Students Save 30%! Learn & create with unlimited courses & creative assets Students Save 30%! Save Now
Advertisement
  1. Business
  2. Microsoft PowerPoint
Business

10 клучни Microsoft PowerPoint карактеристики (За да правите подобри презентации)

by
Difficulty:BeginnerLength:MediumLanguages:
This post is part of a series called How to Use PowerPoint (Ultimate Tutorial Guide).
PowerPoint Online vs Full PowerPoint 2016 on Your Desktop
How to Make an Accessible PowerPoint Presentation

Macedonian (Македонски јазик) translation by Sara Kostova (you can also view the original English article)

Создавањето на презентации одзема време!  Иако Microsoft PowerPoint е една од корисничко-најпогодените и најпопуларните апликации, таа крие многу моќ. Потребно е време да ги најдете тие особини и да го направите најдоброто со нив.

Секоја апликација доаѓа со дијаграм на учење. Нели би било одлично кога би можеле да го прескокнете тој дијаграм и да знаете се што ви треба за да изградите професионални презентации? Во ова упатство, точно тоа ќе го добиете: 10 од моите омилени особини PowerPoint и PowerPoint алатки за да направите извонредна презентација.

10 tips for PowerPoint
Позадинска слика од Envato Elements.

Водич за правење прекрасни презентации (бесплатна е-книга)

Ќе научите како да направите ефективни презентации. Пред да ископате подлабоко во учењето за алатките на PowerPoint, немојте да ја пропуштите нашата бесплатна е-книга за презентации: Комплетен водич за правење прекрасни презентации

Complete Guide to Making Great Presentations

Сега, да погледнеме подобро во некои од особините и алатките на PowerPoint кои можете да ги употребите за да станете поефикасни.

1. Започнете со вграден распоред на изглед.

Има две насоки кои можете да ги следите кога создавате нов слајд:

  • Дизајнирање на слајдот од нула, додавајќи еден по друг повеќе индивидуални области (placeholder boxes), додека не добиете слајд.
  • Пробајте вграден изглед кои ги содржи сите содржински кутии што ви се потребни.

Навистина е едноставно да го започнете вашиот дизајн на слајд со претходно изграден распоред на изглед. Тоа заштедува време,а исто така го подобрува изгледот на презентацијата затоа што кутиите и содржината се фино подредени.

Од Home јазичето, одберете Layout од мени опцијата:

Showcase layouts from Dropdown on Home tab
Повеќето PowerPoint теми вклучуваат доволно распореди на изглед за практично решавање на секакво сценарио.

Мислам дека една од причините зошто презентерите ги избегнуваат распоредите на изглед е дека сакаат да го прилагодат слајдот. Нема ништо што би ве спречило да земете еден распоред на изглед и да го прилагодите, да ги поместувате кутиите според потреба, или да додадете други содржини.

Тоа е едноставна PowerPoint функција, но сум видел дека премногу презентери цртаат и прецртаат кутии на слајдот. Многу подобро е да започнете со почетнички распоред на изглед и да го прилагодите според потребите.

2. Употребете Slide Master View за постојано ажурирање на дизајнот.

Повеќето од моите омилени функции не само што заштедуваат време, но исто така осигуруваат конзистентност на слајдовите. Голема предност е ако на пример, во секој слајд логото се наоѓа на исто место.

Slide master го контролира дизајнот за повеќе слајдови во исто време. Кога го прилагодувате Slide master, секој слајд што го користи тој мастер ќе ги има истите измени.

Одете во View јазичето и одберете Slide Master. Сега на мастерот додадете нешто што сакате да се појави на секој слајд (како лого или футер текст) 

Logo added to the slide master
Во горната слика, додадов лого во slide master, можете да видите како е додадено на истото место во повеќе слајдови.

Кога ќе се вратите во изгледот Normal, ќе ги видите промените промените во секој слајд што го користи истиот мастер.

Повторно: сето тоа е за правење чисти дизајни на слајд со конзистентност. Прилагодувањето на slide master е слатка точка на продуктивност и совршеност на дизајн.

3. Искористете нечија презентација како почетна точка.

Пикасо е заслужен за тоа што рекол, “Добрите уметници изнајмуваат, одличните уметници крадат.„ Нема ништо погрешно во тоа да се искористи напорниот труд на другите за да се направи одлична презентација.

