Macedonian (Македонски јазик) translation by Stefan Nikolov (you can also view the original English article)
Мајкрософт Ексел често се користи за бизнис случаеви, но тоа не значи дека не можеме да додадеме мултимедија во вид на слики на еден лист. Ајде да научиме како се вметнува слика во Ексел.
Како да вметнеме слики во Ексел брзо
Забелешка: Гледај го овој брз туторијал или следи ги чекорите подолу што го дообјаснуваат видеото.
1. Најди и Вметни Слика
На полето Вметни, кликни на Илустрации > Слики.
.jpg)
Сега побарај ја сликата на твојот компјутер и вметни ја.
.jpg)
Откако сликата е во Ексел, кликни на неа и влечи ја, за да ја преместиш на друго место на листот. Во секое време можеш да кликнеш на еден од аглите и да ја промениш големината. Ако работиш на Алатки за Слики јазичето на лентата, има многу опции за да се измени сликата
2. Додај Граница На Твојата Слика
.jpg)
Да ја измениме сликата со додавање на граница. Со кликање на Граници на Слика паѓачкото мени и одбирање на боја, вие можете исто така да додадете и едно од границите со кликање на примерите.
3. Искористи Слика како Позадина
Користете ги сликите во Ексел за да ставите позадина на вашиот лист, со враќање на истите назад.
.jpg)
Притиснете на сликата со десниот клик и одберете ја Враќање во позадина опцијата за да ја пратите сликата позади содржината што е во ќелиите на вашиот лист.
Привршуваме!
Со тоа што ќе научите како се ставаат слики во Ексел, ви се отвараат повеќе начини за тоа како да изгледаат вашите листови. Можете дури и да искористите слика како позадина на вашиот лист.
Повеќе одлични туторијали на Енвато Тутс+
Најдете сеопфатни Ексел туторијали на Eнвато Тутс+ за да ви помогнат подобро да работите со вашите податоци во вашиот лист. Имаме исто така и брз туторијал од 60 секунди, за да научите повеќе алатки во Ексел за брзо време.
Еве неколку Ексел туторијали за да ги гледате сега:
- Microsoft ExcelКако се додаваат Slicers во пивот-табели на ЕкселЕндрју Чилдрес
- Microsoft ExcelКако се користат различни стилови на ќелии во 60 секунди.Ендрју Чилдрес
- Microsoft ExcelКако се слика екран во Ексел за 60 секундиЕндрју Чилдрес
Запомнете: Што повеќе учите за алатките на Мајкрософт Ексел и работниот тек, вашите листови ќе бидат се подобри.
Subscribe below and we’ll send you a weekly email summary of all new Business tutorials. Never miss out on learning about the next big thing.
Update me weeklyEnvato Tuts+ tutorials are translated into other languages by our community members—you can be involved too!
Translate this post