Unlimited Powerpoint templates, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Business
  2. Risk Analysis
Business

Главни видови на бизнис ризик

by
Difficulty:BeginnerLength:MediumLanguages:
This post is part of a series called Managing Risk in Your Business.
How to Measure Risk in Your Business

Macedonian (Македонски јазик) translation by Andrijana Mitevska (you can also view the original English article)

Бизнисите се соочуваат со сите видови ризици, од кои некои можат да предизвикаат сериозна профитабилна загуба, па дури и банкрот.  Но, додека сите големи компании имаат пространи оддели за управување со ризици, помалите бизниси немаат тенденција да го разгледуваат проблемот на таков систематски начин.

Така, во оваа четириделна серија на упатства, ќе ги научите основите на управување со ризикот и како можете да ги примените во вашиот бизнис.

Во ова прво упатство, ќе ги разгледаме главните видови ризици со кои може да се соочи вашиот бизнис. Ќе добиете преглед на стратешки ризик, ризик за усогласување, оперативен ризик, финансиски ризик и репутациски ризик, така што ќе разберете што тие значат и како тие можат да влијаат на вашиот бизнис.  Потоа ќе се запознаеме со спецификите на идентификување и справување со овие ризици во понатамошните упатства на серијата.

 1.Стратешки ризик

Секој знае дека за успешен бизнис му е потребен сеопфатен, добро обмислен бизнис план. Но, тоа е и животен факт дека работите се менуваат, а понекогаш вашите најдобри планови набрзо може да ви изгледаат старомодно.

Ова е стратешки ризик. Тоа е ризик кога стратегијата на вашата компанија станува помалку ефикасна и вашата компанија се бори да ги постигне своите цели како резултат. Тоа може да се должи на технолошките промени, новиот моќен конкурент што влегува на пазарот, менување на побарувачката на купувачи, зголемување на трошоците за суровини или било кои други големи промени.

Историјата е полна со примери на компании кои се соочуваат со стратешки ризик. Некои успешно се прилагодиле; други не.

Класичен пример е Кодак, кој имаше таква доминантна позиција на пазарот за филмска фотографија, кога еден од личните инженери измислил дигитален фотоапарат во 1975 година, ја видел иновацијата како закана за својот основен бизнис модел и не успеал да го развие.

Секако, лесно е да се каже со ретроспектива, но ако Кодак повнимателно го анализира стратешкиот ризик, ќе заклучи дека евентуално некој друг ќе почне да произведува дигитални камери, па затоа е подобро Кодак да го растури сопствениот бизнис отколку за друга компанија да го направи тоа.

Неуспехот да се прилагоди на стратешкиот ризик Кодак го доведе до стечај.  Сега од банкрот се појави како многу помала компанија која се фокусира на решенија за корпоративни слики, но ако ја направеше таа промена порано, можеше да ја сочува својата доминација.

Сепак, соочувањето со стратешкиот ризик не мора да биде катастрофално. Замислете Ксерокс, кој стана еден синоним за многу успешен производ, фотокопирот Xerox. Развојот на ласерското печатење претставуваше стратешки ризик за позицијата на Ксерокс, но за разлика од Кодак, тој можеше да се прилагоди на новата технологија и да го промени својот бизнис модел. Ласерското печатење стана мултимилијардерска бизнис- линија за Ксерокс, а компанијата го преживеа стратешкиот ризик.

2.Ризик на усогласеност

Дали ги исполнувате сите потребни закони и прописи кои важат за вашиот бизнис?

Се разбира дека да (се надевам!). Но, законите постојано се менуваат, и секогаш постои ризик дека ќе се соочите со дополнителни прописи во иднина. И додека вашиот сопствен бизнис се проширува, можеби ќе треба да се придржувате кон новите правила што претходно не се однесуваа на вас.

На пример, да речеме дека водите органска фарма во Калифорнија, и ги продавате своите производи во продавници за храна низ цел САД. Работите одат толку добро што ќе одлучите да се проширите во Европа и да почнете да ги продавате таму.

Тоа е одлично, но исто така сте изложени на голем ризик за усогласување. Европските земји имаат свои правила за безбедност на храната, правила за етикетирање и многу повеќе. И ако поставите европска подружница за справување со сето тоа, ќе треба да се придржувате кон локалните сметководствени и даночни правила. Со исполнувањето на сите дополнителни регулативни барања би можело да завршите со значителен трошок за вашиот бизнис.

Дури и ако вашиот бизнис не се прошири географски, сепак може да направите нов ризик за усогласување само со проширување на вашата производна линија. Да речеме, покрај храната, вашата фарма во Калифорнија започнува да произведува вино. Продажбата на алкохол ќе ве изложи на мнозинство нови, потенцијално скапи прописи.

И, конечно, дури и ако вашиот бизнис останува непроменет, може во секое време да се судри со нови правила. На пример,можеби новото правило за заштита на податоците бара да ја засилите безбедноста на вашиот веб-сајт. Или прописите за безбедност на вработените значи дека треба да инвестирате во нова, побезбедна опрема во вашата фабрика.  Или можеби несвесно го прекршувате правилото и мора да платите парична казна. Сите овие работи вклучуваат трошоци и претставуваат ризик за усогласеност со вашиот бизнис.

Во краен случај, ризикот од усогласеност може исто така да влијае на иднината на вашиот бизнис и да стане стратешки ризик. Размислете, на пример, за тутунските компании кои се соочуваат со нови рекламни ограничувања, или услуги за споделување на онлајн музика во доцните 1990-ти, кои беа тужени за кршење на авторските права и беше невозможно да останат во бизнисот. Ние ги надминуваме овие ризици во различни категории, но тие делумно се покриваат.

