Unlimited Powerpoint templates, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Business
  2. Microsoft PowerPoint
Business

Како брзо да направите едукативна презентација во PowerPoint

by
Difficulty:BeginnerLength:MediumLanguages:

Macedonian (Македонски јазик) translation by Andrijana Mitevska (you can also view the original English article)

Што правите кога треба да го споделите вашето знаење со публиката? Една од најдобрите техники е да направите презентација во PowerPoint што можете да ја користите како додаток додека презентирате.

Честопати се вели дека луѓето имаат различни стилови на учење. Додека едни најдобро учат преку слушање,  други учат визуелно. Некои пак, сакаат да пробуваат практични вежби за да го научат концептот одблиску. Најголема предност на ефективната презентација е тоа што можете да ги комбинирате сите овие во едно. 

Planner Mission and Vision
Во ова упатство ќе ги комбинирамe техниките во PowerPoint со однапред изработена тема за да не работите со часови додека  правите презентација.

PowerPoint е софтвер за презентации што може лесно да се користи. Кога се напрегате брзо да создадете презентација, потребна ви е помош за да се фокусирате на содржината наместо на дизајнот на слајдовите.

Во ова упатство ќе ги споделам моите техники за создавање едукативна презентација во PowerPoint. Дури и да сте почетник во оваа апликација, пристапот што ќе ви го покажам овде ќе резултира со професионална и информативна презентација.  

PowerPoint PPTX Educational Presentation Guide

Преземете ја нашата бесплатна е-книга за правење одлични презентации 

Пред да продолжите со читање, сакаме да бидеме сигурни дека го знаете овој извор, кој ќе ви помогне да напишете, дизајнирате и одржите одлична презентација. Преземете ја нашата бесплатна е-книга: Целосен водич за правење одлични презентации.

 Free eBook PDF Download Make a Great Presentation

1. Како да напишете содржина на едукативната презентација 

Пред да го отворите PowerPoint, треба да одвоите време за да ја напишете и испланирате содржината на презентацијата. Тешко е да започнете со „празен слајд“ при правењето на едукативна презентација, но може да ви биде од помош ако она што треба да го направите, го поделите на неколку лесно повторливи чекори. 

Да позборуваме за клучните чекори што можете да ги преземете за правењето презентација да изгледа полесно остварливо:

Чекор 1. Поставете си цел на учење

Секоја добро формулирана едукативна презентација започнува на истиот начин: со поставување на цел. Треба да си поставите цел на учење, односно цел на она што публиката ќе го знае откако ќе ја погледне презентацијата.

Ако немате насочена цел за едукативната презентација во PowerPoint, можно е вашите точки да не соодветствуваат со главната идеја. Поставување на единствена и сосредоточена цел на учење помага да бидете сигурни дека сè што пишувате ја поддржува главната идеја. 

Поставувањето на цел на учење и придржувањето на неа помага да бидете сигурни дека презентацијата има концизен фокус. 

Постојат многу видови презентации, на пример убедливи, воведни, информативни (едукативни) и такви што поттикнуваат одлуки. Целите што ги поставувате за овие презентации се различни бидејќи тие имаат различно посакувани исходи.

Следуваат примери за три различни цели на учење што би биле соодветни за едукативна презентација:

  1. Со помош на оваа презентација публиката ќе ги научи основите на личните финансии и ќе дознае како да започне со инвестирање.
  2. Публиката ќе научи како да го напише својот прв ред од код во Javascrpit.
  3. 3. Техники за спроведување на испитувања за способностите на вработените.  

Запишете си ја целта на учење за да не ја заборавите додека го пишувате останатиот дел од презентацијата.

Чекор 2. Напишете краток преглед на главните идеи

Ако целта на учење е крајна точка на она што сакате да го постигнете, краткиот преглед е патоказот што ќе ви помогне да стигнете до целта. Секоја од точките во вашиот краток преглед треба да биде идеја што ја поддржува целта на учење.

За да напишете краток преглед не ви е потребна сложена алатка. Всушност, едноставна алатка е подобар избор за составување на необработените идеи во облик на краток преглед.

Outline example in Word
Едноставниот краток преглед ги прикажува точките што ги поддржуваат главните идеи со кои на публиката ќе ѝ ја пренесете целта на учење.

Секоја од точките на краткиот преглед ја замислувам како главна идеја за поткрепа на целта на учење. Секоја од нив треба да биде на некој начин различна.

