Macedonian (Македонски јазик) translation by Andrijana Mitevska (you can also view the original English article)
Честопати презентациите во PowerPoint се споделуваат на проектор или на екран, но некогаш можеби ќе треба да направите печатени копии за вашата публика. Би било добро да имате физичка копија од презентацијата што ќе послужи како референца.
Кога станува збор за печатењето слајдови во PowerPoint, постојат три основни формати во коишто можете да ги печатите вашите слајдови:
- Слајдови на цела страница – во основа, ова е истиот приказ како и стандардниот во Power Point, едноставно се печати секој слајд на посебна страница.
- Страници со белешки – ако ја користите важната функционалност Белешки за говорници (Speaker Notes) за да додадете потсетници за она што ќе го кажувате, можете да испечатите страници со белешки за да ги имате покрај вас додека зборувате на подиумот.
- Летоци – можете да заштедите хартија и печатарска боја со тоа што ќе испечатите летоци, кои опфаќаат повеќе слајдови на истата страница со простор за пишување белешки.

Белешка: исто така, можете да испечатите и краток преглед на слајдовите, тој не опфаќа визуелна содржина на презентацијата во PowerPoint.
Во ова упатство ќе ве научам како да печатите презентации во PowerPoint. Кога ќе дојде крајно време да направите физичка копија на вашата презентација, искористете го овој целосен водич.
Зошто да ги печатите слајдовите од PowerPoint?
Затоа што PowerPoint често се наоѓа во дигитален формат, можеби се прашувате зошто да ги печатите слајдовите. Следуваат неколку работи што треба да ги земете предвид во однос на печатењето на слајдовите:
- Печатењето на слајдовите може да ви помогне да забележите пропусти или печатни грешки во презентацијата; секогаш наоѓам нешто на печатената копија што не го забележувам на екран.
- На присутните во публика поделете им копии од презентацијата за да можат да ги задржат по состанокот или претходно да ги разгледаат.
- Можеби воопшто не го користите PowerPoint за споделување презентации на екран, па наместо тоа, користете го како едноставна алатка за да дизајнирате информативни материјали или постери.
Потребна ви е помош? Преземете ја нашата нова е-книга за правење одлични презентации (бесплатно)
Имаме и корисен додаток на ова упатство. Пред да продолжите со читање, преземете ја нашата БЕСПЛАТНА е-книга: Целосен водич за правење одлични презентации. Ќе ви помогне да напишете, дизајнирате и одржите совршена презентација.

Сега, чекор по чекор ќе погледнеме како да ги печатите слајдовите во PowerPoint во различни формати и стилови, прво преку кратко видео, а потоа и во пишана форма.
Како брзо да ги печатите слајдовите во PowerPoint (гледајте и учете)
Да преминеме веднаш на советите дадени во видеото подолу. Ќе ви покажам како да ги печатите слајдовите во различни стилови и како да ја печатите презентацијата во секој од гореспоменатите формати и да создавате PDF верзии.
Сега, да започнеме со упатство во пишана форма за печатење слајдови.
Основа на печатењето
Пред да се осврнеме на работење со различни формати на печатење, да ги научиме основните опции што треба да ги изберете пред да ја печатите секоја презентација. За да започнете, одете на опцијата од менито File > Print.
1. Изберете го вашиот печатач
Пред сè, треба да го изберете печатачот со којшто ќе ја печатите презентацијата. Ако работите во канцелариска околина со многу мрежно поврзани печатачи, секогаш двојно проверувајте го ова поставување за да бидете сигурни дека датотеката нема да „слета“ на бирото на колегата.
Ова е едноставно: кликнете на паѓачкото мени Printer за да го изберете инсталираниот печатач кому ќе му ги испратите слајдовите.

Стандардниот печатач што се покажува е предодреден од системот, така што треба да одите во Control Panel на Windows или во System Preferences на Mac за да ги зачувате тие промени.
Во моментов мојата виртуелна машина нема поврзан печатач, така што ќе го изберам виртуелниот печатач што испраќа симулиран документ до Microsoft OneNote.
2. Изберете ги страниците што ќе ги печатите
Можеби не сакате да го печатите секој слајд од презентацијата. Добрата вест е што PowerPoint го олеснува изборот на страници за печатење.
За да ги изберете слајдовите што ќе ги печатите кликнете на паѓачкото мени Settings. Предодреден избор е Print All Slides, но постојат неколку опции.

Ако направите ваш избор од слајдови, ќе видите поле каде што можете да го внесете изборот на слајдовите што ќе ги печатите. Едноставно, внесете го првиот и последниот слајд што сакате да ги печатите со цртичка помеѓу, на пример „6-12“ за да ги испечатите слајдовите од 6 до 12.
Искористете ја опцијата Print Current Slide за да го испечатите слајдот што сте го селектирале пред да преминете на опциите за печатење.
3. Изберете ориентација и поставувања за бојата
Ориентацијата ја опишува насоката во која ќе ви биде испечатена вашата содржина. Можете да изберете помеѓу ориентациите Portrait и Landscape. Ориентацијата Portrait значи дека листот хартија е подолг од што е широк, додека пак кај ориентацијата Landscape тој е широк.

