Macedonian (Македонски јазик) translation by Stefan Nikolov (you can also view the original English article)
Кога станува збор за креирање на презентации можеби ќе треба да излезете од вашата комфорна зона, дури и ако сте уметник. Јавното говорење е сет од вештини, така што можеби ќе ви треба дополнителна инспирација за да започнете со правење на презентација.
Можеби не сметате дека сте креативни, но сепак можете да направите креативни презентации. Преку добивање на инспирација од други извори и прилагодени PowerPoint теми, можете да направите презентација која ќе ви помогне самоуверено да ја пренесете пораката со одлични дизајни за слајд.

Во овој водич, ќе ви покажам како да направите креативна презентација во PowerPoint. Ќе видите некои идеи за креативна презентација и детално ќе ви покажам како да направите ваша иновативна презентација во PowerPoint.
ВОДИЧ ЗА ПРАВЕЊЕ НА НЕВЕРОЈАТНИ ПРЕЗЕНТАЦИИ (ПРЕЗЕМЕТЕ БЕСПЛАТНА Е-КНИГА)
Пред да продолжите со читање, преземете ја нашата бесплатна е-книга: Целосен водич за правење на неверојатни презентации. Ќе ви помогне да го усовршите процесот на презентирање: од почетна идеја, пишување и дизајн, до влијателно презентирањe.

Сега да погледнеме како може да се избегнат најчестите грешки за презентација:
Што да не правите во вашата презентација
Без разлика дали сте студент или деловна личност, сигурно сте присуствувале на некои досадни и нејасни презентации. Премногу презентери се потпираат на PowerPoint наместо да го употребуваат како помошно средство во презентирањето.
PowerPoint често има лоша репутација поради ова. Имајте на ум дека PowerPoint е само алатка која може да ја користите во пренесувањето на вашата порака до публиката.
Понекогаш е полесно да мислите што да не правите кога креирате презентација. Еве ги најважните работи на кои треба да пазите, кога станува збор за PowerPoint и зборување:
- Не читајте директно од вашите слајдови. 1. Употребата на слајдовите како суфлер е најбрзиот начин да го загубите вниманието на вашата публика.
- Не ги употребувајте темите кои ги нуди PowerPoint. Темите кои се вметнати во PowerPoint се премногу благи и се многу пати употребени и затоа не можат да се издвојат од колективот. Ако сакате да сте креативни, тогаш употребете прилагодена PowerPoint тема со креативни слајдови.
- Не правете неред во слајдовите. Слајдовите кои содржат премногу информации можат да ја збунат публиката и нејасно да го пренесат вашето мислење.
- Не употребувајте премногу анимации. Премногу полиња или објекти што летаат околу слајдот ќе го одвлечат вниманието на публиката од вашата порака. Подобро е да се држите до едноставни анимации.
КАКО ДА ДОБИЕТЕ ИНСПИРАЦИЈА ЗА ВАШАТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА
Нема ништо лошо во тоа да барате инспирација кога правите презентација. На интернет може да пронајдете уникатни идеи за презентација преку прелистување на некои врвни презентации. Еве неколку одлични сета на слајдови (од SlideShare), за да побарате креативни идеи кога ќе правите ваша сопствена презентација во PowerPoint:
- Способноста да се мисли на големо. Овој сет на слајдови е едноставна комбинација од бесплатни слики и инспиративни фрази, но ќе ве поттикне да размислувате за желбите во вашата кариера.
- 24 книги за кои никогаш не сте слушнале – но ќе ви го променат животот. Збирката од моќни и помалку познати книги од Рајан Холидеј ме инспирираше да додадам неколку од тие книги на листата за читање.
- Иднината на технолошките додатоци – објаснета. Оваа прониклива презентација ги споделува најновите иновации за технолошки додатоци преку едноставни преклопувања на слика и текст.
- Тајната психологија на Snapchat. Уште една едноставна презентација која ги споделува тајните позади заразата Snapchat.
Сите овие презентации се прилично едноставни и користат алатки кои се вградени во PowerPoint. Можеби изгледаат премногу едноставно, но запомнете дека во многу случаи тие се дизајнирани да ја поддржат презентацијата на говорителот, а не да ја заменат. Откријте повеќе неверојатни “SlideShare презентација” презентации во нашата избрана статија на EnvatoTuts+.
Белешка: Ако директно користите идеи од други презентации, тогаш почитувајте ги авторските права и наведете ги авторите на тие презентации во вашата презентација.
КРЕАТИВНИ ДИЗАЈНИ ЗА ШАБЛОН ВО POWERPOINT
Земете креативен шаблон за Пе-Пе-Те и брзо започнете со неверојатен дизајн за презентација. Еве неколку од најдобрите шаблони за PowerPointкои се во тренд и доаѓаат со вградени креативнислајдови и се спремни за употреба:
КАКО ДА БИДЕТЕ КРЕАТИВНИ (Дури и кога не сте)
PowerPoint може да му предизвика креативни грижи дури и на најдобриот презентер. Почнувате нова презентација и се соочувате со празен слајд и многу одлуки за тоа како да ја поставите вашата содржина.
Вградените теми во PowerPoint се добра почетна точка, но им недостасуваат идеите и инспирацијата кои доаѓаат со професионалните презентации. Моето омилено решение за ова, е да употребам професионални теми со креативни дизајни за PowerPoint. Тие се професионални теми со висок квалитет и се изработени од талентирани графички дизајнери.
Во овој водич, ќе употребуваме Eureka PowerPoint тема која е достапна на GraphicRiver.