Токму за тоа е Envato Elements. Elements е една претплатна служба за секакво превземање, направена за секој креативец. За една рамна стапка ќе добиете пристап до над 700 PowerPoint теми.

Го користам Envato Elements буквално на секој креативен проект на којшто работам. Секогаш прелистувам низ Elements за да добијам идеи за тоа што работам. Со еден од PowerPoint шаблоните, имате огромен почеток за создавање на презентација.

Hero slide example
Ова слика ја користи Hero v1 PowerPoint темата која е вклучена како дел од Envato Elements претплатничкиот пакет.

Цената на Envato е достојна и само за PowerPoint темите. Но за тие што често креираат презентации, во голема мерка имате корист од фотографиите, графика, икони, и други средства што навистина можат да зачинат една презентација.

Употребата на една од овие претходно изградени шаблони не е крадење, само така се чувствуваме дека многу го олеснува. Со Elements, можете да ја прескокнете напорната работа, дизајнирање на се од почеток.

4. Преуредување слајдови за ефективност

Повеќето презентации можат значително да се подобрат само во неколку секунди, едноставно со повторно размислување на редот на кој вашите слајдови се подредени. Постојано, ги тренирам презентерите да го запомнат BLUF (КЛН) принципот: bottom line up front (Крајната Линија Напред).

Колку презентации на којшто сте присуствувале дале нејасна порака? Додека поминале 30 минути, вие сте толку преплавени со податоци што може да биде тешко да се сетите на смислата. Напротив, дадете го заклучокот на почеток и потоа споделете зошто се чувствувате така.

Slide Sorter View
Приказот top-down за сите слајдови во вашата презентација може да ви помогне да разберете дали се во најдобар ред, и лесно да ги преуредите.

Најдобриот начин да го направите ова во PowerPoint е да премините на Slide Sorter приказот. Нема подобар начин да ги имате сите содржини во приказ во исто време. Преминете со кликнување на View > Slide Sorter.

Кога ќе се префрлам на Slide Sorter приказ, долго гледам за да се осигурам дека нема да го закопам мојот заклучок, и ќе создавам приказна која редоследно ќе има смисла. Повлечете ги и пуштете ги сликичките од слајдовите за да ги подредите на концизен и КЛН (BLUF) ред.

6. Следете ги упатствата

Претходните верзии на PowerPoint некако го правеа потешко постојаното подредувањето на работите во слајд. Сега, упатствата коишто ќе ги видите да се појавуваат кога ги влечете и пуштате објектите, ви помагаат да се осигурате дека вашите објекти се подредени и изгледаат добро.

Во сликата подолу, може да видите пример на што мислам. Малите црвени стрелки и точки со линии покажуваат во каква врска се објектите меѓу себе, и ќе ги видите кога еден објект е рамноправен на друг.

Align with Guides PowerPoint
Обидете се да ги подредите објектите користејќи ги црвените стрелки.

Внимавајте на овие помошни линии кога работите на PowerPoint. Користејќи ги нив за да ги подредите објектите ќе резултираат на почист слајд.

6. Поставете големини на слајд

Клучното внимание при поставување на големина на слајд е да се земе во предвид големината на екранот на кој ќе презентирате. Некој различни типови на екрани имаат малку поинакви соодноси.

За менување на големината на слајдот, одете на Design јазичето и одберете за да смените од Customize паѓачкото мени:

Change slide size on customize dropdown
Усогласете ги димензиите на вашиот слајд со вашиот екран, без разлика дали е проектор, LCD или лаптоп.

 Важно е поставувањето на големината на вашата презентација.Кога ги усогласувате двете, вашата презентација ќе го пополни екранот или проекторот кои го користите.

7. Изменете големина на повеќе објекти

Како што и порано спомнав, мислам дека конзистентноста во слајдовите е важна за одржување на чист изглед. Ако имате повеќе слики кои треба да бидат со иста големина, постои лесна карактеристика што го прави само тоа.

Одличен пример за ова е кога имате неколку профилни слики кои треба постојано да се менуваат. За да го направите ова, започнете со држењето на копчето Control на тастатурата (Command на Mac) и кликнете на сите слики на кои треба да им се смени големината.

