Unlimited Powerpoint templates, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Business
  2. Brainstorming
Business

Која е дефиницијата за произлегување на генијалните идеи? (за групи и поединци)

by
Difficulty:IntermediateLength:MediumLanguages:
This post is part of a series called The Ultimate Guide to Better Brainstorming Techniques.
How to Run an Effective Brainstorming Session

Macedonian (Македонски јазик) translation by Andrijana Mitevska (you can also view the original English article)

Ако сте повеќе од љубопитни за дефиницијата за генијалните идеи , и сакате да ги започнете,  тогаш овој водич е брза, но темелна почетна точка за работа.  Дознајте ја целта на генијалната  идеја и како да го следите  ефективниот и креативен начин за надоаѓање на идеи за решавање на проблемите.

What is brainstorming Definition origins process and purpose
Што е генијална идеја? Дефиниција, потекло, процес и цел.

Што е генијална идеја?

Најпрво, да дадеме дефиниција за надоаѓањето на генијалните идеи.

Надоаѓањето на генијални идеи (брејнсторминг) е метод за инспирација на креативно решавање проблем преку охрабрување на членовите на групата да ги отфрлат идеите задржувајќи ги критиките и пресудите. Генијалните идеи, со многуте нивни  форми  станалe стандардна алатка за идеи (развој на нови идеи). Можеби ова е поради нивната многустраност:

  • Додека деловните луѓе, веројатно најмногу го користат терминот „брејнсторминг“, процесот се користи во многу широк опсег на  поставки , од универзитети, непрофитниорганизации, до изведување уметнички локации.
  • Генијалната идеја може да се оствари од голема група луѓе, мала група или индивидуа.
  • Не постои ограничување на типот на проблемот или прашањето  кое што може да се реши со генијалната идеја.

Додека  терминот „брејнсторминг“  е релативно нов, концептот е стар како човечкото суштество. Идејата за развивање на процесот за бизнис, била развиена во 1941, од страна на Алекс Осборн.  Извршниот директор за рекламирање, Осборн ја разбрал важноста на креативноста за успех; во неговата книга од 1952 година  „Вашата креативна моќ: Како да ја користите замислата“, тој напишал: „Не само во бизнисот, туку на секое поле, квалитетот на раководството се заснова на креативна моќ“. 

Осборн верувал дека креативноста  често била вовлечена во деловниот свет поради тоа што многу малку идеи биле создадени од многу малку луѓе а луѓето вклучени во креативниот процес  биле премногу брзи за да ги критикуваат и осудуваат иновативните идеи.

Тој исто така верувал дека во секој има потенцијал за креативност, и учење креативни вештини. Така, четирите правила за генијална идеја на Осборн, биле креирани за да ги надминат ограничувањата и да ги покачат креативните способности на вработените. Тие биле ( и сеуште се):

  • Нема критики за идеите
  • Одење до големи количини на идеи
  • Меѓусебно надоградување на идеите
  • Поттикнување диви и претерани идеи

Како генијалната идеја се вклопува во поголемата слика

Иако е вообичаено да се зборува за тоа, или да се користи генијалната идеја како алатка,  Осборн ја согледал како дел од поголем процес. Осмислувањето идеи, како што тој го согледал, било корисно само кога идеите решавале вистински проблеми.

Поголемиот процес кој го развил Осборн бил наречен Creative Problem Solving  или CPS. CPS вклучува четири чекори опишани од Creative Education Foundation:

  1. Разјаснете-Истражете ја визијата со одредување на целта, желбата или предизвикот; соберете податоци за подобро да го разберете предизвикот, и создадете предизвикувачки прашања кои бараат решенија
  2. Замислете- Истражете ги идеите преку процесот на генијална идеја.
  3. Развој-Формирајте решенија развивајќи ги идеите генерирани во процесот а потоа одберете ги најдобрите решенија.
  4. Спроведување-Формирајте план после истражувањето на ресурсите и потребните активности за да се дојде до решението.

