Unlimited PowerPoint templates, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Business
  2. Microsoft PowerPoint

КАКО ДА ДОДАДЕТЕ ТЕКСТ ВО POWERPOINT И ДА НАПРАВИТЕ НЕВЕРОЈАТНИ ЕФЕКТИ ЗА ТЕКСТ

by
Read Time:9 minsLanguages:
This post is part of a series called How to Use PowerPoint (Ultimate Tutorial Guide).
How to Work With Views in Microsoft PowerPoint
How to Get Started With Using SmartArt in PowerPoint

Macedonian (Македонски јазик) translation by Stefan Nikolov (you can also view the original English article)

Лесно е да станете добар во нова програма како PowerPoint кога ја учите постепено. И PowerPoint содржи многу функции, и покрај тоа што е лесна програма за започнување. 

Лесно е да започнете да работите со текст во PowerPoint, но позади тоа се крие многу поголема сила. Вашата PowerPoint презентација не треба да биде направена со стандардните фонтови како Calibri или Times New Roman.

Simplicity PowerPoint template with modern text FontsSimplicity PowerPoint template with modern text FontsSimplicity PowerPoint template with modern text Fonts
Темите за презентација, како Simplicity, добиваат многу од нивните визуелни идентитети преку чисти и модерни слогови.

Пребарајте низ шаблоните за PowerPoint презентација, кои заштедуваат време, пред да продолжите со читање:

Ви треба помош? Преземете ја нашата е-книга за правење на неверојатни презентации (бесплатно)

Исто така, имаме корисен комплимент за овој водич. Преземете ја нашата бесплатна е-книга: Целосен водич за правење на неверојатни презентации, кој ќе ви помогне во пишувањето, дизајнирањето и испорачување на перфектни презентации.

Making Great Presentations Free Guide DownloadMaking Great Presentations Free Guide DownloadMaking Great Presentations Free Guide Download

Сега да го започнеме денешниот водич, кој е целосен водич за работење со ефекти за текст во PowerPoint. Ќе ги разгледаме основите на додавање текст во слајд, а потоа ќе одиме понатаму и ќе го уредуваме изгледот на тој текст.

КАКО БРЗО ДА УПОТРЕБИТЕ ЕФЕКТИ ЗА ТЕКСТ ВО POWERPOINT (ГЛЕДАЈТЕ И УЧЕТЕ)

Погледнете го видеото подолу за водич во кој е објаснето како се работи со текст во PowerPoint. Ќе ви кажам како да започнете со додавање и изменување на текст и да употребите ефекти за текст. 

Продолжете да го читате илустрираниот водич за да видите како да ги употребувате опциите за фонт во Microsoft PowerPoint, да одберете стилови на текст, и да употребите ефекти на текст. Откријте како да нагласите текст во PowerPoint, да креирате WordArt ефекти во PowerPoint и да употребите анимации за текст, итн.

КАКО ДА ДОДАДЕТЕ ТЕКСТ ВО POWERPOINT

Многу распореди на слајдови започнуваат со места наменети за текст, кои се полиња за текст на PowerPoint во кои вие можете да внесувате ваш текст.

PowerPoint Text Placeholder BoxesPowerPoint Text Placeholder BoxesPowerPoint Text Placeholder Boxes
Кликнете на постоечко поле за текст и додајте ваша содржина за да работите со текст во PowerPoint.

Овие може да се појавуваат како празни полиња за текст со знак како “Click to add title”, или пак, како почетен текст на однапред прилагодени презентации за PowerPoint што можете да ги замените со ваша содржина. Како и да е, кликнете на овие полиња и додадете го вашиот текст на слајдот.

ДОДАДЕТЕ ПОЛЕ ЗА ТЕКСТ ВО POWERPOINT

Ако сакате да додадете уште текст надвор од границите на вградените места наменети за текст, тогаш можете да додадете целосно ново поле за текст на вашиот слајд во PowerPoint.

За да додадете ново поле за текст на вашиот слајд, одберете ја опцијата Insert > Text Box.

