30-50% off hundreds of digital assets! WordPress themes, video, music and more 30-50% Off Go to Sale
Advertisement
  1. Business
  2. Communication
Business

24 брзи начини за надминување на стравот од јавно говорење

by
Difficulty:BeginnerLength:LongLanguages:
This post is part of a series called Fundamentals of Public Speaking (101) Introduction Guide.
How to Get Better At Public Speaking (Improve With Practice)
What Is Public Speaking? & Why Is It Important?

Macedonian (Македонски јазик) translation by Andrijana Mitevska (you can also view the original English article)

Од вас се бара јавно да презентирате. Можеби за работа, а можеби за училиште. Но, без разлика од каде доаѓа задачата, едно е сигурно: мора да го надминете стравот од јавно говорење и брзо да го надминете.

Прво, ако сте неспокојни додека држите јавен говор, имајте на ум дека не сте единствениот. Статистичките податоци покажуваат дека повеќето возрасни имаат страв да зборуваат јавно. Па, ако вашата претстојна презентација ќе ве направи малку нервозни, тоа е сосема нормално.

Исто така, треба да знаете дека повеќето познати личности имаат страв при јавно говорење. Џулија Робертс, на пример, е актерка-добитник на Оскар којашто безброј пати настапила успешно. Меѓутоа, Робертс, наводно, еднаш имала страв од јавното говорење поради проблеми со пелтечењето како дете, но Робертс го надминала стравот од јавно говорење. Ако Џулија Робертс можела да го надмине стравот од јавно говорење, можете и вие, но би требало да се потрудите. Стравот од јавното говорење не мора да ги ограничи вашите можности.

Fear of public speaking
Ако вашата претстојна презентација ве прави малку нервозни, тоа е нормално. (Извор: Envato Elements)

Во оваа статија, наброивме 24 различни совети за да ви помогнат да го победите стравот од јавно говорење. Сепак, сите се различни. Секој совет нема да проработи кај секоја личност. Најдобриот начин за користење на листата е да ги изберете оние совети за коишто сметате дека ќе ви бидат потребни и прво нив да ги испробате. (Бидете искрени, не избирајте ги оние за кои мислите дека се најлесни за следење.) А потоа, можете да продолжите со испробување на другите совети.

Ако сакате подлабоко да ги разгледате овие совети, преземете ја нашата бесплатна е-книга:The Complete Guide to Making Great Presentations. Ќе ви помогне да го усовршите целосниот процес на презентирање.

Presentations eBook

Како да го надминете стравот од јавно говорење

Дали сте подготвени да се справите со стравот од јавно говорење? Изберете еден или повеќе од следниве совети:

1. Прво обидете се со пократки говори

Како и со сè друго, надминувањето на стравот од јавно говорење е процес. Како дел од процесот, добра идеја е да започнете полека. Ако за прв пат учите математика, секако дека не би скокнале веднаш до најнапредниот клас. Наместо тоа, ќе започнете со воведен курс кој ќе ве запознае со основите. Потоа ќе започнете со некои кратки, поедноставни вежби.

Па, јавното говорење не е различно. Ако сте немале искуство со јавно говорење, вашиот прв јавен говор не би требало да биде долг. Наместо тоа, обидете се со пократок говор со кој ќе се навикнете на јавното говорење. За почетници, говорот треба да е долг од една до три минути. Обидете се со воведен говор, на пример некој за претставување на друг говорник, друг настап, филм или нешто друго. Од вас нема да се очекува долго да зборувате и нема да бидете главната атракција.

2. Изберете позната локација

Ќе ви биде поудобно да го одржите вашиот говор на позната локација. Ако презентирате деловна презентација, изберете ги објектите на вашата компанија наместо да одите до компанијата на вашиот клиент. На позната локација веќе ќе имате идеја за тоа какви се објектите. Знаете колку луѓе можат да седнат во просторијата. Знаете и дали просторијата е ладна или топла и какво е осветлувањето. Овие фактори можат да го направат јавното говорење помалку стресно. Меѓутоа, ако не можете да ја презентирате вашата презентација на позната локација, не грижете се. Ако сте во можност, разгледајте ја претходно локацијата за да го намалите стравот.

3. Треба добро да ја познавате вашата тема

Колку подобро ја знаете темата за којашто ќе зборувате, толку се помали шансите да ве фатат неспремни кога некој од слушателите ќе ви постави неочекувано прашање. Помали се шансите и да заборавите што сте сакале да кажете и да се збуните ако добро сте ја проучиле вашата тема. Па, научете колку што можете за вашата тема пред да го одржите говорот.