На крајот, изберете ги поставувањата за боја. Печатарското мастило е поскапо од мрсната боја, особено мастилото во боја. Ова поставување се наоѓа веднаш под паѓачкото мени за ориентација.
Пред да продолжите, добро би било да научите повеќе за работењето со мултимедиуми во PowerPoint:
Откако ги поставивте овие опции, можете да преминете на другите поставувања за изгледот на печатените слајдови. Од основата ќе преминеме на начините на печатење во различни формати.
Слајдови на цела страница
Слајдовите на цела страница се печатени копии од вашите слајдови, по еден на страница. Ова е одличен избор ако треба да ги разгледате слајдовите пред презентирањето.

Како што споменав претходно, понекогаш разгледувањето на слајдот надвор од компјутерот помага да пронајдете грешки или да ја преиспитате содржината. Меѓутоа, за оваа опција се користи најмногу хартија и печатарска боја, па размислете внимателно пред да ја изберете.
Летоци од слајдовите во PowerPoint
Што се летоци во PowerPoint? Тие се идеален избор за печатени копии и одличен начин да споите повеќе слајдови на иста страница и притоа да заштедите хартија.
Искористете ги летоците од слајдовите во PowerPoint како копии за референца за да знаете до каде сте додека презентирате или да проверите дали имате печатни или правописни грешки.
Кликнете на паѓачкото мени за стил на печатење (преодреден избор е „Full Page Slides“) и ќе забележите мноштво опции за летоците. Можете да изберете колку слајдови ќе има на секоја страница пред да ги испратите на печатење.

Слајдови со белешки од презентацијата
Слајдовите со белешки во PowerPoint ги прикажуваат белешките за говорници што сте ги додале на слајдовите. Поради ова, ваквиот приказ е идеален за печатење слајдови со белешки што ќе ги имате покрај себе на подиумот или на пултот додека презентирате.

Променете ја опцијата од паѓачкото мени во Notes Pages за да испечатите слајдови со белешки за говорници на нив.
Како да печатите PDF верзии
Еднo од најпопуларните прашања за пренесување и „виртуелно печатење“ презентација е печатењето како PDF верзија.
Ова е најважен совет кога некој друг ви печати, а не го инсталирал PowerPoint. На пример, ако ја носите презентацијата во печатница, поверојатно е дека PDF верзијата на USB-меморија ќе работи и правилно ќе се печати.
За да направите PDF верзија од вашата презентација, одете на опцијата File > Export во Microsoft PowerPoint. Потоа, кликнете на Create PDF/XPS Document и изберете Create PDF/XPS.

Сега, можеби се прашувате како да создадете еден од оние прикази што ги покажавме (слајдови на цела страница, страници со белешки и летоци) во PDF верзија. На скок-менито кликнете на Options за да отворите други поставувања.

Во новото мени Options ќе имате пристап до промена на поставувањата за печатење. Можете да менувате од Slides во Notes Pages користејќи го паѓачкото мени Publish What, прикажано на кадарот на екранот подолу:

PDF е општо прифатен формат за датотеки, така што ова е одличен начин да обезбедите компатибилност за други читатели.
Преземете ја нашата нова е-книга за правење одлични презентации (бесплатна PDF верзија)
Имаме совршен додаток за ова упатство, кој ќе ви го покаже целиот процес на презентација. Научете како да ја напишете вашата презентација, да ја дизајнирате како професионалец и да се подготвите ефективно да ја презентирате.
Преземете ја нашата нова е-книга: Целосен водич за правење одлични презентации. Сега е достапна БЕСПЛАТНО со претплата на бизнис-билтенот на Tuts+.

Да резимираме и да научиме повеќе вештини во PowerPoint
Ова упатство може да ви послужи како референтен водич кога ќе дојде време да ја испечатите презентацијата. Без разлика дали се работи за страници со белешки, летоци или друг приказ, печатењето на вашите слајдови е неопходна вештина за многу презентации.
Ако бевте заинтересирани за ова упатство, не пропуштајте ги и другиве упатства што ќе ви помогнат да совладате вештини во PowerPoint:
- Microsoft PowerPointКако за 60 секунди да ги заштитите презентациите со лозинка во PowerPointЕндрју Чилерес
- Microsoft PowerPointКако за 60 секунди да започнете со користење на SmartArt во PowerPointЕндрју Чилерес
- Microsoft PowerPointКако за 60 секунди да направите времеплов во PowerPoint со помош на шаблониЕндрју Чилерес
Или преземете еден од нашите професионални шаблони за PowerPoint што ќе ви помогне брзо да дизајнирате одлична презентација:
Со кои предизвици се соочивте кога ги печатевте вашите презентации? Ако ви е потребно конкретно решение, пишете ми подолу во коментари.
Subscribe below and we’ll send you a weekly email summary of all new Business tutorials. Never miss out on learning about the next big thing.
Update me weeklyEnvato Tuts+ tutorials are translated into other languages by our community members—you can be involved too!
Translate this post