Unlimited PowerPoint templates, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Business
  2. Social Media

Кога социјалните медиуми се трошење на време и пари?

by
Difficulty:BeginnerLength:MediumLanguages:

Macedonian (Македонски јазик) translation by PublicMenace (you can also view the original English article)

Имате Facebook страна за вашиот бизнис. Веројатно имате и  Веројатно имате и Twitter, можеби и Instagram и Pinterest.

Гуруа, експерти, застапници и блогери постојано ви кажуваат дека на малите бизнси им треба силно присуство на социјалните медиуми.

Но дали сте се запрашале зошто?

Зошто посветувам време на тоа да споделувам содржина за да оставам впечаток пред мојата публика на Facebook? Има ли поента во објавувањето на твитови?

Можеби има. Можеби не.

Секако некои бизниси добиваат бенефиции од активноста на социјалните медиуми, но често трошењето на време и пари на социјалните медиуми е само загуба.

Размислете за ова:

Можеби сега е вистинско време повторно да размислите за вашата социјална стратегија.

Во овој туторијал ќе го разгледаме маркетингот преку социјалните медиуми и ќе истражиме дали тоа му помага на вашиот бизнис или е само лошо насочување на ресурси.

Се прашувате дали социјалните медиуми можеби се трошење на време за вашиот бизнис?

Или во што точно треба да инсвестирате повеќе?

Продолжете да читате:

Да почнеме со пример

Имам другар кој го инспирираше артиклов, да го викаме Лестер. Тој е забавувач на венчавки и корпоративни настани во Ирска.

Наплатува до 1000 евра за настап. Откако го знам, луѓето му велат да минува повеќе време на Facebook и Twitter. Ја спомнуваат неговата конкуренција која има страни со двојно повеќе лајкови. Сигурно не сака да губи настапи поради конкуренцијата?

Секоја година или две, некој успева да го убеди Лестер да им даде шанса на социјалните медиуми. Му нудат да ја водат страната за него или знаат одличен менаџер на социјални медиуми кој би го правел тоа. Понекогаш и самиот го прави тоа.

Секој пат се случува истото.

По неколку недели комуницирање со неговата публика, почнува да добива понуди од луѓе заинтересирани за тоа да го најмат за настап.

Тоа е успех?

Не баш.

Кога луѓето кои му пратиле порака ќе дознаат дека неговиор настап кошта 1000 евра, а не 100, бараат некој друг.

crowd at gig
Сите во публиката го сакаат бендов, но не можат да го најмат за приватен настап.

Проблемот е што тој има 2 публики, луѓето кои виделе негов настап и им се допаднал и луѓе кои се подготвени да ја платат неговата цена.

Иако првата група е активна на социјалните медиуми, втората не е. Тие кои најмуваат забавувачи за корпоративни настани не бараат забавувачи на Facebook.

Тоа е коренот на проблемот. Повеќето од неговите конкуренти или нудат пониска цена или собираат лајкови на Facebook зашто тоа прави да се чувствуваат добро.

За Лестер тоа не е исплатлива стратегија за социјалните медиуми. Социјалните медиуми за него се губење на време. Подобро за него е да троши енергија на друго место.

Да видиме како овој пример влијае на вашиот мал бизнис.

Зошто ги користите социјалните медиуми?

За да откриете дали социјалните медиуми вредат за вашиот бизнис треба да откриете зошто ги користите и што сакате да постигнете.

Има многу причини зошто би користеле социјални медиуми и тие спаѓаат во 3 широки категории:

  • Да ве видат нови муштерии/клиенти/партнери.
  • Да останете во контакт со постоечките муштерии/клиенти/партнери.
  • За да им пружите корисничка поддршка.

Обидите да добиете лајкови или да споделувате мемиња само зашто конкуренцијата користи социјални медиуми не се доволно добра причина да инвестирате време и пари во тоа. Да ја цитирам мајка ми, „дали би скокнале од мост само зашто конкуренцијата скокнала?“

Седнете и размислете за причините. Ако не ви текнува на една добра причина, веројатно губите време. Причините се јасни кај оние бизниси на кои социјалните медиуми им се од помош.

Дури и ако имате добра причина, вашиот труд може да биде погрешен. Да ги разгледаме трите категории една по една и да се осигураме дека инвестираме во социјалните медиуми на начин кој се исплати.

1. За да добиете нови муштерии

Една од најголемите причини зошто малите бизниси користат социјални медиуми е тоа да достигнат нови муштерии. Муштериите се животот на секој бизнис и тоа што ги има премногу не може да биде проблем.

Забелешка: Ќе го користам зборот муштерии за да поедноставиме, но исто така се однесува и на клиенти и бизнис партнери. Од вашиот бизнис зависи кои од нив ќе се трудите да ги придобиете.

Иако е вистина дека социјалните медиуми можат да бидат добар начин за да достигнете нови муштерии, мора да се осигурате дека ги достигнувате вистинските муштерии.

Да се потсетиме на Лестер. Многу луѓе сакаа да го најмат преку социјалните медиуми, но не сакаа да го најмат по цените кои ги наплаќа. Кога почнуваше пред 20 години, социјалните медиуми можеа да бидат добро место за него за да најде нови муштерии, но сега тој е еден од најдобрите забавувачи во Ирска и тоа не е така.