Чекор 3. Смислете ги точките што ги поддржуваат главните идеи

Сега е време овие главни точки да се поткрепат со додавање на поддржувачки точки. Во основа, тие се само детали што ги објаснуваат главните идеи.  

Во мојот краток преглед тие се само предлози за тоа како би можел да ги предадам главните идеи. Една точка може да биде, на пример, „дијаграм што го прикажува влијанието на растот на сложената камата со тек на време“. Вообичаено, во краткиот преглед оставам место за секоја од ваквите точки. 

Запомнете дека сакаме да предадеме концепти на различни начини што се прилагодуваат на различни стилови на учење. Би можеле да користите потточки за визуелен пристап кон предавањето (дијаграми и графикони) и одделна точка за практичниот метод на публиката за учење на идејата.

2. Elements за едукативни презентации во PowerPoint

Откако ќе ги прецизирате идеите за содржината што ќе ја опфатите во презентацијата, време е да го отворите PowerPoint и да започнете со  создавање на слајдовите за едукативната презентација што ќе ви помогнат додека презентирате.

Па, што правите кога треба да подготвите презентација за клас или за публика и немате време да ја правите презентацијата од почеток? 

Elements PowerPoint Themes Example
Elements моментално овозможува пристап до над 800 теми за PowerPoint, секоја од нив исполнета со многу идеи за тоа како да ја прикажете содржината.

Во ова упатство ќе користам едукативен шаблон за PowerPoint од Envato Elements. Elements нуди неограничени преземања со иста месечна претплата. Таа опфаќа повеќе од 800 шаблони за Microsoft PowerPoint што можете да ги користите како основа за да започнете.

PowerPoint има и неколку вградени теми. Но, пристапот на Microsoft кон ваквите прилагодени теми е само различни комбинации на стилови на фонт, боја и позадински слики.  Темите што ги нуди Elements опфаќаат однапред изработен дизајн на слајдови на коишто можете да ја вметнете вашата содржина. Овие слајдови за едукативни презентации во PowerPoint ви помагаат да не започнувате секојпат од почеток.

Education PowerPoint Theme
Овој слајд од едукативната тема за PowerPoint го прикажува разбирливиот и читливиот дизајн што вреди да го користите за сопствени потреби.

Во ова упатство ќе работам со шаблон од Envato Elements, кој е едноставно насловен Education PowerPoint theme. Неговата структурата и едноставност го прават идеален за создавање тема за едукативна презентација. 

Ако шаблонот што го избрав не е ваш стил, тогаш не ги пропуштајте останатите едукативни шаблони од Elements. Секој од нив содржи многу идеи за создавање ефективна презентација. 

3. Како да направите едукативна презентација 

Да започнеме со правење едукативна презентација што ќе ѝ пренесе знаење на публиката.

Ќе правиме презентација што ја запознава публиката со основите на личните финансии. Овие фиктивни слајдови ќе ја нагласат важноста на управувањето со финансии и ќе ја научат публиката како да започне. 

Чекор 1. Претставете се себеси и темата 

Ако некој дошол на вашата презентација, веројатно има идеја за што се работи. Но, тоа не можете да го гарантирате, така што е важно да создадете основа за главните идеи. 

Мислам дека е исто така важно да се претставите. Вообичаено, се обидувам да кажам накратко барем неколку збора како вовед во моето познавање на темата. 

За овој дизајн на слајдови ќе започнеме со слајдот 2 од едукативната презентација. Тој содржи резервирано место за професионална слика. Ако имате слика од вас, мислам дека е одлично да ја ставите на ова место за да ја персонализирате презентацијата. 

Personal Finance Persona Example
Првиот слајд од презентацијата треба навистина да ѝ го привлече вниманието на публиката преку претставување на себеси и темата одблиску; воспоставувањето на авторитет ќе предизвика внимание.

Чекор 2. Дајте ѝ на презентацијата „зошто“

Треба секогаш да се обидувате да го добиете вниманието на публиката. Најважен дел при правењето едукативна презентација е можеби покажувањето интерес од страна на публиката на самиот почеток. 

За да го привлечете и задржите вниманието на публиката, треба да ѝ ги покажете можностите од следење на вашите совети и техники. 

За оваа цел ќе го искористиме дизјанот 6. Малку инспирација ја подготвува публиката за да ги прими вашите совети од останатиот дел на презентацијата.

Personal Finance Slide
На презентацијата ѝ е потребно „зошто“ – чувство на важност што публиката ќе го прифати како свое.