Eureka има преку 200 уникатни PowerPoint дизајни за слајдови кои ќе ги прикажат вашите креативни идеи. Постојат дури и “темна” и “светла” верзија за две тотално различни стилови на презентација. Може брзо да ја поставите вашата сопствена содржина во било кој од овие шаблони за слајдови. Можете да позајмите креативност од графички дизајнер и да добиете неверојатен резултат со употреба на професионална тема.

Јас би го фокусирал моето време на подготовките за зборување, наместо да дизајнирам презентација од почеток. Мислам дека професионалните теми се начин да заштедите безброј часови на дизајнирање додека се подготвувате за презентација.
КАКО ДА НАПРАВИТЕ КРЕАТИВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА (БРЗО)
Ајде да видиме како брзо може да се направи креативна презентација со употреба на професионална PowerPoint тема. Во секој дел од овој водич, јас ќе предложам кои дизајни за слајдови вие би можеле да гиупотребите од Eureka темите за презентација.
Белешка: За овој пример, ќе замислиме дека со PowerPointпрезентација ја претставуваме нашата нова имејл апликација, Micromail. Ова е само еден пример за изработка на креативна презентација која ќе преставува некој нов продукт, но вие можете да употребувате сопствена содржина за да добиете слични резултати.
ЗГРАПЧЕТЕ ГО ВНИМАНИЕТО НА ПУБЛИКАТА
Секогаш е важен првиот впечаток. Ако сакате добро да започнете, тогаш ќе ви треба воведен слајд што креира заинтересираност.
Што помалку содржина имате на воведниот слајд, тоа подобро. Подобро е да зборувате на почетокот и да го добиете вниманието на публиката, отколку одма да започнете со почетниот слајд.
Пробајте го слајдот 181 од темата Eureka, за да имате почеток кој ќе привлече внимание. Можете за првпат да ја додадете вашата содржина во него, затоа што тој е прв од серијата на слајдови кои се во тренд и се постепено пастелни. Заменете го местото што е резервирано за текст со нешто специфично за вашата презентација, но не откривајте премногу.

Одбирање на креативни слајдови во темата Eureka како алтернатива: Слајд 1 е уште еден прилагоден слајдз за вовед кој можете да гокористите.
2. Преставете го вашиот тим
Јас силно верувам дека публиката се поврзува со поединците кои стојат зад конечниот производ. Посетете некоја мала компанија или некој стартап бизнис, за да видите дека тие прикажуваат скоро општа ,,Тим” страница која ги преставува членовите на компанијата. Исто така, кога сакате да донесете инвеститори со употреба на сетот од презентации,тогаш вашиоттим може да е еднакво важен колку и концептот на вашиот производ.
Во модерниот маркетинг се зборува повеќе за направените поврзувањата отколку за претставувањето на вашата компанија како глобална сила. Јас повеќе купувам од компании чии тимови имаат интересни приказни и вистинско искуство.
Ако сакате да го преставите вашиот тим, тогаш дизајнот на слајдот со број 99 од Eureka е одличен избор за вметнување фотографии и информации за членовите на вашиот тим. Овој слајд има резервирани места за текст кои вие можете да ги употребите, за да ставите фотографии од вашиот тим.

Со еден слајд може да ја запознаете публиката со работата на вашиот тим и да изградите чувство на поврзаност, дури и ако вашиот тим не може да присуствува на презентацијата. Преставува добра можност за пофалба на вашиот тим.
Избор за друг слајд: Слајдот 101 е корисен кога сакате да го претставите вашиот тим без фотографии, или пак, кога сакате слајд кој ќе ја прикаже организациската поставеност и ќе може да претстави големи тимови.
Споделете ја вашата СВОТ анализа
Можете полека да почнете со откривање на вашиот производ, откако го претставивте тимот. Еден од моите омилени начини за оценување на бизнисот е со правење на СВОТ анализа, во која ќе ги наведете јаките и слабите страни, како и можностите и заканите кои постојат.
Eureka има вграден слајд за СВОТ анализа (#46) кој можете да го употребите, за да ја споделите вашата СВОТ анализа со публиката. Слајдот има одделни делови наменети за сите 4 дела од СВОТ анализата.

