Unlimited Powerpoint templates, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Business
  2. Microsoft Excel
Business

Како да вметнете режачи во PivotTables во Excel

by
Difficulty:IntermediateLength:MediumLanguages:
This post is part of a series called How to Do Your Excel PivotTables Right (Mastery Guide).
How To Make Use of 5 Advanced Excel Pivot Table Techniques

Macedonian (Македонски јазик) translation by Меновски Стефан (you can also view the original English article)

Со PivotTables можете да си ја преобразите кариерата. Ако работите во канцеларија и знаете како да го користите Excel, можете да оформите извештаи и датотеки за да ѝм помогнете на сите да си ги разберат податоците.

Режачот е карактеристика на PivotTable која ги прави извештаите интерактивни. Наместо да се користат копчињата за филтрирање во PivotTable, режачот додава point-and-click опција за филтрирање на вашите податоци.

Excel Slicer Example
Овој пример во Excel користи режач за да ги филтрира податоците само за 2017 година. Забележете дека податоците во табелата се менуваат.

Замислете си дека користите режач за да ги филтрирате податоците за одредена година. Ја имате рамката на режачот со секоја година за која се впишани податоци, како „2016“ и „2017“. За да ги видите само податоците од 2016, можете да кликнете на неа во рамката на режачот за да ја филтрирате во PivotTable.

Ова ги прави извештаите интерактивни и лесни за користење. Дадете една PivotTable со режачи на соработник за да не мора да ве бара секогаш кога ќе му треба различен извештај.

Со овој курс ќе научите како да внесувате Excel-режачи и да ги прилагодите за полесно да работите со PivotTables.

Заднина: Што е PivotTable?

Во основа, PivotTable е алатка за влечење и испуштање за правење на извештаи во Excel. Можете да одберете голема табеларна пресметка од податоци и да ја претворите во значајни резимеа во само неколку минути со добро изградена PivotTable.

Pivot Summary
Оваа слика е одличен пример за тоа како да користите PivotTable за да осмислите голема табеларна пресметка со податоци.

Што е режач во Excel?

Режачите уште повеќе ја олеснуваат работата со PivotTables. Можете да направите едноставни копчиња за вашиот корисник да ги кликнува за да ги филтрира податоците. Тие прават работата со PivotTables да биде многу полесна за користење.

Ако сакате да се запознаете со PivotTables, проверете некои од курсевите подолу пред да продолжите со остатокот од овој курс.

Ајде сега да започнеме со создавање и прилагодување на режачите во Excel.

Како брзо да вметнете режачи во PivotTables на Excel (набљудувајте и учете)

Во ова брзо видео, ќе ви покажам како да додадете режачи во вашата PivotTable а потоа да ги прилагодувате. Режачите ќе ви помогнат да ги филтрирате и прочистите податоците прикажани на вашата PivotTable.

Продолжете да читате за да дознаете повеќе за да  ги употребувате режачите во Excel во ваша корист:

Додадете го вашиот прв Excel-режач

За почеток, најпрво кликнете во PivotTable. На лентата со алатки во Excel најдете го одделот PivotTable Tools и кликнете на Analyze.

Сега побарајте ја опцијата Insert Slicer во менито. Кликнете ја за да отворите ново мени за одбирање режачи.

Excel Insert Slicer
Со избрана PivotTable, одете до опцијата Analyze > Insert Slicer за да почнете да додавате нови прозорчиња за режачи на вашата работна книга.

Во менито кое ќе ви се појави, ќе има полиња за избор за секое од полињата на вашата PivotTable. Штиклирајте ги полињата за кои сакате режачи.

Откога ќе притиснете OK, ќе се појават рамки за секој од филтерите. Можете да ги влечете и испуштате овие прозорчиња на режачите и на други области на табеларната пресметка.

Three slicers
Ставив режачи на три опции и секој од нив сега може да се означува, кликнува и да му се филтрираат податоците.

Тоа е тоа! Внесовте режач за полињата. Сега ќе можете да ги филтрирате податоците со едноставни кликања. Ајде да научиме повеќе за употребата и приспособувањето на филтерите.

Како да ги користите режачите во Excel

Овој дел од курсот ќе се задржи на тоа како да ги користите режачите за да ги анализирате вашите податоци. Запомнете: режачите се копчиња за филтрирање кои се лесни за користење.

Откога ќе го вметнете режачот во вашата табеларна пресметка, можете само да кликнете на една од рамките внатре во него за да ги филтрирате податоците. Ќе забележите како податоците во PivotTable се менуваат како што кликнувате на режачот.

Sliced data in Excel
Одбрав да направам исечок за податоците од "Tutorials" и 2017 користејќи два режачи, при што се сменија податоците во оригиналната PivotTable.

При кликнување на копчињата во режачот, PivotTable ќе се ажурира за да прикаже податоци што се совпаѓаат со вашите поставки.

Можете да го користите режачот за да филтрирате податоци кои не се прикажани во табелата. Во основа, ова значи дека иако не гледате "year" како ред или колона во PivotTable, сепак можете да имате режач "Year" кој ќе ги смени податоците прикажани во PivotTable.

