Unlimited Powerpoint templates, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Business
  2. Google Slides
Business

Како да презентирате на Google Slides далечински (со мобилна апликација)

by
Difficulty:BeginnerLength:MediumLanguages:
This post is part of a series called How to Use Google Slides (Ultimate Tutorial Guide).
How to Present Your Google Slides Slideshow Presentation
How to Publish & Embed Google Slides Presentations Online

Macedonian (Македонски јазик) translation by Ајсун Ќаиче (you can also view the original English article)

Замислете.  На состанок сте со важен клиент.  Многу се заинтересирани за вашиот производ.  И имате совршена Google Slides презентација што ќе им ги одговори сите прашања.  Но за жал, не сте донеле опрема за да презентирате. 

Или сте донеле? 

Ако ја имате вистинската апликација и/или едноставен уред,  вашиот паметен телефон можете да го користите како делечински управувач.  Ова ќе ви овозможи да ја одржите вашата Google Slides презентација на ТВ или монитор.  Исто така, ќе ви треба пристап до ВиФи.

Без разлика дали презентирате како дел од вашата работа или понекогаш, да знаете како да презентирате од вашиот телефон може да биде од корист во неочекувани ситуации.  Не можете да знаете кога опремата за планирана презентација нема да проработи правилно.  Користење на вашиот телефон или друг паметен уред како далечинси управач за презентирање е добар резервен план. 

Run your Google Slides presentation remotely
Дали треба  да ја одржите  Google Slides презентацијата далечински? (графички извор)

Со овој туторијал, ќе ги научите основите за презентирање со Google Slides далечински со вашиот паметен уред.  Ќе ви покажеме како да користите Google Slides апликација за да презентирате од вашиот iPhone или iPad  со  Apple TV, користејќи ја функцијата AirPlay mirroring на Apple. Ќе разговараме и за Chromecast функцијата на Google за Android уреди и ќе објасниме како функционира. 

Ви треба помош?  Превземете го бесплатниот водич за правење одлични презентации (еКнига)

Пред да продолжиме понатаму, потрудете се да ги добиете првин комплементите за овој туторијал. Превземете ја нашата нова, бесплатна еКнига: Целосен водич за правење одлични презентации  Ќе ви поможе да го усовршите целосниот процес на презентирање. 

Make a Great Presentation Free eBook PDF

Сега, ајде да научиме одржување  Google Slides презентација далечински, користејќи телефон или паметен уред. 

Користете го вашиот iOS  уред за да презентирате со Google Slides далечински 

Ако имате пристап до Apple ТВ, Google Slides апликацијата ќе ви овозможи да презентирате од вашиот iOS уред.  Користете ја AirPlay Mirroring каракетристиката на Apple ТВ за да ги прикажете слајдовите на вашиот телевизор.

Чекор 1

Започнете со превземање на Google Slides апликацијата од Apple продавницата на вашиот iPad или iPhone.  Притиснете на Превземи копчето на екранот на Apple продавницата за да го започнете симнувањето: 

Download Google Slides App
Можете да ја симнете Google Slides апликацијата од Apple продавницата.

Чекор 2

Притиснете го копчето Инсталирај.  Потоа, притиснете на копчето Отвори за да ја отворите Google Slides апликацијата на вашиот iOS  уред. 

Opening Google Slides on an iOS Device
Најавете се за да го отворите Google Slides.

Чекор 3

Притиснете на копчето Најави се долу во левиот ќош за да се најавите на вашата Google сметка. 

Белешка:  Ако не сте ја користеле вашата Google сметка претходно на овој уред, може да добиете безбедносно известување на вашата Gmail сметка. 

Google Slides се отвара на вашиот iPad или iPhone со сликички од некои од најновите презентации: 

Recent Google Slides Presentation
Изберете ја  Google Slides презентацијата што сакате да ја отворите. 

Притиснете на презентацијата што сакате да ја отворите.  Вашата Google Slides презентација се отвара на вашиот уред: 

Open Google Slides Presentation
Google Slides презентација прикажана на iOS уред. 

За овој туторијал, ние ја користиме презентацијата основана врз познатата тема Everland Google Slides тема од  GraphicRiver. 

За да откриете повеќе одлични Google Slides теми и шаблони достапни преку GraphicRiver, проверете ја оваа статија: 

Чекор 4

Штом се отвори вашата презентација, користете го далечинскиот уред на вашиот Apple ТВ за да го вклучите телевизорот.  Лизнете нагоре на екранот на вашиот iPad или iPhone за да ја видите AirPlay Mirroring опцијата: 

AirPlay Mirroring on iPad
Притиснете на AirPlay Mirroring копчето на левата страна доле од екранот. 

Чекор 5

Притиснете го копчето  AirPlay Mirroring доле од лево.  Се појавува скок-мени.  Изберете ја опцијата  Apple TV од скок-менито.  Вашата презентација сега се гледа на екранот од  Apple телевизорот, меѓутоа не го опфаќа целиот екран - барем не засега. 

Чекор 6

Презентацијата за да го опфаќа целиот екран од вашиот Apple ТВ, притиснете на стрелката надесно на менито горе од лево на екранот на презентацијата на вашиот iOS уред: 

Presentation Drop-Down Menu
Изберете ја опцијата Прикажи на надворешен екран. 

