Students Save 30%! Learn & create with unlimited courses & creative assets Students Save 30%! Save Now
Advertisement
  1. Business
  2. Productivity
Business

Зошто повеќето совети за продуктивност не успеваат (и како да го надминете тоа)

by
Difficulty:BeginnerLength:LongLanguages:

Macedonian (Македонски јазик) translation by PublicMenace (you can also view the original English article)

Среќна нова година! Во ова време од годината сакаме да правиме инвентар и нови планови. Една од најпопуларните желби е да бидеме повеќе продуктивни.

Добрата вест е што интернетот е полн со совети за продуктивност. Лошата вест е тоа што и покрај сите тие одлични информации и системи, на многу од нас не им е лесно да бидат повеќе продуктивни.

Зошто многу совети за продуктивност не успеваат и што можеме да направиме во врска со тоа? Токму тоа ќе го испитаме во овој туторијал. Нема подлабоко да разгледам конкретни техники за продуктивност, но ќе ставам многу линкови преку кои можете да научите за нив.

How to approach productivity tips to overcome failures

Овој артикл нема да се концентрира на тој кој систем за продуктивност да го користите, туку како да ѝ пријдете на продуктивноста, кои техники и да ги одберете.

1. Причините се неуспешни обиди за продуктивност

Повеќето совети за продуктивност не успеваат поради многу едноставна причина. Се концентрираат на одредена техника или систем наместо на основните однесувања.

Ви даваат идеја дека одредена алатка, апликација или систем ќе ги решат сите проблеми со продуктивноста и ќе ви помогнат ефикасно да ги следите сите задачи за следната година.

Што им фали на кратенките и хаковите?

Тоа е примамлива илузија, но сепак илузија. Често паѓаме на тоа и во други аспекти од животот, особено за слабеење. Една година е Саут Бич диетата, следната е Аткинсова, па медитеранската, па палео и така натаму. Сепак, 95% од диетите не се успешни.

Вистината е дека не е важна само техниката на продуктивноста. Сите имаат свои добри и лоши страни, свои поддржувачи и критичари. Како диетите, некои од нив може да работат за некои луѓе во некое време, но повеќето може да не бидат успешни.

Важен е начинот на кој ѝ приоѓате на продуктивноста.

Дали се трудите да направите премногу промени одеднаш?

Една од најголемите грешки кои ги прават луѓето е тоа што се трудат пребрзо да сменат премногу работи.

Тоа е нормално, сакате следната година да биде поинаква од минатата и се трудите да правите големи промени во големи аскпекти од животот.

Нема ништо лошо во тоа да бидете амбициозни, но факт е дека е многу тешко да ги смените вградените навики. Споре често повторувана изрека, потребни се 21 ден за да смените навика, но истражување од University College London вели дека во просек се потребни 2 месеци и многу се разликува од човек до човек.

Имајте во предвид и дека за голема цел како тоа да станете продуктивни треба да смените повеќе навики- можеби ќе треба:

  • да станувате порано од тоа на што сте навикнати
  • да гледате помалку телевизија
  • помалку да ве прекинува смарт телефонот
  • и така натаму.

Тоа се премногу работи кои очекувате да ги смените одеднаш.

Имајте во предвид и дека животот е непредвидлив. Сигурно ќе имате неочекувани дистракции, болести, караници, пречки и емоционални проблеми со кои ќе треба да се справите сега, на крајот на годината.

Ако сте премногу ригидни и нереалистични за тоа што го очекувате од себе, овие работи ќе ве тргнат од курсот.

Зошто постепен пристап функционира подобро

Не велам дека не можете да ги смените навиките и да бидете попродуктивни. Всушност, тоа може да се постигне. 

Само велам дека со постепен пристап си давате поголема шанса за успех. Посветете време на тоа да направите едно нешто како што треба, па продолжете со друго, па со друго.

Ќе го погледнеме ова подетално во остатокот од туторијалот, но засега, гледајте ја следната година како маратон.

