Unlimited PowerPoint templates, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Business
  2. Small Business

Што е мал бизнис? И зошто е важнa дефиницијата за големина

Read Time: 10 mins

Macedonian (Македонски јазик) translation by Andrijana Mitevska (you can also view the original English article)

Често зборуваме за мали бизниси во Envato Tuts +.  Но, што точно е мал бизнис?

Се чини едноставно, но всушност постојат неколку дефиниции, „малиот бизнис“ може да се движи од соло-веб-претприемач сè до бизнис со повеќе милиони долари.

Why Small Business Size Definition MattersWhy Small Business Size Definition MattersWhy Small Business Size Definition Matters
Колку мал е малиот бизнис? (graphic)

Зошто е важно? Па, кога ќе ги споите различните видови компании во дефиниција на еден мал бизнис, тоа може да доведе до голема конфузија. Може да прочитате статија за која мислите дека е наменета за вас, кога всушност советот на авторот е дизајниран за многу поголеми компании и нема да функционира за вашиот бизнис. Дефиницијата исто така може да влијае на владините политики и програмите за кредитирање на мал бизнис.

Така, во ова упатство, ќе настојувам да го објаснам прашањето за големината на малиот бизнис.  Прво, ќе опфатам некои официјални дефиниции, од американската администрација за мали бизниси и други.  Потоа, ќе разгледаме некои алтернативни дефиниции, и ќе разјасниме што значи мал бизнис кога го користиме терминот во Envato Tuts +.

И за крај, ќе објасниме детално зошто дефиницијата е важна и какви влијанија има за вашиот бизнис. Ќе ви дадам неколку совети како успешно да ги насочите овие различни дефиниции и ќе ви кажам како секогаш да ги добиете вистинските информации за вашиот бизнис.

Па, ако сте подготвени, ајде да започнеме со тие дефиниции!

1.Што е мал бизнис?

Добро, да се запознаеме со терминот „мал бизнис“.  „Бизнис“ делот од дефиницијата е прилично едноставен. Во суштина, ако сте давател на услуги или нудите услуги на клиенти, вие сте бизнис. Не треба да се формирате како корпорација, партнерство или друг вид на правно лице; исто така, трговците поединци се еден вид на бизнис. Ако сте во бизнисот, вие сте бизнис.

Проблемот доаѓа кога се обидуваме да го дефинираме зборот „мал“.  Што се квалификува како „мал“? Како да го измериме?

Понекогаш, дефиницијата за големина се базира на бројот на вработените или на износот на парите што ги заработувате, или можеби и на двете. Понекогаш, тоа исто така се базира на големината на средствата на билансот на состојба на компанијата.

Еве неколку примери за тоа како функционира.

Обединето Кралство

Мала компанија е дефинирана во Законот за трговски друштва на Велика Британија 2006 година како една компанија со:

  • годишен приход  не повеќе од 6.5 милиони фунти
  •  вкупниот биланс да не е повеќе од 3.26 милиони фунти
  • да нема повеќе од 50 вработени

Компанијата треба ги исполни сите три стандарди за да се квалификува. Но, како што можете да видите, нивоата се прилично високи за она што повеќето од нас ќе ги сметаат за „мали“.   Тоа ќе биде постојана тема ...

Австралија

Во Австралија, постојат неколку различни дефиниции што ги користат различни владини агенции. Австралиската Комисија за хартии од вредност и инвестиции дефинира „мала комерцијална компанија“ како една со две од овие три карактеристики:

  • годишен приход помалку од 25 милиони долари
  • помалку од 50 вработени на крајот на финансиската година
  • консолидиран бруто-имот не помалку од 12.5 милиони долари на крајот на финансиската година

Австралиската канцеларија за оданочување се базира само на дефиницијата за приходи, со праг од 2 милиони долари. Австралиската Комисија за индустриски односи се базира на персоналот: мал бизнис има помалку од 15 вработени.

Овие дефиниции се во австралиски долари, но се' уште се прилично високи, нели?

Соединети Држави

Во САД, работите се малку посложени. Администрацијата на САД за малите бизниси користи приход и / или број на вработени за да дефинира мал бизнис, но применува различни стандарди во различни индустрии, така што добива огромна табела со големина од 46 страници со стандарди за различни видови на фирми.

