Unlimited Powerpoint templates, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Business
  2. Google Sheets

Како брзо да претворате табеларни пресметки од Excel во Google Sheets

by
Difficulty:BeginnerLength:MediumLanguages:
This post is part of a series called How to Use Google Sheets (Essential Tutorial Guide).
Google Sheets to Excel: How to Move Back & Forth Between Spreadsheets

Macedonian (Македонски јазик) translation by Меновски Стефан (you can also view the original English article)

Табелите не се алатки само за финансиери и сметководители. Всушност, многу креативци обожаваат структуирана алатка, како што е табеларната пресметка, за да дојдат до организација на проекти.  Можете да ги користите табеларните пресметки за финансиски задачи како што се следење на сметките на вашите клиенти, собирањето податоци за проектот во текот на некој период и градењето на буџетот.

Можеби веќе знаете дека Excel е супериорен во врска со табеларните пресметки, но слободната алтернатива на Google т.н. Sheets стана многу популарна како едноставна замена. Не само што е бесплатна, туку е и лесно достапна во веб-прелистувачите. Еве пример за табеларна пресметка во Sheets која прикажува некои курсеви што ги имам поставено во минатото на Tuts+:

Google Sheets Content plan
Го користам Google Sheets за да испланирам содржина која ќе ја пишувам на Tuts+ во иднина и ова е одличен пример за тоа како можете да ги користите табеларните пресметки за креативни проекти.

Не мора да бирате помеѓу Excel и Sheets за да работите со табеларните пресметки. Ова е благодарение на можноста на Sheets да прикачувате и претворате ваши табеларни пресметки од Excel и да ги употребувате во прелистувачот.

Во овој курс ќе ви покажам како да прикачите табеларна пресметка од Excel на Google Drive, при што ќе се претвори во датотека пријателски настроена кон Sheets.

Набљудувајте и учете

Ајде да демонстрираме претворање на табеларни пресметки во видеото подолу. Ќе ви покажам како да прикачите табеларна пресметка од Excel на Google Drive и да ја претворите во датотека на Sheets. Исто така ќе видите како се извезува назад во првобитниот Excel-формат.

Сакате да знаете повеќе? Ако сакате, продолжете да читате. Ќе видите примери како да увезувате Excel-датотеки во Sheets и како готовите датотеки да ги извезувате во различни формати.

Зошто Google Sheets?

Excel со сигурност е на врвот кога станува збор за апликации за табеларни пресметки. Неговите табеларни пресметки носат одлуки за глобални, мултимилијардерски компании, кои користат формули и алатки за анализа во истиот.

Но тогаш зошто би ја оставиле фино подесената платформа за табеларни пресметки на Microsoft за алтернативата која се основа врз прелистувачот на Google? Иако Excel сѐ уште е најкористената апликација за многу корисници на табеларни пресметки, постојат неколку причини за Sheets да најде место помеѓу вашата листа на алатки:

  • Бесплатна е (и не секој може да се натпреварува со тоа)
  • Лесно се користи и вклучува совети за користење формули во самата веб-апликација 
  • Вашите датотеки автоматски се складираат и зачувуваат во „облакот“, благодарение на Google Drive.
  • Sheets има одлични опции за соработка, и дури им овозможува на корисниците заедно да бидат на истиот проект и да работат во исто време.

Да, Microsoft сега го има Excel Online, кој има многу од истите карактеристики кои функционираат и во „облакот“.  Но поради тоа што Sheets започна како веб-апликација, овие карактеристики едноставно се поразвиени и подобро применети отколку оние на Microsoft кои сѐ уште не можат да ги доловат. Еве пример за табеларна пресметка на Excel Online:

Excel to Sheets
Преземањето на табеларна пресметка од Excel до Sheets ги пренесува и поголемиот дел на каркатеристиките и функционалноста на Microsoft.

Најдоброто од сѐ е тоа што Sheets е поотворен од Excel. Прифаќа табеларни пресметки од различни апликации, а исто така готовите датотеки можете да ги извезувате во различни формати. Ајде да дознаеме повеќе за тоа.

1. Како да увезете Excel-датотека во Google Sheets

Прво да влеземе на Google Drive. Ако немате сметка на Google, можете слободно да направите и потоа да ги користите сите веб-апликации на Google, како што се Docs, Sheets и Slides.

Откако ќе влезете во Google Drive, кликнете на копчето New и одберете File Upload. Барајте низ вашите табеларни пресметки и одберете една од прозорчето за датотеки.

File UPload
На информациската табла на Google Drive, кликнете на New > File Upload. Барајте датотека за прикачување и одберете еден Excel документ.

Штом ќе ја прикачите Excel-датотеката, можете да ја забележите во листата на датотеки прикачени на Google Drive. Кликнете два пати на некоја датотека за да ја прегледате во скокачки-прозорец на врвот на Google Drive.

Preview of Excel Spreadsheets
Двапати кликнете на прикачената XLSX датотека за да добиете преглед на тоа што е во неа директно во вашиот веб-прелистувач.