Не сакате да почнете со спринт, да се чувствувате одлично некое време, па да паднете. Сакате да се движите со брзина која можете да ја одржите во текот на годината и идеално, во остатокот од животот. Ако таа брзина ви делува пребавно на почетокот, тоа е во ред. Одолејте на искушението да забрзате додека не се осигурате дека можете без да изгубите здив.

2. Создадете простор

Сакате да заврпите некои работи годинава и природно е да планирате како да почнете со тие задачи. Но сигурен начин да не успеете со вашите цели за продуктивност а ако продолжите да додавате нови работи на листата.

Productivity tips create space and cut back

Што можете да престанете или да намалите?

Пред да почнете да додавате нови задачи на листата, мора да создадете простор во животот. Има толку и толку часови во денот и ако сакате да правите нови работи, мора да се откажете од некои. Инаку, нема да ги постигнете вашите цели.

Пред да решите што сакате да правите годинава, решете што сакате да престанете или да намалите. Тоа не мора да бидат „лоши навики“, може да бидат и работни задачи на кои им посветувате премногу време, но повеќе немате корист од нив.

Всушност, тие работи може да ви одземаат премногу време, работи кои ги правите зашто мислите дека треба или зашто некој ви кажал дека ќе ѝ помогнат на вашата кариера, но кои не гледате дека се исплатат.

Како да водите евиденција и да го следите времето

Почнете да водите евиденција за тоа како го трошите времето во моментов. Во неделата има 168 часа, колку од нив трошите на работи кои ви се важни за главните цели во животот? На што го трошите остатокот од времето?

Би препорачале точно да го следите времето една цела недела со едноставни апликации како Toggl или Harvest или со методот кој најмногу ви одговара. Резултатите може да ве изненадат.

Потоа, одлучете која од тие работи ќе престанете да ги правите. Размислувајте големо, следете го тоа што Jim Collins го нарекува 20-10 задача.

Тоа изгледа вака: Замислете дека се будите утре и имате 2 телефонски повици. Првиот ви кажува дека сте наследиле 20 милиони, без услови. Вториот ви кажува дека имале неизлечива смртоносна болест и имате најмногу 10 години живот. Што би направиле поинаку и што би престанале да правите?

Тоа би требало да ви ослободи време.

Имајте во предвид дека веројатно нема веднаш да престанете со сите работи кои планирате да престанете да ги правите, поради причините за кои веќе зборувавме. Затоа не правете распоред кој го искористува секој час кој сте го ослободеле. Но ако можете да прекинете барем половина од работите кои не сакате и не требате да ги правите, ќе забележите дека продуктивноста значително ќе ви се подобри.

3. Нека биде едноставно

Ослободивте простор, но не го пополнувајте веднаш. Наместо да се трудите да смените се', менувајте ги работите една по една.

На пример, ако можете да одберете една голема цел која сакате да ја постигнете и да ја зацврстите навиката да се будите 1 час порано секој ден од неделата и веднаш да почнете да работите, пред да почнете со сите работи кои треба да ги правите.

Резултатите брзо се покажуваат кога се концентрирате на една активност

Тоа е релативно едноставно, но ќе направи голема разлика ако го правите постојано. Во текот на една година, 1 час фокусирана активност на ден може да се направи:

Иако тоа е лесна промена во теорија, може да биде тешко да се постигне во пракса. Многу утра ќе се чувствувате премногу уморни, премногу вознемирени итн. Ќе ви треба многу труд и решителност за да ја зацементирате навиката.

Има смисла да ја концентрирате вашата енергија на таа една промена. Може да сакате да направете промени и во други аспекти од животот, но оставете ги засега. Прво направете едно нешто. Работете на тоа барем месец или 2 додека не ви доаѓа автоматски како туширање или миење заби.

Работете на само една техника за продуктивност во дадено време.

Кога ќе се навикнете на таа навика, размислете за тоа да користите алатка за продуктивност во останатото време. Нека не ве преовладува изборот и не користете повеќе различни техники, одберете само една и работете на неа месец или 2. Конзистенцијата е клучна.