Се спушта мени.  Изберете ја опцијата  Прикажи на надворешен екран.  Сега вашата Google Slides презентација го опфаќа целиот екран од вашиот Apple TВ. 

Чекор 7

Користете ги сликичките на дното на екранот од вашиот iOS уред за да се движите низ презентацијата. Исто така, можете да ги користите Google Slides Speaker Notes или Q&A карактеристиките за време на вашата презентација.  За повеќе информации за Google Slides Q&A и Speaker Notes карактеристиките, разгледајте ги следниве Envato Tuts+  туторијали: 

Чекор 8

Кога ќе завршите со вашата презентација, исклучете го AirPlay Mirroring. Лизнете нагоре на екранот од  iOS уредот:

Turn Off AirPlay Mirroring
Можете да ја исклучите опцијата AirPlay Mirroring.

Притиснете на копчето Apple ТВ.  Од скок-менито, изберете ја опцијата Исклучи го AirPlay Mirroring .  Вашата презентација повеќе не се гледа на вашиот Apple ТВ.  

Користете го вашиот Android уред за да презентира со Google Slides далечински

Ако имате Android таблет или паметен телефон, исто така, можете да го користите вашиот уред за да презентирате со  Google Slides. Ќе ви треба  Chromecast уред и ВиФи конекција. 

Chromecast уред е хардвер од Google што ви овозможува пренос на содржина од вашиот компјутер или паметен уред на вашиот ТВ. Тоа се приклучува на HDMI приклучокот на вашиот телевизор преку конектор. 

Најчестата употреба на Chromecast уредите е пренос на содржина од услуги како Netflix или Hulu. Карактеристиката на пресликување на екран ви овозможува да ја прикажете вашата Google Slides презентација на ТВ. Преносот се врши само на уреди со Android 4.4.2 или понова верзија.  Android уредот, исто така, треба да биде оптимизиран за Chromecast. Google обезбеди листа со уреди кои ги поддржува тука

За жал, не располагам со Chromecast уред, па не ќе можам да обезбедам слики од екранот.  Но еве што треба да знаете за тоа како функционира процесот на предавање:

Чекор 1

Штом ќе го добиете вашиот Chromecast уред, поврзете го со вашиот телевизор. Како го поврзувате уредот зависи од  Chromecast уредот што го користите.  За подетални инструкции  како да го поврзете вашиот Chromecast уред со телевизорот, разгледајте ги инструкциите на Google. Ќе треба да ставите име и лозинка на вашиот Chromecast  уред. 

Чекор 2

Уверете се дека ја имате инсталирано Google Slides апликацијата на вашиот Android уред.  Ако сè уште ја немате апликацијата, превземете ја од Google продавницата. Вашиот ТВ и паметен уред или лаптоп треба да биде поврзан на истата ВиФи мрежа за да го  користите Chromecast уредот.  Плус, микрофонот од вашиот Android уред мора да биде вклучен во Google Play услугите, одддел за вашите Android прилагодувања или нема да можете да го пресликате екранот на вашиот уред. 

Чекор 3

Штом поставите сè уредно, отворете ја Google Slides апликацијата на вашиот Android уред.  Изберете ја презентацијата што сакате да ја одржите.  Притиснете ја опцијата Презентирај на вашата Google Slides презентација. 

Се спушта мени.  Изберете ја опцијата Презентирај на друг екран од менито. Изберете го вашиот Chromecast уред од листата.  Сега можете да ја прикажете вашата презентација на ТВ што е поврзан со Chromecast уредот. 

Кога ќе завршите со вашата Google Slides презентација, едноставно прекинете го предавањето на ТВ екранот. 

Правете одлични презентации (бесплатна еКнига за превземање) 

Имаме одличнен комплемент за овој туторијал кој ќе ве води низ целиот процес на презентирање.  Научете како да пишувате презентации, дизајнирате како професионалец и припремете презентацијата  за ефикасно презентирање. 

Превземете ја нашата еКнига: Целосен водич за правење одлични презентации.  Достапна е БЕСПЛАТНО со претплата на Tuts+ Business Newsletter.

How to Make a Great Presentation Free eBook PDF

Заклучок 

Нека не ве фатат повеќе без неопходна бизнис презентација.  Користете ги соодветните алатки и можете да ја презентирате Google Slides  презентацијата користејќи  паметен телефон или друг паметен уред  далечински сè додека сте поврзани на ВиФи. 

AirPlay Mirroring  карактеристиката на Apple и Chromecast уредот на Google се добри резервни опции за да одржите Google Slide презентација кога и да ви затреба. 

Без разлика дали презентирате со Google Slides како дел од вашата работа или презентирате понекогаш, добра идеја е да научите како да презентирате преку паметен уред. 

Научете повеќе како да го користите  Google Slides во овие туторијали: 

Исто така, би можеле да вежбате користење паметен уред како далечинско за да презентирате пред морате да го користите за поважен состанок.  Со вежбање, точно ќе знаете што и како да направите кога ќе дојде времето да презентирате во живо. 

Дали користите паметен уред како далечинско за Google презентации?  Ако да, споделете совети подоле во коментари. 

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.