4. Изберете тема што навистина ја сакате

Повеќето говорници сметаат дека ги губат нервите кога зборуваат за нешто за што многу се грижат. Нивната страст за темата го надминува секој страв од јавното говорење. Ова и за вас би можело да биде вистина. Ако имате тема што многу ја сакате и треба да напишете мотивационен говор, користете ги советите од оваа вежба за да се подготвите:

5. Организирајте го вашиот материјал

Можеби сте нервозни околу претставување на вашата презентација, но понекогаш постои добра причина за тие нерви. На пример, ако не сте ја испланирале вашата презентација и не сте баш сигурни што ќе кажете, тогаш имате добра причина да бидете нервозни.

Не оставајте го успехот на вашата презентација на случајност. Испланирајте го внимателно. Започнете со пишување на добар, добро организиран говор. Потоа проверете дали вашата презентација изгледа професионално. Ако никогаш порано не сте пишувале говор или вашите вештини за пишување говор се лошо развиени, оваа вежба може да ви помогне:

6. Користете добри алатки и шаблони

Како што веќе споменав, изгледот на вашата презентација влијае на тоа како се чувствувате. Ако знаете дека вашата презентација изгледа добро, веројатно ќе бидете посигурни кога ќе ја презентирате. Најдобар начин да проверите дали вашата презентација изгледа добро е добро да го користите вашиот софтвер за презентации. Еден начин да го постигнете тоа е да да ги искористите професионално дизајнираните шаблони за презентации, како што се оние коишто се достапни преку Envato Elements или GraphicRiver. За вашата алатка за презентација можете повеќе да научите со проучување на нашите вежби на Google SlidesPowerPoint или Keynote.

7. Добро извежбајте го вашиот говор

Ако следевте некои од моите вежби за јавно говорење, знаете дека го нагласувам вежбањето на вашето говорење за да ги подобрите вашите вештини. Постои добра причина за тоа. Во принцип, вежбањето помага. Вежбањето ви помага да се чувствувате подготвени и подобро да се запознаете со вашиот материјал. Па, ако ве загрижува стравот од јавно говорење, поработете на некои дијалози за вежбање пред вашето говорење. За некои совети за тоа како да повежбате, погледнете ја оваа вежба:

Сепак, не вежбајте премногу. На пример, не останувајте доцна ноќта пред утрешниот говор. Вашиот одмор е ,исто така, важен.

8. Користете предлози и додатоци

Ако се плашите од јавно говорење, еден начин да се справите со тоа е да согледате дека вашата презентација не бара од вас многу да зборувате. Ова можете да го постигнете со вклучување на интересни предлози и додатоци во презентацијата. Еве листа на предлози и додатоци што ќе ви помогнат да го намалите вашето време за говорење:

  • Интересно видео
  • Друг говорник
  • Табла со прашања и одговори
  • Активност на публиката

Ако го изберете овој тип говор, ќе бидете повеќе како олеснувач отколку говорник. Клучот е користење на високо квалитетни додатоци и нивно прецизно сврзување за вашите слушатели.

9. Користете позитивен селф-разговор

Ако сакате да бидете строги сами со себе, можете да додадете загриженост на вашето јавно говорење мислејќи на се што можеби би било погрешно за време на вашиот говор. Ако ова сте вие, направете свесен напор да ги промените вашите мисли.

Еден начин да започнете да го напаѓате негативното размислување е да сфатите дека повеќето лоши работи што ги замислувате веројатно нема да се случат. Потоа, мислете си дека дури и ако нешто тргне наопаку тоа веројатно ќе биде мало и никој нема да го забележи. На крај, замислете си дека успешно го завршивте говорот. Можете да ги замислите и вашите колеги, пријатели или членови на семејството коишто ви честитаат. Ако се вратите на негативен селф-разговор, кажете си: "Ќе го одржам добро говорот." Повторете ја фразата колку што е потребно.

10. Водете дискусија

На некој начин, водењето дискусија е полесно отколку да се одржи говор. На друг начин, тоа може да биде малку потешко, бидејќи треба да управувате со другите и да ги задржите на вистинскиот пат. Но, користење на предлози и други додатоци, водењето дискусија ја намалува количината на конкретното говорење. Ако токму конкретното говорење ве загрижува, знаејќи дека не треба да се потрудите многу за говорот може да ја намали вашата загриженост за јавно говорење.