Дефинициите може многу да варираат. Повеќето фарми се квалификуваат како мали бизниси, ако направат помалку од 750,000 долари годишно. Но, за услугите за графички дизајн, стандардот е десет пати поголем: 7.5 милиони долари. Може да варира дури и во рамките на индустриите: ако сте угостител, границата е 7.5 милиони долари, но за „договорач  на услуги за храна“, тоа е неверојатни 38.5 милиони долари. А некои дефиниции се базираат само на бројот на вработени - често со граници од 1,000 вработени или дури и повисоки.

Истражувањето на Гартнер

Многу истражувачки и консултантски фирми прават анкети или други истражувања за мали бизниси - или понекогаш мали и средни бизниси (SMBs).  Нивните дефиниции се прилично големи. Еве ја дефиницијата  на Гартнер за мали и средни бизниси (SMBs):

„Најчесто користен атрибут е бројот на вработени; малите бизниси обично се дефинираат како организации со помалку од 100 вработени; средни претпријатија се оние организации со 100 до 999 вработени. Вториот најпопуларен атрибут којшто се користи за дефинирање на пазарот на SMB е годишниот приход: мал бизнис обично се дефинира како организација со помалку од 50 милиони долари годишни приходи; средното претпријатие се дефинира како организации кои сочинуваат повеќе од 50 милиони долари во годишни приходи, но помалку од еден билион долари годишни приходи.“

Чекајте малку! 

Можеби размислувате: „Чекај!  Тие не се мали бизниси. Илјада вработени, и милиони долари приходи? Тоа се големите момци“.

Се согласувам. Таква беше и мојата реакција. Од перспектива на огромни владини организации или корпорации, неколку милиони долари може да изгледаат како „мали“. Но, за сите нас, овие дефиниции немаат многу смисла.  Ако ве замолам да размислите за мал бизнис, се сомневам дека ќе мислите на мултимилионски компании.  Најверојатно ќе помислите на мала продавница или канцеларија со голем број на вработени кои можете да ги преброите на прсти и приходи што може да ги пресметате од она што останало до крајот на денот.

Така, во следниот дел, ќе ви објаснам што ние мислиме кога зборуваме за „мали бизниси“ тука во Envato Tuts +.

2. The Envato Tuts+ View

Во делот за бизнис во Envato Tuts +, повеќето од нашите упатства се насочени кон луѓе кои поседуваат или работат во мал бизнис - и оние коишто се стремат да го направат тоа.

Кога размислуваме за мал бизнис, не мислиме на милиони долари и илјадници вработени. Така, повеќето од нашите упатства се насочени кон навистина мали бизниси. Општо земено, тоа значи компании со помеѓу едно и пет лица. Некои луѓе, компанија од оваа големина ја нарекуваат микробизнис.

Дали тоа значи дека ако вашата компанија вработува шест лица, нашиот совет нема да се применува? Се разбира дека не. Ние не сме влада и не воведуваме закони или не даваме мали кредити за мали бизниси (за жал), така што не ни е потребно да поставуваме строги граници. Всушност, многу од нашите упатства можат да се однесуваат и на малку поголеми бизниси - да кажеме до 20 луѓе. И ние исто така имаме упатства специјално насочени кон високиот раст.

Навистина нема да ги дефинираме нашите клиенти во однос на вредноста на доларот што го заработуваат, но ние ги пишуваме упатствата за компаниите што се во раните фази на обид за започнување бизнис, за да го водат и да го развиваат. Така, приходот најверојатно ќе се мери во илјадници, наместо во милиони.

Па тоа е нашиот став за малите бизниси. Но, зошто е важно тоа? Ги допрев причините во воведот, но ајде да го разгледаме ова прашање подетално во следниот дел.

3. Зошто е важна дефиницијата за големина?

Дефиницијата за големина на мал бизнис е важна  секогаш кога ќе помешате  различни видови на работи во иста кофа, добивате сомнителни резултати.

Размислете за тоа во смисла на лични финансии. Типот на  совет за милионери едноставно нема да функционира за некој кој само што дипломирал на колеџ со еден тон студентски долгови и обратно. Две лица имаат многу различни ситуации и различни потреби. Неодамнешниот универзитетски дипломец ќе треба да помогне во буџетирањето и управувањето со долгови, додека милионерот сака да знае за работи како што се најдобрите можности за инвестирање и како да се основаат големи фондови за да се минимизира данокот.

Исто е и со бизнисите. Ако имате мал бизнис, можеби без вработени освен вас, вашите потреби се многу различни од оние на една основана компанија која вработува десетици луѓе и прави милиони.  Некои работи се универзални, но повеќето работи не се.

