7 days of PowerPoint templates, graphics & videos - for free!* Unlimited asset downloads! Start 7-Day Free Trial
Advertisement
  1. Business
  2. Careers

Како Правилно да ги Започнете Првите Неколку Дена на Новото Работно Место

Read Time: 12 mins

Macedonian (Македонски јазик) translation by Ana Dimitrovska (you can also view the original English article)

Започнувањето на првиот работен ден е исто како првиот средношколски ден. Сите гледаат во вас додека поминувате низ канцеларија, учејќи ги имињата на луѓето и важните локации како што е собата за одмор. Имате чувство како луѓето да ве проценуваат по вашиот избор на облека, но во секој случај се смешкате и се обидувајте да изгледате уверени.

Првите денови нормално е да имате треба, но доколку се припремите тоа немора да биде така. Во овој водич, ќе научите многу совети како да започнете на ново работно место, со цел да оставите добар впечаток кај вашиот претпоставен и колеги. На овој начин, брзо ќе се припремите не само за вашиот прв ден на работа, туку и брзо да преминете од ново примен во доверлив, долгорочен вработен.

Are you ready to start your first day at your new jobAre you ready to start your first day at your new jobAre you ready to start your first day at your new job
Дали сте подготвени да започнете на вашето ново работно место? (graphic source)

Пред да започнете со овој туториал, симнете ја the FREE first day and week of new job checklist. Ќе ви помогне побрзо да го совладате материјалот што ќе го учите во овој туториал.

First Day and Week at New Job - ChecklistFirst Day and Week at New Job - ChecklistFirst Day and Week at New Job - Checklist
Прв ден и недела на ново работно место - FREE PDF Checklist Download.

Што да правите на првиот ден од работа

Никој не рече дека мора да изгледате сосема изгубено  и неоргаризирано на првиот ден од работа. Еве како да се подготвите за првиот ден на новата работа:

1. Замолете го вашиот претпоставен да ви препорача материјали за читање

Потврдете кога и каде точно треба да одите на првиот ден. Во повеќето случаи, ќе присуствувате на воведен час или ќе го пратите вашиот претоставен или колега за да ги научите основните работи.

Доколку немате воведен час, замолете го вашиот претпоставен да ви посочи материјали за читање поврзани со вашата работа, како што се весници, брошури за производи, годишни извештаи и белешки на компанијата. Направете го тоа пред првиот ден, за да имате време да ги разгледате и нема да изгледате изгубено кога ќе се појавите на работа.

2. Оставете впечаток со облеката

Доколку не го знаете кодексот на облекување, облечете поконзервативна облека, да не ризикувате да ве вратат дома уште на првиот ден. Дури и ако сите се облечени секојдневно, не би било на одмет да оставите впечаток со елегантно секојдневна облека. За машкиот пол доволно би биле кошула со долги ракави и кроени панталони, додека за понежната половина деловен костум и кошула би било доволно.

3. Излезете порано од дома

Разбудете се половина час порано, за да имате доволно време да се подготвите и пристигнете на работа без чувство на брзање. Можеби, краткото време на патување нема да ве мотивира да се разбудите порано од вообичаеното, но кој знае колку време ќе ви е потребно со утринскиот сообраќај, плус времето кое ќе ви е потребно да пронајдете место за паркирање.

4. Научете ги имињата на вашите колеги

Ќе запознаете многу луѓе, некои од нив нема да се од вашиот оддел. Бидејќи е невозможно на сите да им ги запамтите имињата, фокусирајте се да ги запамтите само оние од вашиот оддел. Поголемиот дел од времето ќе го поминете со нив, па што порано ги научите нивните имиња попријатно ќе се чувствувате на новото работно место.

Доколку ви се случи да заборавите некој кој веќе ви се претставил, пошегувајте се на сметка на тоа. Кажете нешто како “Ивини, денес запознав милијарда луѓе“. Потоа само замолете пак да ви се претстави. Нема ништо лошо во тоа, луѓето ќе ве разберат.

5. Дружете се на паузи

Ако вашите колеги имаат ист распоред најверојатно одат заедно на ручек. Почекајте некој да предложи во групата пауза за ручек и прашајте дали би можеле да им се придружите. Ако вашите колеги не ручаат заедно, поканете го тој што седи до вас или личноста што ви покажува наоколу доколку би сакале да ви се придружат на ручек.

Ова време може да го искористите да ги прашате за нивната работа или да разговарате за активности не поврзани со работа, како на пример омилено ТВ шоу или каде би можеле да се дружите по работното време. Доколку не се потрудите да се социјализирате, луѓето ќе помислат дека сте самотник и ќе се изолирате од групата.

Совети за започнување на ново работно место и преживување на првата недела

Првиот ден заврши, и надежно стигнавте навреме во канцеларија и оставивте добар впечаток пред вашите колеги. Додека тремата е нормална првиот ден, имате уште многу тренинзи, социјализирања и организација. Подолу може да најдете листа со активности кои треба да ги завршите по првиот ден на новото работно место:

1. Завршете ги документите за ЧР (човекови ресурси) и пријавување

Сите ваши документи за бенифиции, такси и работна документација вообичаено се завршуваат при воведот или обука. Исто така ќе поминете и многу време со техничкиот и безбедносен оддел од вашата компанија, за тие да можат да ги внесат вашиот телефонски број, интернер, пристап до компјутер и лична идентификација. Ако нема вовед, ќе морате сами да ја завршите целата документација, додека вашиот претпоставен ги обезбеди пристап до компјитер и опремата што ќе ви е потребна.

