Unlimited PowerPoint templates, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Business
  2. Careers

Како да напишете одлично писмо со препорака (+шаблони)

Read Time: 8 mins

Macedonian (Македонски јазик) translation by Andrijana Mitevska (you can also view the original English article)

Писмо со препорака (или референтно писмо) се пишува од страна на менаџер (или од колега) со цел да се истакнат вештините и постигнувањата на вработениот во текот на времето кога работеле заедно. Исто така, содржи информации за ставот на вработениот на работното место за да на потенцијалниот работодавец му даде некаква слика за тоа како е да работи со нив.

Компаниите честопати бараат писма со препораки кога вршат проверка на биографијата пред да ја понудат работата на апликантот. Во некои случаи, тие бараат апликантите да го испратат писмото неколку недели по доставувањето на нивното резиме.

И студентите користат писма со препораки кога аплицираат за прием на училиште, за училишна стипендија или за истражувачки грантови.

How to write a good letter of recommendationHow to write a good letter of recommendationHow to write a good letter of recommendation
Знаете ли како да напишете одлично писмо со препорака? (графички извор)

Во ова упатство ќе ви покажам како да напишете професионално писмо со препорака, па кога некој колега или поранешен вработен ќе побара од вас ќе знаете што да направите.

Зошто да се потрудите да напишете добро писмо со препорака?

Знам на што мислите. Не сте оној што ќе ја добие работата, па зошто да се мачите да напишете добро писмо?

Подолу се наведени три причини за кои вреди да се потрудите за добро писмо со препорака.

  1. Потенцијален извор на препорака: Што ако со некој пресврт на судбината, аплицирате каде што работи личноста што сте ја препорачале? Ако претходно ѝ помогнавте, ќе биде посклона кон враќање на услугата.
  2. Тоа е добро професионално дело, и убаво е да се знае дека она што сте го напишале му помогнало некому да добие работа.
  3. Ако личноста што го извршила барањето била вработен за пример, тогаш на таа личност ѝ должите писмо со препорака, достојно за сите напори и жртвувања што ги направила додека работела со вас.

Како да напишете писмо со препорака + примери и шаблони

Еве еден преглед на различни делови од писмо со препорака, плус примери за да ви дадат идеја за тоа што вклучува секој дел. Исто така, можете да ги преземете нашите БЕСПЛАТНИ шаблони за писмо со препорака во PDF датотека, која вклучува писмо за отпуштени вработени.

1.Започнете со адреса(на примачот) и поздравување

Користете го меморандумот на претпријатието за вашето писмо да изгледа формално. Во првиот ред впишете го датумот на кој го напишавте писмото, а потоа името на примачот, позицијата и деловната адреса подолу.

Еве еден пример:

22 октомври, 2017 година

Џон Смит

Главен директор за маркетинг, ABC Startup

Главна улица Нортист Харбор бр.123, МЕ 04662

Бидејќи ова е формално писмо, започнете го поздравувањето со “Почитувани”, по што следи соодветниот поздрав за примачот, па така напишете “г-дин”, “г-ѓа”, или нивна професионална ознака, како што се “Професор” или “Д-р.” за лекар.

Користење на неформални поздрави како на пр. „Здраво“ може да не биде отпоздравено во одредени индустрии каде што регрутите и носителите на одлуки се строги за такви професионални формалности, тие се претерано претпазливи.

2.Веднаш отворете го вашето писмо со препорака

Ајде да погледнеме како да го започнеме писмото. Првиот параграф или почетокот на писмото е лесен за пишување, бидејќи сè што треба е да ги споменете деталите за вашиот работен однос со лицето што го препорачувате.

Ова ги вклучува:

  • Вашата работа
  • Името на лицето што го препорачувате
  • Неговата работа
  • Вашиот работен однос: шеф или соработник
  • Колку време сте работеле заедно

Пример:

„Како проект-менаџер во Spectrum Finance, му бев шеф на Кевин од 2010 до 2013 година. Соработувавме на неколку производи на пазарот и уживав да го гледам како напредува во улога на бизнис аналитичар во нашиот тим.“

3.Направете добра структура на писмо со препорака

Структурата на писмото се состои од два до три параграфа кои содржат детали за вештините, знаењата и постигнувањата на лицето што го препорачувате.

За писмото да остане концизно, започнете со листа на области на експертиза на лицето, а потоа обидете се да се потсетите на ситуациите каде што сте биле сведоци на силните страни, како на пример претходните проекти или проблем што лицето го решило на работа.

Откако ќе ја имате оваа листа, изберете два до три елементи кои најдобро ја претставуваат вредноста на кандидатот кај потенцијалниот работодавец. Можете и да го користите форматот Challenge-Action-Result за да напишете кратка, но убедлива приказна за кандидатот.

Во последниот параграф напишете ги вашите размислувања за вештините или ставот на кандидатот како вработен. Работодавците не вработуваат кандидати само врз основа на технички вештини, па затоа споменете позитивни особини како што се сигурноста, иницијативата и чесноста. Ако сметате дека овие модификатори не се совпаѓаат со лицето што го препорачувате, обидете се со следниве:

  • добра комуникација
  • лидерство
  • креативност
  • аналитичко размислување
  • тимска работа

На пример:

„Огромна предност за нашиот бизнис беше знаењето на Каси за маркетинг и експертиза во односите со јавноста. Таа ги користеше своите вештини за маркетинг и пишување за нашиот мал бренд да биде забележан од истакнати публикации како Marie Claire и Cosmopolitan.