Сега, осигурајте се дека сте на Format јазичето од рибонот на PowerPoint. Потоа, најдете ја Size областа, и внесете број на една од кутиите и притиснете Ентер. На сите слики ќе им биде поставена големината која ја внесовте во кутијата.

Image size change from Format Ribbon
Бидете сигурни дека сите слики се селектирани пред да ја промените големината за да ги задржите сите во согласност со големината.

Откако ќе поставите почетна точка на големина, можете да ја прилагодите за да добиете перфектност. Важно е да ги чувате сите селектирани, и да ја прилагодувате големината блиску една до друга.

8. Брзо чистете ги табелите.

Табелата со податоци во PowerPoint е едена од најефикасните начини да презентирате податоци. Лесно е за вашиот гледач брзо да ги прегледа и да ги разбере броевите со едноставен преглед на ред-колона.

Додека започнувате со менување на големината и прилагодување на изгледот на табела во PowerPoint, веројатно е дека вашите редови и колони може да станат малку разделени или неуредни. Јас сакам да го поправам ова со Distribute Rows, со што еднакво се поставуваат големините на редовите

Distribute Rows PowerPoint
Ја употребувам  Distribute Rows функцијата за да ги направам редовите со иста големина во мојата податочна табела.

Означете ги редовите, и потоа одете во Layout јазичето и кликнете на Distribute Rows за да приложите лесна поправка на вашите редови.

9. Научете да го употребите SmartArt

Без двоумење. SmartArt е една од моите омилени PowerPoint функции. Сфатете ја оваа функција како слатка точка помеѓу инфографиката и дијаграмите за текст.

Во основа, SmartArt е начин да се создаде флексибилна графика која може да се ажурира во внатрешноста на PowerPoint. Не ви треба посебна апликација за да изградите свои графики и графики.

SmartArt Example Menu

SmartArt ви овозможува да изградите различни дијаграми, како што се хиерархиите, процесите, циклусите и друго. Во суштина, можете да изградите едноставна листа, а уметноста ќе се прилагоди за да ги вклучи точките што ќе ги додадете.

Јас сум за сите што прави колку што можете директно во внатрешноста на PowerPoint. Функциите како SmartArt се одличен мост што отсекува уште една апликација како Illustrator или Photoshop од вашиот работен тек.

10. Порбајте варијантна Тема.

Што правите кога ќе стигнете до крајот на дизајнирање на презентација, и тоа едноставно имате чувство дека не е во ред?

Најлесното решение би можело да биде да пробате нова варијанта. Ова едноставно ја изменува шемата на бои и стилови на презентацијата. Во јазичето Design, кликнете на различна сликичка од Variants селекцијата

Кога ќе измените варијанта, тоа ќе ја смени шемата на бои на целата презентација како ќе видите подолу. Еден едноставен клик е најлесното решение за да пробате алтернативен стил:

Change theme variant
Промената на варијантата на темата ја промени шемата на бои на целата презентација.

Променувањето на Theme Variant е уште еден чекор што можете да го искористите за брзо и доследно да дадете нов изглед на вашата презентација. Може нема да имате доволно време повторно да ја направите презентацијата од нула, и затоа сакате да дадете нова варијанта како алтернатива.

Превземете ја нашата нова е-книга за правење на одлични презентации

Имаме совршено дополнување на оваа упатство, кое ќе ве води низ целиот процес на презентација. Научете како да ја напишете вашата презентација, да ја дизајнирате како професионалец, и да ја подготвите за силно да презентирате.

Превземете ја нашата нова е-книга: Комплетен водич за градење одлични презентации. Сега е бесплатно достапен со претплатување на Tuts+ Business Newsletter.

 Free eBook PDF Download Make a Great Presentation

Преиспитување и продолжување со учење

Не застанувајте сега! Има многу повеќе да дознаете за Microsoft PowerPoint. Јас навистина верувам дека надградбата на вашите презентациски вештини е еден од највредните чекори што можете да ги преземете кога се обидувате да ја унапредите својата кариера.

Проверете некои од подолу наведените упатства за да продолжите да учите за презентациите со PowerPoint:

Што сакате следно да научете за PowerPoint? Напишете ми во делот за коментари подолу ако имате било какви прашања.

Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.