Unlimited WordPress themes, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Business
  2. Careers
Business

Како да напишете одлична LinkedIn препорака (+ Корисни примери)

by
Difficulty:BeginnerLength:MediumLanguages:

Macedonian (Македонски јазик) translation by Marija Poposka (you can also view the original English article)

Најлесен начин да добиете повеќе LinkedIn препораки е да научите како да напишете добра LinkedIn препорака, па можете да започнете да пишувате некои за вашиот сегашен шеф и соработници. Откако ќе ја добијат вашата сјајна препорака, тие ќе бидат посклони да ја вратат услугата.

Можете да напишете LinkedIn препорака за вашите контакти од прв степен како што се соработници, пријатели, клиенти или некој со кого сте работеле во било кој капацитет.

LinkedIn препораките се надградена верзија од писмата за препорака на многу начини. Еве неколку од нив:

  • LinkedIn препораките се достапни за секој што сака да ги види, не само примателот на препораката или лицето кое ја бара истата.
  • Како и сè на интернет, таа ќе биде вечно достапна или сè додека социјалната мрежа е активна, за разлика од традиционалните препораки кои се исфрлаат или бришат.
  • LinkedIn препораките исто така лесно се потврдуваат. Било кој да ги чита препораките на вашата сметка на LinkedIn може да го посети профилот на кој и да го дал, и да ја оцени веродостојноста на изворот.

За да научите како да напишете традиционално писмо за препорака, прочитајте:

Во спротивно, да преминеме на денешното упатство.

LinkedIn препораката открива многу за вас

Она што многу луѓе не сфаќаат е дека препораката многу кажува за личноста која ја остава, не само за примателот.

Ако завршите со ангажирање девелопер препорачан од пријател, и тоа лице испадне подобро од очекуваното, не би ја зголемиле ли вашата доверба во проценката на тој пријател?

Препорачувањето на луѓето со кои сте работеле во различни капацитети ви дава добра карма и подобри односи со луѓе од сите сфери на животот. Поради ова, вашиот кредибилитет се зголемува со квантитетот и квалитетот на препораките што ги пишувате.

Како да напишете препорака на LinkedIn

1. Започнете со моќен почеток

Одличната препорака не значи ништо ако не се прочита до крај, па затоа започнете ја LinkedIn препораката со добар почеток. Редови како, "Боб е најдобар ..." или "Сузан е вреден член на тимот" се просечни и вообичаени во препораките, па затоа не ги користете овие фрази.

Напишете за тоа колку е прекрасна личноста што ја препорачувате, и бидете конкретни за тоа што ја прави таа личност уникатна. Но само не пишувајте ,,најдобриот програмер“ или ,,најдоверливиот видео уредник“ во секоја препорака. Вашите препораки се прикажани и на вашиот профил, па затоа тоа нема да биде автентично ако овие фрази се појавуваат на повеќе записи.

Добра вест е дека постојат премногу синоними за суперлативите погоре, и има повеќе од еден начин да се опише талентот на една личност. Споредете ги примерите подолу:

Примери

,,Сем е надарен преговарач со ретка комбинација од трпеливост, смелост и вештини за истражување".

,,Среќен сум што работев со Едмунд, менаџер кој не само што е заинтересиран за профитот на компанијата, туку и за професионалниот развој на неговите вработени.“

Првиот пример користи придавки и вештина за да го опише примателот на препораката, додека вториот пример зборува за односот на примателот со неговите вработени и до одреден степен, покажува како тој неочекуван однос влијаел врз писателот.

2. Обезбедете контекст за LinkedIn препораката

Запомнете, препораките на LinkedIn не се ограничени на односите меѓу вработените и шефовите. LinkedIn, исто така, ви овозможува да напишете една за вашиот соиграч, менаџер во друг оддел и некој што сте го менторирале. Значи, неопходно е да се обезбеди контекст за да не дојде до забуна, или да се погодува каков е вашиот професионален однос со примателот.

Контекстот исто така објаснува што вас ве прави веродостоен извор на препораката.

Примери

"Го ангажирав Гвен како фриленс дизајнер на веб-страници за да го редизајнирам моето веб-сајт портфолио во 2016 година."

"Тимоти има работено со мене како маркетинг менаџер за неколку лансирања на производи во компанијата XYZ во изминатите три години."

Исто така пресудно за корисниците на LinkedIn е да знаат дали сте работеле со лицето еднаш или двапати, така што ќе го знаат вашето искуство со работната етика на лицето и особината нема да етолку детално опфатена како некој што поминал години работејќи со нив.

