Unlimited Powerpoint templates, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Business
  2. Microsoft PowerPoint
Business

7 идеи за интерактивна презентација за вклучување на  вашата публика

by
Difficulty:BeginnerLength:MediumLanguages:

Macedonian (Македонски јазик) translation by Andrijana Mitevska (you can also view the original English article)

Како хонорарци и сопственици на мали бизниси, нашите клиенти нè ангажираат нас за нашата стручност и решенија за проблемитекои ги имаат. Поради тоа цврсто сум уверен дека кога ќе се јави можност ,одлична идеја е да направите презентација и да го споделите вашето знаење. 

Многу често, презентациите се сметаат како еднонасочна комукација; говорникот на бината ја презентира својата презентација и улогата на публиката е да слуша внимателно.

PowerPoint presentations interactive illustration

Меѓутоа, ова не е единствениот начин на презентирање. Можете да ја вклучите публиката така што ќе презентирате интерактивно.  Во ова упатство, ќе споделам идеи за тоа како да направите привлечна презентација преку учество од страна на публиката, вклучено во вашата презентација. Со помош на интерактивна презентација ќе оставите голем впечаток.

Водич за како да направите одлични презентации (Симнете ја бесплатната е-книга) 

Пред да навлезиме во советите, постои друг ресурс кој го имаме кој може да ви помогне за да ја подобрите вашата презентација. Симнете ја нашата бесплатна е-книга: Комплетен водич за како да правите одлични презентации

 Free eBook PDF Download Make a Great Presentation

Доколку ги употребите идеите кои ќе ги научите понатаму во оваа статија, тоа ќе ви помогне со целосниот презентациски процес.

Сега, да погледнеме како можете да ги направите вашите презентации поинтерактивни:

1. Започнете сесија со прашања и одговори

Еден од најпопуларните начини да ја привлечете вашата публика е да започнете сесија со прашања и одговори. Овие сесии ќе ви овозможат да добиете прашања од публиката и да комуницирате со нив.

Оставете време на крајот од вашата презентација за да добиете прашања од публиката.Не само што сесијата со прашања и одговори ќе отпочне директна интеракција со публиката, таа исто така ви дава шанса и да го споделите знаењето и да ја изградите вашата стручност. Публиката може да го земе предвид и начинот на кој ги одговарате прашањата и да замислат како работат со вас. Еве примерок слајд кој може да го додадете на вашата презентација:

Any questions slide updated
Едноставно секакви прашања Слајд, како оваа што ја изградив со Еурека, може да го отвори подот за прашања од вашата публика.

Кога ќе побарате прашања од публиката, тоа навистина отвара простор за дискусија. Презентацијата може да оди во правец во кој што можеби не би одела без придонесот на публиката.

Погледнете го целосниот туторијал подолу за комплетен водич како да се подготвите за сесија со прашања и одговори со публиката.

2. Одржете експертски панел

Една идеја за интерактивна презентација е да одржите панел со експерти за време на вашата презентација. Панел со експерти е како сесија со прашања и одговори на стероиди. Наместо едноставно да ги насочувате сите прашања кон еден говорник, насочете ја вашата презентација околу група од експерти кои се добро опремени со одговори за било какви прашања кои може да се појават.

Повеќето сесии со експертски панели вклучуваат спој од прашања кои ќе треба да ги подготвите за публиката и прашања од публиката.

Видеото подолу, од конференцијата на TechCrunch’s Disrupt, е одличен пример за експертски панел:

Можеби се плашите дека нема да најдите квалификуван кандидати за ваш сопствен експертски панел. Не заборавајте дека има многу бенефити од експертите кои присуствуваат, бидејќи им дава шанса да ја прикажат својата стручност. Експертите не мора да да бидат најдобри во нивната струка за да дадат мислење, тие мора само да имаат поголемо знаење отколку публиката.

3. Добијте повратни информации од публиката веднаш

Како би било да можете да откриете што мисли вашата публика за вас додека презентирате? Можете да ги искористите овие повратни информации не само да ја разберете вашата публика, но исто така потенцијално и да ја дотерате презентацијата како што презентирате.

Учеството на публиката може да помогне во презентацијата. Ова може да биде и обично прашање што се одговара со кревање на раце, како „Колкумина од вас работат хонорарно, како главен извор на приходи?“.  Меѓутоа, има и подобри начини да направите анкета и да добиете повратни информации од вашата публика.