Таа, исто така, ги вршеше своите задачи со минимален надзор, па заради тоа имав доверба да ѝ давам позначајни проекти. И покрај нејзиниот преполн распоред, таа секогаш е пријателски настроена кон своите колеги и другите тимови. “

4.Напишете го завршниот параграф на писмото

Напишете дека би сакале повторно да го вработите лицето, но само ако искрено го мислите тоа. Ако не, можете да го завршите писмото со позитивна белешка, нагласувајќи колку е вреден придонесот на лицето кон компанијата и како вештините на лицето ќе бидат предност за оној што допрва ќе го вработи. Завршете го параграфот со покана да ве контактира ако има дополнителни прашања.

Примери:

„За сите причини што ги напишав погоре, најискрено го препорачувам Марк за позицијата сениор веб девелопер. Ве молиме да не се двоумите доколку имате какви било прашања.“
„Луи е таков тип на вработен каков што би го вработиле повторно без двоумење. Знам дека ќе биде одличен графички дизајнер и скапоцено богатство за вашиот тим. Ве молам контактирајте ме доколку имате какви било прашања.“

5.Завршете со професионален потпис

Немојте само да напишете “Со почит” проследено со вашето име и така да го оставите. Напишете ја вашата работна титула, е-пошта на вашата канцеларија и телефонски број под вашиот потпис, за да му покажете на примачот дека сте легитимен извор на препорака, а не платен за да дадете добра препорака.

Ова се основните делови на писмо со препорака. Ако сакате повеќе примери, проверете го шаблонот за пополнување кој се наоѓа подолу и преземете го БЕСПЛАТНИОТ PDF прилог за ова упатство.

Датум

Целосно име на примачот

Работна титула на примачот

Адреса на канцеларијата на примачот

Почитуван/а Г-дине/Г-ѓо Презиме,

Задоволство ми е да го препорачам мојот поранешен вработен/соработник, ИМЕ, за позицијата РАБОТНА ТИТУЛА во вашата компанија.

ИМЕ работеше со мене како ПРЕТХОДНА РАБОТНА ТИТУЛА во ИМЕТО НА ВАШАТА КОМПАНИЈА речиси ГОДИНИ.   За тоа време, бев импресиониран од неговата/нејзината целокупна продуктивност, особено од неговото/нејзиното знаење за ВЕШТИНА. Тој/таа постојано работеше напорно за да постигне РЕЗУЛТАТ за нашиот тим.

ИМЕ е доверлив ПРЕТХОДНА РАБОТНА ТИТУЛА и среќа е да се работи со него, не се двоуми да им помогне на неговите/нејзините соработници.  Тој/Таа е одличен комуникатор и поседува меки вештини, затоа тој/таа нема проблеми со одржување на позитивни односи со нашите клиенти. Убеден сум дека ИМЕ ќе биде од голема помош за вашиот тим, исто како што беше за нашиот.

Ве молам контактирајте ме доколку сакате да разговараме повеќе за професионалното искуство на ИМЕ.

Со почит,

ВАШЕТО ИМЕ И РАБОТНА ТИТУЛА

Е-ПОШТА

ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ

3 брзи совети за пишување подобро писмо со препорака

Совет 1. Бидете кратки

Примачот на писмото може да биде регрут од трета страна, вработен за извршување проверки, или иден менаџер на лицето што го препорачувате. Кој и да е, тоа лице ќе биде зафатено со други предмети од нивните списоци со задачи.  Тие немаат време да читаат долго и опширно писмо, па затоа нека вашето писмо биде концизно. Ограничете го на три до пет параграфа и не повеќе од една страница.

Совет 2. Испратете го користејќи го вистинскиот формат

Ако компанијата што ја извршува проверката испрати барање, можете да го испратите писмото користејќи го истиот метод што тие го користеле, освен ако нивните упатства не кажуваат поинаку. Ако добиете барање од поранешен вработен или соработник, само прашајте ги како тие би сакале да им го испратите.

Во повеќето случаи, работодавците претпочитаат да го испратите писмото преку е-пошта со вметнување на содржината на писмото во структурата на е-поштата, и со приложување на писмото и во PDF и во MS Word формат.

Совет 3. Избегнувајте општ опис

Учтиви придавки како трудољубив, посветен и пријателски настроен никому не помагаат. Овие зборови нема да додадат вредност на апликацијата за лицето што го препорачувате ,нема да му помогне ниту на примачот да одлучи дали лицето ќе се вклопи во работата.  Овие придавки не се ништо друго, туку празни ветувања кои не покажуваат дека лицето е пример за нив.

Заменете ги овие придавки со комбинација на силни глаголи и конкретни примери. Затоа, наместо да пишувате дека вашиот соработник е посветен на својот занает, зборувајте за неговата желба да научи нови вештини и да работи на различни проекти.

Што ако не можете да напишете позитивна препорака?

Одбијте го барањето. Знам дека не е толку едноставно како што звучи, но тоа е најдоброто што можете да го направите без да се лажете себеси и лицето што ќе го прочита писмото.

И за кандидатот е подобро ако кажете не. Ако напишете млака препорака и неговиот потенцијален работодавец ја прочита, можеби ќе одлучи да не продолжи со понудата за работа.

Можеби ќе се чувствувате непријатно да го одбиете барањето ако немате добра причина да кажете не. Само кажете дека не ви е пријатно да пишувате писмо со препорака и дека писмото од некој друг подобро ќе послужи.

Ако навистина не можете да се откажете бидејќи тоа е правилник на компанијата и мора да понудите референца, само напишете кратко писмо во кое е наведено работното место и должностите на лицето. Алисон Грин од  Ask a Manager има повеќе совети за оваа тема во нејзиниот article on Inc.

Advertisement
Did you find this post useful?
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.