Моментално, можете само да ја прегледате Excel-датотеката, поради тоа што не е претворена од XLSX формат (првобитниот Excel формат) во .sheets формат (форматот на Google Sheets).

За да започнете со уредување и работа на документот, кликнете на копчето Open with Google Sheets над прегледот. Sheets автоматски ќе направи копија од датотеката и ќе ја претвори во првобитниот формат на Sheets:

Converted to Sheets
Откако ќе ја претворите работната книга во Sheets формат, можете да започнете со уредување, менување и работа на истата.

Voila! Можете да ја видите Excel-датотеката, подготвена за уредување и работа во Sheets. Сега, почнете да правите измени на табеларната пресметка директно во вашиот веб-прелистувач.  Запомнете дека работите со копија, така што не грижете се ако направите неповратни промени на оригиналната работна книга од Excel.

Сега, размислете да ја искористите функционланоста на Sheets со пробување на некои од другите карактеристики:

2. Како да извезете Sheets датотека назад во Excel

Да речеме дека сте направиле некои измени во вашата табеларна пресметка во Sheets и треба да ја вратите во Excel за понатамошна работа. Тоа може да го направите со неколку кликови преземајќи ја.

Испратете табеларна пресметка назад до Excel со десен клик на датотеката во Google Drive и одбирајќи Download:

Make a copy and download
Десен клик на Sheets верзијата на датотеката, (прикажана со Sheets иконата на левата страна) и одберете Download за да извезете датотека подготвена за Excel.

Забележете на сликата подолу дека има две исти имиња на датотеки. Осигурајте се дека кликнувате со десниот клик на онаа што ја има Sheets иконата (горниот ред во примерот погоре) и одберете Download. Sheets автоматски ќе генерира датотека подготвена за Excel која ќе можете повторно да ја отворите во него.

3. Внимавајте на овие карактеристики

Sheets долго време поддржува податоци од Excel, но сепак има ограничувања за тоа што ќе функционира добро кога ќе пренесете Excel-датотека во Google Drive. Да разгледаме неколку карактеристики кои ќе работат различно кога ќе увезете датотека во Sheets.

Карактеристика 1: PivotTables

Ако сте искусен корисник на Excel, најверојатно често работите со PivotTables за да разгледате и анализирате податоци. Сепак, не сметајте на тоа дека ќе функционираат потполно исто откога ќе ја прикачите вашата табеларна пресметка од Excel.

Google прави добра работа со применување на основната поддршка за доведување на PivotTables во Sheets. Но, сум имал различен успех со други карактеристики, како што се „полињата за пресметување“ или "карактеристики за напредно форматирање". Еве една PivotTable претворена во табеларна пресметка на Sheets:

Pivot in Sheets from Excel
Sheets поддржува основно увезување на PivotTables, но може да приметите дека некои од понапредните карактеристики фалат додека работите со податоците.

Ако ова е прв пат да слушнете за PivotTables, проверете го краткиот вовед за нивно користење во Excel подолу:

Карактеристика 2: Макроа

За искусните корисници на Excel, макроата се еден од најпопуларните начини за автоматизирање на повторувачки задачи. Користењето на кодот напишан во VBA (Virtual Basic) овозможува да се направи група последователни чекори само со еден клик или команда. Еве пример за макро во Excel:

Excel VBA
VBA кодот овозможува да пишувате макроа во Excel за да автоматизирате задачи, но ќе приметите дека ова не работи во Sheets.

Како што може да очекувате, макроата воопшто не работат во Google Sheets. Се чини дека Google нема намера да ја поддржи оваа карактеристика во прелистувачот, иако примената на JavaScript во Sheets нуди некои такви можности.

Еве неколку други карактеристики на Excel кои пронајдов дека нема да се пренесат во Sheets:

  • Заштита со лозинка. Документите заштитени со лозинка нема да воопшто да се увезат во Sheets и не постои начин да се помине преку заштитата.
  • Power Query и PowerPivot. Исто како и PivotTables, во Sheets нема начин да се справи со напредните алатки за манипулирање со податоци, како што е карактеристиката Data Model во Excel.
  • Поврзаност со други документи. Ако поврзете повеќе работни книги во Excel, Sheets нема начин да се справи со тие референци кога ја внесувате табеларната пресметка на интернет.

Повторете и продолжете со учење

Нема причина а да не го користите Sheets заедно со други апликации за табеларни пресметки како што е Excel, благодарение на можноста да увезувате Excel-документи и да ги претворате во форматот на Sheets.

Можеби не го користите Google Sheets за вашите проекти. Ако е така, проверете ги курсевите подоле за како да управувате со проекти во Sheets и да правите визуелизација на податоци без да го изгасите веб-прелистувачот.

Само што ги научивте основите за претворање на табеларни пресметки од Excel во Google Sheets. Дали користите една апликација за табеларни пресметки или ги менувате? Кажете ми во подолу во делот за коментари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.