3. Напишете за влијанието на личноста врз вас или врз вашата организација

Ова е местото каде што можете да додадете детали за да ги објасните вашите тврдења во првата реченица (почетокот). Исто така можете да го користите ова за да го опишете она што го направил примателот а е различно од вашиот претходен шеф или други соработници. За давателите на услуги, пишете за тоа што ги прави подобри од другите компании или професионалци со кои претходно сте работеле.

Земете го предвид следново ако не сте сигурни за што да пишувате:

За подредените и колегите

  • За кои задачи биле одговорни? Како овие придонеси влијаеле врз организацијата?
  • Во кои вештини или задачи се најдобри и зошто?
  • Дали лицето се смета за експерт или извор на ресурси за одредена тема или задача на работа?
  • Можете ли да споделите еден значаен предизвик кој ова лице го надминал и неговото влијание врз компанијата?

За давателите на услуги

  • Зошто го избравте токму ова лице меѓу другите професионалци во нивната индустрија?
  • Дали сте работеле со оваа личност повеќе пати? Зошто?
  • Дали би го препорачале тоа лице на своите пријатели ако тие бараат слични услуги?
  • Дали ова лице одвои време да ви помогне откако вашата работа заврши? Или дали треба да побарате некој друг да одговори на вашите прашања? Ова прашање се однесува на агентите, агентите за продажба, програмерите на апликации и секој кој ви продава производ или услуга што можеби ќе има потреба од поддршка после продажбата.

Продолжение на примерот искористен погоре

,,Сум го видел Тимоти да оди подалеку отколку што е потребно во истражување на можности за унапредување и соработка со различни брендови во текот на трите години кои работевме заедно. Поради неговата мисла "цел живот ученик", тој исто така се стреми да научи нови маркетинг техники, и така нашиот тим стана гласник во користењето на Фејсбук реклами и видеа на табла за лансирање продукти за компанијата.“

Во изјавата погоре се опишува задачата на примателот и незаборавно остварување што имало големо влијание врз нивниот тим.

4. Личен увид

Препораката за LinkedIn нема да биде целосно автентична и персонализирана ако не споменете каков е примателот како личност. Напишете кратка реченица за да опишете како примателот направил да се чувствувате додека сте работеле заедно или одредени аспекти на нивниот карактер што сте ги забележале.

Пример

,,Сара е трпелив агент кој не ме натера да се почувствувам дека мојата прва набавка на недвижнини беше само уште една продажба што таа мораше да ја затвори за да си ја заработи платата."

5. Крај со моќна изјава

Препораката за LinkedIn главно се користи за да му помогне на примателот да добие работа или клиент за неговиот или нејзиниот бизнис. Со силен повик за акција, вие му помагате на примателот да добие повеќе клиенти или понуди за работа, истовремено помагајќи им на корисниците на LinkedIn да одлучат дали примателот вреди да се вработи.

Примери

,,Среќен сум од работата што ја направи Роберт за да ја реновираме кујната, и го препорачувам него и неговиот тим на други кои бараат надградба на кујната.“

,,Талентот на Мајкл како видео уредник го направи многу вреден член на нашиот тим. Сигурен сум дека тој ќе биде од голема вредност за следната организација во која ќе се приклучи.“

Еве лесен образец за Препораки на LinkedIn по кој може да се водите

(Име) е (описна фраза што ја поврзувате со лицето). Тие имаат работено со мене како (Наслов на работа) во (Име на компанија) (број на години), во кои (објаснете го вашиот работен однос, колега, давател на услуги, итн.). Тие беа (описна фраза) на нашиот тим кога се работи за (стручност или вештина), и благодарение на нив (особен предизвик што лицето го надминало или незаборавно достигнување).

Како (колега, член на тимот, фриленсер, итн.) тие (опиши го ставот на лицето на работа). Јас сум среќен/на со работата што (име) ја направи како (наслов на работа), и јас ѝм давам целосна препорака.

Пример за LinkedIn препорака врз основа на образецот погоре

,,Кимберли е креативен наставник со способност да ги натера децата да се смират и да слушаат. Таа има работено со мене како наставник за предучилишно образование во ,,Happy Tots" три години, при што јас ја надгледував нејзината работа како администратор на училиштето. Таа е ресурс за наставниците кои бараат релаксирачки активности кои им помагаат на децата да се смират пред времето за преспивање, особено кога станува збор за збркани или хиперактивни деца. Благодарение на неа, времето за преспивање, па дури и лекциите по одмор за постарите деца продолжува беспрекорно.

Како член на професорскиот пленум, секогаш е љубезна кога разговара со родителите. Задоволна сум со работата што Кимберли ја работеше како наставник за предучилишно образование, и ѝ ја давам мојата целосна препорака.“

Ви требаат повеќе примери? Проверете ги овие примери од добри LinkedIn препораки.