Овој процес со текот на годините, бил користен од илјадници поединци, бизниси и групи, основани врз четирите основни принципи, кои не биле развиени само одстрана на  Осборн но и од многу други од Фондацијата. Основните принципи се:

  • Дивергентното и конвергентното размислување мора да бидат избалансирани- Тајната на креативноста се запознавањето начини за идентификување и балансирање на проширувањето и намалување на вашето мислење (направено одделно). Исто така битно е да знаете кога да ги вежбате овие начини на размислување.
  • Поставувајте ги проблемите како прашања- Кога предизвиците и проблемите се повторуваат како отворени прашања со повеќе можности, решенијата се поканети и развиени покасно. Ваквите прашања генерираат многу богати информации, додека затворените прашања се стремат кон извлекување потврда или одбивање. Изјавите се стремат кон генерирање на ограничен или неограничен одговор.
  • Одложено или суспендирано пресудување-Кога Осборн ја учел раната работа за генијалната идеја, моменталната пресуда на дадена идеја го исклучува генерализирањето на идеи. Постои соодветно и потребно време да се пресуди идејата при конвергирање.
  • Фокусирајте се на „Да, и“ повеќе од „Не, но“- Кога се генерираат информации и идеја, битен е јазикот. „Да, и “ овозможува продолжување и проширување, што е потребно во одредени фази на CPS. Бидете внимателни: употребата на зборот „но“- претходен од „да“ или „не“- го стишува разговорот, негирајќи го сето она што се појавило претходно.

Кога е завршен процесот на генијална идеја?

Самиот процес на генијална идеја е доста едноставен, но бара оспособено олеснување и внимателно планирање на оптималните резултати. Се разбира, поединците можат да доаѓаат до идеи во било кое време, и на било која локација. Но, кај групите има повеќе видови на надоаѓање на идеи. Сите го следат овој основен процес:

Чекор 1: Испланирајте ја вашата сесија од генијални идеи

  • Разјаснете ја целта на процесот со формирање насочени, отворени прашања кои би воделе кон решенија. На пример, „Како да го подобриме услужувањето на купувачите?“ е погенијална идеја од „Што не е во ред од нашата служба за купувачите.“
  • Одберете ја соодветната група за процесот на генијални идеи. Оваа група може да биде голема или мала, но треба да ги вклучи поединците кои  ќе бидат вклучени во целиот процес на спроведувањето на промени или нов проект.
  • Одберете го соодветното време и место за процесот на генијални идеи. Понекогаш, овој процес се одвива надвор од работното место со цел да се избегнат проблемите поврзани со работата. Процесот може да се одвива во текот на работен ден, викенд, или попладне.
  • Одберете квалификуван водич кој е способен да формулира прашања, да управува со личности, да снима идеи, да го подржува процесот на развој и да создава изводлив и соодветен план за дејствување со влезот на групата.
  • Планирајте го процесот, така што на групата може да ѝ се обезбеди јасен план за времето. Во плановите треба да се вклучени оброците, превозот, и други критични елементи.

Чекор 2: Одберете процес на генијална идеја

Процесот на генијална идеја  може да биде едноставно поставување на прашање, собирање одговори, и нивно оценување. Во некои случаи ова резултира со добар избор на можни решенија. Како и да е, многу често е потребно покреативно охрабрување.

Затоа врз основа на знаењето и динамиката на членовите на групата, водичот  или планерот може да одбере да спроведе една од разните процедури на генијална идеја. На пример:

  • Генијално пишување- Процесот на генијална идеја овозможува членовите на групата да пишуваат, споделуваат, и меѓусебно да си ги коментираат идеите без да станат и да држат говор. Кога одредени поединци доминираат во групата, е корисно.
  • Напад по улоги-  Е креативен процес кој ги вклучува членовите од групата  во импровизација на улогите кои ги одбрале или им се доделени. Овие улоги можат да бидат од реалистични (гневен клиент), до ликови од фантазија(Супермен, или Аладин).
  • Обратен процес - Овој процес на генијални идеи налага членовите на групата да го прават спротивното од тоа што се нуди во смислената идеја. На пример, наместо да прашуваат „ Како да привлечеме повеќе корисници со нашата апликација?“, менторот може да праша „Како можеме да обезбедиме што е можно помалку луѓе да ја користат нашата апликација?“  Овој пристап е корисен за ситуации во кои ја снемува креативноста; Тоа често може да резултира со смешни но значајни одговори кои водат кон позитивни и корисни решенија.
  • Тркалезна Робинска Brainstorming

Научете повеќе за овој процес

Чекор 3: Поставете ги основните правила на процесот

Процесот на генијална идеја вообичаено започнува со вовед на процесот, основните правила, планот, и некои критични детали (како локацијата на тоалетот!).  Многуолеснувачи ги поставуваат правилата во однос на употребата на  телефони или лаптопи додека процесот трае. 

Многу олеснувачи започнуваат со почетна сесија која  го поставува тонот и ја објаснува врската помеѓу луѓето кои го вршат процесот. Битно е сите членови да го разберат тоа, тие се сторители на целите на процесот.  Дури и член од извршниот менаџмент, денес е само обичен член на групата.