Insert Text Box in PowerPointInsert Text Box in PowerPointInsert Text Box in PowerPoint
За да додадете целосно ново поле за текст на вашиот слајд, одберете ја опцијата Insert>Text Box на лентата од PowerPoint.

Сега, кликнете и влечете на слајдот, за да го направите вашето поле за текст. Претпочитувам да го правам моето поле за текст малку поголемо од текстот што очекувам да го внесам. Откако ќе го поставите вашето поле на слајдот, пишувајте во него за да додадете текст на слајдот.

Welcome PowerPoint Text boxWelcome PowerPoint Text boxWelcome PowerPoint Text box
На оваа слика нацртав поле за текст, за да го покријам слајдот од едниот до другиот дел и го поставив текстот во центар.

Ги поминавме основите за додавање на текст во слајд. Сега е време да почнеме со уредување на изгледот на тој текст.

КАКО ДА ГО ПРОМЕНИТЕ ИЗГЛЕДОТ НА ФОНТОТ

Откако ќе го додадете вашиот текст на слајдот, можеби ќе посакате да го уредите неговиот изглед. Без разлика дали ќе биде бојата или фонтот на текстот, едноставно селектирајте го текстот во PowerPoint и изберете една од овие опции за да го уредите: 

Еве корисен водич за сите 13 стандардни алатки за фонт во PowerPoint:

Font tools in PowerPointFont tools in PowerPointFont tools in PowerPoint
Овие ги сметам како основни алатки за фонт во PowerPoint; подолу, во листата, е објаснето за што служи секоја алатка и кога би можеле да ја употребите.
  1. 1.      Bold – Употребете ја оваа опција за да го направите вашиот фонт потежок и подебел
  2. Italic – Овој ефект го накосува вашиот текст и е добар за објаснувања и белешки
  3.    Underline – Ова е популарна алатка за наслови на текст која додава хоризонтална линија под вашиот текст 
  4. Shadow – Додадете сенка за да го направите вашиот текст почитлив кога му треба контраст за да се издвои од слајдот
  5.  Strikethrough – Оваа алатка става хоризонтална линија низ центарот на вашиот текст и го прави да изгледа како прецртан
  6. Character Spacing – Понекогаш се нарекува и кернинг и кажува колкаво е растојанието помеѓу сите знаци во вашиот текст
  7. Change Case – Оваа алатка заштедува многу време за претворање текст помеѓу “режимите за пишување”, како големи букви, мали букви и големи букви за наслов. На пример, ако имате текст само со големи букви, можете да го смените и да изгледа поприродно
  8. Text Color – Одберете некоја боја од палетата, за да ја смените бојата на вашиот текст
  9. Font – Одберете некој од различните слогови како Arial, Times New Roman или прилагоден фонт
  10. Font Size – Повисок број би го покажал вашиот текст поголем, а понизок број би ја намалил големината на текстот
  11. Increase Text Size – Зголемете го вашиот текст
  12. Decrease Text Size – Намалете го вашиот текст
  13. Clear Formatting – Отстранете ги сите опции за текст што сте ги поставиле за да го ресетирате

Овие алатки за текст ги сметам како стандардни ефекти за текст. Можете да креирате уникатни стилови за текст со употреба на различни комбинации, но да погледнеме како може да се направат вистински ефекти за текст во PowerPoint: 

УПОТРЕБЕТЕ ГИ ВГРАДЕНИТЕ ЕФЕКТИ ЗА ТЕКСТ НА POWERPOINT

PowerPoint има многу вградени ефекти за текст што можете да ги употребите со само неколку клика. Прво селектирајте го текстот, а потоа кликнете на опцијата Drawing Tools > Format во менито.

Првата опција што најчесто ја употребувам е WordArt Styles опцијата од менито, која има повеќе видови на стил што вие можете да ги употребите. Кликнете на било кој од стиловите, за да го употребите за вашиот текст.

