Unlimited WordPress themes, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Business
  2. Careers
Business

Како да го правите она што го сакате (следете ја вашата страст) во 2018

by
Difficulty:BeginnerLength:LongLanguages:

Macedonian (Македонски јазик) translation by Andrijana Mitevska (you can also view the original English article)

Среќна Нова година!  Еве една трезвена статистика да ја започнете 2018 година: само 13% од вработените во светот, според истражувањето Галуп се целосно приврзани со својата работа.

Што е со другите 87%? Не сите од нив ги мразат своите работни места. Некои се многу добри во тоа што го работат. Но тие се проверени психички и емотивно. Тие го прават тоа што треба да го направат за да ја добијат нивната плата, и го обележуваат времето до следниот одмор. 

Ако тоа ви звучи познато, не грижете се- на вистинско место сте. Оваа статија ќе ви помогне да направите поинаков тип на живот во 2018 година: Позадоволувачки живот, во кој ќе го правите тоа што го сакате.

Do what you love
Можете да го правите она што го сакате со следење на практични совети. (Извор на слика)

Да бидеме јасни, ова не е статија за манифестирање на вашиот живот од соништата искористувајќи го законот за атракција. Немам ништо против тие статии, но мислам дека веќе има доволно, и  ниту на обилниот универзум нема потреба од други. 

Оваа статија е практична. Ве насочува кои чекори треба да ги направете сега, на почетокот на јануари 2018-та година за ја имате кариерата која ја сакате. Ви покажува како да го балансирате прогонувањето навашата страст со финансиска одговорност кон вас и кон оние што зависат од вас. И ако сè уште не знаете која е вашата страст, ќе ви помогне да ја пронајдете.

На крајот „правете го тоа што го сакате“ нема да го гледате како страшен или невозможен скок во непознатото, туку како сериозна можност која можете да почнете да ја разработувате сега.

Па, ако сте спремни за нов почеток, да почнеме.

1. Која е вашата страст?

Ако веќе сте сигурни во тоа што го сакате во животот, слободно можете да преминете на следниот оддел. За многу од нас прашањето  страст не е разјаснето. Ова може да биде поради тоа што:

  • Знаете што не ви се допаѓа, но не сте сигурни што сакате да правите,
  • Растргнати сте помеѓу различни интереси.
  • Имате страст кон нешто, од кое ви изгледа дека нема заработка.
  • Поминавте многу години, убедувајќи се себеси да бидете попрактични, така што вашата страст ја имате заборавено.
  • Имате интерес, но немате доволно силно чувство за да го наречете „страст“.

Пред да почнете да ја прогонувате вашата страст, најпрво треба да разберете која е.

Одредете ја вашата страст

Добро, ајде да разјаснеме нешто од тоа. Најпрво да разјасниме на што точно се мисли со зборот „страст“. Зборот можеби малку заплашува поради тоа што потсеќа на љубов и романтика. Ако имате страст за нешто, дали тоа значи дека треба да го конзумирате дење и ноќе, да не можете да спиете и да  размислувате за нешто друго?

Со еден збор, не. Заборавете ги Ромео и Јулија во состав на кариерата, „страст“ едноставно означува силен интерес или ентузијазам за одреден предмет или активност. Па не размислувајте и не очекувајте многу──ако уживате правејќи нешто и би сакале да градите кариера, тогаш тоа е вашата страст, дури и ако не ви го забрзува пулсот и отчукувањето на срцето.

Заборавете ја практичноста (за сега)

Знам дека споменав дека ова е практична статија, но продолжете со мене. Во оваа фаза многу е важно да ја заборавите практичноста за момент. Тоа е поради тоа што многу од нас сме учени дека одредени кариери се непрактични а други практични. Тоа може да не доведе до отфрлање на некои можности без да ги разгледаме правилно.

Значи, треба да се одделиме од предрасуди и да бидеме слободни да размислуваме без ограничувања. Подоцна ќе стигнеме до практичноста на правење пари и барање работа. Но во оваа фаза, замислете си дека сте добиле лотарија, и нема потреба да се грижете за пари. Тогаш што би направиле?

Поставувајте си специфични прашања

Ако прашањето „Која е вашата страст?“ ве остава празни, без зборови, можеби едноставно треба да поставувате други прашања. Одговорот е таму некаде, можеби скриен во вашата потсвест, или не се поврзувате со терминологијата. 

Поставете си вакви прашања:

  • Што уживаше да правиш како дете?
  • Што посакуваше потајно да правиш кога ќе пораснеш?
  • Кои гледишта од вашата моментална работна и животна состојба ви прават најголемо задоволство?
  • Што би направиле ако не треба да сте одговорни цело време?
  • Наведете пет луди нешта кои сакате да ги направете некој ден.

Можете да најдете повеќе слични прашања во третиот дел на мојата статија за профитабилен мал бизнис.