Можете да најдете одлични информации за некои од најпопуларните системи за продуктивност во нашиот водич за учење на продуктивност или во следните туторијали:

Патем, примерот кој го дадов во секцијата за работење еден час секој ден на вашата главна цел е само пример. Луѓето го огранизираат времето на многу различни начини и вам можеби ќе ви одговара друг распоред. Поентата е едноставно да направите мала, но значајна разлика и да се држите до неа пред да се обидете да правите други работи.

4. Бидете реалистични

Дури и кога се концентрирате на само една работа, сепак можете да бидете нереалистични во вашите цели. Добро е да се форсирате, но нема да успеете ако се форсирате премногу. Покрај тоа, животот ве изненадува од време на време и треба да имате празен простор во плановите.

Спуштете ги целите за да бидете поуспешни

Намалете ги целите кои ги смисливте за окулу 20%.

Еден начин да го направите тоа е целосно да отстраните некои од вашите цели. Има нешто кое би сакале да го направите, но не морате? Можеби отсекогаш сте сакале да научите арапски, но времето и енергијата кои ќе ги посветите на лекциите може да влезат во конфликт со некои од другите ваши амбициозни цели. Можеби можете да го одложите тоа, барем засега.

Не заборавајте дека секогаш можете да продолжите со некои од вашите напуштени цели во иднина, откако ќе ослободите простор со постигнување на една од работите на листата за годинава.

Намалете ги целите на неколкуте најважни

Бидете брутални и концентрирајте се на само една работа која ќе направи вистинска разлика во вашиот живот. Потоа можете да додаете нови подоцна во годината ако се' оди добро, но избегнувајте да правите долги листи за годишните цели. Два од три е многу.

Можете да си создадете простор со одложување на датумите за во иднина. На пример, ако вашата цел е да почнете бизнис во рок од 6 месеци, продолжете го тој рок за еден месец за да направите простор за непредвидените работи,

5. Бидете фини со себе

Една од опасностите на работењето на продуктивноста е тоа што се гледате себеси како машина. Обидете се да го извадите најголемиот аутпут од таа машина во секој момент и ако се скрши под притисок ќе мислите дека нешто не е во ред со неа.

Productivity tips You are not a machine

Не заборавајте- вие не сте машина. Вие сте човек.

Ви требаат работи како слободно време, релаксација и време минато со саканите. Ако не си ги дозволите тие работи, погодете што? Вашата продуктивност ќе страда.

Ако се форсирате да работите 7 дена недело без пауза, ќе ви биде непотребно тешко да се концентрирате. Веројатно ќе бидете иритабилни и нервозни и лесно ќе ви се одвлекува вниманието. Ќе посветите повеќе и повеќе часови на вашата работа, но добар дел од тоа време ќе трошите на отворање Facebook и кледање видеа од комични серии од 1970-те на YouTube.

Обично ги гледаме тие работи како недостаток на волја, но во ралноста тие се неодстаток на грижа за себе. Ако не можете да се сконцентрирате, можеби е така зашто за вашиот мозок му треба пауза и ако одбивате да му ја дадете, самиот ќе си ја земе.

Наместо да се трудите да бидете продуктивни во секој буден момент, направете и забавни планови и закажете си многу паузи.

Следни чекори

Во овој туторијал разгледавме некои од причините зошто повеќето совети за продуктивност не се успешни. Видовме дека за продуктивност не е потребно само да го најдете совршениот систем или апликација за продуктивност, туку да го смените вашиот пристап.

Зборувавме за:

  • како на направите простор во вашиот живот за промените кои сакате да ги постигнете,
  • колку е важно да се концентрирате на само едно и да бидете реалистички во целите и
  • како да имате корист од тоа што сте добри кон себе наместо да се форсирате секој час да го користите попродуктивно.

Следниот чекор е да имплеметирате некои од стратегиите опишани тука. Водете евиденција за животот и одлучете кои работи сакате да прекинете да ги правите. Потоа почнете полека, отстранете стари навики и заменете ги со нови.

Ако се' уште мислите дека треба да прочитате повеќе за продуктивноста пред да продолжите, обидете се со следните туторијали:

Со среќа со менувањето на навиките оваа година. Тоа е изводливо ако имате бавен, градуален пристап кон промените, една по една.

Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.