Откријте повеќе правила за брејнстормингот што че ви помогнат:

Чекор 4: Извршете го процесот

Процесот на генијалната идеја е процес кој го води олеснувачот. Тој поставува прашања и прашува за одговори. Ако сте олеснувач, тогаш  Вие сте водач на групата низ процесот.

Правилата на процесот (без критики, без пресуди) се важни да се применат, така што сите ќе се чувствуваат удобно допринесувајќи.  Исто така, осигурете се сите идеи да бидат запишани на табла или во графикон, од ваша страна или од страна на помошник.

Колку што ќе е потребно, толку додатни форми на процесот ќе вградувате, за да ја ограничете или охрабрите партиципацијата во вашата група, ќе блескате од креативност, или ќе се справувате со други проблеми.

Чекор 5:Вклучувајќи го процесот на генијална идеја

Кога еднаш ќе осетите дека се произведени доволен број на идеи, време е да ги развиете идеите и да одредете кои се најкорисни.  Како водич на групата, можеби ќе одберете да поканете членови од групата да запишуваат забелешки или да ги коментираат идеите, или едноставно ќе го олеснете разговорот со вашата група.

Откога групата ќе оддели неколку идеи за истражување, работете со вашата група да развиете понатамошно истражување на идеите во безвеменски период.  На пример идејата која се однесува на усовршување на технологијата може да биде одредена за група која вклучува ИТ-експерт и поединец кој се занимава со софтвер секојдневно. 

Резултатот е јасен, овозможете извршување на задачки за извршување на формата на новата идеја,  и со сигурност закажете ја датата за следната средба.

Научете повеќе за тоа како да ја испланирате вашата брејнсторминг сесија правилно:

Зошто брејнсторминг-процесот функционира толку добро?

Во однос на Фондацијата „Креативвна едукација“  на Осборн, тајната лежи во одделувањето на критичките од креативните мисли. „Ова значи да произведете  премногу опции пред да ги проценете.“ Резултатот од процесот на генијална идеја се идеи кои не се само практични, туку се иновативни. Тоа се идеите кои помагаат на една организација да си го промени мислењето од „бизнис како вообичаено“ во „невообичаено“.

Во согласност со теоријата на процесот на генијалната идеја, секој е креативен- а таа креативност може да се зголеми и унапреди. Тоа значи дека процесот може да резултира од „луѓе-некреативци“- луѓе кои работат со финансии, канцелариска администрација, или трговци- од кои никогаш не било побарано да придонесат во процесот на идеи.

Резултатот може да вклучи идеи кои земаат во предвид широк поглед на перспективи и процеси. Тоа значи дека резултатите од добро извршен процес можат да бидат изненадни и иновативни.

Зошто процесот на генијална идеја е само дел од поголем процес

Процесот на генијални идеи или брејнсторминг е прекрасен начин да произведувате уникатни, креативни идеи, но се разбира нивното резултирање само по себе нема да придонесе резултат. Процесот на создавање идеја не е ист со проценување; процената е различна од извршување;  Извршувањето е можно само кога некој чекор е прифатен и финансиран.

Од гледна точка на Осборн, целта на процесот не е само да се произведе идеја.  Целта е моментот кога пресудните мисли се делат од замислата-  а замислата слободно може да лута.

Од овој процес веројатно надоаѓаат голем број идеи, некои нови за менаџментот, кои во себе имаат потенцијал да го подобрат бизнисот. Кога процесот на создавање генијална идеја е готов, како и да е проценувањето и извршувањето се клучот до успех. 

Процесот го потпомага создавањето креативни идеи, полни со активности 

Брејнстормингот или создавањето идеја е само дел од големиот процес  на проширување и градење бизнис креативност. Развиен од рекламниот извршник Алекс Осборн, создавањето нови идеи е прекрасна алатка за вклучување голем број од вработените во целосно креативен процес за решавање проблеми.

Процесот на создавање идеи не се завршува сам по себе. Наместо тоа, претходи  на разјаснување на проблем, предизвик или прашање. Процесот е проследен од проценување  и равој на идеите, исто и извршување на креативни идеи за кои се смета дека ќе бидат практични и корисни.

Move Beyond the Definition of Brainstorming and Get Started

Научете повеќе со помош на нашиот Врвен водич за подобрување на брејнсторминг техниките или откријте повеќе креативни техники на идеи во оваа статија:

По дефиниција создавањето на генијални идеи (брејнсторминг) е дел од поголем креативен процес. Користете го за произведување на вашите идеи како група. Бидете сигурни дека ваша мета е некој проблем, следете ги неколкуте основни правила за да ја држите вашата група информирана, и водете ги вашите идеи до крајот. На тој начин можете да превземете акција за најиновативните и битни идеи  на кои ќе се присетите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.