвер кој ќе ви помогне со тоа, но сепак е можно да направите грешка. Најсигурен начин да ја изгубите довербата на вработен е да доцните со платите.

Треба да се осигурате дека сте го пресметале данокот и сте ги пополниле соодветните документи за даночната управа. Тоа не е најинтересната работа која ќе ја правите како сопственик на бизнис, но многу е важно да ја направите како што треба. Еве неколку водичи:

13. Осигурајте се дека ќе има диверзитет и непристрасност на работното место

2017 е. Ако вашето работно место не е разновидно како општеството во кое живеете и работите, треба да се запрашате зошто и да преземете чекори да го решите проблемот. Сигурно свесно не ги исклучувате луѓето врз основа на пол, раса, возраст или други критериуми, но може да го правите тоа несвесно и притоа да му наштетувате на вашиот бизнис.

Еве водич за користа на диверзитетот (заработувањето повеќе пари е на врвот на листата).

Еве како да го ставите водичот во пракса:

14. Справете се со процесот на отпуштање

Ако добро раководите со човечките ресурси, вашите вработени ќе бидат посреќни и попродуктивни и помалку од нив ќе сакаат да дадат отказ. Но сепак, што и да правите, некогаш ќе мора да се справите со вработен кој ќе сака да даде отказ, или кој морате да го отпуштите поради слаб перформанс.

Не треба да направите многу за да ги покриете законските бази. Ќе сакате и да направите интервју пред да си оди за да дознаете што тргнало погрешно и како да се подобрите за да избегнете слични ситуации во иднина. Прочитајте го туторијалов за да откриете повеќе:

15. Добијте ја вистинската помош

Покривме многу работи во овој артикл. Ако правите се' за кое зборувавме денес и се' што е предложено во туторијалите, тоа може да биде премногу. Како сопственик на мал бизнис треба да се грижите за толку многу работи, да правите ефективни продажби и маркетиншки стратегии, да ги надгледувате сметките и многу повеќе.

Има шанси дека ќе имате потреба од оддел за човечки ресурси. Тоа значи дека треба да најмите некој, но малите бизниси најверојатно ќе користат наворешни услуги или софтвер за човечки ресурси. Имаме туторијал за софтвер за човечки ресурси кој ќе излезе наскоро, можте да го прочитате како изгледаат тие услуги од надворешни компании и да добиете профили на некои од најголемите провајдери.

Заклучок

Во денешниот артикл добивте преглед на најважните основи кои треба да ги разберат сопствениците на малите бизниси. Треба да имате појасна претстава за тоа како се менаџираат човечките ресурси.

За да преземете акции за сите основи на човечките ресурси ви требаат повеќе детали, затоа препорачувам да ги прочитате линковите во ресурсите кога ќе имате време или да ја виидте целата серија за човечки ресурси за мали бизниси.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.