СВОТ анализата може да ѝ помогне на вашата публика да разбере зошто сте го развиле производот и како тој се совпаѓа со другите производи во вашиот пазарен сектор. Всушност, би требало да размислите што треба вашиот производ да исполни, а тоа да не е исполнето до сега?
Овој слајд е неверојатен пример за тоа како може Eureka да направи креативни идеи за презентација. Можеби самите до сега не сте размислувале за СВОТ методот, но вградениот шаблон може да ја разбуди вашата креативност.
Други слични слајдови: Слајдовите од 19 до 22 се направени специјално да одговараат на четирите дела од СВОТ анализата.
Откријте го производот
До сега го навестувавме нашиот производ, а сега е време целосно да го откриеме. Сега би било идеално време да го прикажете вашиот производ со слика или да пуштите видео кое го фали вашиот производ.
Во мојот пример, за ова ќе го употребам дизајнот од слајдот 108. Ги заменив трите резервирани места за слики со една слика од мојот производ (како што е прикажано подолу):

Тука би очекувал од вас да го напуштите PowerPoint и да покажете демо верзија на производот, или директно преку самата апликација или со демо видео.
Повеќе креативни слајдови за производ: Слајдовитеод 125 до 127 се целосни слајдови кои се избрани за уреди-макета илиповеќекратни видови, од екрани на преносни компјутери до екрани на паметнителефони, кои се неверојатни за прикажување на дигитален производ како Micromail.
5. Откријте што му претстои на производот
Во овој дел вие треба да ги споделите функциите што планирате да му ги додадете на вашиот производ. Најчесто, на почетокот, апликациите и услугите се пуштаат само со основните функционалности , па затоа на публиката ќе треба да ѝ дадете поглед кон иднината што му претстои на вашиот производ.
Јас го употребив слајдот 15 за да ја прикажам иднината на производот. Секоја од точките на времепловот претставува нова функционалност или план кој тимот го има за да го подобри производот.

Друг избор на слајд: Слајдовите 12-14 претставуваат вертикален времеплов (од горе кон доле) за различна употреба.
6. Дајте ѝ на публиката "уште една работа"
Нема ништо лошо во тоа да позајмите идеи за креативна презентација од познатата техника на Стив Џобс. Џобс секогаш ја изненадувал публиката со тоа што чувал важна функционалност за самиот крај на презентацијата.
За оваа цел може да употребите многу едноставен дизајн за слајд кој содржи само поле со текст. За нашиот производ, јас ќе објавам дека публиката може веднаш да ја користи апликацијата во нивниот веб прелистувач. Јас користев слајд 190 за оваа супер едноставна идеја.

Сите овие слајдови беа вградени и беа иновативни дизајни на слајд во темата Eureka PowerPoint. Јас употребив замислена апликација за да ви покажам дека може да употребите дизајни за слајдови и да станете креативни, но може да ја употребите истата презентација за која било намера.
За вашата следна презентација, добијте повеќе креативни презентациски идеи:
Исто така може да пронајдете повеќе информации во нашата нова е-книга за правење на неверојатни презентации. Зграпчете го ова бесплатно Пе-де-еф преземање со вашата претплата на Tuts+ Business Newsletter:

Ќе ви помогне во усовршувањето на процесот на презентирање: од почетните и креативни идеи, потоа преку пишувањето, и дизајнот, до влијателно пренесување.
ПОВТОРЕТЕ И НАУЧЕТЕ ПОВЕЌЕ ЗА КРЕИРАЊЕ НА КРЕАТИВНИ POWERPOINT ПРЕЗЕНТАЦИИ
Овој водич треба да ви помогне да разберете дека креативноста е вештина која може да се позајми. Употребата на прилагодени PowerPoint теми од талентирани уметници е всушност краткиот пат за градење на PowerPoint презентација која инспирира самодоверба.
Ако темата одEureka PowerPoint која јас ја употребив во овој водич не е по ваш вкус,тогаш нема проблем. Проверете ги креативните теми на Envato Elements или GraphicRiver. Сите овие шаблони вклучуваат уникатни PowerPoint идеи за презентација и готови шаблони за правење на ваша сопствена креативна презентација за брзо време.
Еве повеќе корисни водичи кои ќе ви дадат идеја за да направите презентација:
- Microsoft PowerPointКако да уредите позадински графики со употреба на PowerPointЕндру Чилдрес
- ПрезентацииКако да направите брзи 5 минутни презентации (+брзи идеи и совети)Лаура Спенсер
- Microsoft PowerPointКои се точните димензии за вашите PowerPoint слајдови?Ендру Чилдрес
Како ја поттикнувате креативноста додека правите презентација? Пишете ми подолу во коментар:
Subscribe below and we’ll send you a weekly email summary of all new Business tutorials. Never miss out on learning about the next big thing.
Update me weeklyEnvato Tuts+ tutorials are translated into other languages by our community members—you can be involved too!
Translate this post