Значи, сè што ќе прочитате треба да се оцени многу внимателно. Додека го пишувам ова, неколку нови анкети за мал бизнис се објавени во последните неколку дена.  Истражувањето на Велс Фарго (Wells Fargo) покажува дека оптимизмот за мал бизнис е во пораст, а истражувањето од Американската Банка покажува  дека жените сопственици на мали бизниси се поголеми оптимисти од мажите во врска со  приходите и гледиштата за пораст.

Но, прочитајте го малиот извадок  и ќе видите дека Велс Фарго смета дека малиот бизнис има „годишни приходи над  20 милиони долари“, а Американската Банка оди по „годишен приход од 100.000 до 4.999.999 долари и вработување помеѓу 2 и 99 вработени“.

За жал, креаторите на политиките обрнуваат внимание на истражувања како што се овие. Тие ги користат за да дознаат со што се соочуваат малите бизниси и да одлучат кои политики треба да ги постават.  Тие можеби мислат: „Одлично! Оптимизмот за мал бизнис е во пораст, така што тие добро функционираат -  не треба да им даваме повеќе даночни олеснувања“.  Но, многу компании вклучени во истражувањето се она што повеќето од нас би го нарекле барем средно-мали или евентуално големи компании. Нивните искуства може да имаат тесна врска со оние мали семејни продавници.

Дефинициите за големина, исто така, често се користат за да се одлучи кој се квалификува за заеми за мал бизнис од владата или друго финансирање. Така, може да се обратите за финансирање на вашиот бизнис и да се изненадите од натпревар со многу поголеми компании.  Можеби ќе ви биде тешко да се квалификувате за оние мали кредити за мали бизниси, бидејќи немате финансиска евиденција што може да ја покажат пооснованите компании.

Дефиницијата за големината е важна на неколку различни начини. Во следниот дел, ќе разговараме за тоа што можете да направите за да ја избегнете конфузијата и да бидете сигурни дека ќе го добиете вистинскиот совет за вашиот бизнис и вашата ситуација.

4. Разберете  што е правилно за вашиот сопствен бизнис

Со оглед на многу различните дефиниции за бизнис, важно е да земете предвид општи совети за мал бизнис со малку скептицизам, освен ако не ви е јасно што авторот или страницата подразбира под „мал бизнис“.   Инаку, може да ги засновате вашите деловни одлуки врз тоа што е правило за поголема компанија,а не е за вас. 

Добра идеја е да се анализирате себе си и вашиот бизнис, за да разберете што е вистинско за вас.  Овие прашања се добра почетна точка:

  • Кои се вашите цели?
  • Како го дефинирате успехот?
  • Дали целите кон висок раст или одржливост?
  • Колку пријатно се чувствувате при преземање ризици?
  • Дали сте спремни да преземете долг за да го финансирате растот на вашиот бизнис, или претпочитате да живеете во рамките на вашите средства?
  • Дали ќе размислите за надворешни инвестиции, или сакате да одржите целосна контрола?

Има многу повеќе што може да ве натера појасно да го разберете вашиот бизнис и вашите цели. Погледнете ги следниве упатства за повеќе информации:

Кога ќе ја разберете главната вредност на предлогот за бизнис и кога ќе поставите некои цели и задачи, ќе бидете во подобра позиција да ги анализирате советите и статиите што ги гледате на интернет. Од сега па натаму, користете ги информациите што ги собравте во овој процес на самоанализа како објектив преку кој ќе видите „совет за мал бизнис“.  И внимателно погледнете дали можете да ја пронајдете дефиницијата за големина која авторите ја користат.

Заклучок

Како што можевте да видите, она што го зборуваме за малите бизниси може многу да варира. Ако не ви е јасно за дефинициите за големина што ги користевме, би можеле да ги следите следниве совети наменети за сосема различни видови на компании.

Во ова упатство, видовте како различните влади и други правни тела го дефинираат „малиот бизнис“,а видовте и како го дефинираме тука во Envato Tuts +.  Исто така, видовте зошто дефиницијата на мал бизнис е важна и како можете да добиете појаснувања за вашите сопствени деловни цели, така што ќе можете да бидете сигурни дека било кој совет што го читате е соодветен за вас и за вашиот бизнис.

Ако сте виделе некои други дефиниции, или ако имате своја дефиниција за мал бизнис, ве молиме да ја споделите во коментар.

Advertisement
Did you find this post useful?
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.