Кога ќе завршете со одговорите на прашањата, барајте примери во вашите одговори. Постои ли одреден тип активност или работа што постојано се повторува? Не им судете на вашите одговори и не отфрлајте ништо. Дури и ако вашата страст изгледа непрактична како кариера, засега само запишете ја. Дел од целиот процес е одговарање на прашањето „што сакам?“.

Дозволете си да имате повеќе страсти

Некои луѓе имаат една единствена страст, додека други имаат мноштво страсти. Опуштете се- двете можности се добри. Размислувајте слободно, и не си поставувајте како цел одреден број одговори. 

Во остатокот од статијата, ќе зборувам за „страст“ но тоа е бидејќи е полесно од постојано пишување „вашата страст или вашите страсти“. Ако имате повеќе страсти, повторно можете да ја следите статијата и да го користете истиот процес.

2. Истражете ги можностите

Знаете која е вашата страст. Како би можеле да заработувате од неа? Како можете да го правите тоа што го сакате?

Бидете искрени.  Некои од можностите можеби изгледаат далечно и недостапни сега, но тоа е во ред. Подоцна ќе работиме повеќе на тоа како да се достигне до таму. Само запишете ги можните кариери. 

Дали би можеле да започнете свој бизнис? Да работете за веќе постоечка компанија? Работа во област која ќе ви прави задоволство? Кои типови работа се понудени?

На пример ако имате страст кон пишувањето, еве неколку можности за кариера:

  • Писател на роман
  • хонорарен блогер
  • репортер во весници
  • автор на списание
  • драмски писател
  • редактор
  • сопственик на своја издавачка куќа
  • автор на заедничка содржина
  • редактор на реклами

Ова е кратка листа за да ви дадеме идеја, вие можете да ја продолжете. Забележете кои од предлозите ви изгледаат повозбудувачки, додека другите наликуваат на „практичен“ избор на кариера.

Истото важи за секое поле кое сте го одбрале: ќе има посигурни избори  но и поизбезумени. Забележете ги вашите реакции, но не елиминирајте ништо од оваа листа, без разлика дали кариерата е досадна или непрактична. Дајте си го најширокиот опсег.

3.Направете план

Сега знаете која ви е страста, поспецифични сте и имате направено список од можни работни насоки или кариери. Одберете ја таа што најмногу ве возбудува. Таа е вашата цел.

Сепак, неверојатно е дека ќе можете да ја постигнете целта од таму каде што сте сега.  Можеби ќе имате среќа и слободно ќе можете да аплицирате за вашата работа од соништата и  да ја добиете, но многу поверојатно е дека тоа ќе потрае одредено време, и вам ќе ви е потребен план за да го пронајдете патот до таму.

На пример да одбереме поразличен пример, да кажеме дека сакате да сте неврохирург. Истиот процес се менува по држави, но би изгледал вака:

  1. Земете медицинска диплома на факултет.
  2. Завршете некоја работа после дипломирање.
  3. Станете практикант.
  4. Завршете одреден тренинг и положете ги испитите.
  5. Стекнете целосно прознание за неврохирург.
  6. Започнете да работете како неврохирург.

Целиот процес ќе трае со години. Во зависност од вашата почетна точка, можеби ќе треба да додадете дополнителни чекори, како што е добивање на потребните квалификации од училиштето, ако сè уште ги немате, како дозвола да го завршите медицинскиот степен.

Не грижете се ако не се чувствувате сигурни за сите чекори- направете колку што можете, со некои основни испитувања. Повеќе детали можете да дознаете подоцна. Целта е да добиете главна идеја за патот кој го барате.

Чувствувајте се слободни да бидете креативни во цртањето на планот- јас само направив нумерирана листа,но вие можете да направете вистински план, назначувајќи го патот кој треба да го поминете и опасностите на кои можете да наидете. Правејќи го интересен и визуелен може да изгледа пореално.

Можеби вреди да направете неколку планови за различни професии. На пример како алтернатива на неврохирург може да биде: медицинска сестра на одделот за неврохирургија, радиолог, академски научник на неврохирургија кој истражува, но не оперира, или многу други можности.  Направете и други планови, само да видите како изгледаат.

Завршете со бирање на оној кој сакате да го следете како прв избор. Засега другите чувајте ги како резерва.

4.Побарајте помош

Сега откога ви е појасна вашата цел и како изгледа патот до неа,  време е да побарате помош.

Не можете да замолете некој да ви ја заврши работата, но можете да побарате совет. Направете листа од луѓе кои го имаат постигнато тоа што сакате да го правите, и пристапете им барајќи помош и совети. Многу луѓе сакаат да помагаат на почетниците.

На пример, знаевте ли дека Марк Цукерберг му побарал помош на Стив Џобс во почетните денови на Фејсбук? Цукерберг ја користел годишната Macworld конференција како инспирација за конференцијата F8  на Фејсбук, исто така следела и стратегијата за регрутација на неговиот ментор, за запознавање на потенцијалните нови вработени во близина на неговата канцеларија.