PowerPoint WordArt StylesPowerPoint WordArt StylesPowerPoint WordArt Styles
Кликнете на еден од видовите на WordArt Styles во PowerPoint за да го употребите за вашиот текст.

Покрај прилагодените стилови, вие може целосно да ги прилагодите ефектите за текст. На десна страна од прилагодувањата на WordArt се наоѓа паѓачко мени со други стилови за текст.  Можете да одберете ефект како Shadow, Reflection, Glow, Bevel и многу повеќе за навистина да го уредите вашиот текст.

PowerPoint Text effectsPowerPoint Text effectsPowerPoint Text effects
Од сликичките во паѓачкото мени одберете еден од вградените и однапред прилагодени ефекти за текст во PowerPoint

Овие опции сметајте ги како однапред прилагодени стилови, за вашиот текст, кои можете да ги употребите со притискање на еден клик. Сепак, продолжете со читање ако сакате целосно да го прилагодите вашиот текст:

КРЕИРАЈТЕ ПРИЛАГОДЕНИ ЕФЕКТИ ЗА ТЕКСТ ВО POWERPOINT

Што ако имате своја идеја за прилагодување на стилот на вашиот текст во PowerPoint? Ајде да  погледнеме како се употребува опцијата Format Text Effects, која е една од моите омилени опции. Ова скриено мени ја има секоја можна функција за креирање на ефекти за текст во PowerPoint.

Прво селектирајте го вашиот текст, а потоа кликнете десен клик и одберете Format Text Effects. На десната страна ќе видите нов прозорец кој има многу напредни опции за ефекти за текст:

Format text effectsFormat text effectsFormat text effects
За напредни опции за текст, притиснете десен клик на вашиот текст и одберете Format Text Effect.

Постојат три важни опции за работење со вашиот текст од ова мени на Text Options. Ајде да погледнеме како тие се употребуваат:

1.     Text Fill & Outline

text fill and outlinetext fill and outlinetext fill and outline
Јас сум употребил однапред прилагодена шема за да го исполнам мојот текст на слајдот.

Првата опција од менито за формат се параметрите за text fill и outline. Можете да видите на сликата горе, дека за да го исполнам мојот текст, сум употребил шема со точки, но исто така вие би можеле да употребите градиент или слика за да го исполните вашиот текст.

Опцијата outline ви овозможува да додадете граници на вашата слика. Можете да употребите солидна или градиентална контура за текст, така што постојат  многу опции.

Text Effects

Менито за ефекти за текст во PowerPoint има многу од истите опции што погоре се вградени, но ви овозможува во целост да го прилагодите нивниот изглед.

Можете да го видите ефектот за текст што создава одраз, кој јас го употребив, на сликата подолу.  Ова е само еден од ефектите од кои можете да одберете и можете целосно да го прилагодите нивниот изглед. Пробајте ги сите опции, за целосно да го прилагодите вашиот текст.

Text shadow and reflection in PowerPointText shadow and reflection in PowerPointText shadow and reflection in PowerPoint
Јас употребив одраз со употреба на паѓачката опција на оваа слика.

Textbox

Овие опции го менуваат начинот на однесување на полето за текст во PowerPoint и тоа е третото поле на листата. Во овој прозорец можете да одберете како вашиот текст е порамнет вертикално и да ги подесите маргините.

PowerPoint TextboxPowerPoint TextboxPowerPoint Textbox
Во ова поле можете да ги промените опциите за порамнување, маргини и насоки на текст за PowerPoint полето за текст.

КАКО ДА НАГЛАСИТЕ ТЕКСТ ВО POWERPOINT

Нагласувањето на текст во PowerPoint го насочува вниманието кон определени зборови или фрази. За жал, Microsoft ја овозможува оваа алатка само во PowerPoint 2016 со 365 дена претплата за Office.  

Highlight Text in PowerPointHighlight Text in PowerPointHighlight Text in PowerPoint
Ако не сте претплатен на Office 365, тогаш можеби ја немате алатката за нагласување што ја гледате на сликата. Слика од Microsoft.