Завршете ја целата документација на време доколку не сакате да оставите лош впечаток на одделот за хумани ресурси или да си ја закасните првата плата.

2. Организирајте си го работното место

Ново работно место ви делува непознато и непријатно се додека не си го присвоите, затоа следниот ден наместете си го со ваши вообичаени канцелариски материјали и предмети за на биро. Обидете се да не го присвоите премногу бирото до степен каде што почнува да ги нервира луѓето околу вас. Непотребен декор и премногу слики од вашето милениче прави да изгледа непрофесионално.

3. Проценка на очекувањата

Првата недела вашиот нов претпоставен ќе одвои време да ве запознае. Што се случува на првите состаноци зависи од претпоставен до претпоставен, но очекувајте информации за вашите секојдневни активности и на каков проект работат вашите колеги.

Искористете ги овие состаноци да ги сознаете очекувањата од вашиот надреден за првата недела и месец, вклучувајќи и што треба да направите за да успеете во вашата улога. Ова е полесно кога вашата компанија има клучни индикатори за позицијата, но доколку нема, разјаснете што треба да совладате за да забележат дека добро ве вработиле. Иако може да се почувстувате дека давате се од себе, кога само што сте почнале, ова е единствениот начин да избегнете несакани последици и слаб впечаток на вашите перформанси.

4. Правете забелешки од тоа што го учите

Забележувајте се што учите, вклучувајќи нов софтвер, кодови за пристап до системите и процедури, да не мора да ги вознемирувате колегите ако заборавите нешто. Поставувајќи прашања за работи кои веќе ви биле спомнати оставате впечаток дека споро учите и дека не сте добар член во тимот.

5. Понудете помош на колега

Првата недела ќе имате многу слободно време бидејќи сеуште сте на обука и вашиот претпоставен нема доволно задачи за вас. Не трошете го залудно времедо чекајќи некој да ви зададе обврска. За да покажете иницијатива понудете му помош на вашиот колега да ја сработи задачата која му е зададена. Со тоа што ќе побарате вашиот колега да сподели дел од неговата работа со вас ви овозможува да видите како се извршуваат задачите и ви дава шанса да стекнете доверба кај колегите.

6. Потврдете го комуникациското ниво кај вашиот претпоставен

Дали вашиот надреден е отворен или затворен тип на водич? Можете само да отворите врата и да му поставите прашање или има друг начин на комуникација? Првата недела запознајте се со комуникациското ниво на вашиот претпоставен за да осигурате дека можете да работите добро заедно и да избегнете недоразбирања.

Не чекајте да бидете опоменати и не претпоставувајте дека околината е иста како на претходната работа. Претпоставките дека вашиот претпоставен го има истото ниво на комуникација како претходниот ве става на ризик да го прекинете во средина на важен повик или воопшто да не добиете одговор на вашите прашања.

Вашите први 30 дена: исполнување на клучниот пресврт/ достигнување на целта

За ова време веќе ви е пријатно на работа до степен каде што ретко поставувате прашања и ги знаете сите во вашиот оддел. Веќе имате полн распоред, па најдобро е да си ги исполните ветувањата на време кои сте ги направиле на интервјуто за работа. Еве неколку совети кои можат да ви помогнат ако сакате првиот месец да помине без проблеми:

1. Информирајте го вашиот претпоставен

Наместо да претпоставувате дали работите правилно, замолете го вашиот шеф за кратки двонеделни состаноци на кои ќе добиете информација за вашата работа. Зборувајте за она што сте го научиле досега и како и за нови обврски на вашата листа кои треба да ги завршите.

Слушајте ги информациите на вашиот претпоставен за да разберете како и зошто на тој начин се извршуваат работите. Бидејќи во иднина ќе работите со вашиот нов претпоставен, со самото дознавање што тој мисли за вас ќе си ја олесните работата.

2. Не се преоптоварувајте

Знаеме дека сте нестрпливи да учите и покажете дека добро ве вработиле, но немојте да се преоптоварувате.

Сеуште сте на почетокот од првите 30 дена, па сеуште никој не очекува да бидете најдобри. Најважно е да научите како правилно да ги извршувате обврските и да воспоставите добра комуникација со вашите колеги. Покрај тоа, не сакате да изгледате совладани и да се мачите првиот месец – време кога сите даваат напор да ви олеснат.

3. Споделете ги заслугите со колегите

За да ја стекнете довербата и лојалноста на вашите колеги споделете ја заслугата со сите оние кои ве обучиле. Нови сте, и иако сами сте завршиле некој проект, има голема шанса да сте побарале помош барем еднаш. Затоа, каде што е потребно споделете ја заслугата, бидејќи во спротивно ќе ве означат како пијавица, која знае само да бара, а ништо да сподели.