Се разбира, луѓето се зафатени. Не прашувајте многу, прашајте само неколку специфични прашања за работи околу кои ви треба помош. Од помош би било ако имате некој познаник, или пријател на пријател и направете нешто фино за личноста, на пример да ја купете нивната книга и да направете одличен преглед или да го пофалите нивниот бизнис по социјалните мрежи. 

Дури и така не очекувајте сите да реагираат, а другите да одговорат со примерни одбивања. Но ако допрете до доволно луѓе, барајќи ограничена помош, најверојатно ќе добиете макар еден позитивен одговор. Нема ништо подобро од тоа да учете од луѓе кои го минале вашиот пат, и врските кои ги правите можеби подоцна ќе имаат неочекувани придобивки.

5.Најдете рамнотежа          

Иако привилегираните 100% можат да се фокусираат  на нивните страсти без грижа за пари, повеќето од нас треба да плаќаат кирија и сметки. Некои од нас имаат и долгови за расчистување. Некои од нас имаат и некои други битни одговорности, како што е грижата за членови од семејството. Овие одговорности ни отежнуваат да го правиме тоа што го сакаме, но можеме да стигнеме до таму.

Но како може да се најде рамнотежа помеѓу исполнувањето на твоите непосредни потреби, и следењето на долгорочни цели поврзани со вашата страст?

Можеби овде треба да направете промени на планот кој го правевте порано. Дури и со истиот почеток и истите цели, различни лица ќе заземаат различен пат врз основа на нивните околности.

На пример, две личности кои моментално работат работа со малопродажба, имаат страст за визуелна уметност.  Разликата е во тоа што Никола има 20-тина години, богати родители и нема одговорности, додека Сара е мајка на две мали деца  и има сопруг со хронично заболување, што го спречува да работи.

Планот на Никола веројатно изгледа вака:

  1. 1.Да напуштам работа.
  2. 2.Да одам на година или две во Тоскана и да насликам се она зашто имам мотивација.
  3. 3.Да ги искористам семејните врски за изложба на SoHo галерија.
  4. 4.Да станам уметник.

Од друга страна, планот на Сара може да изледа вака:

  1. 1.Да одвојам еден час секое утро пред работа и да работам на мојата уметност.
  2. 2.Да се зачленам во програма со скратено работно време за да добијам уметничка квалификација.
  3. 3. Да ја искористам таа квалификација за да добијам работа поврзана со уметност.
  4. 4. Да продолжам да сликам и да ги искористам врските од мојата нова работа за да изградам историска изложба.
  5. 5.Да почнам со продажба на моите дела, за да добивам приход.
  6. 6. Кога ќе се изградам доолно за евиденција, и следејќи ја мојата работа да ја продавам веродостојно и по доволно високи цени, и на крај да ја напуштам работата и да станам сликар со цело работно време.

Овие се поедноставени примери. Можно е патот на Никола да не е толку едноставен, покрај неговото здравје и врски, и секогаш е можно сликите на Сара да се многу добри и нема да има потреба да да оди по долгиот пат.

Со ова сакам да кажам дека околностите на луѓето се различни, а за многу од нас скок во непознатото е невозможен. Но сè уште можеме да ги следеме нашите страсти и да ги постигнеме нашите цели, додека држиме рамнотежа и ги запознаваме сите наши обврски.

Важно нешто кое треба да се запамети е тоа што планот може да се измени но целта останува иста. Не морате да се откажете од вашите страсти затоа што имате мали деца, што сте во долг, или имате болен родител за кој што треба да се грижите. Можеби ќе треба да одите по подолгиот пат но сè додека сте фокусирани на вашата цел, можете да ја постигнете.

Заклучок: Првиот чекор направете го денес

Вистина е дека многу од нас не ја прогонуваат својата страст. Ја одбегнуваме, решаваме дека сме премногу себични и непрактични, или едноставно сме преплавени од се друго што се случува во нашите животи.

Но можете да бидете поразлични. Во оваа статија ви покажав дека следењето на вашите страсти не е непрактичен сон, туку низа чекори кои можете да ги наравете за да ја постигнете целта која ја посакувате.  Патот пред вас можеби е долг, но добро познат е фактот дека патот од илјада милји започнува само со еден чекор.

Па, направете го првиот чекор денес. Ако ја прочитавте статијата без да ги правите вежбите, повратете се и направете ги. Одредете ја вашата страст, пронајдете некои можни кариери на тоа поле, и направете план што треба да направете за да стигнете од таму каде што сте, до таму каде што сакате да бидете.

Или ако се од тоа имате направено, дадете друг чекор. Пратете е-маил, аплицирајте за работа, започнете блог, пријавете се на часови. 

Потоа навратете се на планот и почнете да додавате дати на секое поле.

Секој ден правете мал чекор додека да стигнете до крајната цел. Дури и ако е само пишување објава на блог, или ефективна работа од пола час, секој ден правете мал чекор кој ве носи поблиску до крајната цел. 

Потоа продолжете со мали чекори сè додека не преминат во пат од илјадници милји. Можете да го правите тоа што го сакате само ако се движете во правилната насока.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.