Да речеме дека сакате да одберете неколку ставки во режачот. Можете да го држите копчето Control на тастатурата и да кликнете на неколку ставки во режачот за PivotTable да може да се филтрира за оние кои сте ги одбрале.

Multi select in slicer
Во оваа слика, одбрав неколку видови на проекти со држење Control и кликнување на неколку од нив.

На крајот, режачите се напластуваат. Откога ќе кликнете на копче во режачот, ќе забележите дека другите опции се затемнуваат. Ова значи дека првиот филтер што сте го нанеле ги исфрла останатите и прави да не можат да се кликнат.

2017 greyed out
Откако ја филтрирам рамката Accounting, ќе забележите дека копчето “2017“ е затемнето; тоа значи дека нема податоци за сметководствени услуги во 2017, па заради тоа режачот ја покажува како не-опција.

За да ги исчитите поставките на вашите режачи, секогаш може да кликнете на малата икона во горниот десен агол, што е копче за филтрирање со мал црвен X. Ова ќе ги отправи сите филтери што сте ги нанеле со режачот.

Напредни поставки за Excel-режачите

Сега да научиме повеќе техники за навистина да го подобриме начинот на работа со режачи. За да работите со повеќето од овие опции, осигурајте се дека имате одбрано режач и потоа кликнете на менито Slicer Tools > Options на лентата со алатки за овие поставки да ги направите видливи.

Slicer settings in Excel
Осигурајте се дека сте го одбрале режачот и пристапете во менито Slicer Tools > Options на лентата со алатки.

Стилизирање на режачи во Excel

Лесно можете да ја промените бојата на режачите за да се извојуваат. Во делот Slicer Styles на лентата со алатки, едноставно кликнете на една од обоените минијатури за да го смените стилот на режачот.

Excel Slicer color
Кликнете на различна минијатура за да ја промените бојата на вашиот режач.

Повеќекратен избор

Ви текнува како научивте да изберете повеќе ставки во режачот со држење на копчето Control на тастатурата? Постои и друг начин за оваа опција да работи.

Близу горниот десен дел на секој режач има поле за избор кое може да се кликне. Кога оваа опција е вклучена можете да изберете повеќе режачи и да промените поставки со кликање на нив.

Mutli-select in Microsoft Excel
Кликнете на копчето за повеќекратен избор за да измените како работат копчињата; наместо да држите Control за да одберете повеќе ставки, кликнете на секоја од нив за да ги вклучите или исклучите.

Ова е одлична опција ако ѝм праќате PivotTable на други корисници за да работат со неа.

Повеќе колони во режачот

Ако имате многу опции во режачот, можеби не сите од нив ќе се прилагодат на прозорецот. Excel ќе додаде лента со лизгачи. Како и да е, може да биде тешко да лизгате надоле и нагоре во прозорецот.

Одговорот е да имате повеќе колони со копчиња во режачот. Одберете го режачот, најдете ја опцијата Buttons во менито Slicer Tools > Options. Во менито за колони, променете го бројот за да имате повеќе од нив кои ќе се појават во режачот.

Multiple columns in the slicer
Опцијата Columns дозволува да го измените бројот на колони со копчиња што ги покажува режачот

Excel-режачите поврзани со повеќе табели

Ова е еден од моите омилени трикови за користење на режачи низ повеќе PivotTables во Excel.  Поврзувањето на повеќе PivotTables со истите податоци, помага при поврзувањето на режачите со повеќе табели. Кликнете на некој филтер во режачот и сите PivotTables ќе се ажурираат едноподруго.

За да поврзете режач со повеќе PivotTables, кликнете на рамката на режачот и одберете Slicer Tools > Options на листата со алатки. Потоа кликнете на Report Connections за да ги отворите параметрите.

Овој прозорец контролира PivotTables кои се контролирани од режачот. Едноставно штиклирајте ги полињата на PivotTables со кои сакате да го поврзете режачот па притиснете OK.

Multipel Connections slicer
Поврзете режач со повеќе PivotTables за да ги синхронизирате со кликнувањето на филтерите.

Сега, режачот ќе контролира повеќе PivotTables. Па не мора да кликнувате на повеќе режачи за да ги синхронизирате тие PivotTables. Замислете да ја користите првата страна од работната книга на Excel со сите режачи за да го поставите следниот ваш извештај, при што сите табели ќе се ажурираат истовремено.

Повторете и научете повеќе алатки за податоци во Excel

Има уште многу да се зборува за моќта на режачите. PivotTables се одличен почеток за да ги анализирате вашите податоци подобро а режачите прават тие да се дадат на други корисници за лесно филтрирање.  Наместо да генерирате повеќе извештаи, оставете гледачот да добие повеќе погледи користејќи ги режачите.

Еве некои дополнителни ресурси за да ви помогнат со работата со режачи и PivotTables во Microsoft Excel:

Имате ли прашања? Слободно кажете ми во полето за коментари подолу ако ви требаат идеи како да ги користите режачите во PivotTables на Excel.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.