Дополнителни 7 совети за како правилно да ги започнете првите неколку дена на новото работно место

1. Сведете го приватното време на минимум

Избегнувајте приватни повици и отсуства колку што можете повеќе, иако сите останати го прават тоа. Запомнете дека сте нови и сеуште немате “право“ да излезете порано или да сурфате роденденски подароци на Amazon.

2. Не предложувајте промени

Нема ништо лошо во тоа да сакате првите денови да ги импресионирате колегите и претпоставените. Но, постои правилен и погрешен начин.

Еден погрешен начин е да предложувате или превземете иницијатива за итна промена, бидејќи без разлика колку ви е добра идејата, таа секогаш ќе биде аматерска поради вашиот недостатокот на искуство со компанијата.

Steven Benson, основач и извршен директор на Badger Maps, вели:

“Не предлагајте промени додека не сте вработени доволно долго за да разберете зошто работите функционираат на тој начин, вклучувајќи ги и импликациите од таквите промени и ако таа постапка била испробана и претходно.“

3. Не си заминувајте први од работа

Лошо ќе се одслика на вас доколку често си одите први, како и постојаното набјудување на саатот додека отчукува 17:00. Луѓето ќе си помислат дека работите само за платата и дека не ве засега да ја завршите зададената обврска.

4. Не се срамете да побарате помош

Вашиот претпоставен и колеги не очекуваат да знаете се за компанијата, сите нејзини правила и сите ваши обврски.

Лесно е и многу попријатно да се преправате дека знаете што правите, но ова ќе ви се врати порано или подоцна.“Подобро е да ги поставите сите прашања што ве интересираат додека сте нови, него ли подоцна кога вашиот претпоставен ќе очекува од вас да ја сносите целата тежина на работата“ вели Peter Yang, ко-основач на ResumeGo. Затоа, немојте да се срамите да поставувате прашања, без разлика колку глупаво ви звучат.

5. Тргајте се од озборувања

Кога сте нови и немате пријатели слушањето озборувања од вашите колеги може да се претстави како неизговорено правило во канцеларијата. Знам , јас се чувствував така претходно. Да се тргнете од муабетот ви делува некултурно. Исто така, ви делува некултурно обидот да го пренасочите разговорот во друга тема, кога тие се толку внесени во најновите драми за кој-кого-мрази.

Како нов член слушањето озборувања може да ви делува безопасно, но има скриени последици во вашата работа. Robin Schwartz, управен партнер на MFG Jobs објаснува,

“Not only do you want to avoid tarnishing your reputation by being immediately labeled a gossip, you don’t want one person’s opinions or unfounded information clouding how you see certain colleagues.”

6. Learn to “Manage” Your Boss

Дали некогаш сте слушнате за терминот “справување“? Дефиницијата варира во однос со изворот, но во основа значи справување на “врската“ со вашиот претпоставен, поготово ако тој е неорганизиран, нападен или микро-менаџер.

Совети како да се справите со вашиот претпоставен

  •   Извесувајте го вашиот претпоставен ако често не проверува е-пошта
  • Запознајте ја нивната рутина за полесно да знаете кога да поднесете барање
  • Проучете го нивното држење на тело
  •   Дознајте ги целите во нивната кариера за да видите дали се поклопуваат со вашите и дознаете дали можете да си помогнете
  •   Научете јасно да ги впивате инструкциите или очекувањата

Вашата среќа и успех на работа зависат од стилот на вашиот претпоставен, па до вас е да се истакнете на места каде што се тие послаби.

7. Пронајдете ментор

Немора вашиот претпоставен да ви е ментор; може да биде било кој од вашите колеги или оддел. Одберете некој што е учен, професионален и најбитно желен да сподели време и знаење со вас.

Одлучете се за успех на полгорочен план

Да, го преживеавте вашиот прв месец! До сега научивте многу нови работи и запознавте нови луѓе, сега преостана само да си го прицврстите вашето место во тимот. Еден начин на кој можете ова да го направите е со рана победа – да решите тешка задача за вашиот тим или да ги надминете очекувања за зададената работа. Во вашиот прв месец не се очекува да имате рана победа бидејќи се уште учите, но остварливо е во првите 90 дена.

Со вашиот претпоставен направете краток (90 дена) и долг (1 година) план со приоритетите и целите на компанијата, правејќи го краткиот план ваша рана победа. Потоа, во соработка со вашиот претпоставен и колеги направете детален план за остварување на бараните цели.

Прославете го раниот успех

Сета напорна работа се исплати кога вашите колеги ќе го препознаат вашиот успех, иако само што завршивте со обука. Но, не дозволувајте ова да ве задоволи туку искористете ја оваа рана победа за да ве поттикне.

Превземете ја FREE first day and week of new job checklist. Ќе ви помогне да ги примените работите што ги научивте работите од овој водич.

Advertisement
Did you find this post useful?
Want a weekly email summary?
Subscribe below and we’ll send you a weekly email summary of all new Business tutorials. Never miss out on learning about the next big thing.
Scroll to top
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.