Неодамна, присуствував на презентација каде презентерот користеше алатка наречена DirectPoll за да изнуди повратни информации од публиката. Алатката ви дозволува да создадете брза анкета, до која вашата публика ќе има пристап и ќе може да гласа на своите мобилни уреди.

DirectPoll
Алатка како DirectPoll може да се искористи за да собира повратни информации од публиката, а тие резултати можете да ги користите за да ја прилагодувате вашата презентација.

Анкетата е интересен начин да ја споделите вашата публика да знае дека сте загрижени за нивните ставови и да зборувате директно со нив. Размислете за анкета за да го привлечете вниманието и да изградите доверба, едноставно со тоа што ќе покажете дека сте заинтересирани за нивната позадина.

4. Применете го пристапот „Избери ја својата авантура“ 

Кога бев помлад, омилени книги ми беа оние кои имаа различни правци и каде можев да одберам свој пат. Инструкциите како „свртете на страна 43 ако сакате да ја одберете левата врата, свртете на страна 55 ако сакате да ја одберете десната врата“ правеа да се чувствувам како да го контролирам она што се случува со ликовите.

Што би било ако го внесеме истиот процес во презентирањето, освен што и дозволуваме на публиката да влијае врз насоката по која ќе се движиме? Ако го користите пристапот на анкетирање кој ви го покажав предмалку или обичните прашања со кревање на рака, имајте предвид да дизајнирате презентација која има повеќе правци. Еве едноставен слајд за интерактивна презентација кој можете да го искористите:

Branching Presentation
Овој слајд од Еурека лесно беше преправен за да може да се користи како „избери ја својата авантура“ слајд за интерактивна презентација.

Овие презентациски правци можат да направат варијации во анегдотите кои ги кажувате пред публиката, видеата кои ги покажувате, или било кое парче содржина за кое имате неколку опции.

Овој пристап бара малку повеќе подготовка, но има и бројни предности. Прво, да имате неколку правци во презентацијата значи дека нема да морате да ја презентирате истата презентација два пати.

Уште поважно, најдобриот дел од дозволување на публиката да го одбере правецот на презентацијата, е дека публиката може да праша и за приказните кои не ги слушнале како плус информации.

Презентација со правци е уште една можност за интеракција со публиката за време на презентацијата. Со тоа што ѝ давате на публиката улога на одлучувач за правецот на презентацијата, го користите еден од најдобрите начини за интеракција:

5. Додатни информации после презентацијата 

Додатните информации се уште еден начин за интеракција со вашата публика. Нема причина презентирањето да биде последниот контакт кој ќе го имате со публиката. Што би било ако вашата презентација може да прерасне во почеток на дијалог помеѓу вас и членовите од публиката.

Многу хонорарци и мали бизниси користат презентации и говорни ангажирања за мирно да ги промовираат своите бизниси. Има повеќе одлични приказни за користење на презентација за да се добијат нови клиенти.

Погрешен пристап кон продолжение на презентација е како пренападно рекламирање. Наместо тоа, доколку ја едуцирате публиката и доколку ја покажете вашата стручност, тоа ќе направи да мислат на вас наредниот пат кога ќе треба да вработат некој. Еве слајд кој бара повторливо учество од  публиката:

Follow up after the presentation
Eureka PowerPoint темата од Envato Elements вклучува и „Контактирајте нè“ слајд кој можете да го прилагодувате со ваши детали за да дозволите публиката да надополни подоцна.

Еве три идеи со кои ќе се осигурате дека вашата презентација нема да биде последниот пат што ќе зборувате со публиката: 

  1. Осигурајте се дека сте ставиле Контактирајте нè слајд кој ѝ дава на публиката шанса да ве исконтактира. Адреса од е-пошта или корисничко име од социјалните мрежи може да биде почеток на разговор со публиката за да најдете соработници или потенцијални клиенти.
  2. Имајте предвид да земете контакт информации од вашата публика пред презентацијата. Ако тие се согласни да ја споделат својата адреса од е-пошта, на пример, можете да им пристапите после презентацијата на поприватен начин.
  3. Испратете нешто плус на секој што ќе се пријави и ќе ги сподели своите контакт информации, како PDF додаток со вашите најдобри совети од вештината кој ја предавате.

Потребни се само неколку успешни презентации за да го стартувате вашиот бизнис со доволно клиенти за да направите скок од вашата дневна работа. Но, мора да ѝ дадете на публиката шанса да се поврзете со вас по презентацијата за да ги отворите тие можности. Интерактивните презентации можат да бидат клучен дел од тоа.