Друга предност на користењето на Envato Elements е тоа што имате пристап до огромна библиотека на најчесто користени професионални фотографии. Наместо да пребарувате фотографии на интернет или да плаќате за да добиете дозвола за нив, со претплата за преземање кај Envato добивате пристап до целата библиотека.

За оваа цел направив избор од неколку професионални фотографии за да ги вклучам во презентацијата. 

Elements Personal Finance
Не заборавајте дека претплатата кај Envato Elements опфаќа и пристап до фотографии што можете да ги користите како додаток во презентацијата.

Чекор 3. Споделете техники и совети за темата

Презентацијата ја замислувам како најважно нешто. Ја подготвивте основата и создадовте чувство на важност. Сега, на присутните во публиката им се потребни идеи за чекори со чија помош ќе успеат.   

На кадарот на екранот подолу го прилагодив дизајнот 10. Тој опфаќа четири лесни постапки илустрирани со стрелки што ја покажуваат прогресијата на потребните чекори.

Step by Step Guide to Problem Solving
Дизајнот 10 прикажува неколку едноставни стрелки што можете да ги додадете кон вашите инструкции за да го претставите најдобриот начин на примена на вашите совети.

Направете повеќе слајдови во едукативната презентација за да ги објасните клучните чекори за учење. Ова е само еден пример за користење на слајд од едукативната презентација, со која ќе ги пренесете идеите.

Чекор 4. Предавајте со помош на визуелизации

На оние од публиката што учат визуелно навистина ќе им помогне дијаграм или графикон што го прикажува концептот одблиску. Можете да ги имате најубедливите точки за кои ќе зборувате во останатиот дел од презентацијата, но добро направен дијаграм може да биде клучен момент со кој ќе ги убедите вашите слушатели. 

На кадарот на екранот подолу создадов дијаграм што го прикажува растот на сложената камата. Го искористив дизајнот 14, кој веќе има резервирано место за графикон што го прилагодив со мои податоци.

Power of Compounding Growth with Visualization
Визуелизација како оваа што го прикажува влијанието на каматниот раст на инвестирањето може навистина да биде важна за публиката.

Чекор 5. На крајот побарајте повратна информација

Откако ги споделивте вашите совети и информации, време е да побарате повратна информација од публиката. 

Во нашиов случај, сметам дека е најдобро да ја посоветувате публиката да ги пресмета своите парични средства за да може да си ги управува финансиите. Едноставен и разбирлив дизајн што се фокусира на еден ред текст е идеален за оваа цел.

Да го искористиме дизајнот 31 за да го прикажеме овој концепт. Ова е одличен пример за тоа како можете да земете еден слајд за една цел и лесно да го трансформирате за сосема друга употреба. Само го избришав графичкиот приказ и го зголемив фонтот за да го нагласам текстот. 

Finish by Asking for Action
На крајот од презентацијата сте споделиле чувство на важност;  како што се очекува, би требало да побарате повратна информација за да го примените новото знаење.

Овие се само неколку од слајдовите за едукативна презентација во PowerPoint што можеби сакате да ги изработите, меѓутоа тие покажуваат колку е лесно да започнете.

Да резимираме и да продолжиме да учиме 

Во ова упатство согледавме колку е лесно да се направи презентација во PowerPoint за едукација на публиката, користејќи ги овие однапред изработени слајдови од Elements, кои служат за брзо правење презентација. Исто така, не заборавајте да ги погледнете и топ-темите за презентација од Envato Market ако сакате да пробате други видови дизајн.

Водичот што го препорачувам на секој што сака да научи Microsoft е Врвен водич за најдобри презентации. Ова упатство е како патоказ за учење на PowerPoint и за комбинирано користење на сите функционалности при создавањето совршена презентација. 

Веќе го погледнавте нашиот водич? Не ги пропуштајте овие важни упатства подолу, со чија помош ќе си ги подобрите вештините во PowerPoint:

Преземете ја новата е-книга за правење одлични презентации (бесплатно)

Имаме совршен додаток за професионален шаблон што ќе ви помогне да научите како да напишете, дизајнирате и одржите одлични презентации. 

Сега бесплатно преземете го целосниот водич за правење одлични презентации со претплата на бизнис-билтенот на Tuts+. Преточете ги вашите идеи во моќна презентација што ќе ја мотивира публиката.

 Free eBook PDF Download Make a Great Presentation

Како ги правите вашите едукативни презентациии во PowerPoint? Ако имате некои совети што би им помогнале на другите читатели на Envato Tuts+, ве молам споделете ги подолу во делот за коментари. 

Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.