3.Оперативен ризик

Досега, гледавме ризици кои произлегуваат од надворешни настани. Но, вашата компанија е исто така извор на ризик.

Оперативниот ризик се однесува на неочекуван неуспех во секојдневното работење на вашата компанија. Тоа би можело да биде технички неуспех, како прекин на серверот, или може да биде предизвикан од вашите вработени или операции.

Во некои случаи, оперативниот ризик има повеќе од една причина. На пример, замислете за ризикот еден од вашите вработени да напише погрешен износ на чек, исплаќајќи 100.000 долари наместо 10.000 долари од вашата сметка.

Тоа е „човечка“ грешка, но и „оперативна“. Би можело да се спречи со посигурен процес на плаќање, на пример, да има втор член на персоналот да го одобри секое поголемо плаќање, или да користи електронски систем кој ќе означува невообичаени износи за преглед.

Во некои случаи, оперативниот ризик исто така може да потекнува од настани надвор од вашата контрола, како што се природна катастрофа или прекин на електрична енергија, или проблем со вашиот веб-хостинг-провајдер. Сè што ги прекинува основните операции на вашата компанија спаѓа во категоријата оперативен ризик.

Додека самите настани може да изгледаат прилично безначајни во споредба со големите стратешки ризици за коишто претходно разговаравме, оперативните ризици се уште можат да имаат големо влијание врз вашата компанија. Не само што има трошоци за одредување на проблемот, туку и оперативните проблеми, исто така, може да спречат нарачки од клиентите да не се испорачаат или да се оневозможи да ве контактираат, што резултира со губење на приходите и уништување на вашиот углед.

4.Финансиски ризик

Повеќето категории се под влијание на финансиски ризик, во однос на дополнителни трошоци или губење на приходи. Но, категоријата на финансиски ризик се однесува конкретно на парите кои се прилив и одлив надвор од вашиот бизнис, како и можноста за моментална финансиска загуба.

На пример, да речеме дека голем дел од вашиот приход доаѓа од еден важен клиент, а вие му давате 60 дена кредит (повеќе за продолжување на кредит и справување со паричниот тек, видете го нашето претходно упатство  за прилив и одлив на парични средства).

Во тој случај, имате значителен финансиски ризик. Ако тој клиент не може да плати, или го одложува плаќањето од која било причина, тогаш вашиот бизнис е во голема неволја.

Ако имате многу задолжување, исто така, го зголемува вашиот финансиски ризик, особено ако повеќето од тоа е краткорочен долг што се должи во блиска иднина. И што ако каматните стапки одеднаш се зголемат, и наместо да плаќаат 8% за кредитот, сега плаќате 15%?  Тоа е голем дополнителен трошок за вашиот бизнис, и тоа се смета за финансиски ризик.

Финансискиот ризик се зголемува кога работите на меѓународно ниво. Ајде да се вратиме на примерот на фармата во Калифорнија што ги продава своите производи во Европа.  Кога станува збор за продажба во Франција или Германија, нејзините приходи доаѓаат во евра, а продажбата во Велика Британија доаѓа во фунти.  Девизните курсеви се секогаш променливи, што значи дека износот што компанијата го добива во долари ќе се промени. На пример, компанијата може да оствари повеќе продажби наредниот месец, но ќе добие помалку пари во долари.  Тоа е голем финансиски ризик што треба да се земе предвид.

5. Репутациски ризик 

Постојат многу различни видови на бизнис, но сите тие имаат едно нешто заедничко: без разлика во која индустрија сте, вашиот углед е сè што имате.

Ако вашиот углед е нарушен, ќе видите моментална загуба на приходи, бидејќи клиентите стануваат претпазливи да соработуваат со вас. Но, постојат и други влијанија. Вашите вработени може да се деморализираат па дури и да одлучат да заминат. Можеби ви е тешко да најдете добра замена, бидејќи потенцијалните кандидати слушнале за вашиот лош углед и не сакаат да се придружат на вашата фирма. Добавувачите може да почнат да ви нудат понеповолни услови. Рекламни, спонзорни или други партнери можат да одлучат дека повеќе не сакаат да бидат поврзани со вас.

Репутрацискиот ризик може да биде во форма на голема тужба, враќање на производот, негативна реклама за вас или вашиот персонал или високо-профилна критика за вашите производи или услуги. Дури и во денешно време, тоа не презема важни настани за да предизвика репутациска штета; тоа би можело да биде бавна смрт од илјада негативни твитови и онлајн прегледи на производот.

Следни чекори

Значи, сега знаете за главните ризици со кои би можел да се соочи вашиот бизнис. Опфативме пет видови бизнис-ризици, и дадовме примери за тоа како тие можат да влијаат на вашиот бизнис.

Ова е основа на стратегијата за управување со ризикот за вашиот бизнис, но, секако, има уште многу работи што треба да се направат. Следниот чекор е да се погледне подетално во секој вид на ризик и да се препознаат специфичните работи што би можеле да тргнат наопаку и влијанието што би можеле да го имаат.

На пример, не е многу корисно да речеме: „Нашиот бизнис е предмет на оперативен ризик“. Треба да бидете многу груби и да поминете низ секој аспект од вашите операции за да излезете со конкретни работи што може да тргнат погрешно. Потоа можете да ја смислите стратегијата за справување со тие ризици.

Ние ќе го опфатиме сето тоа во останатите упатства, затоа почекајте го остатокот од серијата за тоа како да управувате со ризикот во вашиот бизнис. Следно е упатството за мерење и проценка на различните ризици.

Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.