11. Вашите грешки во говорот не се видливи за другите

Иако може да замислите дека секој член на групата се кренал на некоја незгодна пауза, пропуштена точка или друга помала грешка - вистината е дека слушателите најверојатно дури и не забележале. Особено е малку веројатно дека ќе забележат ако  планирате доволно доверба додека го држите вашиот говор. Дури и ако вашата публика ја забележи грешката, веројатно не им пречат неколку грешки ако поголемиот дел од вашиот говор оди добро. Покрај тоа, дури и искусни говорници прават грешки. Значи, ако застанете за време на вашата презентација, не вознемирувајте се поради тоа.

12. Затемнете ја просторијата

Ако идејата за држење говор пред публика ве плаши, може да побарате да се затемни просторијата, за никого да не можете да видите додека зборувате. На тој начин нема да бидете обесхрабрени од изразите на лицето на вашите слушатели за време на презентацијата. Ако не можете да ја видите вашата публика, помалку ќе бидете заплашени од нив. Овој совет добро функционира ако просторијата за презентација има посебно осветлување за сцената(каде што се наоѓаат говорниците).

13. Имајте одличен почеток

Колку подобро ќе почне вашиот говор, толку подобро ќе продолжи. Освен тоа, како говорник, често можете да кажете дали вашето отворање е добро прифатено и знаејќи дека вашата публика е смирена додека зборувате можете да ја зајакнете вашата доверба. И ако можете да ја вклучите вашата публика на почетокот на вашиот говор, поголеми се шансите дека ќе го задржите нивното внимание. Затоа, вложете дополнително време во пронаоѓање на вистинскиот вовед за вашиот говор.

14. Запомнете дека треба да дишите

Чудно е тоа што една од најголемите пречки за одржување успешен говор е неправилното дишење.  Ако сте малку нервозни, лесно е да го забрзате говорот и да заборавите да дишите. (Знам за оваа борба од прва рака.) За жал, неправилното дишење за време на јавен говор може да создаде маѓепсан круг. Неправилното дишење не само што прави да се чувствувате непријатно туку и влијае на тоа како ќе звучи вашиот глас пред слушателите и прави да звучите помалку сигурни. Па, поработете на стратешки паузи во вашиот говор што ви даваат простор да здивнете.

15. Гледајте ги другите како држат говори

Ако сте нов во јавното говорење или особено се плашите од јавно говорење ќе ви помогне слушањето на други говорници како држат говор. Можете да научите од техниките што ги користат другите говорници, а исто така може да се уверите и забележите дека дури и искусни говорници не се совршени и прават грешки. Tед разговори онлајн е еден популарен извор на говори кои можете да ги слушате за да се подготвите за презентација. Составив некои од моите омилени Тед разговори во оваа статија:

16. Запишете ги вашите добри особини пред да зборувате

Можеби една од причините поради кои стравувате од јавно говорење е дека не се чувствувате квалификувани за презентација. Меѓутоа, ако некој ве замолил да зборувате јавно, постои причина за тоа. Веројатно сте повеќе квалификувани отколку што мислите. Можете да се уверите и да се борите против стравот од јавно говорење со наведување на некои од позитивните особини за себе пред да го одржите својот говор. Започнете со завршување на оваа реченица, "Јас сум квалификуван да го одржам овој говор затоа што..." Можните одговори може да се:

  • Јас сум квалификуван за овој говор затоа што имам работено во овој домен Х години.
  • Јас сум квалификуван за овој говор затоа што ја изучував оваа тема со правење на Х и У.
  • Јас сум квалификуван за овој говор затоа што имам искуство како ова влијае на луѓето.
  • И така натаму...

17. Запознајте се со вашата публика пред говорот

Ако идејата да станеш и да зборуваш пред еден куп странци ве прави нервозни да одржите јавна презентација, обидете се со овој совет за тоа како да го надминете стравот од јавно говорење. Пристигнете на местото порано и дружете се со членовите на вашата публика со тоа што ќе зборувате за неформални разговори. Како што запознавате неколку членови од вашата публика, тие престануваат да бидат непознати. Особено, забележете ги оние луѓе кои изгледаат пријателски. Имајте ги тие луѓе на ум додека го држите својот говор.

18. Бидете фер со себе

Ако имате страв да зборувате јавно, можеби тоа е затоа што сте перфекционист. Како перфекционист, најверојатно сте премногу строги кон себе и можеби сте во искушение да мислите дека нема начин на кој вашиот говор ќе биде доволно добар. Всушност, некои студии како оваа спомнати од Друштвото за личност и социјална психологија наидоа на врската помеѓу перфекционизмот и изгорувањето. Ако ова сте вие, не обвинувајте се толку (и не откажувајте се). Наместо тоа, користете еден од другите совети за вознемиреност од јавно говорење за да не се откажете.