Ако планирате да ги користите социјалните медиуми за да стекнете нови муштерии, осигурајте се дека тие постојат. Ако имате бизнис до бизнис софтвер компанија, обидите да добиете лајкови на вашата Facebook страна со надеж дека ќе добиете потенцијална предност, веројатно се непотребни. Може да успева од време на време, но тоа не е најдобрата намена за вашите ограничени ресурси.

Лестер ги наоѓа повеќето клиенти кога настапува. Тие го гледаат неговиот настап и сакаат да закажат. Наместо да си оди по настапот, тој останува на видливо место половина час откако ќе заврши. За него е подобро да чека уште 30 минути за да добие нови муштерии наместо да го потроши тоа време на објавување на Facebook.

Прашања кои треба да се запрашате

  • Дали луѓето кои сакам да ме видат се на Facebook? Twitter?  Pintrest?  Или LinkedIn?
  • Ако се таму, како најдобро да достигнам до нив? Кој е мојот еквивалент на чекање половина час по свирка?
  • Ако се на социјалните медиуми, дали имам начин да ги натерам да купат нешто? Дали е тоа возможно?

Ако не ви текнува на убедливи одговори на овие едноставни прашања, веројатно си го губите времето бркајќи муштерии на социјалните медиуми.

2. За да останете во контакт со постоечките муштерии

Најлесно ќе им продадете на луѓето кои веќе купиле од вас.

Веќе еднаш сте ги убедиле со вашиот бизнис предлог, вториот пат ќе биде полесно. Социјалните медиуми можат да бидат добар начин да останете во контакт со постоечките муштерии.

Според мене, тоа е најголемата корист од нив.

Да речеме дека имате мал бизнис и продавате ракотворби на Etsy. Вашите муштерии нема да ја посетуваат вашата продавница секој ден. Но може да ја лајкнат вашата Facebook страна.

Кога имате нови продукти или кога на интернет ќе најдете нешто кое би им се допаднало, можете да ги споделите. Веќе знаете дека се барем донекаде заинтересирани за тоа кое го нудите.

Истата стратегија може да биде добра за различни бизниси. Рестораните можат да го споделат менито и работните часови. Веб страните кои продаваат информации (како Envato Tuts+) можат да ги промовираат новите курсови и да најавуваат распродажби.

Тоа не значи дека ова е сигурна стратегија.

Можно е обидите да останете во контакт со муштериите на вашите социјални медиуми да бидат губење на време.

Ако продавате продукт кој муштериите обично го купуваат само еднаш, како на пример коњ, нема да ви се исплати да ги задржите преку социјалните медиуми. Слично, ако сте бизнис до бизнис компанија, повеќето од вашите постоечки муштерии нема да бидат активни на социјалните медиуми, барем не за бизнис.

Што треба да се запрашате

  • Дали имам постоечки муштерии со кои можам да останам во контакт преку социјалните медиуми?
  • Дали имам што да им понудам? Или останувам во контакт со нив туку-така?
  • Дали вреди времето кое го посветувам за да останат ангажирани?

3. За да понудите корисничка поддршка

Повеќето големи компании имаат некој кој седи во одделот за корисничка поддршка и следи Facebook и Twitter. Кога некој има проблем со мобилниот оператор или кабловска компанија, обично прво таму се обраќа.

Наместо да се јават на телефон за корисничка подрршка, ќе се жалат гласно и во јавност. Добра инвестиција е да имате некој кој е подготвен да понуди помош.

Не е секогаш така за малите бизниси. Освен ако имате голем број на муштерии на кои веднаш им треба помош, социјалните медиуми се лош начин за да им понудите поддршка. Подобра опција е да ги пренасочите кон другите опции, како информации и често поставувани прашања.

Што треба да се запрашате

  • Дали социјалните медиуми се најдоброто место за да понудите корисничка поддршка? Зошто?
  • Дали следењето на повратните информации од муштериите ви е изговор за да седите на Twitter?

Што е следно?

Досега сигурно добивте добра претстава дали социјалните медиуми се добри за вашиот бизнис. Ако навистина ви помагаат да добиете нови муштерии, да останете во контакт со старите или за да понудите корисничка поддршка, тогаш тоа е добра инвестиција. Ако не ви помагаат за ниедна од тие цели, веројатно си ги трошите ресурсите напразно.

Дури и ако социјалните медиуми се добро потрошени време и пари, мора да им пристапите на вистинскиот начин, да инвестирате само во тие канали кои се добри за вашиот бизнис. Следењето на вистинската цел на погрешниот начин е подеднакво лошо како следење на погрешни цели.

Еве неколку туторијали кои ќе ви помогнат да научите како да ги користите социјалните медиуми на вистинскиот начин и да се осигурате дека добивате резултати.

Следниот чекор е да смислите стратегија. Во Tuts+ имаме цел водич за социјалните медиуми за мали бизниси кој може да ви помогне во процесот. Почнете со водичот за почетници горе и продолжете со следните лекции, обраќајки посебно внимание на тоа како да мерите резултатите од инвестицијата за да го подобрите вашиот пристап.

За крај

Што и да велат застапниците и гуруата, социјалните медиуми не значат сигурен успех. За некои мали бизниси социјалните медиуми се губење на време.

Има многу мали бизниси кои немаат потреба од тоа да бидат активни на Facebook или Twitter. Во овој туторијал ви покажав како да идентификувате дали вашиот бизнис е еден од нив.

Ако не е така и имате корист од социјална тратегија, тогаш сега е време да смислите добар план и ефикасно да го имплементирате.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.