Подолу е препораката која Тејлор Џејкобсон ја даде на директорот на консултантската фирма за интелектуална сопственост (IP) со која работел за неговата компанија. Tоа е специфично, бидејќи Тејлор детално го опишува видот на поддршката и помошта за IP што ја добил од Beacon. Тој исто така вклучи силен заклучок со кој се потврдува дека е задоволен од услугите на фирмата.

,,Отидов до Pallavi и нејзиниот тим во Beacon за поддршка со IP аспектите на рана фаза софтверска апликација. Добив токму ракување со раце, кое ми требаше за да разберам кои форми на заштита имаат најмногу смисла и кои детали од моите апликации ќе бидат клучни во мојот успех. Дефинитивно ќе се вратам за идна поддршка“

Во примерот подолу, препораката појаснува дека примателот работел само со писателот на препораките, Едвард Штурм, за еден аранжман за проектот. Тој, исто така, ја нагласи стручноста на примачот како Front-end девелопер и наведува конкретен пример за она што него го прави доверлив.

,,Како специјалист за оптимизација на пребарувач, доаѓам во контакт со многу Front-end девелопери - и Коби, кога станува збор за е-трговија и мобилни апликации, е еден од најдобрите што ги имам запознато. Имаме работено заедно за многу клиенти и настрана од неговата вештина, она што го ценам најмногу е колку е доверлив и одговорен. Кога е 3 часот наутро во сабота и ми треба целострано ажурирање на ознаките на мета роботите, Коби ќе одговори на неговиот телефон и ќе го имплементира тоа. Тој е одличен за моите клиенти за услуга, и секогаш обезбедува неверојатен производ.

Јас среќно го препорачувам тука на LinkedIn, и тоа го правам и лично на моите клиенти секогаш кога имам можност.“

4 лесни совети за пишување LinkedIn препорака

1.  Направете го тоа оригинално и лично

Сте работеле со примателот на препораката за LinkedIn, и ако се познавате веќе некое време, го знаете и неговиот карактер. Затоа, не пишувајте општа препорака која би гласела како да е напишана од странец.

Напишете за одредена ситуација каде што примачот отиде подалеку од потребното за нивната работа или настан кој го истакна ставот на лицето.

Пример

,,Зачудена сум од способноста на Ана да се спријателува со секого, вештина што таа ја користи во целост кога презентира предлози за нашите клиенти".

2.  Размислете за целта на примателот

Дали примателот е вработен, независен договарач или сопственик на фирма? Нивниот работен статус влијае врз тоа како тие ќе ја користат вашата LinkedIn препорака.

3. Бидете професионални

Ако немате нешто убаво за да напишете, чувајте го тоа за себе. Функцијата за препораки на LinkedIn не е место за луѓето да ги споделат своите негативни критики. Постојат и други платформи каде што можете да го направите тоа, како што е Yelp.

4. Не пишувајте премногу

LinkedIn препораките се ограничени на 3.000 карактери, но тоа не значи дека треба да ги надминете. Вашата препорака нека биде од два до три кратки пасуси за да се избегнат досадни читатели.

Како да објавите LinkedIn препорака

Сега кога сте напишале убедлива препорака, време е да научите како да ја објавите на LinkedIn.

1. Одете на профилот кај личноста која сакате да ја препорачате.

2. Кликнете на иконата (More) покрај копчето Message сместена во горниот дел од нивниот профил. Кликнете Recommend.

How to recommend someone on LinkedIn

3. Изберете ги соодветните Relationship и Position at the time опции на скокачкиот прозорец што се појавува, а потоа кликнете Next.

Writing a LinkedIn recommendation

Како што можете да видите од сликата подолу, постојат многу Relationship опции. Значи, изберете ја онаа која соодветно опишува како сте работеле со личноста која ја препорачувате.

How to recommend someone on LinkedIn

Опциите кои ќе ги видите во Position at the time се од историјата на примателот на LinkedIn.

Write a recommendation on LinkedIn

4. Залепете ја препораката која што сте ја напишале во полето за пораки. Прочитајте ја гласно за да проверите дали имате печатни или граматички грешки. Кликнете Send.

Writing a LinkedIn recommendation

Напишете одлична LinkedIn препорака денес

Луѓето кои добиваат сјајни препораки се со поголема веројатност дека ќе ви вратат на услугата. Па затоа, ако сакате да го подобрите вашиот LinkedIn профил, да изградите мрежа и да го зајакнете вашиот кредибилитет на интернет, започнете да пишувате препораки за вашиот шеф, колеги и било кој друг што со сигурност може да го препорачате токму сега.

Откријте повеќе Tuts+ tutorials to help you level up your career:

Кои совети ги имате вие за да напишете одлична LinkedIn препорака? Оставете го вашето мислење во коментарите подолу.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.