19. Бидете искрени

Лажењето ги прави повеќето луѓе нервозни. А нервозата може да соработува со вашата вознемиреност. Па, ако не сте сигурни за некои информации од вашата презентација, ограничете ја вашата презентација на оние факти за коишто сте сигурни. Ако мора да вклучите нешто за што не сте сигурни(како на пример кога шефот ве тера да го вклучите тоа) признајте дека не сте сигурни за таа информација или дека треба подетално да ја проучите. Подобро ќе се чувствувате ако одржите говор кога сте убедени дека материјалот што го презентирате е точен.

20. Насмевнете се

Повеќето луѓе не го мислат тоа, но насмевката може да влијае позитивно на вашиот став. Како што објаснува оваа статија на Psychology Today, позитивните ефекти на насмевката започнуваат во вашето тело кога вашиот мозок ослободува невротрансмитери коишто ви помагаат добро да се чувствувате. Насмевката го намалува и стресот и ви помага да изгледате посигурни во себе. Освен тоа, ќе изгледате попријателски настроени кога се смеете, што ќе ги привлече другите полесно да ја прифатат вашата порака.

21. Вежбајте пред говорот

Вежбањето е добро воспоставен метод за намалување на стресот и вознемиреноста. Значи, ако имате страв од јавно зборување, не прескокнувајте го секојдневниот тренинг на денот на говорот, ако може тоа да ви помогне. Вежбањето ќе ви помогне да ги смирите нервите и ќе ве натера на вистинскиот начин на размислување за вашиот говор. Се смета дека аеробик вежбањето нуди некои од најдобрите стрес олеснувања, па дури и нешто едноставно како брза прошетка може да помогне.

22. Користете моќна поза

Една неодамнешна техника за подобрување на довербата во јавните ситуации е моќната поза, за која се залага социјалниот психолог Ејми Кади. Идејата зад моќната поза е дека јазикот на телото може да влијае на нивото на доверба. Кога изгледате сигурни, како на пример кога ќе застанете исправено со рацете на колковите, ќе почнете да се чувствувате посигурни. Дали тоа функционира? Идејата за моќната позиција беше жестоко дебатирана неодамна, а поротата сè уште е на крајниот одговор - но во меѓувреме обрнувајќи внимание на јазикот на телото и држењето на телото, додека зборувате, не може да ви наштети.

23. Земете учество во обука за говор

Ако имате ресурси, дополнителната обука за јавно говорење може да ви помогне да се чувствувате посигурни во вашите способности за зборување. Вистинскиот тренер може да ви помогне да ги постигнете и да ги надминете сите лоши навики на говорење што ги имате. Освен тоа, работење со професионалец за говор ќе ви овозможи дополнително вежбање.

24. Приклучете се на група за говорење

Ако немате ресурси за вработување на тренер за говор, приклучување кон група посветена на подобрување на вашите вештини за јавен говор може да ви ги понуди повеќето исти добивки. Исто така ќе имате корист од вмрежување со други коишто имаат интерес да ги подобрат своите вештини за јавно говорење. Една популарна група за јавно говорење е Toastmasters International, која може да се најде во 141 земја во светот.

Преземете ја бесплатната PDF верзија од нашата е-книга за правење одлични презентации

Имаме совршено дополнување на оваа вежба, кое ќе ви помогне понатаму да ги преземете презентациските знаења. Научете како да пишувате, дизајнирате и доставувате одлични презентации.

Преземете го The Complete Guide to Making Great Presentations бесплатно со претплата на  Tuts+ Business Newsletter. Оформете ги вашите идеи во моќна презентација што ќе ја размрда вашата публика.

The complete guide to making great presentations

Започнете со надминување на стравот од јавно говорење денеска

Штотуку споделивме повеќе од 20 совети за вознемиреност од јавно говорење за да ви помогнеме да го надминете стравот од јавното говорење. Се надеваме дека пронајдовте еден или повеќе совети кои ќе бидат функционални за вас. Со среќа на претстојната презентација!

Да ја направиме оваа статија одличен ресурс за другите. Ако имате совет што ви помогнал да го надминете стравот од јавно говорење, а не е запишан во оваа статија, зошто да не го споделите во коментар подолу?

Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.