6. Побарајте акција од публиката

Интеракцијата со вашата публика е почеток, но што ако директно побараа акција од публиката? Активностите на публиката за време на презентациите се добар начин да ги задржите.

Овие активности може да вклучуваат вежби на публиката, како што се поздравуваат еден со друг пред да започнете. Вие исто така може едноставно да понудите интервенција за сите да се протегаат и да се одморите. Исто така можете да побарате следна акција по презентацијата. Еве пример за промоција на слајдот за публиката да се запознае со времето:

Audience action
Активностите на публиката за време на презентациите може да вклучуваат барајќи од нив да комуницираат меѓу себе. Користете го овој слајд од Еурека за трансформирање на презентација во разговор.

Она што го најдов кога ги користев овие техники е тоа што генерално го зголемува ангажманот на публиката, дури и ако тој ангажман е помеѓу членовите на публиката. Разбивањето на оние невидливи бариери за време на презентацијата може да го продолжи разговорот долго по фактот.

7. Објавете онлајн интерактивна презентација

Некои презентации се надминуваат бидејќи се делат онлајн со други. Кога ќе вложите толку време во вашата интерактивна презентација, зошто самото ограничување да се споделите со публика само лично?

Никогаш не знаете што ќе се случи кога ќе делите интерактивна презентација на интернет. Можеби презентацијата трае цел живот, како што е оваа слајд-платформа на Netflix култура која беше објавена на интернет и сега е видена 17 милиони пати:

Кога ја објавувате вашата интерактивна презентација, вашата работа давате шанса да бидат видени од други. Може да достигне поголема публика отколку само оние кои можат да присуствуваат на вашата презентација во живо.

Пред да ја објавите презентацијата преку интернет, можеби ќе сакате да ги прилагодите слајдовите пред да ги поставите. Еве три совети кои ќе ви помогнат да ја приложите вашата презентација подготвена за споделување на интернет:

  1. Размислете за додавање на дополнителен слајд за да го објасните контекстот за презентацијата на вашата презентација, за да ја разберат причината што ја презентирате.
  2. Бидејќи вашата публика може да ги види само слајдовите, можеби ќе сакате да ги додадете Забелешките на звучници на презентацијата што им помагаат на објаснувачите да ги објаснат слајдовите на онлајн читателот.
  3. Пред сè, осигурајте се дека вашата интерактивна презентација е во ред да се дели на интернет; на пример, слајдовите што ги подготвувате за вашата компанија не треба да се делат на интернет без дозвола, ако тие содржат чувствителни информации.

Проверете го упатството подолу за да ви даде идеи како да ја споделите и популаризирате вашата презентација со помош на популарни служби. Ќе научите како да ги користите SlideShare и PowerPoint Online, за да може поширока публика да ја види вашата презентација.

Ако користите презентации за да го изградите вашиот бизнис, сетете сѐ дека суштината е да ја цените вашата публика. Целта е да ја споделите вашата стручност и да ја прикажете вашата вредност и корисност. Не знаете кога вашиот следен клиент може да седи во публиката.

Научете повеќе за тоа како да создадете привлечна презентација

Симнете ја нашата е-книга: Целосен водич -како да правите одлични презентации, кој доаѓа со претплата за Тутс+ Бизнис Билтен.

Complete Guide to Making Great Presentations

Овој PDF водич од 30 страни со вклучена листа за проверување ќе ви помогне со целосниот презентациски процес. Научите како да ја напишете вашата презентација, како да ја дизајнирате како професионалец, и припремете ја брзо за да изгледа моќно.

Резимирајте и продолжете да учите

Презентација не е само мегафон со кој ѝ зборувате на публиката. Наместо тоа, сметајте ги како можност за двонасочна комуникација со присутните. Никогаш не знаете што може да донесе поврзаноста со публиката за вашиот хонорарен бизнис. 

Советите во ова упатство се дизајнирани за да ја ангажираат вашата публика преку интерактивни презентации. Испробајте ги ако сакате да создадете презентација која е помалку како мегафон, а повеќе како телефонски разговор.

Еве неколку упатства кои ќе ви помогнат да научите повеќе за PowerPoint:

Што правите за да ја привлечете публиката кога презентирате? Дали користите интерактивни презентации? Кажете ми во делот за коментари подолу.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.