Се изненадив кога видов дека оваа алатка ја немаше во мојата Office 2016 инсталација, но можете на друг начин да го креирате ефектот на нагласување.

Прво, започнете со работење на PowerPoint слајд кој има текст што сакате да го нагласите. Потоа, одберете Insert > Shapes и одберете ја опцијата правоаголник. Кликнете и нацртајте правоаголник над текстот што сакате да го нагласите.

Insert Shape in PowerPointInsert Shape in PowerPointInsert Shape in PowerPoint
Одберете Insert > Shapes и одберете ја формата правоаголник, за да креирате лажен нагласувачки ефект.

Потоа, кликнете десен клик на формата и одберете Send to Back. Држете ја формата сè уште селектирана и кликнете на Shape Fill, потоа одберете ја бојата која сакате да ја прикажете за нагласување.

Исто така променете го Shape Outline во No Outline, за да ги тргнете границите од вашето нагласување. Ова ја тргнува контурата околу нагласувањето на вашиот текст.

Key featureKey featureKey feature
Со цртање на кутија јас креирав лажен нагласувачки ефект за текстот “key feature goes here” и ја поставив позади текстот и одбрав комплементарна боја за да ја нагласам.

Другата опција е да креирате нагласен текст во Microsoft Word и да го залепите во PowerPoint. Опцијата за нагласување ќе се пренесе дури и кога залепувате текст помеѓу овие програми на Microsoft.

КАКО ДА ДОДАДЕТЕ АНИМАЦИИ ЗА ТЕКСТ

Анимацијата во PowerPoint е целосна нова димензија за уредување на текст. Можете да употребите анимација за текст, за некој текст да се појави или да се тргне од слајдот.

Прво селектирајте го текстот, а потоа кликнете на слајдот Animations од лентата на PowerPoint. Можете да одберете од некој од стиловите, како што е Fade на сликата подолу, за да додадете анимација во полето за текст.

PowerPoint Add text animationPowerPoint Add text animationPowerPoint Add text animation
Додадете анимација во поле за текст со селектирање и одбирање на една од вградените анимации во полето одозгора.

Можете да ја промените анимација со селектирање на друга во полето Animation во PowerPoint, или да притиснете Preview и да видите како изгледа вашата анимација во полето.

ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА НАШАТА БЕСПЛАТНА Е-КНИГА ЗА ПРАВЕЊЕ НА НЕВЕРОЈАТНИ ПРЕЗЕНТАЦИИ (БЕСПЛАТНО PDF)

Го имаме најдобриот комплимент за овој водич, кој ќе ве води низ целосниот презентациски процес. Научете како да ја напишете и професионално да ја дизајнирате, како и да ја подготвите за впечатлива презентирање.

Преземете ја нашата нова е-книга: Целосен водич за правење на неверојатни презентации. Достапна е за бесплатно преземање, ако имате претплата на Tuts+ Business Newsletter.

How to Make a Great Presentation Free eBookHow to Make a Great Presentation Free eBookHow to Make a Great Presentation Free eBook

ПОВТОРЕТЕ И ПРОДОЛЖЕТЕ ДА УЧИТЕ ПОВЕЌЕ ПРЕЗЕНТАЦИСКИ ВЕШТИНИ ЗА POWERPOINT

Совладливиот текст е суштинска вештина за успешно работење со PowerPoint. Јас споделив мноштво совети и трикови за работење со текст во овој водич.  Од внесување на едноставен текст до креирање на ефекти за текст во PowerPoint, тоа се вештините кои ви се потребни за да го совладате вашиот презентациски текст.

Ако го пронајдовте овој водич додека се обидувавте да научите PowerPoint, тогаш овие водичи се одлична шанса за да се здобиете со поголемо знаење:

Дали имате омилен совет за PowerPoint ефект за текст кој би можеле да го споделите со другите Tuts+ читатели? Ако имате, тогаш пишете ми подолу во коментар:

Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.